The King of Clay
Модератор
- Член од
- 28 јануари 2012
- Мислења
- 5.037
- Поени од реакции
- 3.623
French Open или Roland Garros е еден од четириет Грен Слем турнири кои се играат во тенисот. Тој е вториот Грен Слем турнир во годината. Се смета за најтежок грен слем турнир бидејќи е единствениот кој се игра на земја, најбавната подлога во белиот спорт.
Ова ќе биде 111. пат да се игра. Го носи името според францускиот авијатичар од првата светска војна.
Од 1891. година па до 1925. година на турнирот имале привилегија да играат само француски играчи. За прв пат, во 1925 година турнирот угости и играчи од останатите земји.
Во 1968. година станува првиот турнир на кој рамноправно би можеле да учествуваат и аматери и професионалци. Март 2007. беше најавено дека ќе има изедначување за паричните награди во машка и женска конкуренција во сите кола. Пред 2 години, во 2010тата година се зборуваше за преместување на комплексот на друга локација во Париз бидејќи овој моменталниот има најмала површина во однос на останатите 3 Грен Слем комплекси. Меѓутоа францускиот тениски сојуз одлучи да се задржи турнирот на La Stade de Roland Garros поради традицијата пред се', но нема сомневања дека и финансиите одиграле важна улога во оваа одлука. Се планира градење на уште еден терен, ставање на подвижен кров и осветлување на централниот терен Philipe Chatrier.
Втор по големина терен и според многу побавен од останатите е Suzanne - Lenglen.
Терен број 1. (Court no. 1)
Еве како изгледа комплексот :
Philipe Chatrier има капацитет од 15 059 седишта и го носи името според француски тенисер, капитен на францускиот тим, претседател на француската тениска федерација, а покасно и претседател на ITF како и член на интернационалниот олимписки комитет.
Suzanne Lenglen има капацитет од 10 076 седишта и изграден е во 1994. година. Прво се викал како Court A, но во 1997 е преименуван во Suzanne Lenglen според најголемата тенисерка во историјата која Франција ја имала.
Легендарната тенисерка го освојувала Ролан Гарос 6 пати во сингл, 2 пати во дубл и 7 пати во микс дубл.
Теренот број 1 е изграден во 1980. година и има капацитет од 3805 седишта.
Зголемен е и наградниот фонд од оваа година, од 17 520 000 евра на 18 718 000 евра. Зголемувањето сигурно ќе ги израдува послабо рангираните играчи затоа што најмногу е зголемен процентот во првите рунди.
Рафаел Надал минатата година го изедначи рекордот на Бјорн Борг од 6 освоени титули на Ролан Гарос и оваа година ќе се обиде да дојде до рекордната 7ма титула. Во женска конкуренција најмногу титули има Крис Еверт, седум.
Рафаел Надал минатата година после четири сета беше подобар од Роџер Федерер (7-5 7-6 5-7 6-1).
Во женска конкуренција изненадувачки до титулата стигна На Ли. Финалниот меч го доби против Франческа Скијавоне 6-4 7-6.
Сите шампиони во Open Era-та на Ролан Гарос
Wild Card во машка конкуренција добија :
- Arnaund Clement
- Jonathan Desnieres de Veigy
- Adrian Mannarino
- Paul-Henri Mathieu
- Eric Prodon
- Guillaume Rufin
- Lleyton Hewitt
- Brian Baker
- Mardy Fish
- Robin Soderling
- Pablo Cuevas
- Pere Riba
- Kei Nishikori
- Gael Monfils
- Melanie Oudin
- Ashleigh Barty
- Caroline Garcia
- Aravane Rezai
- Claire Feuerstein
- Kristina Mladenovic
- Victoria Larriere
- Irena Pavlovic
- Andrea Petkovic
- Daniela Hantuchova
- Kim Clijsters
- Agnes Szavay
- Timeu Bacsinszky
- Michaella Krajicek
- Alexandra Dulgheru
Квалификации - женска конкуренција (ќе се одржи денес, дополнително ќе се постави)
Главниот жреб се одржува во петок и веднаш ќе биде поставен на форумот кога ќе се објави на официјалната страна на Ролан Гарос.
Официјален сајт на турнирот. Roland Garros.com
Мечевите ќе се пренесуваат на Eurosport и Eurosport 2. Се уште не знаеме дали некоја од нашите телевизии ќе врши преноси од овој престижен турнир, минатата година тоа го правеше МТВ 1, па ништо чудно и годинава да се одлучи на истиот потег, за тоа ќе ве известиме покасно доколку има некои новости.
Новак Ѓоковиќ ќе биде првиот носител но не и првиот фаворит за освојување на турнирот. Иако не е првиот фаворит, големиот притисок го обврзува. Тој сака да стане првиот тенисер после Род Лејвер кој ќе ги освои сите четири Грен Слем турнири, иако то не би бил календарски Грен Слем, но сепак тој има 3 Грен Слем турнири во низа за сега (WM 11', US O '11, AO '12), и овој би бил четврти грен слем за него.
Рафаел Надал со титулата во Рим го врати второто место само после недела дена и е брилијантен на земја годинава, потсеќа барем на периоди од мечевите на оној најдобриот од 2010тата година. Не изгуби ниту сет на црвена земја годинава и доаѓа полн со самодоверба во Париз со желба да влезе во историјата како единствениот човек кој го освојувал Грен Слемот на земја 7 пати. Прв фаворит е тука и повеќето обожаватели на тенисот очекуваат реприза на финалето од Монте Карло и Рим годинава, барем што се однесува до актерите. Минатата година тоа не го дозволи Роџер Федерер кој го совлада Ноле во полуфиналето.
Роџер Федерер има одлична сезона оваа година, има титула на сината земја во Мадрид, има и мала повреда, но сигурно ќе направи се' за да биде спремен за овај турнир кој може многу да му донесе во борбата за првото место на ранг листата на кое толку сака да се врати па макар тоа би било една до две недели.
Четврти фаворит, иако фаворит од сенка е Шпанецот Давид Ферер. Земјата му е омилена подлога, но никогаш не стигнал до полуфиналето на Ролан Гарос, а тоа го направил на по еднашка во Мелбурн и Њу Јорк што навистина е чудно. Оваа сезона игра одлично на земја, четврти играч е годинава по освоени бодови и сигурен сум дека може многу да покаже на вториот грен слем оваа година, можеби да ја загрози и големата тројка.
Томаш Бердих игра одлично последните месец дена, во одлична форма е и сигурно е полн со самодоверба. Со желба да дојде повторно во полуфиналето каде беше пред 2 години и загуби од Содерлинг во 5 сета, се чини дека никој не може да го загрози се' до четвртфиналето.
Еве го и Енди Мареј, и тој ќе биде тука, но воопшто не игра добро, соработката со Иван Лендл скоро ништо да не му донесе, за сега тоа е целосен промаш. Колку може Мареј тука... тешко е да се каже, може да изненади како минатата година и да стигне до полуфиналето доколку жребот го посака, може и да изгуби на стартот од турнирот, кога тој е во прашање... се е можно.
Хуан Мартин Дел Потро е тенисерот кој може на најдобрите да им ги промени плановите, има многу мечеви позади себе оваа сезона, одличен е на земја и доколку условите бидат за нијанси побрзи како што беа минатата година, ќе може да се очекува големи успеси и од него.
Тука е и Џон Иснер, малку му опадна формата после одличниот Индијан Велс за него. Кога има ден може да ги намачи и најдобрите, може и да ги победи. Минатата година загуби од шампионот, од Рафаел Надал во првото коло со резултат 6-4 6-7 6-7 6-4 6-2 што беше прв пат некој да го натера Надал да игра максимален број на сетови на Ролан Гарос.
Сигурно дека ќе биде интересно. Нас ни останува да чекаме до недела, а потоа да уживаме во одличните мечеви. За крај, победниците од минатата година со трофеите.
Околу анкетата, имате право на повеќе избори, т.е. еден за машка конкуренција, еден за женска.