Едит: Колку сме идиот ние Балканците... На крајот кога Ноле му ракоплескаше на публиката, коментаторот вика не ја заслужува... А најефтина влезница е 225 евра.. Не заслужува ??? Како бе чоек... Зошто не заслужувала ? Оти навивала за Роџер.. Идиот
Друг момент, Роџер го победил Новак со неговата игра ! Ти се молам ! Како е можно НАЈДОБРИОТ ТЕНИСЕР ВО ИСТОРИЈАТА НА ТЕНИСОТ, да победи тенисер кој никогаш не бил најдобар или прв, со негова игра !? Ахххх бе, Балканци Балканци
Зборувам за коментаторот на Еуроспорт
Ми се примоча од него
Не е првпат, секогаш зборува така, а посебно како се нервирам за време на мечот, кога на одредени поени ќе искоментира од дека не ја поткачил добро или слично, инаку ќе го добиел поенот сигурно. И едно време исто така прокоментира дека и да го победил тоа не значело ништо, се знаело кој бил број 1. Може до крај на годината ќе биде бр. 1, ама да се намалува значењето на оваа победа на Федерер, кој е најдобар на сите времиња, и сопирањето на низата не е мала работа. А и за време на цел турнир знаеше да каже, Федерер е добар, ама не е како Ѓоковиќ.
Ок, доста за него.
Супер меч. Динамичен, со многу добри удари на двете страни, но преовлада добриот сервис на Федерер и бројните грешки на Ѓоковиќ, кои беа клучни за овој меч. БРАВО ФЕДЕРЕР!!! Конечно да се врати со многу добра игра и тоа во момент кога ретко кој очекуваше да го постигне ова.
Очекувам во недела исто така добар меч, со надеж Федерер да победи и со тоа да дојде до втор Ролан Гарос во неговата кариера. Не знам, ама според мене Надал некако во дуелот со Мареј не ми беше баш во неговите најдобри денови, па оттука може да излезе се и сешто.