Roland Garros, 17 may - 05 june, 2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Makedonec_7
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Едит: Колку сме идиот ние Балканците... На крајот кога Ноле му ракоплескаше на публиката, коментаторот вика не ја заслужува... А најефтина влезница е 225 евра.. Не заслужува ??? Како бе чоек... Зошто не заслужувала ? Оти навивала за Роџер.. Идиот

Друг момент, Роџер го победил Новак со неговата игра ! Ти се молам ! Како е можно НАЈДОБРИОТ ТЕНИСЕР ВО ИСТОРИЈАТА НА ТЕНИСОТ, да победи тенисер кој никогаш не бил најдобар или прв, со негова игра !? Ахххх бе, Балканци Балканци

Зборувам за коментаторот на Еуроспорт

Ми се примоча од него

Не е првпат, секогаш зборува така, а посебно како се нервирам за време на мечот, кога на одредени поени ќе искоментира од дека не ја поткачил добро или слично, инаку ќе го добиел поенот сигурно. И едно време исто така прокоментира дека и да го победил тоа не значело ништо, се знаело кој бил број 1. Може до крај на годината ќе биде бр. 1, ама да се намалува значењето на оваа победа на Федерер, кој е најдобар на сите времиња, и сопирањето на низата не е мала работа. А и за време на цел турнир знаеше да каже, Федерер е добар, ама не е како Ѓоковиќ.
Ок, доста за него.

Супер меч. Динамичен, со многу добри удари на двете страни, но преовлада добриот сервис на Федерер и бројните грешки на Ѓоковиќ, кои беа клучни за овој меч. БРАВО ФЕДЕРЕР!!! Конечно да се врати со многу добра игра и тоа во момент кога ретко кој очекуваше да го постигне ова.

Очекувам во недела исто така добар меч, со надеж Федерер да победи и со тоа да дојде до втор Ролан Гарос во неговата кариера. Не знам, ама според мене Надал некако во дуелот со Мареј не ми беше баш во неговите најдобри денови, па оттука може да излезе се и сешто.
 
Не сум голем љубител на тенисов, ама вакви мечеви вредат да се гледаат. Едноставно еден од подобрите што сум ги гледал.
Честито на Роже нека му е, едноставно требаше да го прати Новак на ладење малце, многу се крена :)
Се надевам и ќе стискам палци за уште еден ваков сличен натпревар у финале.
И да НАПРЕД РОЖЕ! :)
 
Не слушајте коментатори уживајте во тенисот.Мислам дека спортските коментатори се првото нешто што треба да се исфрли од сите спортови и тогаш да можеме целосно да уживаме.Сега сите навиваат за некого или се прават експерти некои а рекет не фатиле во рака во животот и денес ме кренаа 5 пати од пред телевизор и искочив надвор од нервоза неможев да ги слушам.Малце гледав на Еуроспорт, малце на македонскава :ROFLMAO: и на крај се одличив за нашиве и така и го догледав мечов.Нема добар коментатор денска....
 
Одличен меч, се изненади Роже одамна нема изиграно вако меч.

Антипатичен ми бил одсекогаш Новак така да и се сладам на победава...

П.с Српските коментатори и на Б92, и СпортКлуб и Еуроспорт се бедотија!
 
Абе то е то.... Разбирам привирзност јас, ама до толку да негираш, нема смисла... И плус за Роџер.. Како да е некој квалифакнт влезен... Тенгала..

Туку да кажам шо мислам за финалето кај мажите, оти осеќам дека ќе добијам „ладење,“ на некој ден од админиве, заради нешто друго кажано во друга тема...Иако сум за Надал, мислам дека ќе биде доста тешко... Можеби најтежок Роланд Гарос за Надал до сега..

Ако треба да поделам шанси за победа, мора да му ја доделам фаворитската улога на Роџер... Навивачкото во мене, не ме остава да кажам дека Надал ќе изгуби, но и не би ме изненадило.. Како и да е, очекувам добро финале, т.е фантастично и можеби едно од последните финалиња на најдобрите тенисери на денешницата, кои се во топ форма... Пред се мислам од страна на Роџер..

Уживајте, се читаме, за некој ден
 
http://sport.onet.pl/tenis/10880,69,306,entry-system,tabela.html
После Роланд Гарос, разликата ќе биди само 45 поени...а ако не освои Надал титула, може ќе биди и стигнат од страна на Новак.
За тие што прашуваа колку поени е разлика.
 
Ај кратко и јасно, слабо ви иде вас...
Надал ако не победи во финале ќе биде: 1. Ноле 2. Федерер 3. Надал...тоа е тоа !!!
 
^ Како може Федерер да е втор бе кога од кого најде изгуби сезонава.
 
На BBC сега прочитав дека Надал ке падне од првата позиција ако не тепа во недела.Нашиов коментатор рече дека со победа над Мареј Надал си го гарантира првото место на атп листата во понеделник а потоа во кога играа Федерер-Џокович рече дека ако ноле го победи утре Надал ке се искачел на прво место.Знае ли некој што збори а?
 
Ај кратко и јасно, слабо ви иде вас...
Надал ако не победи во финале ќе биде: 1. Ноле 2. Федерер 3. Надал...тоа е тоа !!!
Нема шанси, Федерер е 4000 поени назад и да освои останува трет.
 
Честито Федерераши.......НАјдобриот го победи "најдобриот' :))....Очекувам лесна победа на Рожер! :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom