Roland Garros, 17 may - 05 june, 2011

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 август 2009
Мислења
9.319
Поени од реакции
5.570
На неколку денови до почнувањето на Роланд Гарос, неколку факти за самиот турнир.

2011 Франција Опен (попознато како Роланд Гарос, именувано по славниот француски авијатичар) е тениски турнир, кој се игра на земјена подлога, на отворено. Ова е 110тото издание на Роланд Гарос, и претставува втор гренд - слем годинава. Инаку правилното име на турнирот, како што сакаат да го ословуваат Французите е Les internationaux de France de Roland-Garros or Tournoi de Roland-Garros или попознато само како Роланд Гарос.

Роланд Гарос, заедно со Вимблдон, УС Опен и Аустралиа Опен претставува еден од четирите гренд слема, кои се играат годишно, единствен на земјена подлога. Исто така, како гренд слем, се освојуваат и голем број на бодови на WTA и ATP листата, па така, распоредот е следен:

АТП

За поминување на 1тата рунда - 10 поени;
За поминување на 2тата рунда - 45 поени;
За поминување на 3тата рунда - 90 поени;
За поминување на 4тата рунда - 180 поени;
За четврт финале - 360 поени;
За полуфинале - 720 поени;
За поразениот финалист - 1200 поени;
За шампионот - 2000 поени.

Збор два за ланското првенство, каде играа Рафаел Надал - Робин Содерлинг, каде Надал го доби Робин со 3-0 по сетови, и тоа 6:4, 6:2 и 6:4. Од таму, јасно е дека Надал има за бранење 2000 поени, и мора да го освои повторно за разликата меѓу него и Новак остане иста. Инаку, српскиот тенисер е во инзвондредна форма, победувајќи го Надал на последните 3 мечеви и тоа во финалиња на Мастерс турнирите, последно во Шпанија на негов терен(пишувајќи го текстот не се земени во предвид резултатите од Мастерсот во Рим). Доколку Надал изгуби или одпадне порано од финале, разликата рапидно ќе се намали меѓу прво пласираниот Рафаел Надал и второпласираниот Новак Џокович.

Еве го ранкигот на најдобрите 50-ет кај мажите:
турнири на кои играл
1. Nadal, Rafael (ESP) 12,470 0 22
2 Djokovic, Novak (SRB) 10,665 0 19
3 Federer, Roger (SUI) 8,900 0 22
4 Murray, Andy (GBR) 5,905 0 20
5 Soderling, Robin (SWE) 5,265 0 25
6 Ferrer, David (ESP) 4,420 0 23
7 Berdych, Tomas (CZE) 4,035 0 25
8 Melzer, Jurgen (AUT) 3,020 0 24
9 Monfils, Gael (FRA) 2,645 1 22
10 Almagro, Nicolas (ESP) 2,495 -1 27
11 Fish, Mardy (USA) 2,366 0 21
12 Roddick, Andy (USA) 2,280 0 21
13 Youzhny, Mikhail (RUS) 2,045 0 24
14 Wawrinka, Stanislas (SUI) 1,920 0 22
15 Troicki, Viktor (SRB) 1,780 0 27
16 Gasquet, Richard (FRA) 1,710 0 26
17 Verdasco, Fernando (ESP) 1,665 0 26
18 Tsonga, Jo-Wilfried (FRA) 1,535 4 20
19 Simon, Gilles (FRA) 1,520 1 29
20 Dolgopolov, Alexandr (UKR) 1,465 1 28
21 Llodra, Michael (FRA) 1,455 6 24
22 Bellucci, Thomaz (BRA) 1,430 14 27
23 Cilic, Marin (CRO) 1,425 -4 25
24 Nalbandian, David (ARG) 1,425 -1 19
25 Querrey, Sam (USA) 1,345 -7 27
26 Raonic, Milos (CAN) 1,340 -1 24
27 Baghdatis, Marcos (CYP) 1,330 -3 28
28 Mayer, Florian (GER) 1,300 2 26
29 Garcia-Lopez, Guillermo 1,285 0 27
30 Davydenko, Nikolay (RUS) 1,275 -2 29
31 Del Potro, Juan Martin 1,265 1 22
32 Robredo, Tommy (ESP) 1,245 -1 25
33 Tipsarevic, Janko (SRB) 1,180 1 26
34 Anderson, Kevin (RSA) 1,175 1 27
35 Isner, John (USA) 1,150 -2 25
36 Stakhovsky, Sergiy (UKR) 1,145 2 29
37 Monaco, Juan (ARG) 1,130 6 23
38 Montanes, Albert (ESP) 1,110 -12 29
39 Ljubicic, Ivan (CRO) 1,075 -2 24
40 Lopez, Feliciano (ESP) 1,065 -1 27
41 Malisse, Xavier (BEL) 1,045 8 27
42 Chela, Juan Ignacio (ARG) 1,035 0 24
43 Golubev, Andrey (KAZ) 1,035 1 31
44 Starace, Potito (ITA) 1,015 -3 33
45 Kohlschreiber, Philipp (GER) 1,010 -5 27
46 Dodig, Ivan (CRO) 1,008 -1 23
47 Granollers, Marcel (ESP) 978 3 29
48 Fognini, Fabio (ITA) 970 -1 35
49 Andujar, Pablo (ESP) 955 -1 29
50 Seppi, Andreas (ITA) 930 1 28

Исто така, покрај поените кои се добиваат кај машка конкуренција, напоменуваме дека истите поени не се добиваат и во женската конкуренција. Еве го распоредот таму:

За поминување на 1тата рунда - 5 поени;
За поминување на 2тата рунда - 100 поени;
За поминување на 3тата рунда - 160 поени;
За поминување на 4тата рунда - 280 поени;
За четврт финале - 500 поени;
За полуфинале - 900 поени;
За поразениот финалист - 1400 поени;
За шампионот - 2000 поени.

Минатогодишното финале кај дамите можеби беше изненадување за повеќемина, но не и за Саманта Стосур, која заедно со Анен беше најавувана како главна фаворитка за освојување на овој турнир. Се случи и тоа,и во големото финале кај дамите се најдоа Саманта Стосур и Франческа Скијавоне, едната од Австралија, другата од Италија. Изненадувачки финалето го доби Италијанката, Скијавоне која со 6-4 и со тај брејк го доби вториот сет(7-6). Па така, годинава Скијавоне има за бранење 2000 поени, но малкумина веруваат дека може да го повтори успехот од предходната година, кога со своите игри ја изненади целата тениска јавност, вклучувајќи ме и мене.

WTA листата кај дамите изгледа вака, за најдобрите 50-ет:

1. Wozniacki, Caroline 11/07/90 DEN 9790 22
2 2 Clijsters, Kim 08/06/83 BEL 8115 15
3 3 Zvonareva, Vera 07/09/84 RUS 7635 20
4 5 Azarenka, Victoria 31/07/89 BLR 5205 21
5 4 Schiavone, Francesca 23/06/80 ITA 4962 21
6 6 Li, Na 26/02/82 CHN 4630 21
7 8 Stosur, Samantha 30/03/84 AUS 4156 21
8 9 Sharapova, Maria 19/04/87 RUS 3866 16
9 7 Jankovic, Jelena 28/02/85 SRB 3695 22
10 18 Kvitova, Petra 08/03/90 CZE 3673 23
11 11 Radwanska, Agnieszka 06/03/89 POL 2955 18
12 12 Bartoli, Marion 02/10/84 FRA 2880 27
13 14 Kuznetsova, Svetlana 27/06/85 RUS 2845 19
14 13 Peer, Shahar 01/05/87 ISR 2770 21
15 15 Petkovic, Andrea 09/09/87 GER 2740 23
16 21 Pavlyuchenkova, Anastasia 03/07/91 RUS 2670 23
17 10 Williams, Serena 26/09/81 USA 2640 10
18 19 Kanepi, Kaia 10/06/85 EST 2615 20
19 16 Williams, Venus 17/06/80 USA 2540 12
20 27 Goerges, Julia 02/11/88 GER 2500 26
21 20 Pennetta, Flavia 25/02/82 ITA 2455 21
22 17 Ivanovic, Ana 06/11/87 SRB 2360 20
23 28 Cibulkova, Dominika 06/05/89 SVK 2230 25
24 22 Wickmayer, Yanina 20/10/89 BEL 2225 25
25 24 Rezai, Aravane 14/03/87 FRA 2215 24
26 25 Kleybanova, Alisa 15/07/89 RUS 2175 27
27 23 Petrova, Nadia 08/06/82 RUS 2125 21
28 31 Gajdosova, Jarmila 26/04/87 AUS 2005 25
29 29 Dulgheru, Alexandra 30/05/89 ROU 1975 26
30 26 Kirilenko, Maria 25/01/87 RUS 1920 23
31 30 Peng, Shuai 08/01/86 CHN 1840 19
32 32 Safarova, Lucie 04/02/87 CZE 1825 25
33 35 Hantuchova, Daniela 23/04/83 SVK 1685 25
34 34 Zakopalova, Klara 24/02/82 CZE 1640 26
35 37 Vinci, Roberta 18/02/83 ITA 1615 26
36 36 Pironkova, Tsvetana 13/09/87 BUL 1595 24
37 39 Makarova, Ekaterina 07/06/88 RUS 1486 24
38 41 Mattek-Sands, Bethanie 23/03/85 USA 1466 18
39 40 Errani, Sara 29/04/87 ITA 1370 28
40 45 Szavay, Agnes 29/12/88 HUN 1301 16
41 44 Vesnina, Elena 01/08/86 RUS 1295 24
42 42 Medina Garrigues, Anabel 31/07/82 ESP 1215 25
43 43 Schnyder, Patty 14/12/78 SUI 1211 17
44 49 Niculescu, Monica 25/09/87 ROU 1178 25
45 52 Hradecka, Lucie 21/05/85 CZE 1176 29
46 48 Dominguez Lino, Lourdes 31/03/81 ESP 1173 24
47 38 Sevastova, Anastasija 13/04/90 LAT 1170 22
48 46 Arn, Greta 13/04/79 HUN 1165 22
49 47 Zahlavova Strycova, Barbora 28/03/86 CZE 1150 29
50 54 Zheng, Jie 05/07/83 CHN 1141 21

Поради тоа што дамите, се секогаш посложени, па ќе мора да дадам и објаснување за листата, според редослед, каде првата колона моменталната положба, втората е предходната положба на тенисерката. Па следува името, датумот на раѓање и националноста. На крајот следуваат бодовите и турнирите кои ги има изиграно во тековната година.

Исто така Роланд Гарос заедно со Вимболдон се можеби и најплатените турнири од 4те големи турнири.

Прва рудна - 15.000
Втора рунда - 25.000
Трета рунда - 42.000
Четврта рунда - 70.000
Четврт финале - 140.000
Полуфинале - 280.000
За поразениот во финале - 560.000
За победникот - 1.120.000 (сумата е во евра).


Исто така на Роланд Гарос се игра и во парови, т.е двојки, каде сестрите Вилијамс против Квета Пешчек и Катарина Среботник го освоиа Роланд Гарос во парови со 6-4 и 6-2. Покрај дамите, кај посилната конкуренција во дублови играа и Даниел Нестор со Ненад Зимоњич против Лукаш Длоху со Леандер Паес, каде победа издвојуваа Нестор и Зимоњич со 7-5 и 6-2 по сетови. Важно е да се напомени и дека во финалето кај мешани парови Катерина Среботник и Ненда Зимоњич после фантастичното финале успеаа да ги совладаат Јарослава Шведова и Џулијан Кновл со 4-6, 7-6 и 11-9 во решавачкиот трет сет.




За крај, како прв фаворит за освојување останува Рафаел Надал, за кој викаат дека е „крал“ на земјена подлога. Но имаме еден друг тенисер кој после две години, успеа да го порази Надал на негов терен, сред Мадрид и тоа во финале. Новак Џокович, можеби конечно ја достигна својата тениска зрелост и претставува еден од фаворитите за освојување на турнирот. Ако на ова го додадеме и најдобриот на сите времиња, Роџер Федерер, едно е јасно, не очекува фантастично интересен турнир оваа година. Исто така, вредни за спомување се и Мареј, Дел Потро, Содерлинг, Бердих...

Ако имаме турнир како лани, не очекува супер возбудување, но ако оваа година остане запишана во историјата на тенисот, тогаш можеме да бидеме сведоци на историјата како се прави.



Нека Роланд Гарос започне
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
11.516
Поени од реакции
7.816
Oчекувам финале Надал-Џокович/ќ
 
G

GucciMane

Гостин
Ке има пренос на некоја од нашиве телевизии?
 
С

сашенко

Гостин
Ке има пренос на некоја од нашиве телевизии?
Не верувам.

Инаку Надал се надевам ке стигне до финале за понатаму ке видиме.Според ова што го гледам во моментов тешко.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.319
Поени од реакции
5.570
По логика, тешко дека на нашите ќе има, али на кабелските оператори и сите други понудивачи на телевизија, веројатно ќе има на еуроспорт... Ако не на нив, сигурно на Б92, но мислам дека ќе имаме каде да гледаме.. Ако не не изненади МТВ1... :)


И уште една вест дека двајцата Аргентинци, Налбалдијан и Дел Потро веќе го откажаа учеството од Роланд Гарос, кој поради повреда, кој ради други причини
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.503
Аман бе шо толку рано ја отворивте или да ги читаме србоманчињава уште непочнат како се филмаат.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.319
Поени од реакции
5.570
Не бе, рано, не е рано.. Официјано почнува на 17ти, па со ред да си почниме... Ама до 22ри, нема ништо интересно... А и малце, да видиме Србоманиве како мислат.. :)


Maјтап малце
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Ноле Мајсторе, твој е Гренд Слемов :vozbud: :bip:
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.729
Поени од реакции
7.545
Џоковиќ и Надал директно идат во третата рунда?
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.377
Поени од реакции
14.698
Џоковиќ и Надал директно идат во третата рунда?
У финале, незнам оти темата е отворено :)

На Гренд Слем нема првите осум носители да бидат слободни во прво коло како што е на мастерс турнирите и на другите послабо рангирани турнири...почнуваат со настапите уште на почеток на турнирот.

Преноси ќе врши Еуроспорт, што ви е гајле за другите телевизии, тие ќе го покријат настанот со 12часа тенис дневно и на двата канала.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
30.438
Поени од реакции
36.823
У финале, незнам оти темата е отворено :)

На Гренд Слем нема првите осум носители да бидат слободни во прво коло како што е на мастерс турнирите и на другите послабо рангирани турнири...почнуваат со настапите уште на почеток на турнирот.

Преноси ќе врши Еуроспорт, што ви е гајле за другите телевизии, тие ќе го покријат настанот со 12часа тенис дневно и на двата канала.
+ ќе има и Game, Set & Mats :)

Eве ви ја и официјалната страна.. И ај, му држам среќа на Хјуит за малце полесна ждрепка (ако е могуче уопште).. А Ноле сакам да го освои турниров (коа веќе шансите на Хјуит се 0,0001%) :):) Со среќа на сите!

П.С. Од девојките сум за Каролина :back:
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
8.964
Поени од реакции
13.834
Аман бе шо толку рано ја отворивте или да ги читаме србоманчињава уште непочнат како се филмаат.
Така така пецкај ама барем да има зашто, вака немаш факти како и да е го јадеше надал годинава

иначе сакам Федерер да победи
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom