Роденденски подароци: Пари или нешто?

  • Креатор на темата Креатор на темата filmadzijka
  • Време на започнување Време на започнување
Help: роденденот на девојка ми е на повидок, а немам појма што да и купам за подарок совет би бил WELCOME фала

Лелеееее, Димси, шо ти е, Батерфлај ќе ја удри Ин-фрка-т.

Иначе, пари се даваат само од лузери на лузери. Ако сакаш да покажеш непочитување кон некого, дај му кеш. Подарокот покажува колку некого цениш, и што за него мислиш и чувствуваш. Подарокот е писмо од две страници.
Ако дадеш пари, исто е ко да си му плукнал во писмото и си му го пратил празно.
 
~*~

Кога купувам роденденски подарок, за двајца од десет славеника веднаш знам што сакам и што можам да им купам. Но, за другите осум мака мачам и се нервирам и понекогаш купувам нешто без ќеф колку да не одам со празни раце, ама чувствувам дека тоа не е тоа. Комплицирано е. Треба да мислиш што сака славеникот, а не што сакаш ти. А сепак, нели треба подарокот да асоцира и на дарувачот. :icon_conf
Или, план Б, давам пари. :pred:

Што ќе речете на оваа работа? Според вас, која е подобра варијанта?

Сакам кога луѓето барем ќе се потрудат да одберат нешто за мене, тоа ми покажува колку внимание ми посветуваат и пред се колку добро ме познаваат како персона, парите ми се премногу безлични, имаат само матријална вредност ... тоа не е нешто што сакам да го добијам на роденден.

Додека кога јас треба да одам некаде на роденден, го практикувам истиот принцип, се разбира ако славеникот не изрази желба дека повеќе би сакал/а да добие пари, во тој случај го почитувам барањето, сепак тоа е туѓ роденден.
Но кога купувам нешто за некој близок, тоа ми причинува задволство.
:te ljubam:
 
Help: роденденот на девојка ми е на повидок, а немам појма што да и купам за подарок совет би бил WELCOME фала
DimceY значи пари во никој случај..би изгледал бедно ако за поклон и дадеш пари. Во превод би го сфатила тоа дека си немал време да се потрудиш за неа, и дека тоа е лесен начин за да ја тргнеш од памет. :)

Е сега кога веќе одлучивме да и купиш нешто...би можел некој убав парфем, никогаш не е на одмет.
Потоа некое плишано мече, ние девојките сакаме такви работи.
Или пак некој романтичен сет од миризливи свеќи, со убаво напишана порака, убаво спакувани...
Е па ...good luck...:helou:
 
Секогаш поклон. Парите некако ми се знак на непочитување, недоволно познавање на славеникот... пари во никој случај. За поклони одбирање махер сум, одма погаѓам и им го праам "киселиот", нормално ако сум поминала одреден период со славеникот ( се испофалив ама то е, умре џупката шо' ме фалеше). :pos2: Секогаш купувам она што мислам дека му се допаѓа на славеникот, ама и мене, оти инаку не ми се прај кеф да му го дадам!
 
Па зависи понекогаш ако славеникот сака нешто поскапо да си купи, тогаш би дала пари за да мое да собере побрзо, а ако не поклон
 
Па зависи понекогаш ако славеникот сака нешто поскапо да си купи, тогаш би дала пари за да мое да собере побрзо, а ако не поклон
Па и јас би дала пари како подарок,ако ми е некој поблизок и знам дека сака да си купи нешто конкретно,а поскапо.Инаку појќе сакам поклони да давам и да добивам пошто така ми е поинтересно,поголемо е изненадувањето.
 
Може пари доколку се изјасни славеникот (индиректно) дека повеќе сака пари зашто планира да собира за да си купи нешто.... Али повеќе преферирам поклон, особено за блиските, зашто знам што сакаат, јес да секогаш ми е тешко да се одлучам што поклон да земам :) Ама во тоа е убавото :) А најмерачки е онака кога ќе ти каже дека многу му /и се свиѓа поклонот :)
 
Сакам поклон, без разлика што е да ми остане од тој човек за успомена.
Исто така кај и да одам носам поклони, пари ретко сум давала и тоа само кога славеникот ќе се изјасни дека тоа сака.
 
Леле за опцијата б(Пари) некако ми е малку сељачко зошо глупо ми е за роденден на некој да му дадам пари. Ај да ми е роднина некој па да дадам пари ама на другар или слично никогаш не би му дал пари.
 
ПА секогаш купувам нешто штосно нешто што ке остане во спомен, нешто што многу кему се допага на славеникот. Тоа е веројатно микс на мојата романтичност и практичност. за поклони се замарам само ѕа оние што ми значат.:smir::smir::smir:
 
K-15 rulz....кога ќе го прашаат Цацко со што ги рани бишињата и кога ќе рече дека има дава по 100 ден и они што сакаат нека си купат:pos2:

така и за родендениве..:)
 
Сакам да добивам поклони и сакам да давам поклони.секогаш се трудам тоа што ке го подарам да е соодветно на личноста.пари не доага во обзир.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom