Член од 15 Јануари 2013 година, односно од мои 17 години.
Никот и профилната слика ми се исти од тој ден и мислам дека ќе ми останат додека постои форумот. Не знам дали постои активен член кој нема сменето фотографија 12+ години, тоа админите нека го кажат ако има таква статистика
На форумот се приклучив, нормално, за фудбал. 95% од мислењата ми се во фудбал, друго споредно тука-таму. Премногу гледав тогаш, најмногу Серија А, буквално со емисии на италјанска телевизија, со анализи, со најава на колото, хајлатси, интервју, преглед и оценка на судиски грешки, што ли не.
На почетокот влегов како ванаби судиски експерт, немаше спорна ситуација во која не се вклучував за да ја појаснам според правилата, практиката и слични појави. Од голема помош на почетокот беше тоа што тогај Јувентус газеше во Италија, додека Интер и Милан беа сиротиње, па така полесно се изиграваше моралист

. По воведувањето на ВАР и после едно мое објаснување за поништен гол во 2019 меѓу Ајакс и Реал, заслужено се стекнав и со титулата ВАР експерт (види потпис

)
Прв човек кој ми реплицираше е нормално побратимот
@Scirea. Никогаш се немаме запознаено, ама чувството ми е дека го познавам цел живот. Овде го запознав лично
@Tutor, со кој бевме заедно на фудбал Јувентус-Аталанта и кој ми стана другар за цел живот. Иако братот живее во странство, па успеваме да пиеме кафе и некоја кафана да правиме еднаш на 6 месеци.
Омилен лик ми е убедливо Џони Вајсмилер, ака Трибијани. Интераш, ама многу кул човек. Како и искрено повеќето од тој фан клуб, иако се навивачи на клуб што го сметам со нула.
Една од најдобрите теми се пцофките на џонтра и останатите од фан клуб интер:
https://forum.kajgana.com/threads/pcofkite-na-dhontra-volta-i-na-ostanatite-od-fan-klub-inter.77746/



Една од најинтересните дешавки беше кога добив кладба со Џонтра веќе далечната 2017 година. Кладбата беше за тоа кој ќе заврши понапред на табелата во Серија А меѓу Интер и Наполи. Нормално тогаш Интер беа дно, па Наполи уште во април беше математички пред нив. Го пратив Џонтра да ми купи книга од саем, ми купи и ми ја прати по некој, па ја имаа оставено на Макпетрол на влезот во Струмица од кај Радовиш.
Еве ја дискусијата за тоа што и како правел Џонтра на саемот:
https://forum.kajgana.com/threads/serie-a-2016-2017.81614/page-359
На кратко тоа е тоа. Кладба добив и со
@ManUtdChampions, требаше да части кафеана за Тотенхем-Јувентус ама изгледа не најдовме начин да се оствари.
Фудбал пратам едно 95% помалку во споредба со периодот кога се зачленив, бројот на постови годишно ми е сигурно 100 пати помал споредено со 2013-2019, но сепак форумот ми е дел од секојдневието.