Реставрација : Mercedes Benz w123 240D

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzish
  • Време на започнување Време на започнување
Не сите..............................
Верувај дека сите... а со ова подолу
Да го извадиш автомобилот од салон да ги искинеш прв најлоните на седиштата, патосот,тапацирите .................е тоа е уживање,а да уживаш во уживаното изгледа тоа е филингот
само даваш до знаење дека не спаѓаш во таа категорија.

п.с. ебати уживањето, да црнчиш 10 години за нова кола.
--- надополнето: Oct 14, 2011 11:38 PM ---
Повеќе сакам од дома да ја стартувам колата,кога ќе влезам во неа да ми биде топло и удобно,gps да користам и телевизија да гледам/аат патниците.
За мене вакво нешто претставува задоволство,сепак 99% од лугето живеат и работат за нешто вакво
Абе да го имаш тоа што си го напишал во возилото, да ми дробиш. Кажи ајде, шо кола возиш па толку уживаш во гледање телевизија?

Да не излезе дека освен парно, друго немаш ништо од наброеното во колата и се ти е пуста желба...
 
Џиш... кога веќе до гол алуминиум ќе ги носиш барокот, што велиш на идејата полиран алуминиум па да свети онака... пимпмобил тертип?
Toa и ми беше идејата, ама испадна дека основата не е мазна... има некоја рапава подлога за почеток, која е полна со боја и многу тешко се чисти. Дури и демолот не го прави алуминиумот 100% чист. А со стружење и полирање, неможиш да ги исчистиш вдлабнатините...

Инаку хром бојата ми стои на располагање (можам да ја нарачам во секој момент, за 1 ден ќе дојди во Мкд), само да се најди мајстор што ќе се нафати да ги фарба. По пимп од тоа, неможи да биди. Еве како би изгледале ако се исфарбаат такви :)
scaled.php

На ebay едно бате ги продаваше за 1000 долари, од таму ми е сликата.

И уште некое сличе од берењето: се убив од шетање по продавници дури го најдов теписонот во коцки... Башк за да бидат прави коцките потрошив 2 квадрати екстра. И мислам дека подобро од оригиналниот изгледа. За кроењето, се како што е на сликите погоре влезе без никаков проблем.

Сум погодил се 100%. Ако има некој да реставрира ваков Мерцедес, слободно да ме контактира за кројките :) ги чувам.

Морам да смислам сега и решение за патосници, бидејќи белото екстремно многу се валка. Имам едни црни (оригинални со возилото) но се прилично искористени, така да можно е според нив да скројам нови. Незнам, ќе видиме, основа за работа битно има :)

-таванот, кој мораше да го преправам, бидејќи оригиналниот беше собран од стоење и за 5 цм не стигаше назад да се закачи под шофрершајбната... никаде неможев да го најдам матерјалот со дупки, па го направив од кожа.
scaled.php


314692_297363860290444_100000504979882_1189698_763827184_n.jpg


Знам дека крем ќе беше поубав, ама во државава наша насушна, то шо има има. То шо нема и царо нејади. Така да утре ако најдам оригинален матерјал (перфориран, со дупки), купувам 2 метра на 1.5 и го средувам таванот од ново (мада нити матерјал ќе најдам нити ништо)

- преден лев дел (десниот изгледа исто вака, и поради врнежливото време нема да го средам ни викендов)
scaled.php


scaled.php


scaled.php


scaled.php


- со оригиналната патосница (ја кладов бидејќи го палам еднаш на 2-3 дена, па да не се валка белото)
scaled.php


scaled.php


scaled.php


scaled.php
 
За на таванот побарај материјал со дупчиња или некој друг шо ќе „диши“, да не почни да кондензира вода...
И со крем каиши мислам дека поубо ќе личи;) Иначе, браво за работата до сега (y)
 
За на таванот побарај материјал со дупчиња или некој друг шо ќе „диши“, да не почни да кондензира вода...
Барав, барав, барав... и се откажав на крај. Нема. Ако знајш кај има со дупчиња овде кај нас, кажвај.

Околу делот со кондензирање, нема врска. Нити ќе кондензира нити ништо, колку шо диши кожата, толку диши и тој со дупчињата.

п.с. најдов во Кина, 1.5 метри ширина, 1 км должина во 1 котур. 100 котури најмалку да нарачаш, да има да реставрираат тавани во наредните 700 години.
 
Верувај дека сите... а со ова подолу

само даваш до знаење дека не спаѓаш во таа категорија.

п.с. ебати уживањето, да црнчиш 10 години за нова кола.
--- надополнето: Oct 14, 2011 11:38 PM ---

Абе да го имаш тоа што си го напишал во возилото, да ми дробиш. Кажи ајде, шо кола возиш па толку уживаш во гледање телевизија?

Да не излезе дека освен парно, друго немаш ништо од наброеното во колата и се ти е пуста желба...

Моментално возам bmw 530d 0d 2006 На секои 3-4 години додавав по 4000-5000 илјади евра и возев стално нова кола.Сега не знам како ќе биде ме зафркна увозот цените многу паднаа
 
Моментално возам bmw 530d 0d 2006 На секои 3-4 години додавав по 4000-5000 илјади евра и возев стално нова кола.Сега не знам како ќе биде ме зафркна увозот цените многу паднаа
Во постот #52 спомнуваш Xantia од 95-6 од салон...која за 2-3 години планираш да ја продадеш...
 
Во постот #52 спомнуваш Xantia од 95-6 од салон...која за 2-3 години планираш да ја продадеш...

Сега е на сопругата за да ги разнесува децата.Повремено и јас ја возам низ град и да ја удриш да не ти е криво.Ефтини делови и во отпад ги има веќе
 
И бидна... денешното време (ладно измрзнав, ама барем не врнеше) ми помогна да го дособерам. Значи, Мерцедесот внатре е комплетно собран, ми останува да го монтирам утре радиото (го пробав денес, свири :)).

има луфта на една јабучица и рачната не држи :) Другото е 100% фит. Јабучицата ја купив вчера, зедов и гуртни за рачната (замисли имаш 4 тркала, на нив имаат 4 дискови, а внатре во задните дискови има гуртни за рачната) и масло за менувачот и диференцијалот... па со едно одење на мајстор (за викендов) ќе го спремам да помини на регистрација.
сервисот сакав да го направам за викендот, ама ништо... сите мајстори ме откачија, па изгледа од утре некој ден ќе биди, а после сервисот и регистрација.

Од страна на ситници што ми недостасуваат за надворешноста, морам да одам до тетово. Лајсните само таму ги има. Внатре ми фали едно капаче за каишот долу, едно капаче за насочувачите од седиштето, фиоката не ми работи како што сакам ама и без нив ќе преживеам засега. Прва прилика да начекам Мерцедес во отпад ќе ги извадам.

А да, најдов пластики за под предните крила. Оригинално никој Мерцедес ги нема, но се монтираат накнадно. Што мислите исплатливо е да се земат? 1000 денари ми бараат за двете.
 
Да си ги земеш, ама монтирани да не се познаваат како на Лада на пр.
Ќе се помачам да ги дотерам да не се познаваат... а за тоа најбитно е пластиката што лежи на венецот да биди внатре во него. На лада лежи рамно со него, затоа се познава (монтирав на Нивата такви:), со мала преправка можеше да се напрат да не се познаваат).
 
Подобро да се познаваат, отколку да се рамни со венецот и да собираат кал. Сепак, треба прво да ставиш па ќе знаеш како е.
 
А да, најдов пластики за под предните крила. Оригинално никој Мерцедес ги нема, но се монтираат накнадно. Што мислите исплатливо е да се земат? 1000 денари ми бараат за двете.
Не ставај за да можеш да го спуштиш како low rider :)
3854632140_561c5fe100_o.jpg

Се шалам се подобар и подобар е мерцедесов
 
Премногу е глупо кога се познаваат...премногу!
Ама, ако се одвнатре убаво заштитени крилата и поткрилата, не би требало да има проблем со рѓа.
Со пластиките, само екстра заштита.
 
Не ставај за да можеш да го спуштиш како low rider :)
Aко купам 115-ка некогаш, можно е да напрам некој сличен чешит со него... мада low rider не ми се бендисва, особено не за Македонските улици. (патем, погледни го тој на сликата добро, седиштата се идентични како во мојот :) -> некој правел добри модификации)

Се шалам се подобар и подобар е мерцедесов
Danke... тоа е и целта :) Со лајсните надвор ќе го добие комплетно изгледот.

Патем, се решив за електронска антена која што ја сокрив под тапацирот на таванот (некаде под левата сенка иди, кабелот за антената оди заедно со кабелот за сијаличката) вчера го тестирав радиото, се зачудив колку подобро фаќа споредено со обична. Сите што ќе ставате антени наредно, препорачувам само таква (ја купив 150 денари). А за да не го сменам радиото (останува оригиналното, Grunding само радио без лента :)) ќе поставам FM модулатор со USB/SD читач (и решен проблемот за музика). Е сега има мал проблем, пепељарата е одма до менувачот и треба цело време да стои отворена за да работи (модулаторот е нешто поголем од упаљачот), па најдов и за тоа чаре... модулаторот ќе го поставам во преградата на маската (мора прво да се постави подлога од упаљач за да можи да се уклучува), посекако таа засега стои празна, а невервам дека освен сообраќајната ќе стои нешто повеќе во неа.
 
Јас се спасив со FM модулаторот...мада не фаќа USB-а од тенките, мора обично USB. Јас си ставив SD картичка од 2GB и брка работа. Само што не е идеално решение. Еве го имам 1 месец и некогаш има пречки пример покрај високи згради, предаватели, не дај Боже да се погоди на иста фреквенција на некое радио. Јас го местам на 107,9 ама и тогаш се дешава да има пречки особено кога спуштам Плетвар....од мојата музика почнуваш да слушаш „Маариаааааа метаааааа китринааааа“ (грчко)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom