Реставрација : Mercedes Benz w123 240D

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzish
  • Време на започнување Време на започнување
Не би ти препорачал да ги фарбаш... нема боја за штопови специјална, така да ќе мораш да земиш нови.

Само уште да најдам а да не ги платам пола кола и добро ќе биде :)
 
Ммм е видиш незнаев дека враќа боја во живот. Мислев дека е само за сјај :)
Полирањето всушност го отстранува површинскиот слој од бојата, оној оштетениот. На тој начин го “враќа сјајот“.
 
Полирањето всушност го отстранува површинскиот слој од бојата, оној оштетениот. На тој начин го “враќа сјајот“.

Затоа незнам дали ќе ја врати бојата на пластиката, пошо пластиката не е фарбана, туку е црвена по боја, и коа старее, ја губи таа боја...
 
Затоа незнам дали ќе ја врати бојата на пластиката, пошо пластиката не е фарбана, туку е црвена по боја, и коа старее, ја губи таа боја...
Хм, не знам какви промени во структурата на пластиката настануваат за да ја промени бојата... Можеби и таму се оштетува само површинскиот слој (мада пологично е да е оштетена во цела дебелина)? Во секој случај, за 150 денари - пробај, искуство више, ако ништо друго :icon_lol:
 
Воден П2000 и Пурол...и пластиките ќе светнат...

http://forum.kajgana.com/threads/Направи-сам.8706/page-5#post-1387136
А на крајот на краиштата, ако пластиката е тоооолку избледена, место обични сијалици стави во боја...црвени на штоп и позиција и портокалови на жмигавец и решен проблем!
 
Трол па трол :)

Него да те питувам, коа сме веќе кај реставрирање енд стаф, на Киата моја штоповите го изедоа стапот од сонце, едниот е розев другиот бетер, да не знаеш негде кај можам да најдам или некој, нови ама на старо :) пошо од преставништво 150 евра еден викаат, тоа е 3тина од цената на самата кола :)

Стануе збор за Kia Pride 1996 производство, дугачка.

ваква
l_1297393996.jpg

пошо има и една слична со малку пошарени штопови, грди се :)

Ќе ги извадиш штоповите и со најситна водена шмиргла и вода ќе ги ишмирглаш малце или само убаво да ги испереш,па ќе си купиш спреј безбоен лак и ќе ги шприцнеш. Ако имаш некој пријател фарбар ќе си купиш од продавница за бои и лакови безбоен лак 200-300 грама за металик боја(поквалитетен е) и пријателот ќе ти ги шприцне со компресор компресор.Има да светнат како нови.
Со лакот од бои и лакови мораш одма да работиш оти ќе се исуши и после е неупотреблив
 
Го регистрирав пред 1 недела (поточно во саботата)...

По 200 поминати километри.... Колата е лудило. Перформансите на страна, не ми е битно којзнае колку тоа. Од страна на електроника има фарови, жмигавци, вентилатор за парното, сијаличка и едно џиџе на блоко, шо уствари било греач за водата за моторот. Кога го најдов како такво бев WTF шо е ова сеа? Испадна дека за 3 минути на ладното, Мерцедесот постигнува 60 степени температура. За 5 минути е веќе на работната... релацијата шо ја возам низ град (околу 5 км), нити Аудито, нити Фиестата, нити ескордот нити кадетот стигаат до млако дување на парното кога ќе стигнам. За разлика од нив, со мерцедесот се изнатоплив на ладново (ја палам колата, облеквам чевли и тргнувам, внатре веќе е топло)... колата без вентијага за прв пат ја возам низ град.

Околу потрошувачката после првите 1000 км.
 
Кај мене на цитроенот на 40 степени,возејќи 2-3 километри почнува да дува малку повеќе од малако,а на бмв то кога ќе го уклучам парното дува топло.Температурата во кабината е наместена на 20 степени.Дали има грејачи или вебасто не знам ама внатре можеш да седиш по кратки ракави.
 
Прашање е на кој принцип се загрева кабината... мада најефикасен начин е побрзо постигнување на работна температура на моторот. Ем помала потрошувачка, ем топло внатре. Рачунај дека тие 5-6 км што ги правиш низ град, најчесто се тргни/застани (прва, втора) и има разлика во перформансите/потрошувачката на загреана и ладна кола.

Инаку, прајме муабет за возило од 78-ма шо нема никаква напредна технологија или незнам ти какви чуда. Само некој пред да го произведи, подразмислил малку :) Оти тоа нешто во денешните модерни возила не се вградува (туку клаваат вебасто, или незнамти какви греачи) неможам да сватам.
 
Dzish malce da ja voskresnam temava :)
daj staj slika od bandazite sto gi spremi

i drugo ... me interesira kolkava potrosuvacka ima na nafta 240kava grad i otvoreno? si go merel za potrosnja ili ako ne otprilika
 
Пошо немав гуми, го извадив само еднаш подалеку (нецели 100 км) до село, мада и тогаш не поминав добро... едната од гумите се распадна, па морав да менувам. Засега имам поминато 800 км, и вадам некој просек од ~10 литри, со то шо цела зима не го возев, а го палев секоја недела по пола сат- сат да поработи. Е сега, детално неможам да измерам оти мерачот за гориво не ми е исправен... еднаш ми угасна за гориво, а покажуваше 1/4 од резерварот... во зимата дојде до момент да се запали сијаличката за резерва... така да не експериментирам многу засега (дури не го сконтам како работи, или дури не набавам туба од 5 литри шо нема да се истура па да ја возам в багажник)... Мада мое мислење е дека нема 9 литри низ град да надмини, особено на топло време, можеби и помалку ќе биди.

Околу бандашите, најдов штрафој долги како што треба (оригинал) а исто така најдов и капачиња... ми останува да ги однесам кај мајсторот да ги среди. Па откако ќе ги наместам, ќе пуштам некоја фотка :)

п.с. за отворен пат, ќе измерам колку троши ко ќе одам до Тетово по лајсни (ваљда за брзо и нив ќе ги средам)
 
Здраво,во план сум да зеам мерцедес 123 и комлетно да го реставрирам колку од прилика би ме коштало тоа?
 
Здраво,во план сум да зеам мерцедес 123 и комлетно да го реставрирам колку од прилика би ме коштало тоа?
Здраво, во план сум да градам куќа... колку би ме коштало тоа одприлика?

Кој ќе ти кажи? Можи да градиш куќа 4 х 4, на 1 спрат во свирипичино кај шо ем пиле не пеј, ем не се плаќа ништо, па да те кошта 4000 евра... или да градиш 20 х 30 в град на 3 спрата па да те кошта 100.000 евра.

Исто е и со колата, зависи шо канта ќе собериш, и колку пари ти се даваат... почнувајќи од делови за каросерија/лимарија, фарбање...
 
Ниту знам каде е свирипичино ниту сакам да знам,знам во Скопје и во мојата населба колку би ме коштала куќата а за кај тебе во свирипичино можеш ти да кажеш.
Колку што гледам темата е за реставрација на Mercedes Benz 123 затоа тука го поставив прашањето и мислев дека ќе добијам одговор,а ако ме интересираше за куќа во свирипичино ќе ти пишев во ПП ;).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom