Реставрација : Mercedes Benz w123 240D

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzish
  • Време на започнување Време на започнување
Aко купам 115-ка некогаш, можно е да напрам некој сличен чешит со него... мада low rider не ми се бендисва, особено не за Македонските улици. (патем, погледни го тој на сликата добро, седиштата се идентични како во мојот :) -> некој правел добри модификации)

Danke... тоа е и целта :) Со лајсните надвор ќе го добие комплетно изгледот.

Патем, се решив за електронска антена која што ја сокрив под тапацирот на таванот (некаде под левата сенка иди, кабелот за антената оди заедно со кабелот за сијаличката) вчера го тестирав радиото, се зачудив колку подобро фаќа споредено со обична. Сите што ќе ставате антени наредно, препорачувам само таква (ја купив 150 денари). А за да не го сменам радиото (останува оригиналното, Grunding само радио без лента :)) ќе поставам FM модулатор со USB/SD читач (и решен проблемот за музика). Е сега има мал проблем, пепељарата е одма до менувачот и треба цело време да стои отворена за да работи (модулаторот е нешто поголем од упаљачот), па најдов и за тоа чаре... модулаторот ќе го поставам во преградата на маската (мора прво да се постави подлога од упаљач за да можи да се уклучува), посекако таа засега стои празна, а невервам дека освен сообраќајната ќе стои нешто повеќе во неа.

Што не ставиш едно ваквоpb_7aqk1195720812.jpg
и вакви додатоци
images.jpgimages.jpg
Имаш на него радио,dvd,cd,usb,sd card и си го решил проблемот.
 
Баш така :)
Макр шо тоа радио т.е. оригиналниот Becker Mexico e od 60-тите и на Џиш не би му одговарало баш...
Ама ова е како измислено за мојот 1300 , Period correct :)
 
Баш така :)
Макр шо тоа радио т.е. оригиналниот Becker Mexico e od 60-тите и на Џиш не би му одговарало баш...
Ама ова е како измислено за мојот 1300 , Period correct :)

Е да слични такви се вградуваа во тристачите
 
Да најдам некој сличен ретро изглед (како тоа бекерот) би го сменил... дотогаш, ќе стои оригиналното Grunding со AM/FM механички мемории :)

Инаку DVD во седиштата не се по мој вкус... имам размислувано на темата, колата ми е да ме вози од точка А до точка Б. Наместо да инвестирам во такви тракатанци, имам намера да купам уште една “крнтија“ 115-ка (една генерација постара од мојот, ми се чини дека некаде погоре имаше еден зелен со бел покрив)... па да имам 2 :)

А да, сервисот го средив денес,и го монтирав радиото... се осеќа далеку подобрена работа на менувачот, а гуртните на рачната не беа никогаш сменети (баш како што и претпоставував)... Излезе дека ем се истрошени на 0, ем на десната страна едната беше скршена (како работеше рачната, појма неам, држеше малку). Сега е 100% фит, утре да ми го преведи татко ми, па да видиме дали ќе го носам на регистрација, или прво ќе го докомплетирам (лајсни) па потоа регистрација... битно механички немам никаков проблем за средување, ми останува евентуално некогаш на пролет да му го монтирам сервото од белиот...

Кога сме кај белиот, имам намера да го растурам, нешто да оставам за да не ми притреба а шасијата ќе ја фрлам в отпад.
 
Dzish, да не си фан на серијата "Bored to Death", случајно?
 
Dzish, да не си фан на серијата "Bored to Death", случајно?
Не... за шо серија прајме муабет :)? Ако вреди да се гледа да ја барам на торенти...
 
Вреди, вреди, добра серија. Ја има на piratebay. Инаку еден од главните ликови вози Мерцедес ко твојот (дури и бојата е иста)
Ќе ја скинам па да видам шо чудо е...

Инаку, главниот лик вози S класа, или популарно W116 моделот. Генерациски гледано овие мерцедеси ем се постари од мојот, ем се повисока класа. Мојот спаѓа во Е класата.
 
Во право си; не се загледав до толку - ми делуваше малку различно, но мислев дека разликата е во фаровите заради американските стандарди или така нешто... Сепак, добра серија :)
 
Ја прочитав цела тема, пошо ме интересираше шо точно има праено Џиш, ја го следев на фејсбук криво лево. И цело време го глеам овој фраеров ctrkantia не сконтав шо му е уствари филмот? Да се пофали дека има пари за нова кола или му е криво шо некој ќе биде пошема од него со кола произведена пред да се роди татко му?
 
Тогаш нешто вакво повеќе би одговарало
Oва е идеално... ама 1350 евра за радио? Шо е претерано, претерано е :)

му е криво шо некој ќе биде пошема од него со кола произведена пред да се роди татко му?
Шема... не би рекол. За шема се купува Toyоta MR, некое BMW купе, можеби Мерцедес CLK... ама шема со стара кола :unsure:...
 
Oва е идеално... ама 1350 евра за радио? Шо е претерано, претерано е :)

Шема... не би рекол. За шема се купува Toyоta MR, некое BMW купе, можеби Мерцедес CLK... ама шема со стара кола :unsure:...

Пак е шема/фенси како сакаш наречи го, мене ептен ми праи мерак така кога ќе видам некој шо вложил труд во кола што за 95% од луѓето е “крнтија“ и коа ќе пројде покрај некој од тие фаци а меѓувремено изгледа како да искочила од фабрика, го имаш моментот на ијаааа :)
 
Ја прочитав цела тема, пошо ме интересираше шо точно има праено Џиш, ја го следев на фејсбук криво лево. И цело време го глеам овој фраеров ctrkantia не сконтав шо му е уствари филмот? Да се пофали дека има пари за нова кола или му е криво шо некој ќе биде пошема од него со кола произведена пред да се роди татко му?

Citroen xantia 1995 vs Mercedes123
Bmw 530d 2006 vs Mercedes 123
Паркирани на едно место кое ќе биде поголема шема и кое ќе добие поголемо ииииииијаааааааааа?
Многу понова кола ја имам искршено и фрлено во отпад.Да ми е криво некој да купи нова кола па да се натпреварувам со него(јас да купам понова и поубава кола)да,ама за канта да ми е криво(ни под разно)
Кога татко ми е роден?Можеби е роден кога дедоти бил во план.индекс1.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom