Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Туку глеам и Обрван носе фармерки како Шундо, од репрезентацијата му се дадени овие?:D
 
Генерално, натпревар во рамките на очекувањата. Солидно прво полувреме, катастрофално второ. Со оглед дека игравме во гости, против светскиот првак без половина екипа, и не е до толку лошо. Барем во овие две утакмици можевме да видиме овие останати играчи кој колку вреди.

Еве неколку коментари за моите впечатоци:

1. Одбрана
Во принцип одбраната при позициони напади и не беше толку лоша. Грешката од првата утакмица кога не можеа да го задржат пикерот во тие "странични" напади беше со неколку исклучоци разрешена. Забележливо беше отсуството на Велко Марковски кој реално е главниот играч во одбраната и без него тешко се запираат нападите кои доаѓаат по средината. Одбраната во транзиција повторно како и секогаш катастрофална. Делумно тоа се случува заради деморализирање на играчите како што се зголемува разликата, но тоа е оној аспект од играта каде реално најмногу очекувам од Обрван и каде ќе мора да се преземе нешто. Реално вината за слабата транзициона одбрана лежи во бековите кои бавно и тромаво се враќаат назад. Миркуловски тука многу недостига.

2. Напад
Нападот, очекувано прилично лош. Практично сите проблеми во нападот почнуваат од фактот што Македонија реално има само еден играч кој може да се дигне од 9-10 метри и да распали прецизно кон голот. Имав некоја надеж дека Мајнов ќе го може тоа но ете две утакмици не успева ни да шутне а не пак гол да даде. А лев бек кој може онака право бековски да шутира одамна знаеме дека немаме. Со оглед на тоа, во случај кога Лазаров не игра, сите акции одат преку пробиви, проигрување со пикер, или проигрување со уфрлено крило на пикер. Проблемот во тоа е што, реално во ракомет таквите акции може да резултираат со лесни голови и удари од седум метри но и со многу украдени (изгубени) топки. Токму заради тоа се прават толку многу технички грешки кои секоја поквалитетна репрезентација ги казнува со брзи контри. Таа е реалноста со играчите и искрено нема што да се жалам премногу. Реално многу подобри и поуиграни акции имаше денес за разлика средбата во Скопје. Ама без ниту еден вистински бек се затвора средината на одбраната, и една одбрана како шпанската (веројатно најдобра на светот) секако дека нема да дозволи голем број на голови. Статистиката на реализација на удари од 9 метри кажува се за средбата: околу 50% шпанците, мизерни 10% ние. Од Мајнов и Ф.Лазаров очекував дека можеби ќе покажат нешто во тој аспект, бидејќи само тие ја имаат висината за да можат да распалат од далечина но и двајцата имаа многу слабо издание.

3. Играчи
добри: Ојлески, Н.Маркоски, Георгиевски, Темелков
просечни: Митревски, Левов, Јоноски, Кузмановски
лоши: Ангелов, Мојсовски, Стоилов, Димовски
катастрофални: Мајнов, Ф.Лазаров

Искрено мислам дека треба да се игра повеќе со Н.Марковски во напад, затоа што барем може да се врати и одигра добро во одбрана за разлика од Стоилов и Димовски кои не само што се неупотребливи во одбрана, туку и се во катастрофална форма и ништо не прават ни во напад. Стоилов како да заборавил и добри блокови да поставува нешто што го одлично го правеше во Србија на ЕП и во Шпанија на СП. Левов можеби и не беше лош, но реално со Мојсовски, Миркуловски/Кузмановски и Левов играме како да имаме три централни бека. Така не може да се победи ниту една посериозна репрезентација. Едноставно немаме кадар за повисоки резултати.

Што се однесува до Обрван, јас мислам дека е многу рано за критики, треба да му се даде шанса. Јас мислам дека донесе одредена свежина во тимот и дека долгорочно ќе се покаже како позитивен чекор. Тешко може да се оцени колку добра работа врши после една недела тренинзи против една ваква екипа како Шпанија. Ќе видиме повеќе во Јуни. Едно е јасно, без Кире, немаме теоретски шанси за било каков успех.
 
Треба да сме исклучително благодарни на ждрепката...
Да беше распоредот поинаков,да игравме овај месец со Швајцарија на гости или со Португалија дома уште сега ќе си ги спакувавме нашите куферчиња.....
Со оваа игра,со оваа атмосфера во тимот немавме шанси....
Со оглед дека поразите од Шпанија не ни гинеа....без разлика дали ќе се играа во ноември,април или јуни....
Сега шо ни останува?
Да се молиме дека нашите ќе го кренат нивото на играта,и дека ќе се надминат себеси и ќе победат во Швајцарија,шо нималку нема да биди лесно.....
Швајцарците покажаа на двомечот со Португалија дека се квалитетни....со ваква игра нема шо да бараме таму....
Никој нема да се сожали и да ни подари победа....видовме како ни ја стопија огромната предност во Скопје,за само неколку минути....
И ако го оствариме планот да победиме со Швајцарија....останува клучниот меч со Португалија...
Како да се победи со цели 7 разлика(ако не дадат над 25 гола во Скопје,ако дадат со цели 8 разлика)....?
Со ваква игра тешко,против еден жилав тим како Португалија...
Успеав да ги гледам последните 20 минути од нивниот меч денес...
Губеа 3 разлика на само 10 минути до крај,за само 10 минути успеаа да го свртат мечот во своја корист...
Неверојатно атлетски спремна селекција,доста подвижни,технички потковани...
Со ваква игра,со вакво залагање нема шо да бараме...
Како и да е,има сеуште време,има цели 2 месеци за Обрван да спреми тактика....после ова ќе нема место за алиби,разни изговори....
Квалитетот е на наша страна и покрај се....
П.С.
Нормално се ова под услов Португалците да не си наредат работа со нивните комшии.....сепак мислам дека Шпанија нема шанса да си игра со своето реноме,Шпанија си е Шпанија,нема шанса да си играат со своето реноме,Валеро Ривера е селектор кој нема да дозволи такво нешто....
 
Во право си. Инаку за ова со Шпанија дека ќе ја наместела утакмицата не верувам, како прво репрезентација што е прва во Светот, не верувам дека би местела натпревари со просечни(потпресечни) селекции, да се срамотат...
 
И ако го оствариме планот да победиме со Швајцарија....останува клучниот меч со Португалија...
Како да се победи со цели 7 разлика(ако не дадат над 25 гола во Скопје,ако дадат со цели 8 разлика)....?
Било каква победа против Португалија ни носи 2 место во групата.
 
Треба да сме исклучително благодарни на ждрепката...
Да беше распоредот поинаков,да игравме овај месец со Швајцарија на гости или со Португалија дома уште сега ќе си ги спакувавме нашите куферчиња.....
Со оваа игра,со оваа атмосфера во тимот немавме шанси....
Со оглед дека поразите од Шпанија не ни гинеа....без разлика дали ќе се играа во ноември,април или јуни....
Сега шо ни останува?
Да се молиме дека нашите ќе го кренат нивото на играта,и дека ќе се надминат себеси и ќе победат во Швајцарија,шо нималку нема да биди лесно.....
Швајцарците покажаа на двомечот со Португалија дека се квалитетни....со ваква игра нема шо да бараме таму....
Никој нема да се сожали и да ни подари победа....видовме како ни ја стопија огромната предност во Скопје,за само неколку минути....
И ако го оствариме планот да победиме со Швајцарија....останува клучниот меч со Португалија...
Како да се победи со цели 7 разлика(ако не дадат над 25 гола во Скопје,ако дадат со цели 8 разлика)....?
Со ваква игра тешко,против еден жилав тим како Португалија...
Успеав да ги гледам последните 20 минути од нивниот меч денес...
Губеа 3 разлика на само 10 минути до крај,за само 10 минути успеаа да го свртат мечот во своја корист...
Неверојатно атлетски спремна селекција,доста подвижни,технички потковани...
Со ваква игра,со вакво залагање нема шо да бараме...
Како и да е,има сеуште време,има цели 2 месеци за Обрван да спреми тактика....после ова ќе нема место за алиби,разни изговори....
Квалитетот е на наша страна и покрај се....
П.С.
Нормално се ова под услов Португалците да не си наредат работа со нивните комшии.....сепак мислам дека Шпанија нема шанса да си игра со своето реноме,Шпанија си е Шпанија,нема шанса да си играат со своето реноме,Валеро Ривера е селектор кој нема да дозволи такво нешто....
Мислам дека ако ја победиме Швајцарија било каква победа со Португалија не носи на второ место, секако под услов Шпанија да тепа се до крај. Швајцарија со Португалија скинаја бод дома така шо ние би имале 6 а тие 5 на крајо. Сепак, скептик сум дека со ваква игра, вакво незалагање и онаква атмосфера во салата било кој можиме да тепаме до крај
 
Само што го заборавате фактот дека НИКОГАШ не сме победиле на гости со селекција која била со приближен квалитет :icon_mrgr:
 
Ако играме вака прашање е дали дома ќе тепаме со Португалија не па во гости кај Швајцарија :)
 
Еден светски шампион никогаш ама никогаш нема да си дозволи кикс од репрезентација која е четир класи подолу од нив па макар биле најдобрите комшии на свет.
Затоа ние не треба да си се занимаваме со тоа ниту со некакви математики.Треба што побргу да ги избришат овиие два натпревара од нивните глави и да се сконцентрираат на преостанатите две средби и да покажат дека не за џабе се 5 селекција во Европа.
Ако не се способни за тоа нека си ги соблечат патиките и нека идат да играат по свадби.
 
Губиме во Швајцарија 100%.Нашиве ракометари дупето ги боли за репрезентација.Најголем дел се веќе во клубови од кој погоре не можат да идат,а од друга страна цел живот се научени на поткупувања и да бидат третирани како кинески краљици.Ако не за друго ќе изгубат за да го избркаат Обрван и со тоа да докажат кој е главен во репрезентација.

Единствениот лек е да му даде федерацијата на Обрван уште најмалку година дена договор и овој се да исшутира од репрезентација и Мојсовски ( мали и мањи ) и Кире и Борко,Димовски,Левов па да се почне од нула да се гради.Ако можеше фудбалската федерација толку време да издржува под надворешен притисок не верувам дека Ракометната не би можела да го издржи истиот притисок поради таков потег.

Подобро репрезентацијата да стане аметерска и само играчи под 22 да бидат дозволени + 2ца над 22 одколку ова што се случува сега.
 
Од се срце сакам да не одиме на Европско.Со ваква игра и вакви психопати во репрезентација и вакви мамини татини синчина и батина не заслужуваме
 
Србија веќе падна, на ред сме ние :D
 
Не за џабе имав 2ка по математика во средно....:pos:(цело време упорно си "рачунам" дека ни требаат две победи:D )....
Како и да е,мечот со Швајцарија ќе биди клучен....
Дома вака така ќе ги тепаме Португалците........
 
Како и да е,мечот со Швајцарија ќе биди клучен....
Дома вака така ќе ги тепаме Португалците........

И јас мислам дека мечот со Швајцарија е клучен. Португалците дома сигурно ќе паднат. Очекувам и играта "мистериозно" значително да се подобри. Сепак не е исто да играш против најдобрата одбрана во светот (шпанската) и одбрани како што се швајцарската и португалската.

Белки ќе сфатат дека со ноншалантно однесување и без борбеност нема резултати...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom