Ова јас не сум рекол сигурно

Сфативме дека за тебе се малку натпросечен, за мене се во најдобрите, за видни музичари инспирација, земи го еден Џони Гринвуд кој твори страшна филмска музика со елементи на прогресив, џез, фјужн, ексепримети од каначка до машина за швајц.
И на ласт.фм не се оцртува се ако си се запнал, така да мн бендови не се пишани за жал, или ги имам со погрешно име в компјутер па не се куцнале правилно. Алтернатива за овие година дена, 10 посто нешто друго по твоја логика, макар шо не е така, претходно сум слушал и нешто трето, јас не слушам музика само една година . Но да не бегам од темата и да мериме кој колку слушал повеќе, ете ти ако си 84та ти си слушал, но од друга страна сигурен сум дека до возраста да речеме кога си имал 22 години, јас имам повеќе преслушано, така да кој како љуби нека мери се, интеренетов е чудо, се е на допир. Од друга страна
Crazy Diamond за своја возраст растура, што не било случај со мене оти јас купував касетки, тој има се на нет, ти си купувал плочки да речиме.
Еднаш низ дискусија објаснав за како е тоа да се има бенд за кој си сигурен дека е во врвот. Така да тој шо си го има бендот никогаш нема да има потреба да се објаснува, зошто е тој мадафакерски, оти едноставно е мадафакерски и прај музика шо други не зна да пра според него, излегува од една димензија, влегува во друга, ти пласира содржина од трета, ти го лажи мозокот со својата линија на движење и чудна хармонија, пошто и најголемата дисхармонија знај да дај супер хармонија.
Ајде тури ти некој бенд омилен па да видиш колку хејт на истиот че има. Пример Dream Theater, расутраат

технички потковани, кој од кој побудали, но ЈОК, ми го немаат радиохедовското, шрединг и толку, како и некои други посложени метаљи. Јас си сакам навечер да си седнам, да си пуштам музиче и да си заминам некаде далеку кај шо фајча чоечката нога. А сега се присетив дека исто мавна хејт и во темата за џез како тоа со сила паметните сакале да слушаат џез, а тоа било глупа музика. Па така и овде че те разберам, хејт како хејт, за мене неоснован, без разлика колку ми е нелогичен и не се согласувам со истиот, мислењето како мислење низ пластична форма че го испочитувам. Нема причина за омраза ако бендот кој некој го љуби се пробил над некој кој ти го љубиш од триста причини на меѓузависност. Крај краева на last.fm ко сме тргнале, најбројни се Битлсите, втори се мајчиниве кои ги возвишуваме, т.е плукаме. Јас не знам дел од твоите бендови, ти не знајш дел од моите.
А за дискусија, сполајму на Боже и на братучед ми кој си го спомнувам(беше годиште колку тебе ако си 84та), сум си ја имал од најмали нозе без апстиненција. Сега го нема тој повеќе, но основата ја турил како што ја турил и му сум многу благодарен.. Ако некои слушаат Нирвана пример последниве 2-3 годинчиња, јас роден 91ва, сум си слушал нирвана на кај 95-96та. Си имам снимчиња со сукалцето на маса џоа гитара и свирам растурам. Врска сум немал шо свиреле, врска сум немал шо пееле, битно мерак ми правеле. Па така Араџеле по нив, па така Флојд, па Хедофциве со Пабло Хани, па Pastorius, па Skip James, барем за касети пари се имало.
Дискусија јесте, на форумов од 2000 мислења, 1500 мој се во музика, а не поминала ни година од ко се рестрирав. И ме оцрнија на таа листата дека сум бил најдосаден оти само во музика сум пишувал.Така да мислам дека не е убаво некој да се ,,снижи" без истиот да се согледа реално. Секој самозаклучок онака испален, не е добар заклучок.
Кај мене вака оди распоредот Пинк Флојд -Џој Дивижн-Редиохед.
За крај, глеј шуба тема, кизнај колку пати пост под пост сум рембал за да турнам да киниса, не пали. Овде можиме да коментираме за било кој бенд и за било што. Пиши нешто, ако не го имам слушано че преслушам, мило че ми биди да зграпчам предлог нов па да коментирам, ако го имам преслушано да дам став исто така мило би ми било.......
http://forum.kajgana.com/threads/Генерална-дискусија-артисти-бендови-музички-проекти.61337/