Работа на брод

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzings
  • Време на започнување Време на започнување
Дали има некој што има аплицирано за C1/D виза а има некој близок во Америка ? :D Jaс добив договор на 6ти април за Carnival Victory, укрцај во Орландо. Сестра ми е во Америка легално со грин кард али затоа како што е затегната работата за визи во последно време чисто сумљам дека ќе ми ја одобрат но да си ја пробаме среќата. Во Мајоми ми рекоа дека имале многу случаеви како мојот досега и без проблем ја добивале оваа виза али јас не верувам се додека не ја видам визата во пасошот. :D Има некој со ваков сличен случај и некој што има работено на Карнивал да каже како е? :)
 
C1D одобруваат многу лесно. B1/B2 многу тешко. Ама и со C1D можеш да претстојуваш до 28 дена пред да се качиш на брод и 28 дена после тоа. Само за ова треба да си средиш авионските карти со компанијата.
 
Знам дека C1D одобруваат 99% ама дека сестра ми е таму па да не посумљаат дека може да киднам од бродот и да фатам патот накај нејзе.. Не ни ми треба B2, сакам поштено да одам 2-3 договори да си изработам. :) Ај во наредниов месец треба да го закажам интервјуто за во амбасада па ќе видиме што како.
 
На која компанија ќе работиш? Кои авионски карти ти ги покриваат?
Јас кога бев на Имиџ сам си плаќав за да се вратам на брод, и сам си купував карти и обично седев два дена у Орландо, јбг, немам никој по америките па да посетувам.
Додека бев на Дизни, знам дека Дизни им плаќаше две насоки на вработените, ама ако сакаат да летаат порано/подоцна мораа да поднесат барање до кру-офис три или четири месеци однапред.
Кога бев на Ројал само гледав да фатам фитиљ и уопште не разгледав што нудат/даваат на вработените.
 
На Карнивал ќе работам. Јас си ја плаќам картата за натаму т.е на Јовка и платив па они ваљда резервираат. За назад и за секој нареден договор ако сакам да одам Карнивал ќе ми ја плаќаат.
 
На Карнивал ќе работам. Јас си ја плаќам картата за натаму т.е на Јовка и платив па они ваљда резервираат. За назад и за секој нареден договор ако сакам да одам Карнивал ќе ми ја плаќаат.
Ако си стаф само првиот пат ти плаќаш после тоа ти плаќаат они однапред, имаше знам опции за промени али со барање се правеше тоа. Како е сеуште не сум сигурен затоа што се менуваат работи. Инаку ако си кру сам си плаќаш така да можеш нареден пат сам да си организираш. Кога одев првиот пат во авион се сретнав со еден дечко кој работеше исто на карнивал и беше тргнат 2 недели пред да треба да се качи на брод и замина од мајами до детроит за да се види со роднини. По тоа знам дека сами си го организираа некои од кру бидејќи сами си ја плаќаат картата.
 
Дечки...нешто повеќе за Marlins test for seafarers...онака како инфо..не прочитав ништо за тоа...а сакам да знам..

фала..
 
Дечки...нешто повеќе за Marlins test for seafarers...онака како инфо..не прочитав ништо за тоа...а сакам да знам..

фала..
Има за тоа ама мноооогу страни наназад, ни јас не би се осудил да вртам толку назад :)

Марлинс тестот по англиски јазик е едноставен тест кој се решава на компјутер. Многу е едноставен. Кликаш врз зборовите да ги наредиш во реченица. Имаш едноставни прашања и одбираш еден од одговорите.
На времето за Имиџ беше потребно да имаш 80% точни одговори за пола саат. Во зависност од позицијата за која аплицираш се бара различен резултат.
Јас пред 4 и пол години имав 96% за 19 минути.
 
Марлинс тестот по англиски јазик е едноставен тест кој се решава на компјутер. Многу е едноставен. Кликаш врз зборовите да ги наредиш во реченица.

Толку беше и за NCL, мислам дека е исто за сите бродски компании.
 
Прочитав дека Ројал и Принцес почнале пак да вработуваат од балканот.....сеа пред некое време кога бев на презентација во Коузон рекоа дека наскоро ќе почнат да вработуваат...па сега преку safe cruise почнале за ројал и принцес... нешто коузон тоа ?
 
Е па немој да им одиш на презентација на Коузон, јас бев еднаш чисто од љубопитност и тоа беа најбесмислено изгубени 2 до 3 часа слушање секакви глупости и идиотизми. Јас не сум од самопрогласените патвиоти во државава, но ниту ги сметам Македонците за толку неписмено племе како што ги опишуваат на тие презентации.

А за тоа дали Ројал и Принцес повторно ќе примаат работници од Балканот, лесно може да се открие колку е вистина, барем во случајот со Ројал, на чиј што официјален веб сајт убаво пишува во кои држави имаат свои овластени агенции за посредување при вработување на брод.

http://www.royalcareersatsea.com/pages/about_hiring_partners

Малку подоле, на средината од страницата, од десната страна, каде што ти е листата -- SELECT A COUNTRY --, имаш информација од прва рака околу тоа дали во Македонија има овластена агенција за посредување при вработување на брод.

Пред година дена ова време, на истата таа листа ја имаше Македонија, а како наведена овластена агенција за посредување при вработување на брод, беше Коузон. Ако ја дава Македонија на листата и ако дава овластена агенција од Македонија за посредување при вработување на брод, тогаш значи Ројал повторно почнале да примаат работници на брод од Македонија, а доколку ја нема Македонија на листата, тогаш значи тоа што ти го кажале на презентацијата во Коузон не е вистина.

За Принцес нема потврда, но има овластена агенција за посредување при вработување на брод на работници од Италија, источна Европа и западна Европа, вклучувајќи и овластена агенција за посредување при вработување од Бугарија, па ако можеш да ги контактираш преку e-mail или па да отидеш во Бугарија за да ги контактираш лично, прашај ги дали можат да посредуваат и за посредување при вработување на брод на работници и од Македонија.

http://www.princess.com/careers/shipboard-cruise-jobs/how-to-apply/
 
Ќе поставам деликатно прашање,гледам дека никогаш не е поставено,а се работи за многу сериозна работа.Дали луѓе со епилепсија,дијабетес итн. болести,може да работат на крузинг брод?Каква е политиката на бродските компании кон овие луѓе,дали е сеуште табу тема за нив вработување ,дали познавате лично колеги кои имаат вакви болести со кои имате работено на вода :)
 
Здраво, бев во коузон ми понудија две позиции за кои веднаш им биле потребни: чистеч на апаратите во казино, и местење на лежалките собирање и чистење, па ми треба совет дали може да се напредува со нареден договор дали имаат слободно време за прошетки и сл.
Исто така според ваше искуство која е најдобрата позиција на брод нормално за почетник ?
 
За која компанија?
Ако си за NCL, тогаш со сигурност ти кажувам дека позицијата со лежалки не е само работа со лежалките, стациониран си на последниот спрат, собираш пешкири по палуба, даваш нови, преместуваш лежалки, у кратки црти, си го ладиш. Платата колку што знам е 900 долара месечно, а договорот е 8 или 9 месеци. Единствено нешто што може да те утепа е монотоноста и сонцето :D Ако врне, тогаш апла ништо не работиш, си одмараш под стреа.
За казиното, незнам како е искрено.
 
Јас бев на презентација во Коузон пред 5 години и типот беше жими таквоато. И тогаш ми беше сумљив, ама откако одработив 5 договора јасно ми е дека не го бива. Сега има друг дечко, го немам гледано како држи презентација, сигурно е подобар :)
Но како и да е, тоа не е единствениот вработен таму, имаш цела екипа од регрутери кои можат да ти помогнат да се качиш на брод.

Во врска со работници од Македонија, Босна и Херцеговина (и мислам Србија), Ројал не ги вработува поради чести осигурителни измами (уште не научил бродот како му се вика си го повредил грбот и бара 100.000$ отштета).
За Принцес имам слушнато една приказна, дали сеуште е валидна не знам, ама знам дека не вработуваат македонци.

Инаку ова со позицииве, некогаш на компаниите им е итно и лесно можеш да пројдеш и на интервју и брзо да се качиш на брод :)
Ќе поставам деликатно прашање,гледам дека никогаш не е поставено,а се работи за многу сериозна работа.Дали луѓе со епилепсија,дијабетес итн. болести,може да работат на крузинг брод?Каква е политиката на бродските компании кон овие луѓе,дали е сеуште табу тема за нив вработување ,дали познавате лично колеги кои имаат вакви болести со кои имате работено на вода :)
Со ваква дијагноза не поминуваш на медикал. Жал ми е, но бродските компании бараат „коњи за работа“. Посебно болестиве што ги наведе, во случај на незгода доколку треба да се евакуира бродот и да се спасуваат гостите ти треба да учествуваш во спасување а не другите да те спасуваат тебе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom