Батали им го ти сајтот на Коузон, нивниот веб сајт е чиста копија од туѓ темплејт, а суровата вистина те чека кога ќе ги посетиш и ќе ги прашаш за работа на такво работно место на брод.
Јас бев да прашам за пријатели мои и ја истрпев таа нивна таканаречена презентација која ја одржуваат секој вторник, и тоа беа 2 или 3 часа кои многу поубаво ќе ги потрошев на било кои други активности, па макар и на дремење во кревет.
На крајот пријателите заминаа и дочекаа да го видат морето, но на копно, а не на брод - едниот фати џаде за Шведска, а другиот за Австралија, бидејќи на информатичарите им бараат да поседуваат сертификати за сервисирање и одржување на компјутерски системи и на компјутерски мрежи за на брод, а бидејќи тие не се подготвени да фрлаат пари за курсевите и испитите во Сеавус - отприлика околу 1.500 евра за Comptia A+ и за Comptia Network+, полесно им беше да си најдат контакти преку LinkedIn и така да си фатат џаде во странство, наместо да фрлат пари за курсеви и испити за професионална сертификациј, за потоа да чекаат и да се надеваат дека некој ќе ги прими на брод како информатичари.
Патем, бидејќи информатичарите навистина се добро платени на брод и живеат и работат во многу поудобни и попристојни услови наспроти останатите работници на бродот - барем така ми кажаа некои нашинци кои работат на брод, не знам колку е вистина, како и да е, за такви удобни и пристојни работни места, самите бродски компании ќе си најдат луѓе од нивната матична држава кои ќе работат како информатичари на брод, наместо да увезуваат информатичари од странство.