Прочитав дека Ројал и Принцес почнале пак да вработуваат од балканот.....сеа пред некое време кога бев на презентација во Коузон рекоа дека наскоро ќе почнат да вработуваат...па сега преку safe cruise почнале за ројал и принцес... нешто коузон тоа ?
Е па немој да им одиш на презентација на Коузон, јас бев еднаш чисто од љубопитност и тоа беа најбесмислено изгубени 2 до 3 часа слушање секакви глупости и идиотизми. Јас не сум од самопрогласените патвиоти во државава, но ниту ги сметам Македонците за толку неписмено племе како што ги опишуваат на тие презентации.
А за тоа дали Ројал и Принцес повторно ќе примаат работници од Балканот, лесно може да се открие колку е вистина, барем во случајот со Ројал, на чиј што официјален веб сајт убаво пишува во кои држави имаат свои овластени агенции за посредување при вработување на брод.
http://www.royalcareersatsea.com/pages/about_hiring_partners
Малку подоле, на средината од страницата, од десната страна, каде што ти е листата
-- SELECT A COUNTRY --, имаш информација од прва рака околу тоа дали во Македонија има овластена агенција за посредување при вработување на брод.
Пред година дена ова време, на истата таа листа ја имаше Македонија, а како наведена овластена агенција за посредување при вработување на брод, беше Коузон. Ако ја дава Македонија на листата и ако дава овластена агенција од Македонија за посредување при вработување на брод, тогаш значи Ројал повторно почнале да примаат работници на брод од Македонија, а доколку ја нема Македонија на листата, тогаш значи тоа што ти го кажале на презентацијата во Коузон не е вистина.
За Принцес нема потврда, но има овластена агенција за посредување при вработување на брод на работници од Италија, источна Европа и западна Европа, вклучувајќи и овластена агенција за посредување при вработување од Бугарија, па ако можеш да ги контактираш преку e-mail или па да отидеш во Бугарија за да ги контактираш лично, прашај ги дали можат да посредуваат и за посредување при вработување на брод на работници и од Македонија.
http://www.princess.com/careers/shipboard-cruise-jobs/how-to-apply/