Пушењето - зависност или навика?

  • Креатор на темата Креатор на темата mUv@ ThE DoGg
  • Време на започнување Време на започнување
Mandrak напиша:
Bacillus gagous, дали можеби се обидуваш да кажеш дека секој човечки организам подеднакво реагира на исти појави или се лажам?
Мандрак баш спротивното сакав да го кажам, извини ама некогаш не се изразувам баш најразбирливо за остантите, се случува.
Зборот ми беше дека на секој различен организам му треба различно колчество и редовност на конзумирање на никотин, за да стане зависен од него ама во секој случај тој што месец дена пуши редовно сигурно има зависност, ама и секој организам има различна толерантност, односно може да речеме дека твојот организам е доволно толерантен да кризите за никотин ги манифестира со интензитет како на пример за чоколадо. Затоа и ти го восприемаш субјективно тоа повеќе како навика отколку зависност, иако зависноста постои.
На пример ако се обидеш да се откажеш од цигарите засекогаш можно е два месеца и да немаш никаов проблем со тоа но после одвреме на време да добиваш јака желба да запалиш цигара, е таа желба всушност е кризата и потреба на неуроните од некоја супстанца која ги стимулира неуротрансмитерите. Ништо лошо се природно и реално и воопшто нерелевантно ако ти се обидуваш да ги откажеш цигарите, ама од неуробиохемиска гледна точка тоа се случува, затоа за тие што сакаат да ги одкажат треба да имаат многу јака зелба за да го постигнат тоа.
Немој случајно да си разбрал дека се обидувам да те убедам да се откажеш туку те земав за пример како класичен пушач.

Трилчо секоја навика која причинува задоволство може да прејде во зависност, настрана од неуроактивните супстанци, има луѓе што станале зависни од смеење (колку бизарно и да звучи факт е), или има пак луѓе кои станале зависни од работа, ама овие зависности се многу ретки, за разлика кај употреба на некоја неуроактивна супстанца секогаш се станува зависен ако истата се конзумира поредовно.
 
Bacillus gagous, предлагам на овој подфорум за здравје да отвориш една тема за зависностите, дел од текстовите употребени (постирани) овде, дел можеш уште нешто да ископаш, а верувам дека веќе и имаш, да додадеш и фино да се направи една супер добра и поучна тема за тоа што се заправо зависностите, како настануваат и што се случува во организмот кога во него внесуваме одредени неуроактивни супстанци.
Штета би било да не го сториш тоа! :)
PS-Се што ти е до сега постирано ти е одлично!
 
cancer-types-smoking.gif
 
ThA-BiTcH напиша:
Хехехе...-затоа јас не пушам индустриски произведени цигари туку исклучиво тутун кој сам го набавувам:je:...барем освен никотинот, јаглен-моноксидот и катранот не внесувам други супстанци.
 
Па мислам дека пушењето е повеќе навика одколку зависност. Дома не палам цигара, а кога сум седнат некаде на кафе ме тера да запалам.
 
Bacillus gagous напиша:
Еве Мандрак еден пример за кричи, е сега бидејќи не е ова малку подобро објаснето во претходниот пост , би скал тука малку да го ви преставам паралела меѓу никотинот и останатите неуроактивни супстанци кои создаваат зависност.
Никотин како што беше наведено го стиммулира испуштањето и примањето на неуротрансмитери како Допамин, Ацетилхолин и Серотонин. Количеството на никотин што е потребно за да се постигне ефектот на надразнување кој се случува при употреба на кокаин е далеку многу поголемо отколку количеството кокаин, имане кокаинот има толку силно дејство што се создаваат халуцинации од преголема сенситивност на невроните.
Исто така многу е битно да се знае дека воколку количеството на една супстанца која создава зависност остане контуинирано ниско тогаш и самиот организам може тоа да го толерира и затоа ако Некој од пушачите како на пример Мандрак пуши по во просек 5 или ај нека бидат 10 цигари и нема да ги примети кризите бидејќи тие се сведуваат на нешто како криза за чоколадо.
Кај примерот што го цитирав јасано се гледа дека типот дневно примал многу поголемо количество никотин и тоа редовно и кај него многу е јасно дека кризите би биле многу полоши, инаку факт е дека ако дневно премногу количество никотин се внесе во организмот доаѓа до гадење и чувство за повраќање напнатост и мнгоу непријатно чувство, воопшто. жив пример за тоа е мајка ми која ај ко демек ќе се откажуваше од пушење и проба еден ден стави од тоа налепниците кои преку коќата внесуваат никотин во организмот, но количеството никотин во налепницата беше преголемо и истите проблеми ги имаше тој ден како што типот од цитатот ги имал, нормално со тоа се чголеми и потребата за уште повече и се повеќе се фаќаше за цигара.
Мислам дека сега е појасно како функционира се тоа и дека не е се баш толку црно бело како што е напишано туку тоа е општиот принцип и тоа многу поедноставен.
Мандрак види сега ова со зависноста се создава во акумбенсот (дел од мозокот) и тамошните неурони се тие кои даваат сигнал за потреба од внесување на одредена материја или вршење нешто што би произвело поголемо количество на неуротрансмитери за да се задоволи потребата на тие неурони, но да бидеме јасно истиот принцип на потреба за поголемо количество на неуротрансмитери во различни региони на мозокот важи и за Кокаин, Амфетамин, Екстази исто така и за повеќето антидепресиви кои нормално се препишуваат од страна на доктори, постојат луѓе што по истиот принцип станале зависни и од смеење и од работа (претпоставувам дека ви е познат терминот Workaholic). Значи Мандрак ти ако ги дефинираш Биохемиските процеси што се одвиваат во мозокот како психичка активност , тогаш да тоа е психичка зависност поради која може да стрда целото тело, имано ако тоа така го дефинираме и не постои физичка зависност, бидејќи се е од мозокот контролирано.
И не мој совет не си се гади од фактот што имаш зависност спрема никотин нема лошо во тоа се доека го конзумираш Никтоинот во малку количества не ти штети (како што пишува во постот и ти помага до некој степен), АМА јас реков НИКОТИНОТ е не ТУТУНОТ,ова е многу битно да се забележи бидејќи никотин е една супстанца која ја содржи тутунот, а тутунот содржи други супстанци кои се доста штетни, како катранот и останати канцерогени гасови кои се создваат со согорување на тутунот.
Мислам дека многу битно е да се разграничат поимите тутун(цигари) и никотин за да не дојде до забуна и недоразбирање во тоа што во претходниот и во овој пост го пишав.
Убав и корисен пост Бацилијан.
Ја сум наклонет повеќе кон онаа"една слика вреди како за 1000 зборови.."

И има ефект верувајте,ја ваков призор видов еднаш у емисија некаква си медицинска,и оттогаш раскрстив со ѓубрево!Не ми текна на дуван.
 
Mислам дека станува збор за навика...меѓутоа кај некои луѓе е зависност. Jас на пример - можам 2 - 3 дена да не пушам, ама кога ќе седнам на кафе со другарките и додека правам муабет несвесно дури си запалувам, онака од навика. Сепак познавам луѓе кои се буквално зависни и не можат да функционираат без цигари.
 
Crazy in Love напиша:
мислам дека станува збор за навика...меѓутоа кај некои луѓе е зависност..ја на пример - можам 2-3 дена да не пушам ама кога ќе седнам на кафе со другарките и додека правам муабет несвесно дуро си запалувам,онака од навика..а познавам луѓе кои се буквално зависни и неможат да функционираат без цигари

Џабе мислиш кога е биохемиски и неуробиолошки докажано дека е зависност, читај ги моите постови од претходно, каде е многу убаво објаснето, и целата биохемиска каскада е објаснета, како и психолошки е обработена причината зошто многу пушачи мислат дека е навика.
 
По 5-6 години редовно пушење, пушачот станува зависник од цигарата. Некој што пуши така едно 10-15 цигари дневно, континуирано веќе 5-6 па и повеќе години ќе има голема мака да се откаже од нив. Камоли за пострасни пушачи кои пушат подолго време. Сум читал за смртни случаи од нагло престанување, значи може и опасно да биде ако не се престане како што треба.
 
epa ja veke sum zavisen...gi otkazuvam duri od 2 godina,den za den
 
Zavisnost prava,nema begajne ako si pocnal.
Ne vikam ne ima luge koi sto gi otkazale ali tie si znaat kako im bilo
 
Па е зависност,е и навика... Уште не сум пробала да ги откажам, и пушам од навика, а ако пробам и неможам тогаш од зависност :)
 
NAVIKA, definitivno, ako bese zavist togas ke otvorea entri za otkazuvanje od pusenje, a be ne moze pusenjeto da e zavist i tocka.ako imas volja ke gi motkazes, pusam 7 godini pa ne planiram da gi otkazam
 
Мислам дека во почетокот е само психичка зависност понатаму станува физичка.Пример мама и тато-пушачи се над 35 години....по 2 часа се тресат буквално за цигар....но сепак можеби се е индивидуално :toe:
 
ни едното, ни другото... лично за мене, задоволство! да, да, задоволство... се случува да не пушам со месеци, па одреден период да пушам по пола пакла на ден... зависи од повод, прилика, друштво (мн. битно, пошо не пушам со секој)... чинот на пушење (цигари) го поистоветувам со ритуал... самото палење на цигарата, првиот дим, играта на димот, вдишувањето и издишувањето на истиот, гасењето на цигарата... задоволство... ни повеќе, ни помлку...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom