Bacillus gagous
Biohazardous
- Член од
- 21 јануари 2006
- Мислења
- 7.380
- Поени од реакции
- 168
Мандрак баш спротивното сакав да го кажам, извини ама некогаш не се изразувам баш најразбирливо за остантите, се случува.Mandrak напиша:Bacillus gagous, дали можеби се обидуваш да кажеш дека секој човечки организам подеднакво реагира на исти појави или се лажам?
Зборот ми беше дека на секој различен организам му треба различно колчество и редовност на конзумирање на никотин, за да стане зависен од него ама во секој случај тој што месец дена пуши редовно сигурно има зависност, ама и секој организам има различна толерантност, односно може да речеме дека твојот организам е доволно толерантен да кризите за никотин ги манифестира со интензитет како на пример за чоколадо. Затоа и ти го восприемаш субјективно тоа повеќе како навика отколку зависност, иако зависноста постои.
На пример ако се обидеш да се откажеш од цигарите засекогаш можно е два месеца и да немаш никаов проблем со тоа но после одвреме на време да добиваш јака желба да запалиш цигара, е таа желба всушност е кризата и потреба на неуроните од некоја супстанца која ги стимулира неуротрансмитерите. Ништо лошо се природно и реално и воопшто нерелевантно ако ти се обидуваш да ги откажеш цигарите, ама од неуробиохемиска гледна точка тоа се случува, затоа за тие што сакаат да ги одкажат треба да имаат многу јака зелба за да го постигнат тоа.
Немој случајно да си разбрал дека се обидувам да те убедам да се откажеш туку те земав за пример како класичен пушач.
Трилчо секоја навика која причинува задоволство може да прејде во зависност, настрана од неуроактивните супстанци, има луѓе што станале зависни од смеење (колку бизарно и да звучи факт е), или има пак луѓе кои станале зависни од работа, ама овие зависности се многу ретки, за разлика кај употреба на некоја неуроактивна супстанца секогаш се станува зависен ако истата се конзумира поредовно.