Леле луѓе останав до касно само да ја дочитам дискусијава бидејќи морав да реплицирам,поради фактот што моментално по предметот неуробиологија го изучуваме токму дејството на тутунот.
Мандрак многу ми жал обично на другите теми си скоро секогаш во право ама во оваа тема многу неточни работи кажа, зборам за факти а не за субјективни согледувања.
Во кратки црти ќе ви опишам што се случува во нашиот организмот, порадо кажано преведам од предавањето на професорот по неуробиологија кој лично бил страствен пушач кој на некогаш по 60 до 80 цигари пушел дневно, значи истово е кажано од човек кој нема никаква намера да ги дискриминира пушачите, туку едноставно објективно (и експериментално докажано) ги објасни процесите кои се одвиваат.
Кога се инхалира Никотинот тој е во форма на Ѕ-Никотин, тој се врзува за рецепторите на на невроните кои се наоѓаат на вентралната плоча на Акуммбенсот (дел од мозокот). Според следанва шема се гледа како се создава зависноста од Никотин:
Само на кратко би објаснил некои клучни факти за да се подразбере шемата.
CREBS е вид на протеини кој се создаваат во невроните и се всушност задолжени за долготрајното помнење, со други зборови се што ни е во долготрајното сеќевање е во вид на овие пртеини „запишано” а тие се „читаат” така што регулираат одредени гени. При конзумација на Никотин се создава протеинот dFosB кој всушност не изразува својата присутност преку активирање на гени туку со тоа што создава потреба на невроните да бидат стимулирани од страна на одередени неуротрансмитери.
Занчи спреде оваа максимално поедноставена слика и шема се гледа и се потврдува дека од неуробиолошки и неурофармаколошки аспект никотинот е ДРОГА која нормално создава зависност, и тоа никотинот е една од неуроактивните супстанци кои најбрзо создава зависност , некогаш доволено е едно вдишување.
Е сега како и секоја друга дрога колку во поголеми количества се конзумира толку организмот претрпува поголем стрес во негово отсутство, со ова се објаснува тоа што некој пуши по цигара-две и може без проблем да изддржи два-три дена без никотин.
Второто дејство на никотинот е дека тој се врзува со неуралните рецептори и се ослободува Норадреналин кој дава енергија исто така со врзување за холнските никтоински рацептори за Ацетилхолин се поддржува и зголемува Будноста и способноста за забележување. Со ова се објаснува уживањето во цигарите кое го чувствувате.
Кога се конзумира алкохол повеќе се пуши , објаснување:
Алкохолот ги блокира никотинските рецептори за Ацетилхолин и за да се достигне истото уживање треба да се конзумира повеќе микотин занчи да се пушат повеќе цигари.
два од многуте додатоци кои го зголемуваат дејството на никотинот се:
Амониумови јони кои потекнуваат од урина и Шеќер бидејќи согорува до Ацетилалдехид кој понатаму преку друг систем го зголемува количеството на неуротрансмитери кои дополнително го зголемуваат уживањето во цигарите.
Е сега се тоа е убаво, никотинот има позитивно дејство не прави побудни и поспособни но создава зависност, во големи количини исто како и сотанатите дроги го затрујува организмот, најчесто најштетно е неговото конзумирање, а тоа е преку тутунот, кој има катран кој е канцероген и и покрај филтерчињата се инхалира и се лепи на белите дробови, па додека согорува тутунот исто така се ослободува и одредено количество на јаглерод моноксид кој ги онеспособува еритроцитите да примаат кислород, и исто така и големо количество на на други супстанци кои исто така се доста канцерогени.
Многу ретки се тие имунолошки системи кои можат да се изборат против канцерклетките настанати под дејство на овие супстанци, и затоа е голем бројот на пушачи кои заболуваат од рак на бели дробови.
Мандрак една исправка: пожолтувањето на забите кај пушач кој пуши најмалку една цигара дневно не се средува на забар, ов не го измислувам туку ти го кажувам како факт бидејќи татко ми е стоматолог. И кој и да му седне на столица и ќе му ги покаже забите одма може татко ми да каже дали пациентот е пушач или не.
Јас лично не сум пушач, моите и двајцата пушат ко турци.
Пушењето нама балге везе со пушењето, туку е потребна многу јака желба да се престане со пушењето бидејќи во тој период се минува низ многу силни кризи кои во зависност од претходната конзумација на никотин можат да бидат слични со тие што се јавуваат кај другте послаби дроги.
Што се однесува за пушење во јавност, мисалм дека треба малку да се симне топката меѓу ставот на Сердарот и ставот на Мандрак во тоа што едниот пред да се сретне со другиот нема да јаде лук, а другиот ќе се воздрѓи да пуши или кога би пушел би го свел тоа на минимала , поради почтиување на кон другата личност, Мандрак и Сердар ги земав само како примери, ама ова треба да биде општо, односно да има почитување на пушачите со непушачите.
Јас би рекол дека цигарите се до некој степен и асоциални бидејчи на непушачот му смета цигарата што ја пуши пушачот , а на пушачот му смета непушачот, така да мислам дека заради цигарите глупо е да се растураат другарства.
И едно нешто за што може сум порадикален е тоа да се воведе закон во кој ќе биде забрането пушење цигари во соба во која е присутна особа под 16 години, и сто така сум за уште од рана возраст да им се објасни зошто и колку се штетни цигарите, за пото кога ќе се оформат како личност, некаде во адолесценцијата да бидат способни да пресудат дали би биле ушиватели на тутун со јасна претстава дека тоа може многу лошо да се отслика на нивното подоцнежно здравје.
Која сака повеќе да се образува за неуробиологија и да разбере убаво зошто Никотинот неуробиолошки и неурофармаколошки аспект е дрога
а е добар познавач на германскиот може да се послуши со линковиве:
http://www.s146213906.online.de/4.html
http://www.s146213906.online.de/10.html