Публиката - 12 играч?

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување
^ Не Иосоно, они не сваќаат дека Пандев во тим со ваков квалитет е тежок просек, они го очекуваат Меси на терен, Пандев според нив не го давал максимумот, ете, нема везе што во финале на ЛШ ( уникатна прилика во кариера ) он во контра клапнува при активен резултат од 0-1, не, он за МКД не го давал максимумот, за Интер го давал затоа ...
Во Интер имаше реализација, за МКД немал, нема везе што лани во клучен меч утна ситуација боља и од пенал со Бари, нема везе што и со Челзи утна топ шанса, со ЦСКА беше тежок просек и неможеше гол да даде, такоџе и со Барса првата ( алудирам на шанста во второ ), нема везе што и во финалето од ЛШ утна шанса по тацна од Милито, не, он само за Мкд немал реализација и утнувал шанси ...

Ама шансата во финалето од ЛШ промашена, или она клапнување на терен никој не го памти, зашто тука беше мајсторот Милито, оној главен убица од нападот во Интер.

син и иосоно... вака...
никој, или барем јас не очекуваме чуда од пандев за репрезентација... го следам интер, знам многу добро за што е способен пандев... само!!! исто како и други членови на форумот и не само на форумот, туку и луѓе со кои сум разговарал, тренери, новинари и други, така и јас сум револтиран од некои работи кои пандев ги прави во репрезентацијата, што во никој случај не би смеел!!!
прво!!! како да е роден во италија, шпанија или било на кое друго место, па не ја знае мак публика и нејзината навивачка култура!!! на то треба да е учен оти почна по ср села кои имаат нула ниво на култура и каде се кара по се и сешто... свирежите на публиката треба за него да се најмал проблем!!! треба да ја види прво неговата игра, а после да искажува мислења!!!
второ!!! се јави со демант!! то е ок!! ама се јави дури откако виде дека народот воопшто не се потресува дали ќе играл или не и откако виде дека повеќе од пола не го ни сакаат да игра!!! дали со ерменија му беа првите свирежи коои ги добил за македонија??? мислам дека не!!! зошто сега му посметаа, баш на недела дена пред новите два квалификациски натпревари???
трето!!! играч како пандев, значи тн. лидер во никој случај не смее да влагува во конфликт со слелектор (катанец) и да бојкотира репрезентација (играше ама како???) на натпреварот со холандија на гости!
затоа се гневни останатите луге!!! прво ЈАС ВЕЛАМ не дава ни 1/3 од то шо го дава за интер, без разлика на постигнатиот ефект!!! а за навивачите е посебна приказна!!! ако има нешто што му смета нека кажи отворено, а не да ги наоѓа криви навивачите!
 
Па тоа е во главно Син, многу е полесно да се игра за Интер, не само поради соиграчите. Во Интер може да промаши 5 зицери и нема никој ништо да му каже, имал лош ден и тоа е тоа. Кај нас ќе го растурат од плукање за некоја шанса што ја промашил. А кај се другите да ги погодат шансите?

Во главно, она што нервира на форумов е што сите си имаат некое мислење за некој фудбалер и без разлика како фудбалерот ќе одигра, иста е критиката после. На пример, Шумуликоски одигра одлични 70-тина минути со Ерменија, ама стварно на ниво, ги прибираше сите одпадоци на наша половина, пасовите му беа зачудувачки точни, претрча многу... се вклопи во сивилото кога падна цела екипа. Но тоа не им пречи на децава после утакмица да напишат: Овој Шумуликоски појма нема, најлош беше денеска... Во нормални држави прво селекторот е на тапет а кај нас нема ни кој да види дека селекторот абер нема што работи на терен.

Со фудбалерите не се нервирам, знам кој колку може, знам каков стручен штаб имаме, знам како ќе заврши приказната пошто реприза е, сум ја гледал многу пати. Она што ме нервира се „навивачите“ и „експертите“ кои споредуваат две работи а едната не ја виделе.

Енивеј, видовме што и се случи на Србија денес, видивме и дека Ерменија ја прегази Словачка. Крајно време е да престанеме (освен со 3-4 селеции во Европа) да се лажеме дека сме фаворити. Така и фудбалерите ќе бидат порастеретени од притисокот и публиката нема да биде многу разочарана. Полесно ќе се игра. Навивачите нека олабават со репрезентативците и нека спремат тоа банерите против луѓето кои не доведоа до ова дереџе. Или тоа или нека се помират, пошто уште долго ќе биде вака.
 
Олаф

Mуабетов му доаѓа ко фан на Фарскиве Острови да е разочаран од денешниов пораз од Словенија ...
Така гледам на вашето разочарување од Пандев и неговиот удел за националниов дрес, соочете се со фактот дека тие му се можностите, таков играч е, ке блесне еднаш до два пати и толку, тоа не е доволно за да имаме успех на национално ниво. Ако си го следел у Интер и Лацио ке видиш дека никад немал здрава константност и континуитет на добри игри, дека имал партии чија слика се поклопува со онаа од националниот дрес, дека имал лоша реализација, дека бил играч помалце и слично ( но тоа во големи екипи поминува, па сезонава од 7-8 меча само 1 изигра на ниво, Палермо ), и те молам, не му го препишувај тој префикс лидер, лидер во фудбалот сите знаеме каков калибар на фудбалер може да биде, он нема ни Л од лидер така да безмислено е да го нарекуваме така.
Него всушност лидер го прави фактот што игра во јака национална лига, прво во Лацио а сега и во гигант ко Интер, но неговиот фудбалски профил затоа па говори нешто сосема трето и тоа е тоа ...

Затоа и овде сум со ставот дека од една страна воопшто не сум задоволен од неговата слика на терен односно не сум импресиониран од неговите игри, но од друга страна тоа за мене е и очекуваната слика на Пандев уз тим со ваков капацитет, да барам од него повеќе за мене е аналогно на фантазија.
 
процедурално :) Попов игра во Динамо Киев, а лани беше во Херенвен... брат му Роберт Попов од Литекс во Бугарија замина во Оксер ама изигра само 2-3 утакмици од 86 до 90 минута така да тешко дека се истакна :) како капак на се и се повреди и толку од неговата авантура во Оксер.. сега мислам дека е без клуб, а беше надежен десен бек (дефицитарна позиција)...
И мене ме изнасмеа ова за Горан Попов а оно за брат му беше муабетот!
Нема врска......
Да ,имаше баш лоша среќа , отиде во Оксер и таму не заигра како што треба - зборам заРоберт . Извонредно талентирано дете беше ( и уште е ) и растураше и во Бугарија кога играше за Литекс.Мислам дека баш играа Куп Уефа Литекс - Оксер и на двата натпревари одигра добро, им брцна гол на Французиве и го купија веднаш.
Веројатно се залета по добри пари, пошто трансферот не му беше мал. Мислам дека 2 милки( у $, Кај Ганчовциве до скоро US$ беше Бог и Батина) му беше за 4 години, што за Француска лига е сосема добри пари.
Извонреден дриблер,десна нога добра, брз со супер преглед на игра- по десна страна игра доста офанзивно. Сантрач кога беше селектор на МК селекција, има изјаевно дека Попов е светска класа.
Луѓе што се разбираат добро од фудбалот кај нас велат дека бил голем талент и само повредите го спречиле да направи одлична кариера.

Незнам што се случи, беше пред потпис со ЦСКА Софија, незнам зашто не потпиша.

Инаку овде гледам се палат луѓево на Германски лиги , Белгија , Кипар- не се свесни која величина во Европски ранг е Динамо Киев кај што игра Горан Попов.
 
Олаф

Mуабетов му доаѓа ко фан на Фарскиве Острови да е разочаран од денешниов пораз од Словенија ...
Така гледам на вашето разочарување од Пандев и неговиот удел за националниов дрес, соочете се со фактот дека тие му се можностите, таков играч е, ке блесне еднаш до два пати и толку, тоа не е доволно за да имаме успех на национално ниво. Ако си го следел у Интер и Лацио ке видиш дека никад немал здрава константност и континуитет на добри игри, дека имал партии чија слика се поклопува со онаа од националниот дрес, дека имал лоша реализација, дека бил играч помалце и слично ( но тоа во големи екипи поминува, па сезонава од 7-8 меча само 1 изигра на ниво, Палермо ), и те молам, не му го препишувај тој префикс лидер, лидер во фудбалот сите знаеме каков калибар на фудбалер може да биде, он нема ни Л од лидер така да безмислено е да го нарекуваме така.
Него всушност лидер го прави фактот што игра во јака национална лига, прво во Лацио а сега и во гигант ко Интер, но неговиот фудбалски профил затоа па говори нешто сосема трето и тоа е тоа ...

Затоа и овде сум со ставот дека од една страна воопшто не сум задоволен од неговата слика на терен односно не сум импресиониран од неговите игри, но од друга страна тоа за мене е и очекуваната слика на Пандев уз тим со ваков капацитет, да барам од него повеќе за мене е аналогно на фантазија.

никој, или барем јас не очекуваме чуда од пандев за репрезентација... го следам интер, знам многу добро за што е способен пандев... ова се мои зборови!!! значи јас сум реален во очекувањата...
пандев го прави лидер самиот факт шо игра за најјак клуб од сите репрезентативци и тоа подразбира дека мора да биде најдобар на сите натпревари!!! тоа е очекувањето на секој навивач, без разлика на то дали пандев е класа играч или не (за што и двајцата се сложуваме)...
како прво останатите играчи очекуваат од него тој да ги води и сите акции се преку него, за што мислам дека е грешка на тренерите или пак, на самите играчи кои не ја почитуваат тренерската замисла (ако е поинаква од та што ја напишав претходно)!
 
пандев го прави лидер самиот факт шо игра за најјак клуб од сите репрезентативци и тоа подразбира дека мора да биде најдобар на сите натпревари!!!

По таа логика навивачите на Шкотска треба три дена да го шутираат Флечер и на крај да го обесат на плоштад.
 
^ Не мора Флечер бе, видете го Гигс за Велс ...
 
^ Не мора Флечер бе, видете го Гигс за Велс ...

Тука мора да те поправам за жал. Гигс од секогаш бил играч и ке биде, дали за Велс дали за Јунајтед. Нормално дека не моеш да очекуеш да игра као у Манчестер нели? :)
 
Тука мора да те поправам за жал. Гигс од секогаш бил играч и ке биде, дали за Велс дали за Јунајтед. Нормално дека не моеш да очекуеш да игра као у Манчестер нели? :)
Поентата ми беше дека дури и таква класа од фудбалер имаше дебело ограничени можности кога играше за Велс, Гигс од една страна е најдоброто лево крило у последни 15 години а од друга беше само мотор у фиќо со Велс, репрезентација која е декор во квалификацискиве циклуси и ништо повеќе.

Факт е дека сликата на Гигс во Јунајтед и Велс е разлика црно со бело, но тоа не значи дека он не го давал максимумот за својата репрезентација, дека не се трудел на терен, дека глумел ѕвезда и слично ....
 
Што да прави човекот кога на натпревар му се ствараат 2-3 шанси максимум?(има и повеќе но не на секој натпревар)
Кога ке повлече контра никој никогаш не му се отвара како што треба сите трчаат пред него и се бутаат у петерец и очекуваат овој ко Роналдињо да им ја поткопа само?
Не бе брате,Македонија треба да игра тимски,не да се вадат со Пандев цело време,Пандев е за 1 играч кој неможе да игра на сите позиции,приметете и во други репрезентации кои немаат играчи кој играат за Интер или било кој друг посилен европски тим,а играат и гризаат и даваат 150% за својата држава.
И за крај секогаш репер нека ви биде домашното првенство,зошто без КВАЛИТЕТНО домашно првенство,нема КВАЛИТЕТЕН РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН ФУДБАЛ.
 
Вчера им свиреа на србите или навивачите навиваа до крај?
 
Дали може Пандев да прикаже повеќе -може ,мојот впечаток е таков поготово од кога ги шина сам на од барселона (онај грдион и уште еден не ми текнува кој :) ) .(добро ке речете не играл на таа позиција во репрезентацијата ....)
А за исвиркувањето ,никад нема да ми е јасно зошто нашиве кога играат со енглеска,холандија и etc играат на сосема поинакво ниво а со "гној" eкипи не даваат ни 60% (барем овие поискусните за помладите нот д сејм кејс ),па од тука ја гледам причината за свирежите кои на пример кога изгубивме од англија,холандија ги немаше не ради тоа што сме изгубиле од нив туку ради тоа што нашиве се трудеа и даваа 102% од себе :) .

--- надополнето ---

а во поглед на погледите :) -
Ниту јас можам да ве разубедам ниту вие мене,така да не се ни трудам некого да разубедам,секој нека си верува во своето.
 
Што да прави човекот кога на натпревар му се ствараат 2-3 шанси максимум?(има и повеќе но не на секој натпревар)
Кога ке повлече контра никој никогаш не му се отвара како што треба сите трчаат пред него и се бутаат у петерец и очекуваат овој ко Роналдињо да им ја поткопа само?
Не бе брате,Македонија треба да игра тимски,не да се вадат со Пандев цело време,Пандев е за 1 играч кој неможе да игра на сите позиции,приметете и во други репрезентации кои немаат играчи кој играат за Интер или било кој друг посилен европски тим,а играат и гризаат и даваат 150% за својата држава.
И за крај секогаш репер нека ви биде домашното првенство,зошто без КВАЛИТЕТНО домашно првенство,нема КВАЛИТЕТЕН РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН ФУДБАЛ.

Абе никој не бара од него да води топка и сам да помине цел терен и да даде гол. Ситуациите за кои приговараме, а очигледно цело време ги избегнувате и пак настојувате на тоа дека Пандев бил единствен играч, другите камења, Пандев ова, другите не чинат, се следиве :
-Му додаваат топка на пандев, овој гледа дека од позади некој доаѓа да го покрива, и уште претходно е веќе на земја, сиудијата не суди фаул и противникот си почнува акција
-Нафрлена топка, Пандев не се ни обидува да добие воздушен дуел
Не се труди тоа е факт!!! Дека е единствебн што може да ја задржи топката тоа секој му го признава. Дека и со 10% од свој потенцијал пак е најдобар, пак никој не му оспорува. Ама може да учи од Кире Лазаров како се остава срце на терен и се гине за македонија.
А и последно кажаното ти паѓа во вода. Види ги Словенците, Хрватите и Србите какви успеси имаат, а каква е јачината на нивните првенства. И Бугарија некогаш беше страв и трепет, а никогаш немала јак клуб.

--- надополнето ---

Вчера им свиреа на србите или навивачите навиваа до крај?
Не бе што ти е, они пееа ајмо сви у напад, у напад, само ти добро не си разбрал :icon_mrgr
Абе такви гачки по дома да кажувате бе. Нашите имаат публика како што само може да посака секоја репрезентација!
 
Да да, фудбалер може да учи од ракометар, ко да кажеш дека хокеар може да учи од играч за крикет е работава ... :tv:
Па уште и факт тоа што не се трудел на терен, ко што е факт и дека Флечер или Гигс не се труделе за своите репрезентации ... :wink:
Незнам, ко што некој тоа за Пандев може да го тврди ондак може и за овие, тоа е факт ( незнам дали уопште го знаете значењево на овој збор ).
Вчера им свиреа на србите или навивачите навиваа до крај?
Од старт таму атмосферата беше тиња, повеќето дојдоа Стојкович да го свират а не да навиваат, очигледно порелевантна им е геј парадата што ке им се организира деновиве ...

Нашите имаат публика како што само може да посака секоја репрезентација!
И овие гачки по дома може да ги кажувате, или во споредба со кој нашава репрезентација има публика каква што може да посака ? Во споредба со англичаните ? Шкотите ? Хрватите ? Босанците ? Грците ? Турците ?

Може за ракомет и кошарка се таман, али за фудбал увек сме биле тежок просек во навивање, не мора сеа да се лажеме и да глумиме лудило.
 
Глејте ги Ирците како навиваа на 0:3 и не бамбурете многу...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom