Има неколку настани, не знам кој е најстар (сите се на 2-3 години) (=
Прво, памтам дека сум на одмор во Грција со моите, и си седам на кревет во соба, надвор некоја журка ли, фестивал ли, не знам, а во раката имам од оние мастиките ко монети/парички што се..
Друго.. во Дојран на одмор, стојам на некој мост (?) со капата на дедо ми во рака, ама дува некој ветер и капава паѓа во вода (=
Ииии.. да. Кај баба ми и дедо ми во Битола си имав една "играчка".. нешто како полнач за мобилен, ама отворен (жици му штрчат), и ми беше интересно кога ќе го приклучев во струја, ме дрма, а јас се смејам. Ај тоа, туку 5 минути после тоа му го најдов бричот на дедо ми, па на суво почнав да се бричам.. се одрав. Е тек после ракија кога ми ставија на раната.. демек, "за памет". ((=