Не знам како одат по ред, повеќе настани се...
Памтам, неколку месеца откако се роди сестра ми, значи сум имала околу 2 ипол години, имавме во двор онаква нишалка, како мрежа што се врзува помеѓу две дрва, лежиш на неа летно време и се нишаш... Се сеќавам дека ги облеков штиклите на мајка ми, со маки се искачив на лежалката, и таман се наместив во ”лежеча„ положба, ми се преврте лежалката и паднав во двор на тревата...
После, ми текнува една сцена од стариот стан на баба ми, често не оставаа нашите мене и братучед ми да спиеме кај неа, и беше време за спиење, баба ми не легна сите тројца (мене, братучед ми и сестра ми) на спуштен тросед, не покри со ќебе и го ”захевта„ ќебето за креветот со безопасна за да не се откриваме преку ноќта...

Имаше чуден фетиш за безопасни и салфетки жената, не знам како да објаснам

Така моравме да спиеме цела ноќ како во крематориум побогу, не смееш да мрднеш, само лежиш на грб
Исто, на 3-4 годишна возраст, бевме со другите братучеди у село кај другата баба, и имаше карши нејзината куќа една воденица што не работеше... И позади неа имаше еден јаз, кај што се наоѓаше каменот од воденицата... И се сеќавам нешто си игравме околу јазот со братучедите, нешто индијанци-каубојци, камај-камај

И во еден миг изгубив контрола и паднав во водата, братучед ми го викна тетин ми и ме спасија

Мислам, беше ризик јак, на своју вољу...

Сега, со оваа висина, водата ми едвај до колена... Ама тогаш, копиљ сум била, преку глава ми достигаше
На тие моменти први се сетив.