- Член од
- 30 јануари 2005
- Мислења
- 7.397
- Поени од реакции
- 1.308
Имам еден далечен братучед, се гледаме еднаш во три години на родниниски свадби и погреби. Итајќи кон моето омилено самотничко постработно кафенце во Рамстор, низ ројот луѓе ме застана рака на непознат човек, кој всушност беше токму мојот препознатлив роднина. Хеј синко велам, каде си ти, во градов ќе налеташ само на оние кои не сакаш да ги видиш, добрите луѓе како тебе никаде ги нема, ајде со мене на кафенце.
Уште пред да нарачам се отвори како школка во врела вода, вели, “Не можам да се снајдам во животов мој, наеднаш откако почина татко ми се свртија работите кај нас дома. Мајка ми призна дека има љубовник и не чекаше ни миг да жали за сопругот, соседите одвај дочекаа да ни го окупираат дворот со некои документи кои искочија којзнае од каде, но ништо од тоа не е ни важно во споредба со чудесното исчезнување на девојка ми која си замина без никаква порака. Само три дена по погребот на кој и самиот беше, во мојот живот наеднаш влета онаа луда канаѓанка за која ти зборував, сеуште мисли дека треба да се грижи за мене и да изигрува мајка а јас сето тоа не се трудев да го кријам од девојка ми. Наеднаш Ана исчезна и не можам да ја најдам. Мајка и` ми вели дека е добра но не знае каде е, најверојатно не сака да ми открие, па сега вртам илјадници варијанти во глава што всушност се случило. Една од нив, покрај онаа дека ја грабнале вонземјани, е дека Ана не може да ја издржи голготата која јас треба да ја преживеам и ја поистоветува со себе. Не знае како да се однесува и бега од мене, бега од реалноста и веројатно ќе остане таму се` додека и моите страсти и емоции од целиот настан не спласнат. Тоа знам дека е крајно себично од нејзина страна, но ете, секогаш сум ја почитувал па ќе ја почитувам и сега. Но тривијалностите на страна, си велам сега, зар не е малку смешно тоа што секогаш се врзуваме за луѓето и ги поистоветуваме со предмети. Го имав тоа сфатено како дете, но дури пред две недели низ чашка коњаче другар ми Кристијан требаше да ме потсети. Ете сега како чекан ми удри тоа по глава, во најлошиот миг, па размислувам, дали можеби емоциите треба да ги чуваме заклучени и да живееме како роботи? Нема потреба да ми одговориш, што и да ми кажеш јас велам дека не треба, кога не би чувствувал ништо за неа, веројатно и не би бил со неа, но ете низ сите овие години како сме заедно не можам да го пронајдам мигот каде разумот ултимативно ми попуштил и сум се препуштил на брзаците, па прво сум ги загубил веслата а и елекот повеќе не е на мене. Миг сум од давење во немирната река.
Ти ме познаваш, секогаш ме одликувал здравиот разум, знаеш, оној пат кога чичо Боре сакаше да го подели имотот јас на свои 23 години кренав рака да застане и се заканив дека ќе направам скандал, но ете ова ми избега. Сега кога седам и се обидувам да запамтам на која парцела беше тато, кога мама последен пат пиеше дијазепам и дали дада конечно ми ја најде травата за да се направи крш од што не може да престане да плаче... единствена работа која не ме напушта е мислата за неа. Јас никогаш не сум бил страшен, единствено знам дека влегувам под кожа и од мене нема спас, и затоа ми е толку иронично што чувајќи се Ана себе ме повредува мене. Се сеќавам дури и кога Ирина, онаа мала црнка од Топаана, реши дека нема да го изневерува момчето, ги заклучи сите можни прозорци кои гледаа кон мојот свет. Во една од последните преписки кои било кога ги имавме ми призна дека би се вратила на нашата клупа во парк покрај кејот, но сака да ја задржи сигурноста која ја има, за две минути подоцна да рече... заеби ја сигурноста, сакам да ми биде убаво, утре можеби ќе умрам. Следниот ден, веројатно свесна дека не се умира така лесно, исчезна како што и се појави, наеднаш. Затворените кепенци не пропуштаат црни странци со брада кои можат да ги повредат.
Каква иронија а, Ана сега во некое ќоше од убаво уредениот стан на другарка и` се убедува себе си дека е тоа вистинската одлука, дека јас морам да го пребродам ова и дека не сака да има дел од мојата војна. Со неа во битките ќе има само жртви каде таа ќе биде првата. Подобро е да не биде присутна и уште луѓе да завршат како татко ми, отколку да биде крај мене и да ми одзема од вниманието. Велам така е, исправна одлука донела, она кое не може да ти го бранува животот исто како и да не е тука. Не ми треба да биде крај мене ако сака да личи на Лазе од шаховскиот клуб. Го знаеш него сигурно, иако не знам од каде ми текна токму на него. Го гледам секојдневно, но не прави никаква разлика дали е тука или не. Од друга страна, Мац, кој ме мрази од дното на душата а јас него исто толку секојдневно прави да се изнапцујам и да смислам достлива шега на негова сметка. Тој, иако не е најпозитивниот лик во мојот живот, прави денот да биде шарен, како бојата на виножитото. Таа пак е како кората на дрвото, но од внатрешната страна, мазна, мирна и никој не ја гледа, сталожена до перфекција и спокојна бидејќи сите удари ги примаат набраните искусни и мудри кори од надворешната страна. Навистина, тие се грди и на добир непријатни, но вистински знаат како изгледа силен ветар, дожд и канџите на маалските џукели истовремено.
Го однесов монологов предалеку, прости ми, ќе скратам. Сега веќе Ана не сакам ни да се врати. Последниот пат кога ја видов, дента кога умре татко ми, таа ми зборуваше за некакви рачно изработени обетки. И реков, татко ми умре, не знам дали приметуваш, таа толку умешно ми објасни дека го прави тоа за да ми го одвлече вниманието во друг правец што јас сосема и поверував. Всушност само два дена подоцна можам да заклучам дека неа сем обетките кои и причинуваат задоволство но се нервира дека не и стојат добро не и ништо друго важно во животот. Затоа знаеше понекогаш да дојде кај мене и да ми рече, “Срце, дали мислиш дека сум убава?“ Јас секако мислев дека е, и и` го кажував тоа не сфаќајќи дека таа доаѓа токму од излозите каде таа и обетките едноставно не можеа да најдат заеднички јазик. Таа надвор пред стаклото, тие внатре сјаат со сиот свој кичерај но во нив заљубена како во дијаманти. Затоа сега мислам дека Ана подобро е да не доаѓа дома, единствено кое можам да и го понудам е сочуство за тоа што продавницата веќе не постои во нејзиното маало. Всушност ако е кај онаа другарка каде мислам дека е, таму нема ни обична бакалница, камо ли продавница за накит. Нека оди се по ѓаволите, јас сега само гледам моите дома да се добри. Девојките секогаш доаѓаат во надградено издание, зар не?“
“Хм, па не знам дали доаѓаат секогаш во надградено издание, мојата приказна е далеку од розова, и не би можел во тој поглед да те утешам воопшто, јас туку што прележав ангел, не знам каде да најдам нов, не ме прашувај мене.“
“Но, така е тоа, барем јас знам, во животот сум имал безброј девојки, секоја наредна има вкус подобар од претходната. Можеби по два месеци ќе откриеш дека не сакаш да има влакна на рацете а онаа претходната имала совршени раце, но хеј, имаш загарнтирани прекрасни два месеци. Третата веќе ќе ги избледи и најубавите сеќавања, времето е немилосрдно а статистиката поразителна.“
“Ха, а што е со идеалите, перфекцијата, јас сум сепак некој емотивен перфекционист, јас не заборавам така лесно убави спомени, заборавам се` останато, но вакви нешта не избледуваат па да ме тепаш“
“Избледуваат, избледуваат. Сети се на својата прва девојка, што се сеќаваш од неа?“
“Се`. Апсолутно се, дури и начинот на кој ме ранеше кога бев со превисока температура.“
“Да, но дали чувствата ти се исти како тогаш? Секако дека не ти се, чувствуваш можеби носталгија, блага љубов кон човек кој ти бил близок, или радост за убави спомени, но љубовта вистинска се смета само додека трае. Оној миг кога ќе престане преминува во обична бројка. Ти биди идеалист и понатаму, но немој да го порекнуваш значењето на зборот, а тоа е посветеност и взаемна врска, која никој не гарантира дали и понатаму ќе излета од нечија глуфчешка дупка. Но, можам да те убедувам залудно до утре бидејќи си тврдоглав како и јас. Ако сакаш повторно тоа може само да биде мојата драга пријателка Ивана која доаѓа од зад тебе. Те молам поздрави се. Хеееј сонце, ова е Виктор, мој братучед, седни со нас...“