Прозни искри

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Имам еден далечен братучед, се гледаме еднаш во три години на родниниски свадби и погреби. Итајќи кон моето омилено самотничко постработно кафенце во Рамстор, низ ројот луѓе ме застана рака на непознат човек, кој всушност беше токму мојот препознатлив роднина. Хеј синко велам, каде си ти, во градов ќе налеташ само на оние кои не сакаш да ги видиш, добрите луѓе како тебе никаде ги нема, ајде со мене на кафенце.

Уште пред да нарачам се отвори како школка во врела вода, вели, “Не можам да се снајдам во животов мој, наеднаш откако почина татко ми се свртија работите кај нас дома. Мајка ми призна дека има љубовник и не чекаше ни миг да жали за сопругот, соседите одвај дочекаа да ни го окупираат дворот со некои документи кои искочија којзнае од каде, но ништо од тоа не е ни важно во споредба со чудесното исчезнување на девојка ми која си замина без никаква порака. Само три дена по погребот на кој и самиот беше, во мојот живот наеднаш влета онаа луда канаѓанка за која ти зборував, сеуште мисли дека треба да се грижи за мене и да изигрува мајка а јас сето тоа не се трудев да го кријам од девојка ми. Наеднаш Ана исчезна и не можам да ја најдам. Мајка и` ми вели дека е добра но не знае каде е, најверојатно не сака да ми открие, па сега вртам илјадници варијанти во глава што всушност се случило. Една од нив, покрај онаа дека ја грабнале вонземјани, е дека Ана не може да ја издржи голготата која јас треба да ја преживеам и ја поистоветува со себе. Не знае како да се однесува и бега од мене, бега од реалноста и веројатно ќе остане таму се` додека и моите страсти и емоции од целиот настан не спласнат. Тоа знам дека е крајно себично од нејзина страна, но ете, секогаш сум ја почитувал па ќе ја почитувам и сега. Но тривијалностите на страна, си велам сега, зар не е малку смешно тоа што секогаш се врзуваме за луѓето и ги поистоветуваме со предмети. Го имав тоа сфатено како дете, но дури пред две недели низ чашка коњаче другар ми Кристијан требаше да ме потсети. Ете сега како чекан ми удри тоа по глава, во најлошиот миг, па размислувам, дали можеби емоциите треба да ги чуваме заклучени и да живееме како роботи? Нема потреба да ми одговориш, што и да ми кажеш јас велам дека не треба, кога не би чувствувал ништо за неа, веројатно и не би бил со неа, но ете низ сите овие години како сме заедно не можам да го пронајдам мигот каде разумот ултимативно ми попуштил и сум се препуштил на брзаците, па прво сум ги загубил веслата а и елекот повеќе не е на мене. Миг сум од давење во немирната река.
Ти ме познаваш, секогаш ме одликувал здравиот разум, знаеш, оној пат кога чичо Боре сакаше да го подели имотот јас на свои 23 години кренав рака да застане и се заканив дека ќе направам скандал, но ете ова ми избега. Сега кога седам и се обидувам да запамтам на која парцела беше тато, кога мама последен пат пиеше дијазепам и дали дада конечно ми ја најде травата за да се направи крш од што не може да престане да плаче... единствена работа која не ме напушта е мислата за неа. Јас никогаш не сум бил страшен, единствено знам дека влегувам под кожа и од мене нема спас, и затоа ми е толку иронично што чувајќи се Ана себе ме повредува мене. Се сеќавам дури и кога Ирина, онаа мала црнка од Топаана, реши дека нема да го изневерува момчето, ги заклучи сите можни прозорци кои гледаа кон мојот свет. Во една од последните преписки кои било кога ги имавме ми призна дека би се вратила на нашата клупа во парк покрај кејот, но сака да ја задржи сигурноста која ја има, за две минути подоцна да рече... заеби ја сигурноста, сакам да ми биде убаво, утре можеби ќе умрам. Следниот ден, веројатно свесна дека не се умира така лесно, исчезна како што и се појави, наеднаш. Затворените кепенци не пропуштаат црни странци со брада кои можат да ги повредат.
Каква иронија а, Ана сега во некое ќоше од убаво уредениот стан на другарка и` се убедува себе си дека е тоа вистинската одлука, дека јас морам да го пребродам ова и дека не сака да има дел од мојата војна. Со неа во битките ќе има само жртви каде таа ќе биде првата. Подобро е да не биде присутна и уште луѓе да завршат како татко ми, отколку да биде крај мене и да ми одзема од вниманието. Велам така е, исправна одлука донела, она кое не може да ти го бранува животот исто како и да не е тука. Не ми треба да биде крај мене ако сака да личи на Лазе од шаховскиот клуб. Го знаеш него сигурно, иако не знам од каде ми текна токму на него. Го гледам секојдневно, но не прави никаква разлика дали е тука или не. Од друга страна, Мац, кој ме мрази од дното на душата а јас него исто толку секојдневно прави да се изнапцујам и да смислам достлива шега на негова сметка. Тој, иако не е најпозитивниот лик во мојот живот, прави денот да биде шарен, како бојата на виножитото. Таа пак е како кората на дрвото, но од внатрешната страна, мазна, мирна и никој не ја гледа, сталожена до перфекција и спокојна бидејќи сите удари ги примаат набраните искусни и мудри кори од надворешната страна. Навистина, тие се грди и на добир непријатни, но вистински знаат како изгледа силен ветар, дожд и канџите на маалските џукели истовремено.
Го однесов монологов предалеку, прости ми, ќе скратам. Сега веќе Ана не сакам ни да се врати. Последниот пат кога ја видов, дента кога умре татко ми, таа ми зборуваше за некакви рачно изработени обетки. И реков, татко ми умре, не знам дали приметуваш, таа толку умешно ми објасни дека го прави тоа за да ми го одвлече вниманието во друг правец што јас сосема и поверував. Всушност само два дена подоцна можам да заклучам дека неа сем обетките кои и причинуваат задоволство но се нервира дека не и стојат добро не и ништо друго важно во животот. Затоа знаеше понекогаш да дојде кај мене и да ми рече, “Срце, дали мислиш дека сум убава?“ Јас секако мислев дека е, и и` го кажував тоа не сфаќајќи дека таа доаѓа токму од излозите каде таа и обетките едноставно не можеа да најдат заеднички јазик. Таа надвор пред стаклото, тие внатре сјаат со сиот свој кичерај но во нив заљубена како во дијаманти. Затоа сега мислам дека Ана подобро е да не доаѓа дома, единствено кое можам да и го понудам е сочуство за тоа што продавницата веќе не постои во нејзиното маало. Всушност ако е кај онаа другарка каде мислам дека е, таму нема ни обична бакалница, камо ли продавница за накит. Нека оди се по ѓаволите, јас сега само гледам моите дома да се добри. Девојките секогаш доаѓаат во надградено издание, зар не?“

“Хм, па не знам дали доаѓаат секогаш во надградено издание, мојата приказна е далеку од розова, и не би можел во тој поглед да те утешам воопшто, јас туку што прележав ангел, не знам каде да најдам нов, не ме прашувај мене.“

“Но, така е тоа, барем јас знам, во животот сум имал безброј девојки, секоја наредна има вкус подобар од претходната. Можеби по два месеци ќе откриеш дека не сакаш да има влакна на рацете а онаа претходната имала совршени раце, но хеј, имаш загарнтирани прекрасни два месеци. Третата веќе ќе ги избледи и најубавите сеќавања, времето е немилосрдно а статистиката поразителна.“

“Ха, а што е со идеалите, перфекцијата, јас сум сепак некој емотивен перфекционист, јас не заборавам така лесно убави спомени, заборавам се` останато, но вакви нешта не избледуваат па да ме тепаш“

“Избледуваат, избледуваат. Сети се на својата прва девојка, што се сеќаваш од неа?“

“Се`. Апсолутно се, дури и начинот на кој ме ранеше кога бев со превисока температура.“

“Да, но дали чувствата ти се исти како тогаш? Секако дека не ти се, чувствуваш можеби носталгија, блага љубов кон човек кој ти бил близок, или радост за убави спомени, но љубовта вистинска се смета само додека трае. Оној миг кога ќе престане преминува во обична бројка. Ти биди идеалист и понатаму, но немој да го порекнуваш значењето на зборот, а тоа е посветеност и взаемна врска, која никој не гарантира дали и понатаму ќе излета од нечија глуфчешка дупка. Но, можам да те убедувам залудно до утре бидејќи си тврдоглав како и јас. Ако сакаш повторно тоа може само да биде мојата драга пријателка Ивана која доаѓа од зад тебе. Те молам поздрави се. Хеееј сонце, ова е Виктор, мој братучед, седни со нас...“
 
Градот на иднината.
Градот има и убави слики и грди .
Има зелени паркови преполни со разновидни дрва и разни видови кои на повеќето не им го знаеме името.
Има сиви полуруинирани згради кои делуваат како страшила и толку депресивно што ретко кој минува од овде сем ако не живее тука.Има безброј дискотеки,кафулиња,разно разни центри за се и сешто за секој и секого.Ова е Градот.
Надвор од градот ништо не постои барем за нас, неговите жители ,не постои ништо бидејќи така ни кажуваат а, ние повеќе не прашуваме ,не постои поради тоа што никој не дошол однадвор да каже дека има нешто.
Во градот живеат Луѓе и другите.Другите се оние кои се грижат Луѓето се да имаат.Никој не знае што се бидејќи никој не прашува,зошто нас би не интересирало ?Ние луѓето имаме се што ќе посакаме,ништо не ни е ускратено се ни е дадено. А, никој не не спречува било каде да одиме , а зошто би иделе подалеку од нашите пребивалишта преполни со разни задоволства?

Никој од луѓето не работи,никој не гладува ,никој не страда .
Сакате секс ,слободно има блудна куќа на секоја уличка за тие што се по сексот,сакате куќичка со бела ограда и две прекрасни деца! Пффф само толку ли сакате !?Супер еве ви,сакате ли некој да мачите? Нема проблем сеа ќе средиме, само вие кажете,сакате цели денови да поминете под дејство на дрога во некој чуден надреален свет? Нема проблем ќе пратиме и некој да ве чува.Сакате цело време да бидете среќни? Сега одма испијте го ова и ова и се ќе биде во ред.Сакате болка? Сакате депресија ?Страдање? Еуфорија ?Да бидете заљубени еден во друг ?Нема проблем сеа ќе ви најдеме некој и некој од Другите ќе среди да имате хемиска поврзаност се останато е неважно, хемијата го прави своето.Го сакате ли сјајот и раскошот на стариот холивуд а вие да бидете една од неговите ѕвези ?Секако дојдете во една од нашите фабрики на соништа ќе ве стават во сон и вие ќе бидете во центарот на универзумот и светот.Гладијаторски битки?Монашки живот?Цезар лично?Се ама баш се што ќе посакате ќе добиете .И знаете кој е најдобриот дел ?Не треба ништо да правите, само кажете сакам ова и ова и вие добивате.

Во Градот се шетам ,сите личат еден на друг ,прекрасни склуптури извајани со помош на генетско инжењерство, разликата меѓу нас е во облеката и украсите кои ги носиме.Во ќошот двајца егзибиционисти имаат секс , никој не се згрозува .Нормално е,никој не протестира поради тоа што никој нема право да му го одзема задоволството на другиот.Проаѓа девојка која на левиот образ во кожата и се вшиени сини сатенски ленти кои на крај се врзани во совршена панделка.Проаѓа маж сосема гол,Никој не трепнува .Секојдневие .Секој гледа да го добие своето задоволство,не гледа што се случува околу него.Никој овде не проповеда на другиот за прав начин на живот, ниту за религија .Секој има право на свој сопствен пат и секој пат е уникатен и не може да одговара на другиот.Бог овде е мртов и не постои. Тоа е првото нешто што те учат кога ќе станеш свесен за себе и другите .Правило број еден ,ултимативно правило кој никој не се осмелува да го прекрши.

Никој не знае колку години има ,ниту пак која година е, ниту пак каде се наоѓаме, ниту пак дали има надвор други интелегентни видови.Времето овде не се мери.Никој не знае од каде доаѓа светлината која пригушена, ниту зошто небото е бело.Никој не сонува.Не постои ноќ.Овде нема стари луѓе ниту пак деца.Децата се чуваат одделно ,тука пристигаат како возрасни.А никој овде не старее .Ниту пак има болести од кои се умира.Никој овде не прашува која година сме и каде сме и од каде сме дошле.Овде постои терминација, кога на некој ќе му стане досадно од се побарува смрт идење во ништавило.Овде нема фамилија, ниту пак пријатели.Има комшивки,луѓе со кои седиш во некои од пребивалиштата, некој со кој делиш хемиска конекција,ист фетиш но никогаш пријател.Постојат категории и категории на луѓе во кои ти можеш да го сврстиш тој што го познаваш, но никогаш пријател.Секој кој заминува одовде не е жален едноставно продолжуваме без таа личност.Кој фактор ни е она?
Никогаш некој од нас рекол дека би си го дал животот за некој друг едноставно така.Ма не е важно,еј знаеш за најновата дрога ја имаш пробано?

Имам се што ќе посакам и повеќе .Но зошто тогаш нешто ми фали,некое мало парченце порано го викале поврзаност со некој,пријател,љубовник ?Не е важно одам да да испијам апче за среќа и тогаш се ќе биде во ред а, овие мисли ќе исчезнат.
Патем добредојдовте во Градот ова е иднината.Нема утре нема ништо подалеку од сега и овде .Ова е иднината.
 
Статистичарот

Во својот живот Статистичарот немал многу порази.
Тие се броеле на прст ако подобро размислам. Некои од нив умееле да се множат или можеби во современата економска литература се користи зборот мултиплицирање. Така намножени тие не морале да се наречат порази туку за целото време додека се водела статистиката тие си го задржале името на својот заеднички именител, во моментот конкретниот Пораз. Вас можеби ќе ве збуни скудното регистрирaње на статистичарот но верувајте тој во своите калкулации го задржал зедничкиот именител намерно. Сакајќи да внесе уметност во својата првична дејност калкулирањето, сметањето, сумирањето тој решил да ја вметне психологијата за која секогаш мислел дека му е јака страна и така тој одеднаш станал статистичар-психолог. Не било баш среќна околност за статистичрот кога тој дознал дека ваквата негова игра само му го зголемила обемот на работа. Тој се соочил со бројни порази поради таквата своја склоност кон експериментирање, порази кои не можел да ги доброи, допресмета, прекалкулира ако сакате. Неговиот експеримент завршил како еден несреќен случај кој статистичрот морал самиот, со своите голи раце да го закопа. Така и сторил.
Но, зборувавaме за поразите како тие да се битни. Неуспешните софтверски програми нив не ни ги детектираат, не ги ни внесуваат во сумата. А она што е битно е сумата од успесите на статистичарот и неговото дебелко насмено лице со црвени образи или неговата долга вита става и брчките на лицето или нејзината седа коса во плетенка како растрчува во станот како млада девојка или можеби оној брачен седумдесет годишен пар кој сеуште под рака се држи. Не знам јас, вие пресметајте. И да,заборавете на статистичарот.





 
“Не, не.Извинете.“, влегов во мала и добро осветлена соба.На едниот крај, наслонета на зидот стоеше една жена.“Не барам од вас милост.“, ме погледна набрзина.Тоа беше убава жена, навистина убава но нејзините црни очи премногу брзо лутаа по собата.Се почувствував осамен.Имаше еден мал бел двосед до зидот па ми беше непријатно да седнам и само се наслонив на едната нога, барем да изгледа како да очекувам нешто со нетрпение.Она молчеше долго време, а јас не очекував ништо.Се насмевнав кога наеднаш се загледа во моите нозе.Без никаков израз само го поткрена долгиот фустан и седна вкрстувајќи ги своите.Собата се исполни со некој убав мирис, оној студен зимски мирис исполнет со дим од цигари и парфем.Даваше чувство на пријатно, топло место.Доволно за двајца, а исполнето со сеќавања на илјадници.Чудна мачнина ме обземаше, како некои згрчени раце да ме прегрнаа и остро ги забија ноктите во стомакот.Помислив дека се нејзините, всушност би се заколнал дека беа нејзините да не ме сепнеше звукот на шините кои заквичеа однадвор.Сеуште седеше молчеливо и безизразно.Не, не беа нејзините раце.Се убедив себе си и седнав до неа.
“Одамна не си бил тука.“, како конечно да ме забележа, “Не си се изменил...Или јас те познавам премногу добро.“, “Не.“, се насмевнав и извадив цигара тапкајќи ја на работ од табакерата.Ехото од тапиот звук ја пригушуваше секоја непријатност.“Има време...те молам.“, какво проклето време.И ја подадов цигарата и нејзините очи како да потонаа во пламенот пред неа.Се изгубија во некое далечно време.Молеа никогаш да не ја изгасам запалката.Па и јас, за прв пат по многу долго време ги видов очите ви кои некогаш се заљубив.Нагло ја тргнав раката и тие останаа скаменети, бледи и уморни.“Јас пак, никогаш не би те препознал.“, го крена погледот но, тоа можеби беше само од учтивост.“Да.Сигурно не би ме препознал.“, очите повторно и пламнаа кога низ еден прозорец задува стурен ветар.Ме погледна повторно и нежно ја сврте главата испуштајќи дим низ усните.“Си отиде во лошо време...“, овој пат како она да се насмевна, “...навистина лошо време.“.Станав да го затворам прозорецот, “Ќе врне...“, се присетив, “...со часови.“, воздивнав.“И можеби никогаш повеќе.“, изустив.И онака во својата лудост сосема би бил немоќен да изустам нешто повеќе.Најмалку она за што и бев таму.
Не беше причината што она избра друг пат, ниту пак студениот поглед.“Изгледаш убаво.“, не гледав во неа.Бев загледан некаде далеку во сивилото зад прозорецот.“Слушнав дека сте заедно.“, планините на хоризонтот како да тонеа во маглата.“Да.Ние сме добри пријатели.“, одговори незаинтересирано.Запалив цигара и се слушна еден татнеж во далечината.Небото се отвори.“А разводот?Го решивте ли тоа?“, “Да.“.Каква незауздана моќ, си помислив гледајќи кон небото.Би можел да живеам цела вечност и никогаш да не ме засити оваа убавина.Погледнав кон неа, и никогаш не би бил ни чекор поблиску.Само немирот би ме потсетувал.Не, тоа не беше причината.“Конечно, нели?, го свртев погледот и изговорив набрзина, само колку да ја прекинам тишината.Неколку молњи светнаа на исток.Иако стоев зад неа безнадежно се напрегав да слушнам нешто, да осетам дека е тука.Дека можеби она гледа во мене.Само звукот на тивка воздишка и дим, проклет дим кој и одвнатре ми го попречува погледот.“Знаеш...“, ја изгаси цигарата и стана нагло, “...ми треба некој.“, нејзиниот лик се појави пред мене.На прозорецот.“Тука...“, на кој немав одраз.
Не зврнуваше.Само воздухот стана тежок и загушлив и ништо повеќе.Како и времето да изгуби надеж.Ако воопшто имало некогаш некаква причина за тоа.Долгата коса и паѓаше на едната страна од лицето а очите неуморно трагаа по стаклото.Се тргнав на страна и наеднаш запре.Изгледа денес сите имаат некаква причина, се насмеав во себе.Можеби бев премногу уморен да разберам дека понекогаш ништо нема врска со причините.Или пак среќата.“Не верувам...“, помина со едниот прст по стаклото, “...ти си луд!“, ме погледна и го изговори тоа толку нежно што звучеше како да ја запеа најнежната приспивна песна некогаш испеана.Да не беше прозирниот поглед тоа би било добра лага.“Колку и да лажеш...“, продолжи, “...сепак си луд.“.Имаше ли значење во сето тоа, или само сакаше да го исполни празното време.Го приближи прстот до моето лице и се насмевна.“Знам дека ме сакаш.Сакаш да сум само твоја, нели?“, да.Не одговорив.“Дојди.“, се насмеа гласно, “Ќе бидам само твоја.“.Само гледав во неа немо.Залудно барав нешто по нејзиното тело, нешто тајно.Нешто што би ми помогнало да разберам.Беше далеку, никогаш до сега не била толку далеку од мене, а јас толку покорен и зауздан.Ги затворив очите.Се изгледаше проклето смешно.“Да, во право си.“, почна да шепоти, “Па ти никогаш не си ни рекол дека ме сакаш.“, кога ги отворив очите видов дека сосема ми го сврте грбот а светлината оставаше траг по нејзиниот грб под откопчаниот фустан.Морав да прозборам.Барем еднаш да бидам навистина искрен.Не, сакав барем еднаш да ме слушне.“Прости ми.“, изговори ненадејно, остро и безмилосно.Без никакво предупредување.“Не се плаши.Само сакав заедно да ја поминеме ноќта.“, свилениот фустан само се спушти од нејзините рамења.Ах каква лоша среќа, рикнав во себе.Таа беше негова, далеку од мене.А јас...каква лоша среќа.

 
Мојата вечна инспирација, `Пеперутката`

Тука лежи вољата која не умира. Кој ги познава тајните на вољата и нејзината сила? Она што го викаме Бог не е ништо друго освен големата Воља која ги подредува сите работи според природата на нејзината намера. Човек не се предава на ангелите, па ни на смртта целосно, освен преку слабоста на својата кревка воља.
Џозеф Гленвил


Она што не крши во секојдневието, оние обични работи кои со баналноста и монотонијата не разјадуваат и од кои кукаме секој ден...на некое место,во некое време и за некои луѓе биле маларија,комарци,содомија,колера,самица,ајкули,гиљотина и смрт. И надеж.За бегство.За Слобода.
За еден човек,затвореникот 54345,наводниот убиец на некојси Марсејски сводник,поранешен војник и фалсификатор сите оние поими кои ги прочитавте погоре биле секојдневие 15 години. Неговото име е Шарие. Анри Шарие. Да,тоа е `Пеперутката`. Оној за кого никој на планетава не би се менувал.А кого јас го почитувам како Човекот број еден.Примерот број еден.Надежта која како што често ни солат памет никогаш не умирала.
И онаа воља за која што ни зборува Гленвил, онаа која не умира ни кога гледаш како најубавите години одат низ цевките на канализацијата во самицата во Кајена. Не...ни тоа што останува без сите заби...скоро без коса...што маларијата го зема својот данок..што шест пати е фатен во обид за бекство...што си зборува сам со себе 5 години во изолационата ќелија, сам со својот ум,лебарките и стаорците... Ни тоа не е доволно да го скрши Анри `Пеперутката` кој ете дотерал до петнаесеттата година во Гијана и како стар робијаш има ретка привилегија бидејќи го оставаат да умре на Ѓаволскиот остров,последната станица за луѓето претворени во бројки. Стар...на некој начин...има 38 години иако кога се гледа во огледало препознава старец на кого во Марсеј би му дале 75 и би му помогнале да ја премине улицата. Учтиво.
Една работа на која не сметале властите била таа дека се работи за Анри Шарие. Кај него очигледно проработува некоја искра во мозокот која го тера да ги заборави мртвите другари за кои копал дупки во блатото на Кајена,оние кои исчезнаа без трага при обидите за бекство па и тие кои полудеа во самицата по година-две, а каде тој беше пет. Сепак, Анри не оди сам. Има неколкумина кои се спремни да ризикуваат. Рене,Луи,Паскал...кои сеуште сонуваат за слобода.
Доаѓа и тој ден. Се оди според планот. Бекството успева. Седмо по ред. Дали ќе биде ова конечното? Крајот на агонијата. Можеби...завршуваат во селото каде француската колонијална власт ги населува лепрозните жители на колонијата. Којзнае...и лепрозните можеби ќе помогнат... Тука доаѓа тестот.Оној тест кој ја мрзне крвта и убива во поим. Еден фин господин кој изгледа како авторитет во селото,иако му останале само два прста на раката со која ја држи пурата, цинично го нуди Анри со пурата која ја пуши меѓу лепрозните остатоци кои веројатно некогаш биле јазик и усни. Неприфаќањето на непишаните кодекси во пеколот на Гијана значи смрт. Брза смрт. Дали поради тоа или инаку Анри опуштено ја зема пурата и повлекува. Без гајле. Без страв. Триумфот на човечноста ги полни со солзи лепрозните очи кои скоро и да не гледаат. Има и такви. Кои не се гнасат од лепрозните. И кои делат цигара од евтин тутун. Со човек кој се распаѓа. Им даваат чамец и другарите бегаат...не за долго...судбината повторно им се сере на прагот. Ги фаќаат. Ете и седми пат. Назад во изолација.
Тоа е крајот. Анри Шарие и компанија ги брои последните денови на Оној остров... И за најтврдокорните еднаш паѓа завесата...тоа е тоа...

Are you shittin` me? Ма каков крај... Анри веќе гледа кон морето. Повторно...Да...нема крај...нема почеток...хоризонтот ги развејува сите маки и црнила кои 15 години го мачат. Сакавте да знаете што е слобода? Тоа е неговиот домен. Ако некој знае знае тој. Пеперутката. Бројот 54345. Кој пакува една вреќа со кокосови ореви. Еден скок. Заборав или слобода.
Неутврден ден 1946. Некој секое утро ја буди Сењора Рита Шарие на брегот на Венецуела. Таква навика има. Станува в зори. Таа му е Оној остров. Тоа е Анри. Вистинската приказна за Пеперутката. Среќен крај? Да. Рита,три деца,живот во слобода...па и книгата која допринесе пеколот на Казнената Колонија да биде надживеан од самиот Анри. Напишана од него.И покрај се.

До последен здив, Mon Ami
 
-Зошто чувствувам дека забавата заврши?
Бледникава фигура запира, ја зграпчува и нервозно ја тресе. Таа стои фрапирана.
-Ми се гади од тебе, тафтабито!
Стаклени солзи му се одледуваат од очите. Карминот и` е избришан.
-Зборни! Проклета да си! Колку време? Колку улици, години, муштерии? Колку?

***

Се слуша како липа, се обидува да оди во кревет. Покривките на креветот смрдат проклето на неа. Нема да спие, не се лукзузира тој така брзо. Бојата од мислите се излупи и падна како да се работи за стара кола. Сега се` е изгребано и мачно. Црно со сиво.
***

Ладниот ветер како да ја подготвува за мразотилукот и суровоста на она што ќе се случи набрзо. Празен е тенкиот мост меѓу неа и смртта. Се чини, ќе го претрча. Изваденото ланче го стиска во раката. Го закачува со селотејп на оградата. Во матниот Вардар не можеш да се огледаш. Црните грешни погледи кои ги праќа во водата која не одговара, ја потсетуваат дека никој не комуницира со болни. СИДА. Пристигнаа резултатите пред еден час. И Јозеф е можеби болен! Куршумливи мисли низ мозокот... Татнеж, возови, тишина... И нејзиното тело не и` се спротивставува на водата во која скокнува...

***

- На ова место почиваат во мир телата на Јозеф и Маја Серафимовски. Првиот брачен пар заболен од СИДА во Македонија. Не им се приклучувај, користи заштита сине.
 
Задкулисни солзи.
Додека на сцена се смееме и си прикажуваме, зад завесата, се покажуваат вистинските лица, напатените, ожалостените.
Фрлете ги маските!
Излезете на сцената!
На светот нема да му е гајле, но сите ќе знаеме дека ќе ни недостига!
Прекинете со оваа фарса, прекинете, затоа што нема друг начин!
Олеснете си ги душите, солзите се фасцинантни, солзите се добри..
Добри се солзите, пролеани за среќата иднина на драга личност, која не не` вклучува нас.
Нејзината среќа, не тера да ги лееме овие задкулисни солзи во кои нашето лице се топи.


.. и немам инспирација, а ни желба да продолжам понатаму, затоа ќе го оставам вака, со понизна посвета:
To my sister, a great daughter, student, lover, a good sister, and the perfect friend. For you will leave nothing but empty space. Till 'Jan, sis.
 
Безгласен крик



Се е еден момент само долг момент кој еднаш мора да заврши на ваков или онаков начин, ладен воздух проструи зад завесата од отворениот прозорец во мирната раноесенска вечер, разгледував и чепкав по малку во тугите непознати животи по тугите моменти кои жалсно си делеа парче по парче од питата на тагата и тогаш за момент помислив колку е тагата слична емоција, колку празнотијата е тежок дел од момент на сублимат на тажни чуства чии зборови беа недостижни великодостојно да ја одсликаат.Ако нешто чуствував тоа беше неповратното течење на времето кое го зголемуваше таквото чуство и кое на моменти доведуваше и до поместување од разумот. Има периоди кога мислите дека знаете доволно, има периоди кога чуствувате дека сте поминале уште едно скалило од животот но нешто длабоко ве влечи кон старото чуство дека мртвата точка воопшто не се поместила и дека тоа скалило е само уште една помината година која без разлика на обичните успеси не донела ништо значајно за исполнување на вашиот дух во вистинско радосно расположение.
Шаблон фаците ме вадеа од моето оформено лежиште каде се чуствував сигурно како во мајчина утроба. За некои моменти не знаев дали се реалност или сон помивинував низ вриежот од народ и често се чуствував како вонземјанин, расплачени деца трчаа по своите родители , разлигавените суштества од младина со своите фенси додатоци брзаа за некаде а малку од нив знаеа за каде, празни повторувани звуци на нешто што би требало да наликува на музика го правеше толку реален моментот на хаотичноста на нивното безсмислено движење па ме тераше да вренснам колку што ме држешеше гласот, да ги истуркам сите и да им поставам неколку навидум смешни прашања. Замолчив и добро се сеќавам како некој придушен крик се откина во мене и ме врати во мојата статус кво состојба на тихување. Гомилата продолжи......
 
Молитва...
Одземи ми ја болката, врати ми го сонот, секни го изворот на темните мисли...
Однеси ме во вечно зелената земја каде грижите исчезнуваат само што ќе стапнам на таа земја, вечно опевана низ вековите. Во која дури и најнемирните души го наоѓале својот мир.
Мракот ме обзема, а никаде нема ни искра надеж. Барем за момент да видам нечиј лик. Свеќа имам во раката се плашам да ја запалам, се плашам бидејќи ќе видам повеќе одошто треба ,одошто сакам да видам, се плашам дека ќе видам само чудовишта, се плашам да го видам мојот лик.А никаде траг од човечност, ако постои такво нешто во овој свет, свет во кој јас егзистирам.
Талкам во мракот на мојот ум, го барам изворот. Изворот се моите сеќавање.За да го секнам треба да ги избришам, но тогаш не би била јас, би била некоја друга.
Јас сум робот кој се напојува со помош на болка, гнев, бес, страдање, депресија. Имам свеќа,се плашам да ја запалам иако не знам каде сум. Се плашам дека сум пред некое огледало, дека ќе се видам конечно себе .Тогаш не би имала изговор, оправдение за моите постапки. Лутам ,талкам меѓу лудилото и трезвеноста, ова е мракот.
Ова е место каде ниедна душа не мирува , секој е тука мачен. Ова е мракот , исполнет е со застрашувачка тишина, тишина во која јас страдам.

Однеси ме во вечно зелената земја,за да најдам мир.
 
Да мислам или не.


Врни надвор, ќе врни и наредните неколку дена. Сакав да шетам по вакво време без шатор и без цел, и шетајќи да размислувам и носам одлуки, изненадувачки на вакво време шетајќи безцелно носам добри одлуки. Само вечерва не би. Се сеќавам на реакцијата пред некое време кога го изнесов мојот необичен ритуал за когнитивно рассудување добив реакција на неговото лице ВАУ. Го сакам дождот и дождливото време, затоа што со нивната појава означуваат живот, водата значи живот, без нејзе нема живот. Дождот ја прочистува душата, ми делува пријатно врз моето сетило за допир затоа што шетајќи ја чувствувам секоја капка врз мојата глава. Капка по капка, чекор по чекор, срцебиење и вдишување и издишување, хармоничен ритам на нештата во и околу мене. Набљудувајќи го тој ритам човек ја чувствува околината околу себе за своја и тој како дел од нејзе, го чувствува универзумот и себеси како мал но многу важен дел од него. Да мислам или не прашањето е сега. Не е важно уживајте во дождот како што уживам јас.
 
Рипчето Орто

Во плитките води на деветата меандра на Вардар, живее длабоко замисленото рипче Орто. Тоа е навидум слабичко и лесен плен за поголемите риби, но е благословено со голема брзина и умешност за снаоѓање во матните води. Не дека во бистрите не му оди исто толку добро, но секако нема проблем да искочи на крај и со најголемите грабливци.
Орто има двојна природа како што самото тоа за себе мисли. Денот го минува или пливајќи крај своите пријателчиња дискутирајќи на опуштени теми кои подоцна му даваат повод за расклопување на својот узводен живот или го минува сам во својот свет размислувајќи за тежината и смислата на тешкото и напатено рипчешко битие. Орто посакува еден ден да исплива во солунскиот залив, но истовремено мечтае за мирните калишта каде сомовите создаваат слика на идеал. Сака да ги види баракудите и нивниот жар и жестина, но има нескриена желба и да се чувствува како речните полжавчиња, скриено во својот оклоп и достапно само за оние кои ги сака во близина.

Пред неколку денови, реши да основа дом. И ви велам, тоа е совршено рипче, дава се` од себе домот да изгледа како да е оној кој му го прати на фотографија пријателот од Бермудите каде во зелени корали има палата преполна најразлични морски треви а сонцето удира речиси цел ден само за негово задоволство. Може да се каже дека Орто има совршенство во условите кои неговото меандриче ги нуди но тоа сепак сонува за Егејот, за коралите, за брзите лагуни каде не се знае кој каде плива, за деноноќниот лов на рибарите и нивното залажување дека можат да имаат дел од рибниот свет...
Фантастично е малечкото, сега размислува како би било кога би тргнало на пат околу светот. Зар не би било убаво да се доживеат сите тие знаменитости на водниот свет, да се пронајде Наутилус во јужните мориња, па на север за викенд до бреговите на Шкотска, ех, кога би можеле. Но тогаш би требало да ги уништи сите оние малечки икри кои ги положи а толку ги сака, искрено ги сака, и сега е повторно во тешка дилема, и не може да најде спас од маките во своето мало главче. Чувствува како сака да го има светот и под вода и над, се чувствува како вистински алигатор да има воздух каде и да отиде, но ете, Бог го обдарил малото рипче само со шкрги, да мора да одбере свет и да се мачи со него додека за миг не скокне над површината на реката... очињата ќе го допрат воздухот на надворешниот свет, ќе воскликне од радост, но мигот ќе помине побрзо отколку што мисли па дури и додека се врати назад во тмурните води на Вардар ќе се почуствува несвојствено во новата средина. Нема среќа ова малечко, ниту во вода задоволно ниту на воздух живо. Заробено во себе и своите мисли за вечно незадоволство од што и да прави, но со надеж... со верба дека еден ден ќе се разбуди од краткиот сон и ќе го живее животот на вистински начин како што му доликува и го задоволува. Прекрасно рипче е, навистина, и го има сето време на светот, а јас, Посејдон, верувам во него дека еден ден ќе ја има сета морска среќа и ќе плови без проблем низ големите бранови кои јас морам од време на време да ги создадам.
 
Упорно се барав себеси во зборовите на другите и како по правило една реченица совршено одговара а веќе наредната целосно ја уништува сликата.Се прашував зошто е тоа така, сваќајќи наскоро дека не само што таа идеа беше глупава,туку и речиси неизводлива. Увидов дека јас со сопствените зборови не можам да се пронајдам. Како и да ги редам, успевам само да се пресретнам на половина пат а никако да стасам до целта, до она конечно решение и одговор кој ке ми ги скрати невољите и непроспиените ноќи поминати во размислување.Застанувањето на половина пат ми се претвора во болест.Тргнувам со сета еуфорија на светот да ја преминам улицата но кога доаѓам до белата линија како да добивам отровен убод кој ме парализира, ме кочи и физички и ментално да го направам наредниот чекор.И така стојам на средината од патот апсолутно неспособна за трезвено размислување и чекам одлуката да долета сама.Да продолжам... но што ме чека на другата страна,дали е тоа добро или лошо,дали ќе се чуствувам јас подобро на таа страна, што ме натера да ја преминувам улицата и дали воопшто е добра идеа да го направам тоа?Да се вратам...не сакам.Да, што ме натера воопшто да ја спуштам мојата нога од тротоарот по кој си одев толку безгрижно?И се освестувам повторно на средината од патот, забележувајќи дека не сум се поместила ниту еден чекор и сваќајќи дека немам поим што понатаму.
Така расеана и збунета ми доаѓа да седнам на патот и да чекам додека ја добијам вистинската идеа што понатаму или додека едноставно некој не ме повлече бидејки и онака веке загубив претстава за што е добро а што не...
Но тоа нема да се случи бидејки сум невидлива па ништо од идејата да чекам некој да ме повлече на едната страна.Едноставно ќе бидам приморана да стојам на средина се додека не го најдам вистинскиот пат,а дотогаш ќе бидам изгубена...
 
во оваа темна ноќ додека капките дожд ги милуваат прозорците на мојата соба, јас седам обвиена во прегратките на осаменоста и пишувам. Пишувам за тебе. Со солзи во очите, солзи бистри и толку искрени, солзи кои капат на хартијата која полека почнува да се кине ги искажувам моите чувства. Можеби надвор врне затоа што Господ ми прави друштво и не дозволува да бидам осамена. Му благодарам што секогаш е крај мене. Те прати тебе, најубавиот ангел за да бидеш покрај мене. Се прашувам зошто ти ги одземал крилјата. Зарем не си ангел...сите ангели имат крила. А да не ти ги одземеше сега ќе можеше да одлеташ од моето срце засекогаш. Но ти остана заробен барајќи излез од овој затвор чии клучеви се фрлени во длабочините на океанот од љубов. Така Господ за да ме убеди дека не сум сама, дека сепак горе има некој кој мисли на мене те прати тебе. Запознавајќи те без предупредување дека ти си ангел, ја започнавме играта на љубовта. И игра како игра мора да има некој поразен. Во случајов поразена бев јас. Се прашувам зошто те прати тебе. Ти кој требаше да ме направиш среќна, направи да јас сега седам сама и патам. Патам по твоите бакнежи...патам по тебе...
Господи зошто ли ја направи најголемата грешка испраќајки ми ангел во моите прегратки. Кога ќе размислам подобро можеби ќе беше поарно да ми пратеше ѓавол. Можеби така играта ќе имаше друг крај, се надевам среќен крај. Игра во која ќе немаше губитници...
Знаеш Господи, сега имам многу време за размислување. Размислувам и за оние моменти кога не можев. Размислувам и за сега. Се обидувам да пронајдам решение од оваа безизлезна ситуација и сфаќам дека животот ми дава нова шанса. Ми даваш шанса да заживеам повторно. Ти повторно си со мене. Повторно не сум осамена. Ми праќаш еден зрак светлина кој блеснува во моите очи. Не можам да гледам. Ослепена од таа светлина престанувам да пишувам...
зошто животот и мене ми даде втора шанса. Всушност тоа не беше животот, тоа беше ТИ
Ти благодарам и се надевам дека некогаш ќе можам да ти вратам за секоја услуга, за секој момент кога беше и си со мене. Ја оставам хартијата исушена од зракот светлина кој ми го прати и продолжувам да живеам ... со надеж дека живеам...
 
Пред да заминам сонував премногу често. Соништата иако сакав не можеа да бидат поразлични еден од друг. Се редеа секоја ноќ иако не ги барав се редеа како некои чудни домино коцки, црни па бели, црни па бели.... Едните ме тераа да ја мразам реалноста да живеам во моја фантазија, а другите никогас повторно да не посакам да заспијам, да не посакам да сонувам. Беа толку различни, а сепак мои...ги сакав сите.
Уште пред да се освестам дека веќе не е сон туку јаве ме прегрна густа магла. Одеднаш се најдов на една чудна тесна патека - ми беше познато место, а сепак бескрајно туѓо и некако бледо далечно. Неможев да видам како сум дошол, а незнаев ни каде одам. Патот се појавуваше пред мене токму кога добивав желба и храброст слепо да тргнам, а исчезнуваше само што ќе ја подигнев ногата. Се постоеше таму каде што бев и никаде наоколу!!!
Од далечините, повремено, од кој знае која страна слушав нечии гласови. Во кратки интервали, секавично и нејасно извикуваа чудни зборови, неразбирливи реченици кои ја пустошеја секоја душа. Проклетство!!! Знаев, можев да се заколнам дека тоа е гласот на демонот, оној истиот кој еднаш од неодамна ми пријде престорен во преубава девојка со тело кое нудеше ридови и планини, барајќи се‘ за возврат и тоа не само моето се‘ туку сечие се‘!
Боже мој можам да се заколнам во најсветото, во животот дека почна да ми шепоти, толку слатко и милозвучно постојано бегајки и на моите уши, а недостижна за сите мои останати сетила...“Ти го избра овој пат, сега чекори го цврсто до крај“ си велев, “ти си луд гласовите се само во твојата глава ти си идиот, само смири се, диши длабоко. Стравот постоел и ќе постои за да го надминеш, а демоните за да ги покориш...“

Какво блажено чувство...
Маглата исчезна.

Овој пат има нешто што ме тера да заборавам дека некогаш постоел некој друг пат!!
 
Без карактер.

Бебето не доаѓа на земјата во вид на празен бел лист на кој што ќе напишеш така и ќе биде туку тоа се раѓа со карактер.
Првото плачањето го опишува карактерот:
- краток плач значи слабак човек кој не сака да се бори
- подолг плачење би требало да значи борец кој од првиот земен здив на земјата дава отпор. Бунтовник.

Па така сите се раѓаат плачејќи.
Но не и јас!
Јас не плачев.

Бев еден од ретките, кои беа родени без карактер.
Немојте да мислите дека ми беше лесно т.е напротив ден денеска ми е тешко.
Но га обожавам тешкотијава на животов. Живење у срање. Беда. Опкружен со луѓе полни со тага. Материјален свет.

Се навикнав некако на тоа и ми беше како на бајка бидејќи многу мали нешта ме правеја среќен. Многу малце луѓе знаеја да ме насмејат.
Тие ми беја се.
Но со тек на времето се се смени.
Живеев без нив и не ми беше лошо.
Без секого се може. Сигурен сум во тоа нешто!

Сам некогаш и ми беше поубаво. Сакав, а и сеуште сакам да сум некаде сам на некој пуст остров. Но тоа не би било бегство!?
А и реков дека сакам да живеам во овој свет каков и да е. Што значи сакам да се борам!?

Што ли сум јас?

Некои мислам за мене дека сум срце.
Други сељак.
Трети највечи фраер.
Четврти ме споредуваат со светец, а пак пети мислат дека сум кретен.
Но ја не сум ништо од тоа. Јас едноставно сум човек без карактер.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom