Прозни искри

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Празнината, самотијата не отчукуваше ништо друго освен некои чудни вибрации кои некако не допираа до мене. Длабочината на шаренилото беше премногу плитка за да се фрлам во неа и да станиме едно.
Ахх шаренило... Тотално хиперболично размислување за едноликото, еднобојното, клод шаренило. Иронијата и сарказмот изгледа биле карактеристика на оној што го нарекол шаренило. Постои шаренило со 2 бои? Со 1 боја?
Хмм ... Nothing to be done.
Апсурдот во тоа е што шаренилото не ни постои. Сите ние си го замислуваме.
Едни сме. Тие сме.
 
Fascinating, isn't it, the way when, thrust into the dark and damned corners of the mind by something simple, and in itself insignificant, we tend to question the basic values of human nature. Of nature in general. Of the order of things.

How often, otherwise, would we ask ourselves what reason is? What sanity is. What emotions are. And, oh, the scary one: What life is and are we doing anything wrong. Just need to be reminded of the rules...
Wait, there are rules? Are there? And there comes the natural desire to defend ourselves against the accusations that are a product of what we think is a touch of conscience.

Hair-raising.

And seemingly very complicated. I fail once more, trying to dwell оn the unexplored in such a way.
Inexperience? Could be, but nevertheless one of the ways to gain that noun's antonym.
Or is it?

A: Questioning everything again. For pity's sake, go get a life.
B: But we didn't manage to answer what life was. I could as well go get a sack of potatoes and say I'm off to get a life.
A: See? You're questioning everything around you again. Why do you have to ask so many questions?
B: Because I have a lot of in-born curiosity and I thirst for knowledge.
A: Allright, if I say I don't know, will you stop asking?
B: No.
A: I thought as much. Will you stop asking for the time being and leave this dark setting?
B: Ye-es. Sorry for trying to learn something. I'm going to, as you said, "get a life".
A: Until we meet again, stranger.

_____________________
Многу несмасно и брзоплето, но што е, тука е. :toe:
 
Престанав да ги бројам секундите.
Лежев на истиот кревет, во истата соба, со истите алишта, а надвор капка по капка, се истураше есенскиот дожд. Навидум ист како онаа вечер..
Темнината беше се помила, и попосакувана, а јас со една мисла на мојот ум:
Ме мрази ли??

Mи поминаа низ глава сите нејзини погледи, додека ме носеше на детоксикација, додека ме вадеше од станица, кога и` кажаа дека сум задржана во притвор заради ограбување на продавница. Разочарана е, знам. Не сум јас крива што сум иста како татко ми. Крвта вода не бидува. Се сеќавам на секое утро после секоја нивна караница.. Мајка ми секогаш носеше блузи со долги ракави. Никогаш не ја вадеше шминката од нејзиното лице. Изгледа затоа толку и пречи моето присуство, иста сум како него.
Ме мрази! Ме мрази! Ме мрази!

..Со заслуга. Никогаш не бев ќерка каква што посакуваше.
Последен поглед кон мојата рака држејќи го испразнетото кутивче Диазепами, и една мисла, како низ магла:
Ме мрази...
 
Понеделничко облачно утро.Повторен почеток на неделата.Луѓето итаа за работа,учениците на школо, студентите на факултетите,просјаците на своето стратешко избрано место..Сите имаа некаква работа освен таа.Седеше немо на балконот и размислуваше како проклето ги мрази понеделничките утра.Мразеше секаков почеток.Дури и филмовите кои постојано ги гледаше ги гледаше од средина.Мразеше увертири,најавни шпици,одложување на она што следи.
Секогаш беше директна и преоѓаше веднаш на работата.
Па така и тој не беше исклучок.Директно и смело му пристапи велејќи дека има чудна одбивност од разлекување на работите и тие предигри, состаноци за запознавање,испраќање цвеќиња,правење недостижна...Иако зачуден ја прифати играта.За некое чудо функционираа, онака супер.Кој рекол дека мора да има почеток?
Но работата беше што она не ги сакаше ни краевите.Беше уште повеќе згрозена од самата нивна појава.Тие тешки зборови, солзи , мрсули, липња, гушкања, молења,страдања...Па затоа безчујно и тихо заминуваше од туѓите животи, а зад себе ги оставаше само спомените...
Иако овој беше различен од сите пред, знаеше дека треба исто така да замине.За прв пат во животот некого засака, а ако останеше ќе причинеше само штета.Љубов без почеток и крај, таква љубов имаа..

Сеуште беше понеделник.Сеуште ги мразеше почетоците и краевите.Се беше исто.
Само чудната болка во нејзиниот граден кош беше нова и непозната...
 
Сатаната


Сатаната секогаш го има правото да го добие она што бара и да го најде.Тој е првокласен магионичар во светот без магија, преполн со технологија и џиџимиџарници на секој чекор од твојот живот.Ги знае умовите на луѓето заробени во кутија полна фотографии, спомени и сонови, го познава човечкиот род толку добро, рафинирано те бутка од луцидност во шизофренија и со своето заминување те тера да разбереш дека си го изгубил единствениот спасител, вистинскиот син на Боговите, љубовникот на Божиците.Галентен раскажувач, илузионист од светски размери и потполно туѓ.Да, Сатаната те знае и те разбира, гледа и онаму каде што никој не бара, наоѓа генијални глави во празни торби и се части со квалитетна храна на пусти острови, војникот и гласникот на сите генерации, оној што засекогаш си заминува од патеката по која одиш и оној што ти ги зема идеалите, вербата и волјата.Вистинскиот за тебе.
Но, се е невидливо, а маглата никогаш потоа не се чисти од прозорците, куќата во која живееш не е повеќе осветена, зошто влегол преку предната врата, а ти си му понудил од своето виски да се освежи и една од пурите што стојат совршено на бирото, тој е сега ти, а ти си ништо.Секогаш е мистериозно привлечен, премногу прекрасен за да се грижи, не зборува и не критикува, не бара а дава, додека игрите ти го јадат срцето и те прават парчиња месо за добра забава.
Ја познава уметноста на 14 век и културата, а пијаното му е омилена занимација, се снаоѓа со секој вид на нова технологија и прочитал повеќе книги од било кој досега, тој е одличје на манири и вистински примерок на старата добра куртоазија.
Ќе направи се за твојата љубов кога тоа најмалку ќе го очекуваш, ќе се насели на места во тебе за кои не ни знаеш дека ги имаш, како вртелешка полна со чоколада во различни бои ќе ти ја извалка постелата и ќе биде прекрасен, воодушевачки добар, принц на задоволството и темнината.Ќе знае кога треба да клекне на колена и како да ти ја држи раката, кога треба да те бакнува а кога да разговара, мачор што се плетка низ нозете.Слуша и рокенрол и класика, готви во кујна како француски готвач и знае да направи суфле без да има наводни проблеми со релната, секако, тој ќе направи се за да го сакаш.
Ќе те понесе во сите нови градови и ќе те врати во провинција, разумноста никогаш не е доволна.Сатаната е совршен дури и кога душата сака да му избега.
Сатаната љуби измачени души, анкциозни принцези угушени во реалноста, зошто само нив не ги познава, го потсетувата на себе дури и кога остава, затоа секогаш заминува кога дознава дека веќе нема што да растргнува.Сите Циганки се во право и секој Свештеник се плаши кога него му е ладно дека треба да трегнеш од олујата, зошто тој сака да јаде полека.Ништо не исто после него, време нема, само што ти ја зароби за навек слободата.
 
Извинете... јас пишувам на српски...

Zelim da ti kazem, da ti pricam sapatom,
da ti pisem reci . Da ne vidis kako mucam
da ne osetis kako srce kuca.
Da ne dozvolim srcu da cuje ono sto ti imam reci…
Ti pripadas meni kao zvezde ovome nebu.
Dodji ja zelim samo tebi, Ja hocu samo tebi .
Tvoje reci, tvoje ruke to je sto hocu …
Ti mi trebas, ti me trebas, tebe hocu..
U ovoj noci u ovoj noci tihoj, zelim da ti kazem
Dusi bolnoj sve sto mi treba to je da zelim
da se tebi predam, da te dodirnem, da me dodirnes.
Zelim da ti kazem o mojoj dusi bolnoj o mojoj
ruci memirnoj o svemu tvome da mi trebas..
Da se ovako zeljni a ne dovoljeni ljubimo i volimo..
Svaki tren u ovome danu u ovoj tihoj noci,
svaki tren je tebi upucen.
Svaki delic me boli pomisao na tebe grudi mi lomi.
Moja daleka ljubavi. Moja zvezdo u svemiru.
Tebe hocu, ti mi trebas. Tebe zelim tebe volim…
 
Си беше еднаш, еден продавач на среќа. Вистински миротворец... Сите што ќе го посетеа, стануваа позитивни и сончеви. Освен еден.

Кожата на тој едниот, го болеше од внатре. Срцето му беше научено на машинска работа, пијан стрес и клаустрофобија. Никогаш доста... Никогаш доста од случувања, никогаш доста од тага, од лаги, никогаш вистина. Само еднаш, поточно, но и таа вистина не знаеше да ја чува. Во раце му падна љубов, чиста и ангелска, невина и искрена, златна, а не позлатена, перфектна. И неа ја скрши, како што претходно го кршеа него. Несвесно градираа стрелите од отров што ги длабеше во нејзината утроба, несвесно уби љубов, без да биде свесен дека ја има.

И продавачот на среќа не можеше да направи ништо.
 
Без секого се може!

Одам така исфустриран за нешто што одамна го знаев дека е така како што е навистина. Но го негирав цело време, мислев дека може да се смени нешто... било што на земјава. Но не може. Ништо! Потпуно ништо, а најмалце ние самите. Луѓето!
Подобро не пробуј да мењаваш нешто бидејќи нема да успееш. Писимиста? Поарно не се запрашуај. Реалиста сум од секогаш поточно од роѓење!
А пак ако смениш нешто... не моеш за ѓабе ќе биде ако пишуем за тоа.
Но што и да смениш нешто. Било што. Би било тогаш ли подобро? Којзнае! Можеби би смениле нешто накај полошо по тоа што знаеме ние какви сме самите.
Човекот по самата природа е нешто лошо. Нешто мистериозно, необасливо и нестабилно. Нешто од кое сите други се плашат. Се плашат од гените негови. Поточно од гените за самоуништување. Тие се најопасни!
Но да ги оставиме гените на страна... дали би можел човек да живее сам? Секако дека би можел, нели? Зошто не би можел?
Би можело да се живее без злото? Па како се живее во рајот. Таму не постојат луѓе. Таму живеат ангелите. Со нив е сосем спротивно. Тие немаат гени. Па немаат ни нешто за уништување.
Би можело! Би можело да се живеее без злото. Без луѓето би преживел. Без секого се може!
 
Иднината на Сашковизмот
=манифест на спасот=

На изгрејсонце клучот Горен се јавил на мојот извор на вода и му рекол дека мојот бунар ќе има или премногу вода за пиење или во спротивно, земјата ќе пресуши.
И така во идносегашноста што патува, пресушениот бунар станал место на едно мало жилаво дрвце кое очајно пушта корења по нечистите води. Другите дрвја му се смејат, зашто околу тоа дрвце толку чиста, бистра вода, а тоа посега по нечистотата. Тоа дрвце ако треба ќе тргне по зајдисонцето за да најде нечиста вода, за да порасне и и` даде оган на тревата која плива во чиста вода, но со огромни ајкули.
Тоа дрвце се надева дека ако најде нечиста вода, барем малку, ќе порасне и ќе го допре небото и тоа ќе пушти свеж дожд, и сите бунари на земјата ќе се исполнат.. И ќе бидат исполнети.
 
Како ја загубив инспирацијата

Вака се случи тоа...

Седумнаесет денови пред да ја испијам двестотини и осмата чаша коњак, одејќи по стапките на Теодосиј во центарот на градот, гулаб од два метри оддалеченост ме покака со злобна насмевка. Сам Бог го имаше пратено, гулабот убиец на испрацијата е познат насекаде низ светот, доаѓа најмалку еднаш во животот... велат дека покрај моментално парализирање на вијугите за склопување прекрасни мисли, тој е и миксер на ставови во истиот период, а по него тортата на сфаќање на животот се стврднува ко желе во замрзнувач.

Потоа,
четиринаесет денови по истата чаша, обидувајќи се да ги истресам мислите во мојата глава, скокав на една нога бидејќи на десниот дел некако ми изгледаше потешко и позатнато, и наеднаш излета задача напишана на салфетка. Најмодерно математичко достигнување, сеуште еднаш месечно трошам по неколку денови да ја разбијам, но ме враќа секој нов пат на почетокот. Она време измеѓу сум толку уморен и неволен што умот сеуште стои негибнат а мислите внатре без шанса да излетаат сами. Нооо, само ако најдам добра масерка за релаксирање помеѓу задачи.

Исто така би сакал да кажам...
Не се сеќавам дали на седмата или осмата полна месечина по истата чашка која веќе ја спомнав, во текот на мојот редовен натпревар по брза географија, навивачите жестоко го скандираа моето име од гледалиштето. Истовремено, сосема коректно и спортски и спротивниот табор фанови го скандираа името на противничката. Во тој напнат дуел се погледнавме под веѓа, го поделивме мислењето дека сме вистински холивудски ѕвезди и го активиравме секој дел од нас за префрлување на мислите кон работата а подалеку од публиката и еден од друг. Секаква додатна инспирација не смееше да биде искажана и покажана, бидејќи редарите веќе не можеа да воспостават мир, и ќе бев растргнат од толпата.

Ете така ја загубив инспирацијата. Но таа е тука, момент само да ја закажам оваа сесија релаксирачка масажа, и потоа ќе ви ја покажам колку има пораснато додека стоеше на топло под мојата перница.
 
Забележувајќи ја последната ѕвезда на небото, заборавам дека постои нешто надвор од овој свет. Ја гледам како таа ја губи својата сјајност и полека избледнува, претопувајќи се во зракот на сонцето кој полека почна да ја освојува целата небесна површина.
Како златен прав кој полека ме гали по лицето, ја чувствував нежноста на сонцето. Топлината ги натера неколкуте гнезда на околните дрвја да запеат. Птиците ги истегнуваа своите крилја за полека да тргнат во потрага по својот плен, својот опстанок. Сè уште седам и се воодушевувам на будењето на еден нов свет кој навидум е многу поубав од оној во кој мојата душа ја достгнува нирваната. Мирот уште еднаш е прекршен со остриот звук на утринискиот ветер кој се појави по течението на реката, околу која веќе успеале да се наредат неколкуте селски крави за да се напојат со свежа вода. Мирисот на трева навлегува длабоко во моите ноздри, оставајќи ме замислен и загледан некаде таму зад планините. Со изгубен поглед, бесцелно, се обидувам да го пронајдам изворот на реката која толку силно ме растревожи. Дали немирот во мене е последица на новото и непознатото, или е чувството на совршенство?
И додека воздигнувањето на сонцето сè уште траеше, боите на цветовите за мене почнаа да имаат поинакво значење. Ја сфатив топлината на црвените булки. Ме поклопи свежината на сината дрвеника. Белата невиност на неколкуте речни кали ми даде до знаење дека светот е убаво место за живеење. А жолтиот цвет на нарцисот ми покажа дека сонцето го оставило својот печат и на земјата. Уште еднаш вдишувам од свежиот утрински воздух, кој ме натера да ги отворам очите поубаво.
Смирено ја гледам малата црвено-црна бубамара која ме лази по коленото и ја оставам да го изоди својот пат. Не е таа виновна што јас морав моето место да го најдам помеѓу густата зелена трева. Одеднаш летнува. Среќа?!
Па секако. Малку ли е човек кој цел живот бил оневозможен да гледа, да ја добие сета оваа убавина сервирана пред себе. Сега ја сфатив убавината на животот. Таа е во боите и во светлината. Среќен сум што прогледав, а и што имав среќа да ја видам вистината.
 
Боја.
Каква е таа боја меѓу боите која сите ја бараат?Како изгледа,каков ефект има и зошто човекот се стреми безглаво кон неа?Поетите ја викаат "совршенство","муза"...кариеристите "успех","исполнување амбиција",верниците Бог а романтичарите...ма кој ги ебе нив.

Не верувајќи во моќта на боите,прифатив на одредено време да им се поклонам и да насликам совршена слика во главата.Ако ништо друго,барем ултимативен стремеж,идила.
Секоја скепса е здрава,почетната скепса е нормална.Со тоа,и сликањето на скептикот му оди тешко.Мене,за беља или среќа,ми успеа.

А сликата на иднината е аморфна за младиот човек.Никој нема право да се дрзне и да бара егзактен одговор од надбојата за тоа како ќе изгледа неговата иднина.
Мене ми се отцртаа,за прв пат во животот,ликовите на моите деца.Со тоа,трпеливо ја чекав убавата егзактност на исполнувањето на амбициите,па нивното доаѓање на свет.Неминовно човек се поврзува со идилата,во крв ни е.Наседнува на старата христијанска финта и подлегнува на сонот.Оди години и години напред и со сигурност знае дека тоа така ќе биде.Дека мора да биде.Паѓа на една единствена безалтернатива.

Комуњарскиот шамар своевремено беше лекот за таквите идолопоклоници(па макар и среќни идолопоклоници).Дојде комуњарот и им рече на луѓето "Од денеска вашиот поглед нагоре е забранет.Од денес вие немате право да верувате во ништо надвор од вашата фабрика и нашата телевизија."
Го мразам комуњарот.Искрено го мразам со секоја пора,оти сакал да одземе,а не да врати аморфност.Тоа е процес и не се лечи преку закони и директиви.Се лечи полека и се дава надеж на луѓето.Се ќе си дојде на свое место,без разлика на се.Каде ќе биде тоа место,на кого,на што и дали воопшто ќе се поклонуваме...не е толку битно.Самото сознание дека се ќе биде во ред е доволно.

Денес ја напуштив надбојата.Моите деца го загубија ликот пред мои очи,станаа недефинирани и аморфни,какви што ги знаев порано.Дали биле илузија или не,не фигурира во тоа дали ќе боли вистински силно или само илузорно.Затоа што боли,а самата верба во она кое го чека тригерот на времето и самата увереност во сигурноста на апстрактното утре,само не прави уште понемоќни да сфатиме дека утре можеби ќе биде подобро и без сигурноста на невидливиот или видливиот тапкач по рамо.
Сепак,пред да им кажам добра ноќ на сите нив кој го креирале Утре и да почнам со едно ново,не штети да им посакам барем добра ноќ,слатки сништа,љубов и успех.

А и да си го посакам тоа на себе...
 
Загубениот ангел


Беше топло попладне. Иташе по ридот полн со мернмерни плочи. За неа тоа беа уште една причина да биде тажна. Не ги познаваше, а сепак сочувствуваше со нивните блиски. Знаеше како е да се изгуби некој толку близок. Зошто мораше толку рано да замине?

Повторно светнаа тие очи. Полни со љубов, скршени од болка. Не можеше да оди пнатаму. Едноставно, не можеше. Седна крај неговата плоча. Го погледна датумот длабоко исклесан. Да можеше да ги избрише тие проклети бројки.

- Плачам... – му пиша додека тој веќе го завршуваше вториот дел од приказната. Не можеше сеуште да и` одговори. Со резерва гледаше на се`, после сета онаа болка што му ја нанесе љубената. Таа замина без да каже збогум. Тој се заколна дека љубовта повеќе не постои.

Повторно и` се стркалаа неколку солзи. Ги бакна врвовите на прстите и ја допре плочата. Ја почувствува нејзината студеност. „Се сеќаваш кога ми пиша дека ти значам? Ах колку сакам да се вратам тогаш и силно да те гушнам.“ – низ насмевка ги ронеше солзите. Посегна по шамивчето за да си ги избрише очите. Мислите ја сопреа. Се сети на оној дождлив ден кога таа седеше склопчена зад аголот, скршена од болка.

Готово... Му раскинав.“ Тоа беа зборови полни со чувство на вина. Но како можеше поинаку? Нејзината некогашна љубов веке се претвори во жртва. Немаше никакви чувства кон човекот во кој веруваше. За последен пат посегна по неговата душа. Потоа се згрчи и замина без збогум. Деновите се претворија во недели, неделите - месеци. Таа го имаше заборавено сето она што го чувствуваше кон било кого. Се претвори во уште една тула во ѕидот. Индиферентноста и студот конечно завладеаја.

И нему му беше тешко. Не ја познаваше ваква. Веруваше дека под дебелиот слој мраз сеуште чукаше срцето на некогашниот сонувач. И` пишуваше често. Сакаше да ја оттргне од сите тие мрачни мисли. „ Таа заслужува далеку посреќен живот“ – си велеше во себе.

Повторно посегна по своето шамивче. Ги бришеше солзите од лицето додека патуваше во сеќавањата. Испушти плачлив извик. „Зошто... зошто мораше да заминеш тој ден? Та нели беше среќен тука, меѓу своите пријатели. Пријатели...“ – и` одѕвонуваше тој толку мил збор, а толку виновен за неговата болка.

„ Не знам што би правела без тебе – му рече додека тој ги бришеше последните траги од минатото. – Многу ми значиш и те ценам како пријател, како вистински пријател.“
Беше среќен. Пријателите тој ги гледаше со други очи. Ги имаше... неколку... два-три. Не веруваше многу во луѓето. Но имаше потреба нејзе да и` верува. Таа на некој начин допре длабоко во неговата душа. Чувствуваше се` поголема исполнетост со секое нејзино присуство.
„Кажи ми за тоа твое ново момче“ – ја праша додека сета облеана во ентузијазам му раскажуваше. Таа беше премногу среќна... а и тој.
Се присети на тој момент и сега. Најсреќниот за обајцата. Можеби... да не постоеше сета онаа хипокризија и извештаченост кај луѓето. Тој беше среќен. Но длабоко во душата тлееше жарчето на скршените сништа. Се затвори во себе, надевајќи се на денот кога жарчето ќе го испушти својот последен здив. Посегна по перото. Почна да води некаков безвреден дневник колку само да ги оттргне мислите од неа. Но беше предоцна. Таа веќе длабоко зачекори во неговата душа.
И таа беше присутна во приказната. Не можеше да ја изостави. Се викаше Луција. Обична девојка во сосема едноставна приказна полна со клишеа. Не и` кажа. Не сакаше да знае што чувствуваше токму во тој момент. Беше лесно ранлив Не сакаше да му се повтори истата епизода. НЕ змаеше дали ќе го прифати нејзиното одбивање. Подоцна ќе и пише.

Таа ги допре листовите хартија што вирееа во нејзината торба. Исто како да беа живи, како тој да и` ги шепотеше зборовите во уво, додека таа безгрижно се кикотеше. Го извади купчето и го стави на студениот камен.
„Раскажи ми ја повторно приказната“ прошепоти, завршувајќи со плачлив извик. „Ми се доаѓаше како секоја вечер те слушав додека ми шепотеше за искрената љубов. А сега кога...“. Запре.
Љубов... Кога последен пат имаше почувствувано како љуби искрено? Не беше тоа тогаш, кога го имаше човекот во кој веруваше. Го немаше ни сега. И` зачука срцето полно со болка. Не можеше да го љуби. Немаше чувства, толкучисти, толку невини. Ги загуби упте многу одамна.

„Те молам немој да се почувствуваш навреден или повреден, но не можам да ти ги возвратам чувствата со иста мера.“.
Тој не беше истиот човек. Таа сега го знаеше едниот и единствен мотив зошто зошто тој и` пишуваше, зошто остана крај неа, зошто и` ја лечеше раната оној дождлив ден додека таа седеше склопчена зад аголот на собата. Тој неа ја љубеше.

„Престани да се однесуваш како да си ми маж!“
Не, Во ред беше што така изреагира таа. Тој едноставно не ги сфаќаше нејзините чувства. Неговата упорност често знаеше да ги премине сите граници. И` пиша дека ќе замине. Но едноставно не можеше. Сеуште немаше срце да ги остави сите оние чувства кои ги негуваше сето ова време. За прв пат, посака да не ја познаваше.

Ја собра сета светлина што зрачеше од него, сеќавајќи се на моментите кога шетаа тој ветровит ден. Посака да ја погледне земјата со неговите синозелени очи. Да ја почувствува сета таа љубов што беше присутна во неговото срце, сета таа возвишена топлина. Повторно го почувствува допирот на ангелот, кој изгубено талкаше во нејзината душа. Соништа без копнежи, полни со индиферентност и монотонија. Му пиша дека без разлика на се`, тој ќе и` остане добар пријател.

-„Едноставно чувствувам дека тука веќе нема перспектива“ – и` пиша, претчувствувајќи го крајот што се ближеше.
Се присети на деот кога за последен пат нивните погледи се сретнаа. Насмевката за која толку патеше, очи кои и` ја нудеа сета љубов и поддршка. За миг исчезна се`. Таа веќе не беше истата. Неговата болка конечно ги уништи сништата за кои се бореше последните година дена. Умре. Тој умре заедно со неа. Љубовта. Таа го отвори последното писмо. Ја чувствуваше неговата болка, неговата невозвратена љубов. Неговата смрт...

Најмила...
Не знам зошто по ѓаволите го пишувам ова писмо. Можеби затоа што сеуште постојат трошки од чувствата кои ги негував сево ова време, а сега се терам да ги заборавам. Верувај многу ми е тешко, посебно сега кога ја чувствувам љубовта како умира заедно со мене. Се обидов на било каков начин да ги зачувам сите оние прекрасни моменти, кои ме тераа да живеам од ден за ден. Но веќе љубовта е мртва. Имаше право. Едноставно не вреди да се бори за нешто што е минливо. Затоа не сакам повеќе да се гледаме. Бидејќи сретнувајќи те тебе, ја чувствувам истата онаа болка што ти ја чувствуваше кога го загуби оној кого искрено го љубеше. Заминувам што подалеку од ова место, што подалеку од сето она што ме потсетува на тебе. Те молам, потруди се на било каков начин да ме заборавиш. Продолжи го животот. Знам дека можеш, способна си. Ако некогаш наидеш на било што, што те потсетува на мене, не му придавај никакво значење. И за крај... те молам... вети ми дека ќе ја најдеш љубовта од своите сништа. Нешто за што ќе вреди да се бориш, за што ќе ги допреш самите ѕвезди, ќе бидеш ангел кој го нема загубено компасот на животот.
Збогум засекогаш најмила.

Го виде и датумот ма писмото. Се сети. Тогаш беше во прегратките на својата страст... Заслепеност. Колку тажно звучи. Да се биде ангел, загубен во сопствените сништа.
 

Го пушам последниот цигар и решавам крстозбор, стојат празни квадратчиња пред мене а прашањето е „производ на еманципацијата“, размислувам на момент и со насмевка си велам на сама себе, жените, не само оние модерните ладнокрвни кучкетини што своите сопрузи ги носат на невидлив електричен ланец, туку и на домаќинките што самите се имаат оковано.Тогаш се сетив на една интересна приказна која што ми ја раскажаа пред неколку години кога сакав да живеам на Менхетен и да носам Прада чевлички за една жена која што ја оставила љубовта на својот живот за да успее во кариерата.Девојката беше на моја возраст и во долга врска со дечко со кој што изгледаа како да се совршени еден за друг, јас искрено мислам и дека беа, еден ден како гром го извести дека заминува во друга држава за да заврши за странска диплома и дека не планира никогаш повеќе да се врати, интересниот расплет на околности е дека таа навистина успеа во намерата, но никогаш повеќе не се врати на нормалната среќна девојка која што сите ја познаваа.

Океј, стандардна приказна за вообичаен пар, таа ја остава кариерата и целосно му се посветува на сопругот и на своите две деца за на крајот во својата 40-та да го остави за згоден пастув кој што и покажал дека може да сврши додека има секс, а таа целиот свој живот мислела дека совршен ден е кога сите садови ќе бидат измиени, децата легнати, сопругот сеуште не се вратил од работа а таа има време да разгледа некој магазин што го купила од продавницата подолу на улицата.
Не можам да си помогнам, но и двете прототипа на жена во модерното општество ми се гадат при самата помисла, а не сакам да се венчам на 22, да изродам еден куп деца исто колку што не сакам да спијам со докторатот секоја вечер.
Тогаш се сетив, треба да го побарам решението на крајот од весникот и да видам кои се всушност продуктите на еманципацијата, но, комплицирана каква што ме дала мајка природа, имам тенденција да купувам списанија во кои нема решение на крајот.Fuck.

Океј, океј, може да се реши дилемата и не е толку тешко, станува збор само за неколку квадратчиња кои што во рок од 5 минути ми создадоа неверојатно тешка тегоба и ме натераа да го класифицирам сопствениот род, а како феминист веројатно не би требало тоа да го правам толку сурово, туку да разберам дека сите ние си имаме мотиви и сонови за своите избори, да, ќе го направев тоа да не бев премногу окупирана со тоа што ни направи таа еманципација, дали ни го зема она што треба да ни биде вистински свето, фамилијата, или ни даде слобода на избор, да можеме да живееме без деца и сопруг туку само со кариерата.

Потоа се префрлив на Анџелина Џоли во еден филм за вистинските жени, но сфатив дека имам грешка во толкувањето затоа што тоа се случуваше во временски период кога на жените за прв пат им дојде идејата дека треба да се борат за рамноправност па плодовите сеуште не биле зрели за да се оберат, исто како што тие вистински жени не знаеле дека нивите фигуративни ќерки ќе исплукаат се за што тие се бореле и на крајот во јаболката ќе виреат црви.

Секоја втора жена што ја познавам се бори со модернизмот во кој што живее или тврдокорно го отфрла.Научени на традиционализам мислат дека сопругот, децата и парите се најбитни се додека не ги изгубат, one way or another, па тогаш се претвараат во Амазонки кои што губат се не само сопругот или работата, она што е модерно е сега ин а јазот во нив ги јаде додека не им ги расипе сите внатрешни органи или уште полошата сторија, се решаваат на 45 дека треба да имаат деца а јајниците им откажале и ги сметаат за стари родилки ако воопшто можат да забременат.Оххх, мислев дека во овој мој свет треба се да биде полесно, јасно дефинирано и сите да имаат место, не теговите да си ја менуваат тежината и мажите да се претвараат во момченца а девојките во роб(оти).

Автоматизирани во релациите, навикнати на животот, целосно предадени на рекламата и пропагандата, тажни кога сме сами затоа што никој не не сака, несреќни кога сме во врска затоа што сакаат да не заробат и ни сметаат во кариерата, робови на се што се случува околу нас затоа што сме неспособни да размислуваме сами за себе.Се боревме за рамноправност не за деструкција, сакавме да бидеме ценети а не сами да се продаваме како да сме парчиња месо на ревија, сакавме да ни се слуша гласот а не тој глас да го користиме во продавница за обувки а не за воспитување на децата.Мислам дека жените сами си ја сјебаа еманципацијата или крајно, излеговме ептен расипани од неа, нели требаше да ги ставаме работите на вага и да се избориме за вистински живот со некој покрај нас, деца и работа со која што ќе бидеме рамноправни, да, не исти, никогаш исти.Мажот по биологија е маж, а жената е жена.

Престанавме да им робуваме на мажите за да почнеме да им робуваме на рекламите и трендовите, колку и да сме способни и интелегентни требаше да знаеме дека еманципација е свесност и правење промена, не уништување на она што ни е свето и предавање на она што не вреди.Но, што знам јас, не знам дури ни да си го решам крстозборот како што треба затоа што не знам како да ја опишам современата жена.Домаќинки, куварици, кариеристки и садистички кучки, што побогу имаат заедничко, роб(оти), прекрасни, роботи.
Се во едно не е само изрека, барем сфатив што е вистинска жена ако не друго, онаа што ќе го работи она што го сака и успат ќе ги порасне децата со сопругот од десната страна, можеби сум старомодна, ама хеј, Викторија ја водеше Англија и пак и успеа. :)
 
Поминав денес покрај моето основно училиште.Минам од таму секој божји ден ама денес ми се чинеше како да поминувам од таму по доолго доолго време.Го погледнав дворот.Речиси се е исто.Со минимални измени во архитектурата и други лица расфрлани по него.Подзастанав малку,за дел од секунда и ме облеа неопишлива носталгија.Не копнеам да се врати времето назад,никогаш и не сум го правела тоа, но за момент во мислите се вратив назад.Добив некое чуство на исполнетост, на задоволство.Убаво е да бидеш дете.И јас бев дете.Бев најдолго што можев.Не ми се розеви спомените,во никој случај а сепак ги сакам.Не бев ни мамина маза ни татина принцеза,не бев популарна во школото,не ме сакаа многу луѓе, а и не ме мразеа што не носи никаква утеха.Во трето одделение ми удрија бокс кој ме кутна на земја.Во второ добив 1ца по латиница, прв и единствен пат во мојот живот кој ми падна многу потешко од боксот,бидејки неуспехот ми е непростлива работа кога се работи за мене......
И сепак,колку беше убаво да бидам дете.Не е детството безгрижно како што го опишуваат но има некоја магија во таа наивност на детските години.И апсолутно нема изговор за да се прескокне овој период.Тежок живот,лоши услови,неправди,ситуации....ништо.Нема оправдување никакво.
Жал ми е што периодот на младост ми пројде толку брзо.Хех се разбира дека не сум стара,мислам на тинејџерските денови, на таа луда младост која во себе носи доза невиност и наивност неизвалкана од детството.Се обидувам како давеникот што се обидува да ја фати сламката да го задржам и продолжам тој период.Понекогаш ми изгледа дека успевам а понекогаш дека е бесцелно.Сепак стои тоа чуство дека не е како што треба да биде...
И покрај се...убаво е да си дете.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom