M
marsovka
Гостин
Додека седев затворена во својата соба и разгледував една страна на Вистината со детска фасцинација, се појави сенка на ѕидот, полека се формираше слика на младо момче со мрачен сјај во очите.
-демону?! Мислев дека си нашла друга жртва дека ме напушти, дека живееш од душата на друга робинка.
-јас смртна жено сум те напуштил, не ти ме напушти, ти никогаш не ме повикуваш, не повеќе ... не ме бараш , ми се лизгаш од рацете и дозволуваш смртни мажи да те имаат.
-знаеш дека откако ти се појави тука во мојот свет, ниеден маж не ме допрел. Никој не ме бакнал. Никој го нема вкусено моето срце.Ниту ја има допрено мојата душа. Моето тело, душа и срце те чекаат тебе да се материјализираш, да завземеш тело на смртник...зошто секогаш ме обвинуваш и измачуваш вака.
-зошто никогаш не ме повикуваш?зошто не ми го дадеш твојата душа и ќе прекинам да те измачувам .
- не можам да ти ја дадам мојата душа
-зошто?
-затоа што ти треба да ме бакнеш за да ми ја земеш душата, а немаш материјално тело за да ме бакнеш.
-тогаш умот? дај ми го те молам, дај ми ги мислите твои .
-не можам , треба да ме погледнеш со твоите смртни очи а не демонски кои ме плашат и сакам да ги заборавам.
-дај ми го срцето ? а потоа ќе прекинам да те измачувам дури и ќе направам да се осеќаш ко принцеза.
-не можам , ти требаат раце за да ми го земеш.
-Проклета да си , како да ти верувам дека си моја кога неам делче од тебе . Ме лажеш си играш со мене , што треба да направам за да те имам .Те сакам цела.Сакам да те поседувам и да ми бидеш мојата најскапоцена играчка.Што сакаш кажи за да те имам...
-Сакај ме и дојди ми во тело на смртник една вечер и љуби ме како ниеден маж досега.
-бараш премногу знаеш дека тоа не го можам, дека сум заробен во тело на смртник.
-знам , ама само така ќе бидам твоја и тогаш ќе го имаш срцето, умот и душата моја , телото мое и онака само на тебе припаѓа.
-добро чим така, кога ќе одам на пат кон пеколот ќе застанам за да те посетам, ќе ти ја одземам и уништам душата, ќе ти заматам умот и на крај ќе ти го ископам срцето. И додека крвариш ќе водам љубов со тебе. Ќе те направам обична празна школка без душа, ум и срце. Обична марионета на мојата господарка Лилит. Зар толку сакаш да водиш љубов со мене дури и по оваа цена?Знаеш можеш да се предомислиш.
- не се предомислувам, те посакувам .Очајно.
-зошто? Можеш да имаш друг маж кој ќе те сака и кој ќе води љубов со тебе а ништо не мораш да му дадеш за возврат .
-затоа што ти ги имаш клучевите од ковчегот на моите тајни, најскапоцените работи мои се таму заклучени, без нив сум ништо.Подобро лушпа, марионета отколку ништо.
најтивко во себе прошепотев:
-ти си мојата инспирација
Утрото дојде и го растера демонот ,мојот господар бега од светлината.
Собата повторно стана светла. А јас и се вратив на Вистината.
Инспирацио моја се гледаме утре, посети ме пак макар и како сенка.