Прозни искри

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
How soon is now?

Reaching out for the days that passed by. Hold another breath beneath the endless sky. Watch the sunrise as it sets the roofs on fire, and feel the coldness and freshness that the dark-blue, loud ocean waves make while an old boat is rocking near the cold and sharp rocks.
And only one thought on my mind. How soon is now? Is there a way to see the present without touching the unforgettable past and without killing the chance of unpredictable future.
 
I'm safe, up high, nothing can touch me...

Да, најбезбедна сум, со милион ѕидови, наоѓајки се во мојот свет, гледајќи се од мојот идеален розов свет, плашејќи да се симнам со две нозе на земјата и едноставно да го зграпчам она што го сакам. Но, не. Како така. Така би морала да ризикувам, така би морала да влетам во непознато, така би излегла од мојот совршен свет, каде што никој не ме одбива, каде што никој нема да ме повреди на никаков начин. Како тоа јас да покажам дека нешто чувствувам? Ма никако. Вака сум си безбедна. Безбедна, а празна. Затоа што не ризикувам и не се обидувам. И секогаш онаа слика за мене за малото, плаво, насмеано девојче кое е непобедливо, кое не се замара со ништо, не се замара со љубов, не и треба никој. Ха. Ха. Ха. Hilarious. Дури и да не ми се плаче, би се згазила од смеење.

Многу убаво го кажува тоа Бора.
imam svoj mali svet, i oko njega kineski zid.
И нормално, потоа следува...

Miss Independent,
Miss Self-Sufficient,
Miss Keep Your Distance,
Miss unafraid,
Miss out in my way,
Miss don't let a man interfere, ohh
Miss On Her Own,
Miss Almost Grown,
Miss Never Let a Man Help Her Off Her Throne

So... by keeping her heart protected,
She'll never, ever feel rejected
Little Miss Apprehensive,

Кога би го тргнала оној став дека сама себе сум си доволна, можеби, само можеби и нема да го имам овој бес и лутина кон сама себе. Да, секако, јас сум miss independent, секако. А се, само заради глупавиот страв и недостиг на самодоверба. И страв да не бидам одбиена, мислам хелоу! Немој некој да и засмета на супердевојката, немој некој ни да помислил да сака нешто, пошто она и онака не верува во тоа дека некој сака да биде со неа, па полесно и е да си прави филмови дека не ја свиѓаат, отколку навистина и да проба нешто.

После толку многу грешки и утки нормален човек би разбрал, би сфатил дека крајно време е да престане со прикривање емоции, со вртење кругови. Ама не! Она е Бриџит Џонс. Мора да биде комплицирано. Мора секоја е*ана работа да ја зезне, мора да ги повторува истите грешки одново и одново, викаат Повторувањето е мајка на знаењето. Ама барем да знаеше арно ќе беше.

I'm not calling for a second chance
I'm screaming at the top of my voice
Give me reason, but don't give me choice
Cause I'll just make the same mistake again

И не, не сакам да го вратам времето. За било што во овој живот. Затоа што и по втор пат да ги проживувам истите ситуации, ќе ги направам истите грешки. И не. Не треба никој да ми дели совети. Знам точно каде грешам. Знам точно каде се моите грешки. Ама баш до секој детал. И сите мислат срамежлива. Е не е! Сите да си знаат. Не е. Само се плаши, се плаши да не го изгуби тоа супергрл, се плаши, како после ќе биде онаа што не се замара со ништо?

Ни Фројд не може да ме изанализира, не пак некој друг.

И да, колку прекрасно би било кога би го доживеала ова

Dobro je kad u zivotu
za nesto se boris, rukama stvoris
dobro je kad u zivotu
nekoga volis, neko te voli

Dobro je kad u zivotu
neko te sluti ti nekoga slutis
ali je nabolje kad u zivotu imas nekog
s kim mozes ovako da sutis

Ама не! Нема, нормално дека нема. И јас сум си крива за се и си ги прифаќам сопствените порази и ќе си ги носам. Ќе бидат моја тежина. И за таа тежина ќе знаат само овие 4 ѕида од кои го пишувам овој глупав текст, овие бесмислици кои ни јас најверојатно не си ги разбирам.

И покрај се, сепак кога ќе биде меѓу луѓе... then she'd laugh the night time into the day, pushing her fear further long и нормално...

And then she'd say
It's Ok, I got lost on the way, but I'm a supergirl and supergirls don't cry
And then she'd say
It's alright, I got home late last night, but I'm a supergirl and supergirls just fly

Пф! Да! И ќе си продолжам да ја ставам маската на супергрл, ќе продолжам да се смеам ко да не ми е ништо. Животот е убав. Еден дел од него очигледно ќе морам да го заташкам некаде во подрум, духовен подрум и да заборавам на него. Затоа што со ова мое однесување - тоа и го заслужив.

I tried my best to be guarded, I'm an open book instead...

И не, никогаш нема да се каам што сум отворена, нема да се каам што многумина го злоупотребиле тоа! Ич. Тоа сум јас. Јас немам проблеми со тоа што сум, иако на моменти ми се иде да се искршам сама себе од ќотек. Како на пример сега. Но, не сакам никаква друга улога, ич. Таман се навикнав на оваа и ќе си ја доиграм до крај.

Maybe a part of you has died
Because you keep it all inside
Is it hard to keep that smile on you face
It seems no matter what I do
I just can't get through to you
But I always know where to find you

In your perfect world
Where there's no one to blame
No one can hurt your feelings
And you don't feel no pain
Everybody loves you
And nobody gets burned
As long as you are living
In your perfect world

Некогаш помислувам дека целиот, ок, скоро целиот живот можам да си го објаснам преку песни, па затоа што всушност, со зборови тешко малце. Или барем не звучи толку добро како што оди тоа преку песни.

И со негативната енергија и бесот кој го осеќам моментално, кој се јави ничим изазван од никаде, мислам дека атомска бомба може да се состави. Да. Преувеличувам. Затоа што ми се може и затоа што е ова мој текст.

Fucked up сум и тоа го признавам конечно!
И сега ќе продолжам како и до сега, а во меѓувреме ќе си пејам и не можам да разберам, а барам одговор.

И жал ми е што не може да се тргне тоа Love од Crazy in Love. Затоа што љубав овде више не станује. И тоа одамна. Отиде да бара подобри времиња. Се сомневам и дека во скоро време ќе затропа на моја врата.
И нека ме остават да бидам малку негативна, затоа што сите пукаме од време на време. А ова е моето време.
 
Бесцелно талкав по улиците, разочарана, изгубена... Одеднаш не можев да се мрднам од место. Не од шокот што го видов,туку затоа што не видов ништо.
Омразата лебдеше во воздухот....... Се чувствуваше болка, бес, тежина...
Набргу сфатив дека сета таа омраза, сиот тој бес извираа од мене, од секоја моја пора, од секоја моја мисла, од секој мој здив..Бев решена отсега јас да бидам таа што ќе гази, а не таа што ќе биде газена. Тоа беше чувство непознато за мене, чувство поради кое потта ме обливаше и чувство кое ми даваше моќ. Моќ и желба да опстанам. Станав дел од оние....... Од ден на ден растев и градев стратегии за опстанок, стратегии со кои уништував туги животи и си го расчистував патот кон успехот. Мојот живот беше една голема маска, која ми даваше сила да продолжам да се борам и да ги следам моите стратегии. Прво ќе се насмеев, потоа ќе наместев сложена насмевка,за на крајот....Конечно на крајот,да успеам да сфатам дека се смеам со лицето на чистата тага и омраза...Конечно го поминав лавиринтот кој се криеше во мојот ум. Ја решив најтешката равенка, ја спознав смислата на животот. Сфатив дека јас повеќе не сум човек, туку робот. Сфатив дека моето лице беше скаменето со вештачка, неискрена и злобна насмевка. Бев извајана од злобата. Во главата ми поминуваа сите мои злодела, ме измачуваа, ме прогонуваа. Но и ми дадоа на знаење дека подобро е да си никој и ништо, сиромашна, бедна, но среќна и опкружена со луѓе што те сакаат отколку да си богата, успешна и сама. Тој ден смени се, поточно ме смени мене. Сега една искрено подарена насмевка ме исполнува, ми го разубавува денот.... но сепак, за мене е веке предоцна. Сеуште сум сама. Злото што го имав нанесено е претешко, преголемо...
 
...:::Ѕвезда:::...

Секој човек е ѕвезда.
Катаклизмично се згрчуваат сите ѕвезди во едно малечко соѕвездие на волци, мускулите ја ограничуваат болеста на умот и тивко умираат луѓето во животинско, влакнестата кожа.Проколнете и исплукајте ми ја мислата што потонува и се возвишува во истото демонско време, молба за паднатиот ангел, авариел без крилја.Мртов мозок без луцидни клетки.

Секој човек е проклета ѕвезда.
Ги рушам кулите што ги изградило моето тело за да можам да дишам чист воздух за да се прободам со посветен нож, ја сечам утробата, а таму цвет.
Пупка на недораснатата невиност, што треба вистински, илузорно и вкоренето да биде прифатена, мили богу на Светлината, зар да се обидувам јас од сите да си ги прочитам знаците на почетна шизофренија.

Ѕвезда.
Ги бакнувам малечките светли очиња во умот, ги барам во ноќта што ги штити страдалниците и кршам коски за да биде се уверливо, ми мине низ умот потребата за иронија и нејзиното значење.Пуф!
Умираат и оживуваат, се раѓаат и се задавуваат новороденчиња во светиот Нил полн пожртвувани.Ариевци и Евреи, да се обележам со најсветата свастика.Молк!

Секој од нас е ѕвезда!
Деструкцијата ми треба како апче за глава, ѕвездите се преработуваат и умираат.​
 
Кактус

Кактусот е едно специфично растение. Опстануе на голема температура. Не му е потребна многу вода за да преживи. Но пак неможе да опстане во студено. Тоа не е совршено. Исто како и мене. Ништо не е. Ти ? Не не ни ти не си совршена. Ни ти не си без мана. Ни ти не си кактус. Ти си само човек. Не барам од тебе да се откажеш од човечкотот и да бидеш кактус или било што . Барам само да ме сакаш. Барам многу ? Можеби да. Ќе видиме.
 
Драгиот мој веќе одамна ја имаше заборавено причината за отсуството на мојот дух.
Всушност тој и не сметаше дека постои како таква..како секој горделив,егоцентричен мажјак поубаво му беше да се лаже дека јас негував пепеласто горчливи намери во врска со се` живо кое неизмерно ме даруваше со љубов.
Инаку..тој не веруваше дека јас можам да сакам. Беше убеден дека со рацете и срцето создавам таков пекол што е невозможно,затоа што носев живот во мене..а тоа беше повеќе од шовинистичка агресија добро поткована во тромо машко тело.
Не ми беше редот да воспоставувам добра основа за понатамошна битка..па седнував смирено додека некој незадоволен си ја исфрлаше анксиозноста секој ден,истото време.
Додека животот во мене даваше знаци на активност..животот до мене..правеше се` за да го уништи истиот.
Како некој со остар нож да ми поминуваше низ утробата додека градот молчеливо си ја туркаше работата..и не насетуваше како едно уште незапочнато мајчинство се руши во рацете на еден ѕвер.
Самата избирав да градам трпение таму каде нема можност..се одзивав на повик кој и на сон и на јаве ме измачуваше со својата кревкост и големина.
Девет месеци во темна шума од дисхармонија..девет месеци во страв и панични напади,мислев ќе бидат.
Визиите и мајчинската интуиција кои говореа проштевање многу порано..ги тапкав со совршен превој од надеж за да си измамам насмевка,која траеше долго..се дур мојот сопруг не ја струполеше својата тежина врз нежноста која Господ ми ја дарил.
Бев како пиле во груба човечка рака кое плашливо трепери..и папсува при секој допир,со причина. Јас ја знаев..додека машко месо ме растегнуваше и риеше со своите заби во мојата кожа,ја знаев кога доживеав спонтан..ја знаев,немаше корист да ја знае и тој.
Затоа што и не можеше..беше во служба на најдолните нагони.
Полужив а беше помал од обична прашинка.

Јас полумртва со милион причини во раце..но ниедна доволна.
 
Бел камен.

Те гледам камену бел. Далеку си. Зад ридовите.Светиш. Сјаеш . Но не можам да допрам до тебе. Не можам да најдам начин да стигнам до тебе. Има многу препреки . Трња повисоки од планините, жив песок подлабог од реките и ѕверки поголеми од двјата. Како ли да ги поминам само.Ти ми даваш храброст. Ти ми даваш сила. Ти ми даваш надеж. Но ти си само еден камен. И не би ризикуел за да те видам. Не си толку вреден камену. Па затоа остани во бескраноста и биди мистерија нерешлива.
 
„Иако знам дека постојам, со душата полека се губам. Далечината станува мојот дом, а илузијата, моја иднина. Од секое натажено око се стркала по една сува солза. Полека но сигурно ја губев свеста. Нивните гласови останаа само тивки, нејасни звуци. А тие звуци ми создаваа некоја неподнослива болка. Болка која ме натера да се приклучам на неколкуте растажени лица и сам да заплачам врз мојата несреќа.
Отровот течеше низ моите вени. Смртната казна беше извршена. Токму пред засекогаш да ми згаснат очите, си помислив: „Можеби сепак требаше да ја силувам пред да ја убијам“...“

*****************************
Зборови кои се врежаа длабоко во мене откако се поврзав со духот на еден ладнокрвен убиец. Да, јас бев медиум. Медиум за духовите.
 
Од моментот кога липањето ми стана начин на дишење, а замаглените очи причина за диоптерски стакла, животот почна да се менува. Липите во градскиот парк почнаа да го губат својот мирис, или кога ќе го имаа-потсетуваше на жолто. Покрај липите и нивниот чај, жолтото ме потсетуваше на мајка ми и нејзината жолта блуза и хистеричен глас.

Кога животот не ми даруваше многу пари, се тешев дека сум здрава и барав повеќе. Киселината во желудникот секој ден ме корнеше веројатно како предупредување за срушените коцки што сакав да станат. Секогаш ги заривав моите долги убави нокти во ѕидовите од зградите, но дури ни физиката не ми одеше во прилог. Густината на цементот била поголема од онаа на ноктите и не можев да се одбранам. Дури ни од зградите.

Така сфатив, дека кога не можам против зградите, не можам ни против луѓето... Густината на мојата добрина е помала од онаа на злобните души и еден ден, а тоа е денес... ќе ме скрши.
 
Вечерни контрасти...

1. Емоционален притвор...

И што после се? Што кога стануваме имуни и рамнодушни на човечките допири, на искрените прегратки? Кога истите оние личности во чија прегратка сме трепереле, одеднаш се причина за наша несоница, наши солзи? И после тоа нормално, незибежно се јавува страв... Страв да не се повтори истото, па истото... И одеднаш, дури да трепнеме со око, срцето ни се скаменува, а ние самите стануваме роботи, заробени во кафез изграден од нашите чувства... Сами сме, не ни треба ничија прегратка, ниту зборови на утеха... Се што сакаме е да сме сами... Но, дали е навистина така? Дали начинот на кој делуваме за надворешниот свет реално ја отсликува бурата која длабоко во нас ни пакоси и го уништува и последното нешто за кое копнееме, за кое живееме? Нормално дека не... Но се е тоа дел од оној автоматски одбранбен механизам кај нас, да создадеме лажна слика пред другите за да не не' видат повредени. Па добро, некогаш и подобро е така... Но треба да сме свесни дека и на тој начин ризикуваме да изгубиме нешто друго... Ризикуваме таа една, вистинска личност за нас, која не' чека некаде далеку (па и блиску нека е=)), да не не' запознае онакви какви што навистина сме... А со тоа и да не не' засака онакви какви што НАВИСТИНА сме...

2. Само ти...

Еве ме, во уште една од оние ноќи кога срцево неуморно и во ритам игра, кога мисливе несвесно се навраќаат кон нашиот последен заеднички провод... Но не само оваа, туку и секоја ноќ, истото па истото... А сето тоа во мене предизвикува (не)познат немир, желба да сум, но и гнев што не можам да бидам со тебе, да ги споделам и овие моменти со твоите, да ти ги искажам лично чувствава кои сега ме тераат да го пишувам овој текст... А нив ги има многу... Толку многу што не би знаел од каде да почнам. Но знам дека причина за сите нив си ти, и САМО ТИ! Или поубаво кажано, твоите очи, кои моиве ги гледаат како извор на топлина и искреност... Или твојата насмевка, која секогаш ја извлекува и мојата, дури и кога е во најдлабок сон=). А што да кажам за твојата прегратка и допир, во кои моево тело секогаш го наоѓа својот храм, својата идила... Или пак твоите усни, кои моиве ги доживуваат како нешто најсвето, нешто што бесконечно се посакува, по што бесконечно се копнее... Затоа, дозволи да прекинам со набројување тука, зашто сметам дека доволно го отсликав она што би сакал да го знаеш: дека причина за моиве мечти, соништа, копнежи, насмевки, и се' она што сум јас моментално, си ти мила моја... А јас? Само би сакал така и да остане...=)
 
Знаеш дека си двострано суштество?
Бре будалче!
Кај тебе нема црно,нема чисто бело.Се е некоја мешавина..
од една страна/од друга страна..уу да,само вака би ставила една добра слика за твојата личност.И вртам секој ден по еден нов лист..хах..обидувајќи се да напишам нешто за тебе.Но не те опишувам.Па тоа зарем е тешко?Не.Воопшто не е тешко да те опишам.Можам да да напишам книга во неколку делови за тебе..а не те познавам..
:)Те немам никогаш видено.Каков си?Личен или просечен..или не многу убав?Еј не грижи се,не ми е важно..јас и онака не те сакам.Јас..ти се воодушевувм.Ти се восхитувам.Секој твој збор е совршен..секоја порака..па и сето тоа ми ја исполнува кантата со листови..тенки бели листови.Па и ова е како нов лист..како и секој останат последниве денови што го пишувам..но разочарана сум.Неможам,моите зборови не се толку моќни..Будалче,зарем може било кој збор да е доволно добар?Доволно точен.Хаха..будалче..не може:)
Затоа ми се исполни кантата..ништо не е доволно добро..
Еј,утре имам тестирање.Да де,тоа,од што сите се плашат..ама немоам да учам..правам уште еден обид,не дека очекувам добро да е..
Не оди на добро работава.Не ја слушам Bella's lullaby без причина..како твојата душа,твојот дух да го има во песнава..Незнам зошто ја слушам.Најверојатно се чувствувам отфрлено.И тебе те нема..пусто е..не те сакам..но чудно ми е..
Јас навистина сум сигурна во една работа:Не те сакам!Само..има нешто кај тебе кое прв пат го запознавам..чудесен си.Но сепак не те сакам..:toe:
Кога се надеваш за нешто..на кое уште не му се гледа почетокот а веќе му го гледаш крајот,знаеш како е?Бре будалче..знаеш?
Знаеш ли колку пати се обидов да напишам нешто за тебе?За да се испразнам..
Незнаеш ништо!Еее,будалче,дури и сега кога го читаш ова не си свесен дека е за тебе,нели?:)А сепак..супер си:)Бре..ти се восхитувам.Воодушеена сум.
А ова чудово..текстов..па да беше љубовно,за некој што го сакам..лесно би било.Ама не е,па изгледа затоа тешко ми е нешо нормално да составам..ни јас не сум сигурна што се случува..
Абе батали!

Прозни искри?Не бре..само тука најубаво му е на текстов.
 
Грдото пајче...

Си беше еднаш едно грдо пајче...Не знаеше да плива во езерото, не знаеше да се снајде во толпата лебеди, не знаеше да плива како што треба, не знаеше како да ги контролира своите перја. Грдото пајче секогаш беше молчаливо, со страв да испушти глас. Знаеше само да пушти река солзи кои беа секогаш пречекувани со смеа, никогаш со разбирање. Никогаш. И плачеше за ниските оцени добиени за лошото замавнување со перјата. И за тоа беше дочекувано со смеа. Никогаш не доби трошка разбирање. Се што сакаше е топлина, тоа наиде на студенило. Грдото пајче се уште се труди и се бори со дивите и нескротливи води, се уште...Но е само, осамено и сиво...Се изгуби гракањето при изгрејсонцето, насмевките при зајдисонцето.
Но... тоа е судбината на грдите пајчиња. Тоа е. Само во бајките тие се претвораат во лебеди, прекрасни, грациозни и полни со себе. Во оваа приказна, грдото пајче продолжува по осамениот тек на реката, гледајќи го својот одраз во неа, тој одраз кој боли...Реката добива и солена вода од солзите кои течат. Солзите кои сами паѓаат и сами течат.
Срцето и душата се полни со дупки....нема да се најде храбар јунак да ги сошие. Понекогаш неколку лебеди ќе бидат тука за да го дигнат и да му помогнат на пајчето да продолжи, но на крајот од денот, нема никој. Никој кој ќе го разбере и сака. Единственото нешто што тоа грдо пајче го сака. Ништо повеќе, ништо повеќе...
И не, во оваа приказна, грдото пајче ќе остане грдо. Тоа е неговата судбина. Не можат сите да бидат лебеди... мора да има и понекое мало, сиво, неубаво за око...кое едноставно нема да биде прифатено зашто што емоциите го преовладуваат и затоа што не знае да се снајде во езерото, реката, морето, како сакате...
Грдото пајче ги гледа зајдисонцата и посакува наредното утро да се разбуди како лебед. Но треба некој да му објасни дека лебед се раѓа, не се станува преку ноќ.
Во секој може да се најде убавина, освен во него. Нели, сите бегаат од грдите пајчиња, сите ги запоставуваат грдите пајчиња. Затоа што се неубави, затоа што се патетични и затоа што едноставно....не се лебеди.
Вечерва грдото пајче беше во друштво на лебедите. И сфати дека едноставно нема никогаш да биде лебед. Сфати дека залудно ја убедуваа дека го има тоа во себе кога го нема. Грдото пајче...не треба ни да се чита оваа приказна, кога и онака секогаш грдото пајче е невидливо, не постои и едноставно не заслужува ни трошка внимание.
 
Ова е првиот ден од остатокот од мојот живот.
Излегување од Maryland со сите тркачки коњи, белузлави самовили и неколку видови на ролеркостери и вртелешки во магично виолетова боја.Приказните се создаваат под трепките и под прстите, очите широко се отвараат и секоја боја од спектарот околу зеницата се растопува во просторот, се шири мирисот по топлината на телото, соновите се пакуваат во правоаголни коцки и се ставаат на stand by во најтемниот агол од плакарот кој што никој не го отвара.

Лицата остануваат безимени, се забораваат и повторно се наоѓаат кога воздишките и комплиментите не се повеќе вистински.Минатото се закопува во чест на новиот живот што треба да се одигрува на сцената и единствениот токен кој што може да се добие е оној за успешно пребродување на кризата.

Нови ѕвезди и нови супернови, во умовите што се претопуваат, нови мисли и нови логични закони кои што го менуваат текот на функционирањето во глобалата на сите домени и нишки, полиња спремни за растење жито и трскот.
Вљубена тага под моите потпетици.

Ash to ash
Dust to dust
Fade to black...
But the memory remains
Faded prima donna

Dance little tin goddess dance.
 
Нешто што некогаш, некаде и за некого е запишано...

„ ...Ја држев во прегратката додека таа плачеше. И` ги бришев созлите со скршена насмевка. Посакував никогаш да не ја познавам. Но предоцна беше. Таа веќе го чекореше патот до мојата душа. Сакаше да остане внатре, да си игра со моите чувства како мало дете со своите омилени играчки. И мораше некогша да престане. Таа ги бришеше последните солзи додека ја чував. А потоа замина оставајќи ги чувтбата расфрлани внатре. Ме погледна за последен пат и исчезна. Посакав да не се врати.“
„Плачам“ – се јави сосема непознат глас.
- Немој, тоа е само приказна - пробав да го стивнам со утешни зборови.
- Но прекрасно е... – ми возврати.
- Најобична приказна. – повторив.
- Ми се допаѓа како пишуваш – одѕвонуваа зборовите таа ноќ додека се трудев да заспијам. Оттогаш патешествието започна.
Некој ќе рече дека не требаше да се качам на тој воз. Но дали вреди да се седи и чека? Понекогаш за да постигнеш некоја цел, треба да ја фрлиш коцката. И ја фрлив. Не очекував толку брз одговор од неа но очекував некаков.
Ја познавам малку од поодамна. Можеби беа неколку зборови полни со љубов кон саканиот, но тие зборови опишуваа голем дел од неа. Ми се допаѓа нејзиниот начин на размислување. Таа е сонувач – романтичар Ги сака бакнежите, прегратките, но најмногу од се` сака кога некој ќе ја разбере. Се сеќавам кога еден ден дојде целата расплакана.
- Тешко ми е... те молам помогни ми...
Откако ја прегрнав со утешителни зборови ветувајќи дека може да ми верува, таа почна.
- Се сомеван во мојата љубов кон него. То е многу добар со мене но чувствата ме влечат кон друг. Не сакам да биде повреден затоа што не го заслужува тоа.
- Во ред е – помислив – но дали си спремна за чекор во кој го гледаш можеби крајот на едно пријателство?
- Не знам.. се плашам... – се стегаше внатре.
И јас се плашев... Иако знаев дека ќе дојде денот кога нивните погледи ќе се разидат, се плашев за неа. Таа сеуште беше млада и кревка. Што ќе се случеше ако... и се случи. Таа беше скршема од човекот во кој веруваше. За последен пат ја покажа душата на тацна додека тој ладно ја погледна. Потоа се згужва во својата студена маска. Познавајќи ја, претпоставував колку и` беше тешко сите тие месеци поминати во болка која и` ја гризеше душатаа од ден за ден. Иако ја имаше ставено маската на недопирливоста, сепак длабоко во нејзината душа тлееше пламенот на некогашниот сонувач. Таа сеуште се надева – помислив.
Некој ќе рече дека сум идиот што не сум ја искористил шансата додека била сама. Би го прашал: Од кога во искрената љубов постои правилото – по секоја цена? Зарем повторно да пати? Го заслужува ли тоа?
И јас сум сонувач. Ги сонувам моментите кога погледите ни се сретнуваат, коа таа е среќна, кога насмевките ни се едно. Ги чувам тие сништа внатре во срцето, да го топлат кога студот ќе завладее. Ќе речете дека сум егоист. Не... и да и споделам до најситните детали, тие сништа нема ни оддалеку да го имаат тој ефект кај вас. Тоа чувство не се раскажува. Се доживува...
И денденес таа сеуште е присутна во срцето. Среќна е, насмевната, погледите честопати ни се сретнуваат. И не помислувам да ја прашам дали ме љуби. Не е битно се` додека јас ја сакам. И не верувам дека некогаш ќе престане да биде сакана од нејзиниот добар пријател.
 
За некого од некого.

Така одам јас по патот прав. Сам. Немам никого со кого ќе можам да одам. Немам некој вистински со кого би можел да идам. Некој што би можел да верувам за да одам по патот.
Сум веруал на многу личности ама бев изневеруван. Но можеби и не треба да верувам никому. Мислите ли таке е правилно ? хмм... но тоа не е убаво. Мора да се има личности на кои мора да се верува. Мора ли ? Не знам. Премногу сум фустиран периодов за да можам да размислувам, збунет сум.
Ме излажаја. Тоа е проблемот.
Ме излажа личноста на која највеќе и верувам и и кажував се. Буквално се. Немаше нешто што не знаеш за мене. А ја мислев дека и таа ми кажува се. Сум живел во заблуда, во заблуда.
Имаше нешто што ми кажуваше дека може да бидем изневерен и дека ќе продолжам пак сам по патот.
Ќе ги држам сеа отворени очите кога ќе одам бидејќи не се знае што ќе пропуштим одејќи.
Можеби уште некој лицемер...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom