Прозни искри

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Многу сакав,проклето многу сакав да знам,со сиот жар на млад човек што стои на праг на животот..како лесно се бега од нечиј живот.
Како се откажува,како се заминува..
Кога се одлучува,како се сопираат емоциите? Како се оддржува душата?
Зошто,знаете..мал милион пат сум се обидела да го сторам тоа.
Ама секогаш се враќам на состојбата пред дефинитивната одлука..секогаш и без некој да знае дека сум заминала,среќно се враќам,велејќи нема потреба да се оди.
Кога веќе јас не оставав,осамнував оставена.
Голтав и грст храбрости за да хранам нечие отсуство.
Како ли јас да заминам..кога просто знаев,кога толку добро чувствував дека сум непосакувана,непотребна?
Изговори,слабости,негодувања.
Оправданија,наивни мисли,слаба волја.

Кога,кога ќе добијам крилја своеволно да заминам од туѓ,а да престанам да бегам од својот живот?
Кога..?
 
Силниот ветер немилосрдно ги корнеше листовите од околните палми. Неколкуте јахти и чамци кои беа врзани на старото пристаниште, се удираа едни од други. Месечината се беше загубила позади темните облаци кои го беа окупирале целото небо.
Морето беснееше, а ние седевме прегрнати на клупата на фантасично средениот кеј. Се’ беше мртво. Само нашите срца ја разбиваа таа монотона темнина, а само нашите мисли не’ правеа отпорни на ветерот и самотијата.
Клучот од хотелската соба заврши некаде на дното од морето. Клупата се претвори во кревет, а јас и ти постанавме едно.
И само неколку месеци подоцна повторно седиме на истата клупа, овој пат со клучевите од новата куќа. Клучеви кои се сигурноста на нашиот непланиран, заеднички дом. Дом кој за само 5 месеци ќе биде исполнет со плачот на две мали близначиња.
Таа бура засекогаш ќе ми остане во сеќавање а со неа и вербата дека после такво невреме следува божествен благодет.
 
Еј..?!?!
Немој..знаеш дека си имаме договор со љубовта.
Молчиш ти,молчам јас..зборува тишината.
Предизвици билион. Искушение ниедно.
Ме познаваш,така?
Секоја солза ја имаш сопрено..секој чекор следено.
Старци на клупа..се држат за раце,се држиме и јас и ти силно како староста.
Пееме на полна месечина..среќни како степски волци.
Ме разбираш,нели?
Мора да ме разбираш..твоето детство беше исто како и моето,твоите очи гледаат во ист правец..твојата нежност е совршен спој со мојата.
На твоето лице се чита најубавата карта..целото искуство пренесено на длабок израз на потреба..длабока потреба од силна прегратка на крајот на денот,кога се` се сведува во едно.
Како Јас и Ти..речиси без зборови..
Како Ние..под ѕвездено небо.
Како што уште?
Неискршени прозорци,на места напукнати,отворени врати,луцидни сонови,задишани дечиња,две виножита,ветар и магла,вода и пустина..
Велиш сме биле среќно тажни чудаци..
Потврдувам.
Така најубаво се чувствуваат воздишките на животот.

Вечерва..те молам..погледни го небото,таму е распространета мојата љубов за тебе.
Дофати ја повторно.

*Dedicated.

Среќен роденден најмил.
 
Потрага...

Како ли ?
Што ли треба да направам за да најдам некоја личност како мене !
Невозможно е тоа ? Непостоечко ?
Сите сме различни, нели ?
Но мора да има некој како моите сваќања. Мора некој вистински да ме разбере. Мора некој да ги знае вистинските вредности во животот. Кои се тие ? Каде можат да се најдат ? И тоа како треба да се практикуваат!
Се е бесчуствително. Но не мора да сте и вие такви. Краток е животот за да бидете лоши. Затоа треба да се прават добри дела. Дела за паметење. Дела кои ќе не направат бесмртни.
,,Бесмислено е да бараме вечен живот. Но нашите дела можат да не направат бесмртни,,
Така е.
Но дали е ова потрага или пак нешто сосем трето ?
 
Не можеше да ужива во допирот на росата на нејзините стапала. Па таа беше најдобра во забележување на секоја тревка и зрно земја кои ги газеше. За се е крив системот. Па и ладниот туш кој секогаш ја враќеше во живот, овој пат не и ги врати сетилата. Како можеше да дозволи да го добие случајот на тој начин, како можеше да дозволи да ја победи корупцијата. Кога сонуваш за нешто големо, нешто кое си го зацртал како дестинација каде ќе ја најдеш среќата, ја губиш и онаа која веќе ја имаш.

****

На никој нема да му текне да седи на Партизанска и да ги брои автобусите. Да стане за да ги поздрави тутуноберачите и потоа да ја земе кришката леб и да седне на добро познатата клупа каде гулабите веќе го чекаат. Тоа го може само тој. И потоа да оди на работа, да седне позади шалтерот, и цел ден да им објаснува на луѓето дека под местото каде што пишува Уплатил треба да се потпишат. На враќање да види како на клупата која за него е света двајца млади завршуваат, го фрлаат кондомот и си одат. Најверојатно само тој ја знае секоја шуплинка на дрвото кое одамна ја загубило бојата. Наредното утро се ќе биде исто, а кондомот, па ќе им послужи на децата за шеги. Колку е се безначајно...

****

Ајде да му избегаме на светот. Ајде да одиме на Кораб, во една трошна кукичка. Моите стапала ќе ја откриваат планината а јас ќе го откривам секој мирис даден од шумата. Ти ќе имаш гулабарник, исто како што дедо ти имаше во време на Старо Скопје. Ќе се навраќаме во градот, ти да видиш дали автобусите сеуште го водат нивниот пат, а јас за да ја дополнам библиотеката со Достоевкси.
Ајде да престанеме да бидеме бедници, и ти и јас ја мразиме играта. Ти мразиш да бидеш газен од други, а јас од самата себе.
Ајде да купиме чаршав со шара на небо и засекогаш да ја плетеме нашата пајажина под него...
 
Музиката, која ги параше ушите и ја бодеше душата, беше единственото нешто кое се слушаше наоколу. Оргуљите беа виновни за овој звук кој полека но сигурно предизвикуваше нелагодност кај многу од присутните. Од време на време ќе се јавеше по некој тивок лелек, а потоа тивко ќе се изгубеше во длабочините на црнилото. Мирисот на свеќите беше силен опијат дури и за оние најсилните. Чадот од темјанот беше причина за затемнетата атмосфера која ги обвиваше изнемоштените.
Едно парче дрво, обликувано во некоја чудна форма, беше центарот на сета оваа стравоносна фама. Во долниот дел се гледаа мали делчиња од бледо-сив чаршав а во горниот се гледаше едно младо лице чии очи беа цврсто затворени, а усните модро обоени.
Момче кое по некоја случајност западна во една бездна од која нема враќање. Бар ова момче не успеа да го пронајде својот пат. Болката на блиските беше толкава што дури и некоја виша сила успеа да ја насети...
***
Три дена порано, но овој пат не како почеток на приказната, туку како нова шанса за живот дадена од Бога.
Младото момче знаеше дека нешто нема да биде во ред. Но овој пат нешто го натера да го послуша советот на родтели. Таа вечер остана дома на безбедно.
 
Го помнам мирисот на зајдисонцето и на свежо искосената трева во дворот. Сè наоколу се смрачи одеднаш, небаре по вторпат ноќта падна за само еден час. Легнав на тревникот. Небото никогаш не било поубаво. Секоја една ѕвезда блескаше толку сјајно, толку јасно што меѓу нив започнав да си повлекувам замислени линии, да си исцртувам слики, фигури.

Ги имав видено тие мали бели точки кои го параа црнилото, но дотогаш не размислував за нив. Бев љубопитно мало суштество кое прашуваше за сите глупости што ќе ми дојдеа на ум, па научив нешто за ѕвездите, но не беше доволно. Ни оддалеку не беше доволно. Сакав да знам сè што можеше да се знае. Колку се, каде се, колкави? Како настанале, од кога постојат и до кога? Сакав да имам еден од оние големи телескопи што ги имав видено на телевизија, за да можам да ги видам од малку поблиску, макар малку поблиску. Тоа беше мојот прв сон. Сакав да ги спознаам тајните на вселената!
Целото лето по таа вечер, чекав сите да заспијат, за среде ноќта да се искрадам, да застанам во некој темен агол од мојот двор и со часови да зјапам угоре, понекогаш дури до зората кога магичните точки распрскани наваму-натаму почнуваа да исчезнуваат.

По неколку вечери поминати под небото, си одбрав една ѕвезда која си беше само моја. Не беше на ниту една од четирите страни, туку се наоѓаше токму над мојата глава, угоре високо. Знаев дека никогаш нема да бидам сам, сè додека ја гледав гордо истопорена.

Никогаш не усепав да го добијам својот телескоп. Бркајќи го сонот, некако успеав да го променам. Се разбудив една летна ноќ, години подоцна, посакав некогаш да излезам во тоа бескрајно празно пространство, да избегам од Земјата, од овој претесен свет и да го побарам својот пат, некаде таму, горе, високо; којзнае, можеби дури и меѓу ѕвездите.

Минуваше животот и ги испогази сништата. И ѕвездениот сон и сите кои потем се издигнаа врз неговите рушевини. Ниту ги дознав сите тајни на големите огнени топки, ниту го допрев бескрајниот простор кој нудеше слобода. Ја загубив дури и ѕвездата што беше само моја, на врвот од ноќното небо. Останав сам.

Тогаш ја пронајдов неа. Сјаеше повеќе од сите ѕвезди на небото заедно. Зборовите веќе не можеа да отидат онаму каде што ми заминаа мислите. Морав да ја гушнам, да ја впијам во себе вселената што можеби ќе ја наречете – нејзината душа....

Знаев дека секој живот мора да има по една ѕвезда.
 
Секоја болка ми одѕвонуваше во ушите.
Како игли да ми го боцкаа тапанчето.
Не си имав кажано дека искуството боли..дека пече.
Не се имав предупредено дека животот се случува постојано..а највеќе кога ти чекаш совршен момент да го започнеш истиот.
За многу работи одбивав да се следам и дури свесно си премолчував некои грешки.
Се најдов во ситуација да се прашувам..што слушам..срцето,разумот? Што?
Се најдов на под едвај кревајќи се од пречките околу мене.
Интуицијата беше задушена во чад,злобни мисли,главоболки..
Бродолом..а јас уште жива..дури и во најголемите неволји се правев толку храбра и ѓаволски силна што не застанував ни за миг,не се прашував каде крварам,не чувствував ништо освен желба за напред.
Но овој пат,не е така.
Изморена паѓам на постела и се навраќам на моето таканаречено минато..во чие постоење толку многу се сомневам.
Веќе и во очите ми се гледа изгубениот сјај..и во душата мртвилото.
Се склопчувам како фетус и го чекам наредниот удар..овојпат предадена..Колку само ми е јасно дека нема повеќе што да боли..
 
Блескам од депресија...таа просто извира од мене како течен титаниум низ воздухот.
Си го следам дишењето, и му се восхитувам на крварењето.
Мојата соба од светилиште се претвори во демонско дувло, воопшто не сакам нити да мислам на неа. Параноично го поминувам секој ден, чекам невидлив гром...чекам чудо.
Веќе и дишењето ми стана побавно, немам желба за движење.
Осамен у уморен трагам очајно по мојте милион$...јаречката иронија што вртев убаво ја дофатил.
 
Се надевам може да англиски ?:smir:

It's the day before you came. We've only just begun. This isn't an ordinary love. Love is such a wicked game. I did all for love. You're always on my mind. I can't take my eyes off of you. You coloured my world... You are my pouring rain and my eternal shine. An endless love lives forever... Our love is deep and I'm going higher and higher. I can't believe you are in love with me. I can't fight this feeling, and I can't smile without you. In your eyes I can see the magic that burns. You are just the way you are. I remember the moondance when my eyes adored you. Dreamed of your touch...The softness of your lips and the smell of your neck... You are my November rain. My sunshine in the rainy day... One more night I put my head on your shoulder. Being loved...Feeling loved... We are swimming together in the smoothy sea of love. You take my breath away...everytime I see you, feel you,kiss you... My tears are in heaven now... You play the unchained melody from your heart...You light up my life...everytime I feel the darkness... And you are still the one for me. Our love is like ice and fire... With every breath and touch it grows more and more... That fire mixed with a sensless cold feeling... Love is when your heart beats faster and your eyes open wider. One last cry, but nobody knows. If I ever fall in love again, I'll be in the end of the road. I'd die for you. Our feelings are gone. You loved my yesterday. I was brokenhearted. Never found someone like you. It's hard to say sorry... If today's gone, tomorrow will never come. I swear I don't want to be lonely.I'm still in love with you through the 4 seasons of loneliness and through all these dark years... I'll go through the 7 seas to come to you. What kind of love is this ? How could you say you love me ? How could an angel like you break my heart ? The answer is gone... The whisper in my mind is like a flame. Take a look in the cold mirror. You are deep inside me... You are not alone in the candy rain. Your body gets weaker and it's killing me slowly...

^The Cherry^ 07.12.2008
 
Страсна ноќ.

Сосема сами.
Темно е се околу нас. Освен месечината и нашите голи тела кои светат.
Лежиме така на ситниот песок. Толку е ситен песокот што го чуствуваме како да е дел од нашите тела.
Се препуштаме така на убавата ноќ.
Твоите усни се целите крвави. Ги гризам. Ги сакам. Среќа е сеуште што ги имаш. Не можем да ги изедам цели. Но еден ден и тоа ќе биде. Ќе останеш без нив. Толку ги сакам. Премногу што би ги и изел.
Но усните не се единственото нешто што го сакам кај тебе.
Твоето тело е боженствено. Него не го сакам, него го обожавам.
Има траги на него тоа колку многу го обожавам. Траги кои се болни но истовремени слатки. Не можам да се воздржам. Морам тоа да го правам.
Со тоа се хранам. Со страста. А ти знаеш како да ми ја дадеш.
Совршена е ова вечер на плажата за ова.
А тоа и го покажуваат нашите алишта. Кои не се на нас туку се на парчиња негде во океанот. Океанот ги задржа за себе. Сака да се сеќава на нас и на ова совршена вечер.
Колку е само прекрасно чуството... изгрева сонцето, а твоето тело проаѓа низ моите усни. Рацете веќе не ги чуствувам. Крвави се и тие.Скршени се. воето тело е криво за тоа. Но не се каам за тоа. Прекрасно беше.
Но се раздени веќе и се заврши. Заврши прекрасната ноќ. Ноќ за паметење. Страсна ноќ.
 
Текстов не е мој, туку е животна приказна (а, можеби и не, сеедно) на еден мој бивш виртуелен пријател, кој иако никогаш го немам видено тет-а-тет, верувам дека би го препознала и меѓу толпа.

Пред многу години, во гетото на едно рударско градче наречено Сталинград, далеку на север, на самата граница, се роди машко дете.

Се роди во недела, на најголемиот полско-чешки празник, Свети Јосип. Сите нови родители беа пресреќни затоа што нивните деца се родија на тој ден, па, соодветно, ги крстија Јосеф.

Но, на малото дете, на рака му ставија лентичка со име Димитрис. Сите сестри и доктори се чудеа и крстеа какво е тоа име. Сепак, името не беше паднато од небо, Името го доби по неговиот дедо роден далеку на Југот, под планината на боговите, Олимп.
Така, Димитирс гордо го носеше дедовото име, се додека, на 5 годишна возраст, не сретна едно слатко девојче кое го прекрсти Микуш. Мора и да се признае дека личи на име дадено од мало девојче.

Инаку, во гетото живеа воглавно рудари-битанги, кои имаа тежок рударски живот таму доле во рудниците
Тие по природа не беа нежни татковци, а произлегува, нормално, дека за нивниот мизерен живот се криви нивните сопруги кои што ги избрале, и уште повеќе нивните деца кои, рака на срце, не ги избрале, но судбината ги донесе на свет.

Рударите и не беа добро обрзовани, плус не го знаеа ни Макаренко, па нивните трауми ги лечеа со педагошки мерки - ќoтек за синовите, и брачна терапија - пак ќoтек, за нивните жени.

За жал, траумите не беа излечени затоа што, така пијани, не се сеќаваа утредента дека вчера имале 100-та сеанса и неефикасна терапија
Оттаму и ние, нивните горди синови, бевме тренд-сетери, затоа што плаво-виолоетовата шминка околу очите ја откривме всушност ние.

Така, времето си врвеше, а ние растевме во гето, опкружени со битанги или пропалици, нашите сакани татковци и комшии.
Во нашите фамилии, никој од нас не ја откри припадноста (оттаму и научив дека таа е важен дел од смисолот на животот и љубовта), па, како што бива обично, ги најдовме на улица, формирајќи банди со кои си го браневме единственото што некогаш било наше - територијата.
Попатно, се накитивме со уште рани и лузни - екстра декор за оние првите, оставени од нашите најсакани татковци и од маченици и чисти души, се претворивме во битанги. Исти како оние кои ги гледавме касно навечер, во нивниот бучен филм со прекрасни реплики упатени кон нашите мајки.
Следствено, и нашите територијални одбрани се претворија со вистински војни-реплики на филмовите на Ридли Скот.
Но, војните чинат, па нашите дечки, читај битанги, запливаа во непожелни за законот води. Што е особено непожелно кога на ќе се додаде дека и без тоа имавме проблеми со органите за прогон.
Како и да е, поената е дека работите течеа по вообичеаните текови во гетото.

А, Микуш?
Тој, еден ден, така повреден, лижејќи си ги раните на телото, а повеќе оние во душата, влезе во библиотека. За него сосема непознат терен, кој пробуди искрено изненадување: Боже колку книги може да постојат во една библиотека!
Гледајќи ги така зачуден книгите, без страв дека зад грб ќе го пресретне некој пријател од комшиската територија (Боже мој, што воопшто би правел тој таму?), реши да прочита една книга.

Изборот падна на Пеперутка од Henry Charriere. Насловот идиличен и толку потребен во моментот.

Читајќи ја книгата и срамејќи се да признае дека се метаморфозира во литерарно културна индивидуа, не излегуваше од дома со изговор очекуван за едно момче - болен сум.

Но, книгата не беше нималку идилична. Говореше за борба и го запозна со Папи, човекот кој што се бореше за поинаква иднина...иднина без рани во сеќавањето.
Толкава упорност за да најде мирен живот -невидена во историјата на човештвото

Книгата ја прочита 3 пати по ред. Не дека беше интелектуално инхибиран, па не запомни, туку за посилно да ја дофати надежта во невидливата магла. И тоа пренесена од пистел - робијаш и битанга..одличен учител за младата битанга.

Пеперутка стана пресвртница во животот на веќе големото момче Микуш, кое дуваше 16/17 замислени свеќи, на замислената торта, никогаш невидена во гетото на Сталинград.

Поради неа (а, можеби и не) Микуш излезе од припадноста и реши дека некаде и за него мора да има песни, песни на Сонцето.

Долг беше патот кон светлината на тие песни, и тој не е важен за детството на Микуш. Всушност, детството замина со последната страница која ја напиша Henry.

Денес Микуш не се сеќава на детството
Единствено болките во рацете и нозете
кога е врнежливо,
го потсеќаат
дека Микуш не се родил голем.
Но сега тој е голем
и горд човек,
со прљави кондури
а чисти раце
И музикален
Тој ги разбира песните на сонцето.
 
Во животот имаше еден маж.

Еден маж..

Кој ја бакнуваше како да ќе нема утре,ја милуваше како да е најубавата цветна градина,ја гледаше како да е најмилото детенце недопрено од суровоста на искуствата..ја купуваше со најчистата мелодија,музицираше со нејзиното тело како највештиот музичар воодушевен од својот инструмент.
Толку силно ја чувствуваше како дел од себе,дел без кој би бил слеп,нем,глув.. нецелосен.

Во животот имаше еден маж..

Еден маж..

Кој ја држеше во раце како роса,најискрено богатство,ја гледаше во очи долго,долго пред да и` каже: "Те сакам",блескаше од гордост кога ја претставуваше пред другите,ја држеше за рака толку цврсто,истовремено нежно,чиниш сета суптилност на светот се наоѓа меѓу тие две дланки.
И` ја шепотеше тишината држејќи ја за половина со неизмерна леснотија..си играше со неа задоволувајќи ги сите нејзини желби,соништа,каприци..како да беше единствената на светот.
Ја поддржуваше и кога луѓето намуртено,полни со завист ги вртеа своите глави.. И` ги бришеше солзите кога му паѓаше неутешно во прегратка.
Поминуваше со прстите низ косата како да беше најмеката свила..пиеше вино од папокот како од свој извор.
Ја мирисаше низ ветерот..Ја носеше во срцето.
Долго,долго..бесконечо многу долго.
И` намигнуваше кога сакаше да каже:" Тука сум малечка,засекогаш."
Остануваше доцна за да ја спаси од себе.
Стануваше рано..за да ја гледа како се буди.
И` даваше живот..заедно се налеваа од него.
Дишеа беспрекорност,возвишеност,болка.
Ја живееа големата вистина.

Во животот имаше многу мажи.
Многу мажи..
Но само еден вистински..
Но само еден вистински ја љубеше.
 
Празнина.

Дожд.
Кал.
Мрак.
Се е темно.

Сам сум овде. Помеѓу четирите ѕида и еден прозорец кој гледа накј празната улица.
Но чекај не е празна еден нешто гледам на неа. Стоп. Што е тоа.
Оф леле. Ништо. Празен бездушен најлон од кузнае која друга улица.
Нема никој ни да ме праша како сум. Нема никој не да ми каже како е.
Нема никој да ми помогне. Нема никој да му помогнам.
Каде ли сум јас. Од каде ли сум јас. Кој ли ме донесе овде ? На ова пусто место. Некој орел ? Можеби.
Така ја излагам од празната соба и одам низ празните ходници кои од толку голема празнина не ме пуштаат да поминам. Одамна никој не поминал по нив. Толку голема празнина ме опива по ходнициве што морам што поскоро да ги поминам ако не би можел да умрам тука од толкава празнина.
Ги поминав. Конечно. Но пак сеа некако потешко е.
Излегов на улицата, а пак таму. Што ли ќе видам. Ништо.
Ни најлонот што прелетуваше пред неколку минути го нема. Ни дождот веќе го нема. Престана да врне, а и што ќе ли врне само.
Остави тоа.
Продолжив јас да одам така по празнината.
Со тек на време видов нешто на хоризонтот но не можев од местото каде што бев да кажам што точно беше тоа. Ми личеше на нешто. Хмм. Што ли беше само ?
Не е важно. Јас продолжив по патот. Реков ќе го стигнем тоа нешто.
Но ништо. Побегна тоа. Што и да беше.
Не е важно. Продолжив повторно јас.
Сам како и што започнав.
Но чекај. Започнав ? Како ли јас започнав ? Како ли се најдов на ова место? Чекај чекај слушам некој глас...
- Еј дечко, дечко. Разбудисе дечко.

Сон. Само сон беше ова. Уште еден лош сон. До кога? Па дур не се средат работите.
Заминав ја. Возот ми оди.
Каде?
Каде што ќе ме однесе!
Овде не се седи. Премногу е празно.
 
Од сите глупости кои не сакав да му ги кажувам, а морав, онаа за неразјаснетите околности ми беше најтрагична за која морав да лажам. Всушност, кога човек ќе размислеше подобро, ништо од тоа кое го кажував, немаше некоја особена смисла кога би го кажувал на нечија друга адреса. Но тука, сега, и тоа како имаше смисла, поента и делуваше толку ментално вкусно и исправно... како фаст фуд со здрави состојки.
Се чувствувам толку бесполезен што никако неможам да го најдам вистинскиот рецепт со кој можам да ја пренесам позитивната енергија, па морам дрско да лажам за таа ете да личи на нешто налик насмевка и пријатно расположение. Веднаш потоа се чини дека мамам иако не знам, можеби и навистина не го правам тоа, бидејќи фактичката ситуација е толку далеку од мене што колку сум во право толку и не сум, но кажаните зборови во моментот делуваат исправни како смешното детско седење на Свети Петар на летен облак додека ноџињата му мафтаат во празно висејќи од врвот на облакот. Првоодделенец со моќ на прибирање души. Замисли ме мене како Свети Петар, сигурно никој нема да умре, на сите ќе им го најдам вистинскиот пат до земниот рај, но потоа со гаранција истите тие луѓе ќе ми замерат дека сум ги осакатил, повредил и навредил, па понижен ќе им го подадам клучот кој ќе ми го грабнат како налутена принцеза од своите прислужници што заборавиле да и го остават на мијалникот омиленото миризливо масло.

Не лажам, искрено го зборувам сето тоа кое го кажувам драг пријателе, и навистина стојам зад тоа и верувам во истото. Единствениот проблем е што, додека јас ти зборувам, споредувам. Додека ти зборуваш, замислувам... и така во еден тотално себичен круг кој не можам да го исфрлам од себе. Ако Господ прво себе си дал брада, тогаш јас навистина сум Свети Петар, ја растам во мислите неговата како мој обожуван, а истовремено и оваа на мене се плете.

Драги пријатели ве молам, живејте безгрижно. Со вашите маки, моето срце се кине.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ada

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom