Прозни искри

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Повторно паднав. Повторно се вратив. Повторно скршена. Се разочарувам. Се разочарувам од злобата која ја гледам, од целата негативност, од ограниченоста на луѓето. Верував. Навистина верував и се борев за она за кое верував. А за што? За што? За да го отворам моето срце и потоа во него да биде зариен огромен нож? Не, овој пат не добив нож во грб, овој пат добив нож директно во срцето...И место крв, течат солзи... Но ќе ги залечам раните. Ќе ги залечам, за инает. Нема да дозволам да бидам на подот. Но, готово е. Ова беше последната капка. Од сега на моето лице ќе се гледа само насмевка, иако лажна, сепак насмевка. И сите лицемери ги бришам од мојот живот. Не знам дали ќе имаат образ да ме погледнат во очи. Простено е тоа. Простено е. И онака јас само на себе штета си правам. Ќе бидам девојчето кое се смее и е позитивна, но и покрај тоа што тоа го применував целосно овој пат целосно ќе го имплементирам. Јас веќе не дозволувам, не дозволувам никој да ми се приближи. Ќе бегам од се и од сите. Јас ќе се склопчам во мојот оклоп и нема да дозволам НИКОМУ да ми се приближи. Без оглед на тоа колку е фина таа личност и сличност. Се повлекувам од било какви чувства кон било кој. Без разлика на тоа какви се чувствата. Ќе бегам од луѓето и од нивната злоба. Затоа што веќе не можам.
 
Копнеејќи за него, јас често седам во неговата сенка

Беше тоа онаа студена јануарска ноќ кога за прв пат го видов, секако тој не знаеше дека јас постојам. Бевме на луксузната забава по повод роденденот на неговата сестра, нормално јас како фотографер на настанот за кој долго, долго сите озборуваа. Тој едноставно блескаше во тој црн костум заведувајќи многу млади девојки, за кои лично верувам беа негови таа вечер. Тој многу добро знаеше со која како да се однесува. Искрено не знаев што ме снашло па тргнав да му се претставам со оправдувањето дека ми треба фотографија за списанието за коешто работам. Бев премногу нервозна, целата треперев, едноставно паднав на него и на неговата прекрасна насмевка. Започнавме конверзација, која повеќе наликуваше на сигнализација. Да, да, сметав дека добив зелено светло за било каква акција од моја страна. Бев просто заведена, не можев да се препознаам, но тоа не бев јас со мојот здрав разум , туку јас со моето срце излажано. Мина период од таа прва наша средба, по која следуваа многубројни вечери. Можеше да се каже дека ние бевме се освен еден нормален пар. Му бев на располагање постојано, но тој за мене беше мистерија. Се чувствував многу ниско, безвредно, како за една употреба. Колку го сакав тој човек, но јас едноставно бев во негова позадина. Постоев, но само не за него, постоев само во оние ноќни часови кога имаше потреба да ме искористи. Се губам. Полека, но сигурно изчезнувам во сивилото на овој свет. Не можам да се пронајдам себеси, колку се чувствувам малечко. Чувствувам дупка во мојата душа која што ја создадоа сите тие погрешни работи кои ги направив за него. Знам која е грешката но не можам да ја поправам. Не можам да го најдам вистинското решение, а тоа е тука лежи во мене. Треба да ставам крај на сето ова што е лажно, на секој лажен бакнеж и допир кој ми даваше само лажна надеж. Треба еднаш засекогаш да престанам да копнеам за него, затоа што јас само седам во неговата сенка.
 
Akcija misterija

40 000 evra mesecno...

Ultimate goal. I do toa ke dojde naskoro i sto potoa ?- se zaprasa toj gledajki iscrpeno veke vo monitorot. Mislite se vratija kon edna nasmevka i edni zborovi 40.000 evra mesecno toj vrteshe. Da ne bea izgovoreni od nea vo odredeniot moment na crno belo opsesivniot film koj neprekinato se vrti vo negovata glava do sega ke bea zaboraveni. A zivotot pominuva , drugite ziveat , a 40.000 evra mesecno se se poblisku ... no sto potoa ? Nitu momentot ke se vrati , nitu crno beliot film ke se oboi vo boite tolku posakuvani se e toa taka jasno sega vo ovaa nok . No odgovorot veke ne e ni vazen , ne se ni bara vazno e potragata za vremeto koe pominalo ... koga se nema nisto drugo nisto sto vredi kako eden den koga taa bese tuka . Taka stoejki pak na ivicata na svojot ambis covekot se prashuva sto ponatamu a dovolno e samo da zacekori ... cekor napred bez strav vo ambisot koj sam go stvoril .
Ambisot vo koj e i gospodar i sluga a pravilata se negovi , bezbeden od vlijania , oddelen od se bez vreme za nisto drugo osven apatija kon minatoto vreme . Kakov cuden pisatel pomisli devojkata ostavajki ja knigata na policata .
Pak citash gluposti i prijde brat i so nasmevka.
Ne me zezaj ne go razbiras ti toa - se namurti devojkata
Abe sum ja cital be , 40 000 evra da ti pojasnam ja pricata, tipot nesto kao mu snemue droga od narko kartelot pa sea kao mu se otvaraat nesto ambisi se tripa mene Mile djanakot mi ja preraskaza .

Mile djanakot ovaa prikazna e za ljubov be smotle

Ne e ma torke edna za dzanak e sto e haj neli gledas sea se spusta ide nakaj daun pa neso sefura na ambisi ...

Zasto se karate prestanete sto e rabotata vleze tatko im Spire. Pogledna vo tekstot ... deca ova e klasika nisto ne ste razbrale mali ste ...

E sto e be tato pricata za sto se raboti se podsmevaa decata.

Pa jasno e ko bel den , eve covekot biznismen pogoden od ekonomskata kriza koja go potrese Bliskiot istok , nesto za berza e mu ripnale akciite , no moguche e deka e dzanak , tie biznismenite obicno se djanaci. Cekaj ke ja prasame mama ... Stojanke dojdi malce ova si go citala li ? - ja zaprasa mazot.

Zenata pogledna vo tekstot i se vcrve. Zborovite i bea dobro poznati . Pogledna vo casovnikot i gi pogali decata ... ajde deca veke e docna za citanje , veke e docna.

Kraj
 
Писмо до Катарина

Драга Катка...

Кога некако платонски би можел да те прашам, и да побарам од тебе да помислиш па да замислиш како би било да сме повторно заедно би очекувал одговор полн со емоции, слични на оние кои ги имам додека ти го поставувам прашањето. Би сакал тоа да е реторичко прашање на кое уште пред да го подгризнеш јазикот за да зговориш “Д“ ќе знам дека ќе кажеш “Те сакам“. Твојот лик во мојот ум е способен единствено за насмеани слики.

Сакам да верувам, сонце мое убаво, дека љубовта не е категорија која во животот доаѓа еднаш и никогаш повеќе. Мислам и дека девојките кои би се вклопиле во калапот на нашите размислувања и ергономично би се претопиле на нашата дланка се повеќе. И веројатно тоа поминало низ мојот живот за да можам вака да тврдам, но не можам да објаснам што е тоа кое упорно ме тера да мислам на тебе и да ми недостасува една таква мала несовршена насмевка? Сите девојки да ме отфрлат на привлечен начин како ти, повторно од тебе ќе летам во облаци.

Ти го чувам камчето. И имам намера да го правам тоа уште долго време. Знам дека е различно, моето обично приморско а неговото светкаво скапоцено... кое ли навистина е? Твоите прсти повеќе верувам дека не поминуваат по неговата кожа а мислат на мене, но знам дека и тоа се случуваше. Ниско е, малечко, да делуваш ангелски а да си демон во мислите. Токму затоа бегаш, знаеш ти кај си, и каде гревот те носи. Случајно чајче во центарот на градот, немирна мисла за стариот кревет, и додека трпнеш аждајата со десет прсти наречена Виктор те голтнала со сласт. Е потоа ќе го распориш неговиот стомак, ќе го прободеш срцето со студен меч, но трепетот од случката ќе те прогонува и дома. Затоа си мирна, се криеш од мене, за рицарски дела не си баш спремна. Храбрите среќата ги прати, но за демонстрирање храброст ми треба противник.

Речиси сигурен сум дека никогаш нема да го прочиташ ова мирољубиво писмо, и кој знае, можеби навистина е како што велиш ти. Ние двајца настрана е најпаметниот избор кој може Бог да го смисли, па веќе следната година светот ќе влезе во апсолутен мир. Но само ако не е така, тогаш срам да ти е дека таа насмевка која ја носиш мојот ден не го разубавува.
 
ДЕМОНСКА ПРЕГРАТКА


Живееше во некој трагичен идеал, кој толку силно го сакаше и толку посветено се грижеше за него што не дозволуваше никој и ништо да го уништи, а патем штитејќи го од сите.
Но, сепак тоа беше идеал.
За жал идеалите се едно, а реалноста нешто сосемаа друго.

Ооо Боже, зошто само толку време и требаше да го сфати тоа и да продолжи со својот вистински живот, да живее со луѓето кои навистина и припаѓаја и да живеае со сопствениот лик, за кој мораме да се сложиме дека нејзината трагикомична свест го создаде, а кој и покрај се толку многу е мил и совршен.

Што?! -Зарем трагикомичноста може да биде и продуктивна или тоа е само уште една лага на нејзината психа која и покрај се не може да се помири со фактот дека нејзиниот идеал, кој толку многу го сакаше и милуваше, сепак е уништен и тоа ќе ве молам за внимание - од нејзината сопствена рака.

Та зарем луѓето се толку очајни и страшливи што дури и сопствените свети дела си ги уништуваат само заради стравот од сомнежот дека тоа ќе го направи некој друг? Та зарем до толку сме јадни и мизерни што директно му се фрламе во прегратка на демонот? -А, морам да признаам дека сеуште не ми е јасно ова човечко својство. Сеуште не ја сфаќам разликата, ма колку и да би се трудела и сакала тоа. Која е разликата дали сопственото дело ќе го уништиш ти или пак ќе ти го уништи некој друг кога и вака и така веќе нема да постои? И зашто воопшто да го создаваш и штитиш од сите, кога уште на самиот праг на неговото постоење го уништуваш? Но, луѓето се необјасниви суштества, а човечката психа ја има најфеноменалната режија, секако.

Но, овојпат ТАА беше во право. Нејзиниот идеал не беше вреден за живот и таа тоа и го сфати. Можеби малку "прекасно", но сепак го сфати. Го сфати и го уништи со истата таа жештина со која и го создаде, со истата таа љубов со која и го љубеше и со истата таа сила со која и го штитеше.
Се помири со животната реалност и продолжи напред. Го уништи сопствениот плод и продолжи без него, тагувајќи и молчеливо чекорејќи.

Што ли и се случуваше понатаму во животот, сега и во овој момент не е ни важно. Важното беше што ја собра сопствената храброст и го уништи трагичниот идеал...


...го уништи... но, неговата сенка и понатаму продолжи да живее со неа и во неа, демнејќи и го секој прочекорен чекор.

Демонската прегратка, во која самата се фрли, посекако беше најверното нешто што моите очи го виделе, а нејзиното срце почуствувале.

...


... и животот продолжува да тече!
 
River

One drop. It falls. Hits the ground. It splashes. But there is no sound. Just like what my life has been. Hollow, with no taste, no sound. Empty, with no one else around. Just fake people, with their fake stories and smiles. Charging their lives with their empty lies, caring not for what they leave behind. Me. Yes, me. The one that they forgot. The one that they told to fuck off, when he needed them the most.

Again it splashes, another drop. Strangely, I can hear a sound. Yes, back then when I was nearly broken. And now what I am all torn apart, to pieces, falling. They are just far away from here, not caring. You. You are far away, not caring. You, the reason for my fall, the reason for my far cry. The reason I write this letter in this dark moment. But better now than never.

A third one falls. The sound is louder. I look down, only to see red. A river of feelings, a river of blood. My blood. Not needed anymore. Not wanted anymore. Why should I waste it? Better to release it into the world. Why should I just let it dry out inside of me? No. It is going all out. I won’t let them win again. It won’t happen. I won’t let you win again. You, my deepest hatred. You, my eternal pain. You, my…

By Finity. :back:
 
Тивка музика се слушаше од дворската палата. Младиот уметник чија куќа се наоѓаше веднаш под прозорите на кралските одаи, целодневно уживаше во тој опоен призвук.
Платното кое го беше поставил на изветвениот штафелај, беше неговата иднина. Требаше да даде се’ од себе за да се претстави најдобро што може пред кралскиот уметнички конзорциум, кој дебело ги наградуваше најдобрите уметнички дела.
Плановите за иднината беа тука, платното беше тука, боите беа тука. Но, нешто му недостигаше на овој млад уметник. Тој секогаш беше полн со идеи, но овој пат се’ што гледаше пред него беше бела празнина...
Секоја следна идеа која ќе му се појавеше во мислите, беше се’ полоша и полоша од претходната.
Седејќи така на прозорецот, и размислувајќи за својата тажна судбина, се внесе во музиката, која полека го одведе во светот на фантазијата.
Одеднаш, четката започна да шлака по белото платно, за кое тој ја имаше дадено сета своја заштеда.
Боите се редеа една врз друга, а тој се’ поенергично шараше со четката. Полека почна да се стемнува. Музиката одеднаш прекина, и како да се разбуди од сон, тој ги отвори очите, погледна во платното, и не виде ншто друго освен безредно нашлакани бои.
Веќе знаеше дека за него нема иднина. Парите кои ги имаше тргнато настрана ги даде за ова платно кое засекогаш му ја уништи иднината...
Свеќата догоре, и се изгаси, а тој остана цела ноќ буден размислуваќи за срамот кој ќе треба да го трпи од следното утро, па секој ден натаму.
Дојде утрото. Уметници од целата област ги носеа своите скапоцени дела. Пејзажи од зајдисонца, портрети на млади девојки, апстрактни дела кои во себе носеа јасна порака... А тој, со своето ушлакано платно, стоеше последен во редот. Кралот беше на чело на конзорциумот. За него секоја слика беше од големо значење. Додека другите уметници му се смееа на малдиот и безнадежен уметник, кралот ги прегледуваше многуте дела кои го оставаа без зборови.
Но кој би рекол, дека во моментот кога најмалку се надеваш на среќата, таа ќе биде тука со тебе. На сите претходни слики конзорциумот јасно можеше да го види концептот на сликата, како и стилот во кој е работена.
Но кога дојде на ред малдиот сликар, целиот конзорциум остана збунет. Тоа иако за него беше само нашлакано платно, за нив претставуваше уметничка кулминација.
На голем дел од нив, прв пат им се имаше случено да не го препознаат мотивот на сликата. Накратко, концептот на сликата за нив остана мистерија.
По неколку часовно советување одлуката беше доенсена.
Овој пат, наградата беше местото кралски уметник. Иако многумина веруваа во себе, никој не го доби она што го посакуваше. Да, токму така. Младиот уметник, за кој целиот живот пред само еден ден беше завршен, стана новиот кралски уметник...
Ги доби сите поволности. Доби своја одаја во кралската палата, свој личен слуга и пари со кои може да прави што сака...
Имаше само едно единствено барање. Знаејќи ја причината за успехот на неговата слика, тој побара мал оркестар да му свири додека ги прави своите мистериозно-занесни дела.
 
Диво месо

Да знаев до каде би ми продолжиле соновите, спокојно би го прекинала часовникот над главата и би го испразнила шаржерот.Не, не од тоа што ми е многу лош и трул животот, туку само од каење и погрешни одуки, решавачки и толку битни, што и да ми се заканат со смрт не би ги сменила.Парадоксот е убава работа, викаат оние кои што му го разбрале значењето, но зар се во овој од Небог даден свет се контролира со пригушен конформизам и лош вкус на ципеста ладнокрвност?

Да бев поголем оптимист ќе се надевав, но зошто и тоа би го правела кога разочарувањето е сигурно, дури и песимистички да си ги ископаш очите за да не гледаш во гнасите.
Можеби и лута сум, што креацијата на мочуришните и некомпетентни креатури се нарекуваат себеси мас-комуникација, популација и публика во театар за глувонеми и ретардирани.

Зошто ли очекувам нешто од нихилистички сонови?
Како да не научив во овие 18 години дека дивото месо навистина убива.
 
Ноќ​

добра вечер. повторно сме заедно. само јас и ти, месечината и неколку ѕвезди кои се кријат зад облаците. повторно ми ги крадеш сите мисли и сонот. зошто мораше повторно да дојдеш, зошто мораш да ме посетуваш толку често. знаеш ли веќе по кој пат имам инсомнија. да да... ти си крива, ти си крива што не можам да спијам, да дишам. си се запрашала ли некогаш зошто преку ден тоа не ми се случува?! преку ден знам да се смеам, забавувам, зборувам, но тогаш ќе дојдеш ти и се се уништува, се пропаѓа во вода. се обидов да те убијам со музика, вотка, вино, но не, ти си многу поупорна од се, ти си секогаш тука и јас не можам да избегам. како проклета дрога си ми која ми ствара халуцинации а јас го мразам тоа. некогаш те обожавав, живеев за само ти да дојдеш, за да можеме заедно да владееме со светот, но и ти ми го сврти грбот како и се останато. но не се сеќирај, изгледа дека сеуште не ме познаваш, сеуште не ја познаваш темната страна на месецот, темната страна на мојата личност. само за тебе ја чував, за кога ќе ја искусиш да ме запознаеш во целост и тогаш само ти ќе знаеш која сум јас поточно. ти реков дека не можеш да избегаш од мене. добра ноќ сега и се гледаме утре повторно, во уште една крвава битка за мојот сон, за мојот живот.
 
...Злокобна тишина. Таа истрча на дождот, трескајќи ја вратата зад неа. Се чинеше дека целиот свет и се распаѓа. Како да не беше веќе истата, онаа личност која верува во љубов и совршена врска, среќа. Трчаше без крај. Стигна до плоштадот и му вресна на светот, колку што ја држеше гласот: Еве ме! Земете се`! Искорнете ми ја душата! Убијте ме! Изживувајте се над моето умртвено тело! Само ве молам, рече со понизен глас, вее молам оставете ме да бидам среќна барем на неколку моменти. Да видам како изгледа мојата насмевка. Да го видам светот со очи коишто распознаваат боја! Да увидам дека не е се` така сиво! И потоа падна на нејзините коленици, и го скри своето прекрасно лице со рацете. Почна да плаче. Искрено, детски. Нејзиниот бел фустан веќе беше мокар, но на неа не и беше гајле. Сакаше да и падне тој товар што го носеше толку долго време на душата. Пак таа злокобна тишина...
Утрото осамна, дождот прекина. Со дождот секна и нејзиниот живот. Сега целиот народ гледаше во нејзиното безживотно тело, и се поклонуваше пред девојката која беше спремна да умре само за неколку моменти на среќа.
 
..."Совест е она што боли кога остатокот од телото се чувствува едноставно прекрасно"...

Ќе се насмевнам пред да ја почнам приказнава, а потоа ќе ја продолжам со сета леснина на човек кој загушил и погребал секое чувство кое би му влијаело на здраво-разумните проценки. На крајот на краиштата, јас и ти бевме доволно храбри или луди да и се насмееме во лице на вистината и да ја фатиме удолницата... некој конечно мора да плати за истото...

Знаеш, јас и би ти придала некое значење во мојот живот, ама што би рекол тогаш светот? Најблиску до вистината, дека сум распуштеница со сопствените чувства. Редок примерок на својот вид – ја распослав вербата преку сите кои со добро или лошо ме направија она што сум, а никогаш не побарав ништо за возврат. Ти ќе се насмееш на мојата благородност, а јас навидум благо кон себеси ќе ја спротивставам на мерата во која ти подло се умилкуваш и склопуваш договори со своите демони за барем неколку бесценети мигови легло под туѓа кожа. Со смрдеата под ноктите од убиени толку многу туѓи емоции, не знам ни како ти успева. Ама нека ти е ... Насобрав спомени со тонови значење за некои идни поведри денови, а сепак не би ги сочувала сите за себе. Јас сум продавач на горчливи искуства. Цената е секогаш иста и бара многу повеќе откажувања од простодушното верување дека едноставно задушуваш секакво чувство кон некого. Она што јас и ти би го нарекле заборав, непозната алатка на човекот трагач по своето блаженство. Заслужив да ме наречат лош трговец, не успеав да отуѓам ниту едно од оние нешта кои ги преколнувам, не зошто почнале или завршиле погрешно, туку зошто траеле неискрено. Избрав да побегнам во моментот кога сфатив дека не ги донесов одлуките кои би ме оставиле сеуште неизвалкана од твоите страсти, а успеав да се изгнасам во сопствениот гнев. Во моментот, доволно ми беше да ме разберат и само оние кои знаеја дека не можам да си ветам себеси мир ако не можам да го обезбедам во обемот во кој ми е потребен.

Знаеш, јас сакам да создавам приказни. Нашите биле секогаш лажни. Во ретките мигови на искреност во нив, јас се борев против сознанието дека мојот омилен лик во истиот е негативецот. Неколку свршени чинови на силување на мојот мозок и јас веќе немам никаков проблем да те гледам со крвави раце. Да ги поделиме улогите:
- Јас не знам да ги исполнам ни сопствените ветувања...
- Јас кретенски грабам кон силината на старите врски...
- Јас сум војник без една добиена битка...
- Јас сум пребледена, понижена, поразена, обесчестена...
- Ти ја играш главната. Ти си воинот. Ти си херојот. Ти си величенствениот. Не се бројат жртвите кои ги оставаш зад себе, зошто нели, таквите како тебе му се потребни на светот. Ти ми задаваш пораз зошто јас треба да се издигнам од негде. Ти газиш преку мене зошто од мене треба да никне нов гнев. Ти ми ја одземаш честа зошто од мене треба да излезе нов плод. Никогаш доволно голем за мене да би те воздигнала од восхит, ама не би ни да ти го одземам сјајот на триумфот зошто сепак, оваа војна не ја водиш против мене. Јас не можам да умрам во повеќе од една битка...

Знаеш, за неколку години јас ќе можам слободно да кажам дека те познавам половина од својот живот. Никогаш нема да сум сигурна дека те знам доволно. Моите најсовршени проценки беа изгнасени од поривот на врвот на твоите страсти. Независно што ти ќе продолжиш по своето зошто ниедна лекција на светов нема да е доволно вредна за да ја восприемаш со своите мисли. Независно од твоите цинични насмевки. Независно што ти повторно ќе го оставиш светлото зад себе, не за да им дадеш насока на моите чекори, туку да не можам да замижам пред својот срам.

Знаеш, јас би сакала да ја замислам и оваа моја приказна во својата најсурова форма, ослободена од сите бескорисни метафори, ама неоспорно посилен од мене е фактот дека јас во суштина не сакам светот да знае со кои зборови ја опишувам мојата болка. Не ми е потребна никаква сила да им одолевам на туѓите мненија дека ти не ми си потребен во животов, зошто овојпат јас не се водам од фактите драги, јас ги создавам истите. Ќе ги испратам во бестрага сите кои ме наведуваат на чувства кои одамна сум ги закопала. Јас сум само обично парче месо. Не можам да абортирам плод кој не сум го зачнала.

Ќе се насмеам и пред да ја завршам приказнава зошто гордо ја надминав секоја болка која извираше од твоите дразби, дури и онаа која ми ја задаваше совеста. Ќе ми биде тешко ако било каде на светов почнувам ново поглавје лажејќи дека имав сила да го погребам секое чувство кон тебе. Ми остана гневот во кој повремено ревносно се прпелкам за да се присетам колку е тешко безрезервно и слепо да го предадеш најискреното чувство од себе. Да ти подарев невиност помалку ќе болеше...
 
Дожд, ладно...само една насмевка, очи полни несигурност, и прегратка.... Една вечер... Вечер во која за прв пат си дозволив да бидам онаа личност која навистина сум, си дозволив да се опуштам, и да бидам правата јас, без лаги, без криење... Росеше...најубавото нешто, чувството кога лесни капки ќе ти паднат на лицето, а сепак не те облива тага зошто знаеш дека не се солзи, те милуваат капки кои за разлика од оние од твоите очи, овие ти носат среќа, и те прават исполнет, ти го даваат чувството на задоволство и убавина... Вечер...период кој ти ја исполнува желбата да си поигруваш со времето, период во кој ти се среќаваш самиот себеси во две етапи...крај на денот и почеток на утрото...спој на временски разлики...нешто што звучи толку комплицирано и сложено прикажано во едно прекрасно нешто...вечерта. Лице...кое е чувството кога личноста која навистина ти значи е тука...пред тебе...ти зборува...а ти се губиш во длабочините на погледот на тоа лице...поглед кој никогаш нема да го заборавиш, поглед кој ти кажал се, се што во тој момент ти било потребно...поглед со кој си го направил најдолгиот разговор во животот а сепак не си изговорил ниту еден единствен збор... Усни, совршенството со кое беше кажано многу, а сепак не се помрднаа...беа заледени а сепак топли со најизгубената насмевка, насмевка за која би дала се...само за да ја видам уште еднаш.... и на крај личноста и неговата прегратка...прегратка која можам да ја опишам со една често користена фраза...прегратка на дете.... силна, топла, и неверојатно искрена... спој на двете тела, долгочасовен разговор без збор... незаборавно...
 
Koj e посреќен? Јас или ти?
Онаа јас која не верува во митот за љубов, среќа, брак, семејство, моногамија и слични срања на животот, или ти, која го филтрираш светот и шеташ со розеви наочари и хелиумско срцкасто балонче над глава?
Среќни ли сме? Ако сме,тогаш кој е посреќен? Дали ти си навистина ти, или само слика креирана од мојот илузорно настроен ум? Дали јас сум јас или само твоја проекција на она што сакаш да го видиш до себе?
Ние драга моја, сме заробени ликови во фиктивна приказна, производ на мојот налудничав ум. Делиме главна улога! Јас те сакам тебе, ти ме сакаш мене а и двете појма немаме што е љубов. Ах, тука е и таа, малата заводница, која ужива во opasen флерт додека невино се мие во сончевина. Тука е и малата која гради кули од карти гаејќи надежи дека нема да се срушат. Таа се шета со вграден филтер и recycle bin во рака. Потоа се појавува налудничавата, онаа која руши се пред себе без потоа да се сврти назад. Ги руши величествените кули од карти на малата Miss Hope и потоа се тепаат крвнички.
Адреналин, хаос, колапс!

Привремена или перманентна состојба на неговото величество ум?
Не знаеш!
И јас исто!

Тој ќе умре за помалку од 6 месеци а, ние ќе се вратиме назад.
Оп-стоп јас седам до прозор.
Mожеби…
 
Како си одат деновите, луѓето, живиот свет... Како најмали паѓачки метеори за да ги освестат луѓето за нивните пропусти. Часовникот чука, животот тече. Едно барем знаеш: Денес е првиот ден од остатокот од твојот живот. Вовлечи се во фармерките, облечи се со сончева светлина и стапни на патот кон твојата среќа. Малку ќе биде трнлив. Малку ќе боцка. Само се жалиш дека ти е ладно, дека ти врне, а не правиш ништо да ги помрднеш малку облаците. Освести се дека еден ден ќе се најдеш во весник. На задните страници за кои како мал се шегуваше дека се ,,матурантски". Тогаш нема да можеш да поместуваш облаци, ниту да чувствуваш сонца, ниту да плачеш затоа што вчера ти се скрши ноктот на прстот до малиот.
 
БРЕГОТ НА ТИШИНАТА


Се отселија таму после смртта на неговата жена.И ја исполнија нејзината последна и најголема желба,но за жал предоцна.Се доселија во една убава малечка куќичка на брегот од едно малечко езеро.Беа сами заедно со тагата во тоа крајбрежје на тишината.Од спротивната страна се издигаше еден широк простор,без ниедно дрво,покриен целиот со густ тепих од папрати.Околу Куќичката немаше ниедно дрво ни грмушка.Се беше така пусто,се беше тивко.Никогаш го немаше ветерот да ја пробие тишината.Веројатно и тој беше протеран од тагата.Не зборуваа многу таткото и ќерката.Помислата дека веќе ја нема саканата личност ги уништи двајцата.Тој постојано седеше на големиот кауч кој го купија заедно со неговата жена пред да замине.Читаше весник.Каминот гореше и плампотеше огнот во него.Тој беше единствениот што се пробиваше низ тишината.Таа замислена седеше на фотелјата и постојано гледаше во прозорецот.ПОгледот ја носеше накај езерото.Го гледаше брегот и замислуваше како тука шетаат и се смеат со нејзината мајка.Си го замислуваше животот онаков каков би бил ако не се случеше несреката на најзиниот роденден.Птоа мислише на оној момент,кога се разбуди утрото знаејки дека и е роденден,кога беше прерадосна.Цел месец го чекаше тој ден.Го чекаше бидејки родителите и ветија најубав подарок на светот.........
Така со денови тишината владееше.Еден ден задува тивко ветре,неспособно да ја развесели атмосферата.Нејзиниот татко отиде во градот а таа остана сама па за да не и биде досадно седеше на на столицата пред куќата и му правеше друштво на ветерот.На небото лежеа облаците но и тие замислиени и навлезени во дабочината на мракот исто како и нејзиниот поглед.Лицето и го покриваше русата коса.Се беше така смирувачко.Седеше и се нишкаше полека.Некого како да очекуваше.
Часовите поминуваа и без поздрав ја оставаа сама да плови низ времето.Не зборуваше ништо.Како да онеме од тага.
Мислеше дека и се причинува но за кратко време го виде повторно.Си удираше шлаканици за да се увери дека не сонува.Правеше се само да докажи дека тоа е сон.
Не им веруваше на своите очи.Мислише дека ја лажат.Таа повтрно го виде делфинот како отскокнува во езерото.Прави еден кружен лак и повторно влегува под водата.За прв пат беше среќна после толку време,затоа што во спништата сонуваше како нејзината мајка и ветув дека повторно ке се сретнат.Дека кога ке дојде тој момент делфин ке се појави и ќе изчезне пред нејзините очи.Но сонот навистина се претвори во реланост но сепак не исто како што требаше.Сега таа стана од дрвената столица и се приближи кон водата,кон малите бранчиња на езерото. Нејзините нозе ги навлажни студената вода.Ветрот се разбесна а таа знаеше дека дојде мигот кога ке се сретне со лучноста која ја чекаше толку време.
Стоеше така со раширени раце чекајќи го делфинот да се појави повторно.Но се беше залудно.Нејзиното срце го пресече тагата повторно кога виде дека не доага никој друг освен нејзиниот татко.Таа се расплака а тој се доближи до неа и се обиде да и даде накаква утеха.Не успеа во тоа.Таа не го ни прегрна како тој да е виновен за се и со трчање замина во својата соба..............
Сега се засили бранот на тишината.Повторно тој следниот ден седеше и читаше една добра книга “билка на бесмртноста” сакајќи барем за час да излезе оод тој кошмар.Неговата ќерка слезе по скалите од горниот спрат и низ солзи го испушти орвиот збор откако се доселени тука.Го замоли да ја ислуша до крај и да и верува во она пто ке го каже.Тој внимателно ја слушаше а неговиот поглед стануваше се позагрижен.Помисли дека неговата ќерка измислува кога слушна дека гледала делфин во езерото.Сакаше на некој начин да и каже дека тоа нее точно и дека таја сеуште тагува по нејзината мајка но таа беше упорна и се држеше до својата ”вистинита” приказна.И самата знаеше дека тоа не би можело да се случи но надежта кја неа никогаш не исчезна.Надежта и беше единствената пријателка која и помагаше да ја поминат реката на тагата.Таа повторно избега во својата соба и почна да плаче.Таткото го помина денот повторно сам во тишина.Нешто длабоко од срцето го тераше да и поверува на ќерката дека сето тоа е вистина но неговиот мозот го сечеше патот на срцето.Неговата керка плачеше доло време и не ја отклучуваше вратата на нејзината соба,и се смири некаде час пред полноќ.
Тој длабоко заспа и сонуваше некаков кошмар кој ни самиот не можеше да си го објасни.Се превртуваше ноќта во креветот но го напушти тој кошмар рано утрото.
Му дојде душа кога виде дека е дома и дека тоа било само сон,но сепак имаше некое вознемирувачко претчувство.Со трчање отиде пред вратата на керкаму се двоумеше но сепак затропа.Затроба втор пат но никој не се јавуваше.Кога ја отвори вратата на нејзиниот кревет лежеше само едно писмо.Исплашено и полека влезе во собата и со растреперени раце го отвори писмото.На него пишуваше:

Ќе се вратам со мама,чекај ме.Жал ми е што те напуштив но никогаш никој неама да ме спречи да одам напред...............

Писмото беше недовршено како што беше и бескрајна тагата за ова семејство.
Тој без размислување,исполнет со нервоза и избезумен ,излезе во дворот а столицата каде очекуваше дека ке ја најде ќеркаму беше празна.
Немаше поим каде да ја бара и река солзи зачекори на неговото лице.Се фрли на земјата и плачеше цел ден и цела ноќ. го викаше името на неговата ќерка но залудно.Неа ја немаше..............
Знаеше дека никако не може да ја најде но сепак не се откажа.
Иако беше предоцна тој со надеж дека неговата ќерка ке ја најде некаде во езерото заедно со делфинот се фрли од пристаништето и се удави.Го обезе лудоста.Послуде од тага.И последните мигови што ги проживеа под водата здогледа како една жена го вика да и се придружи на небото..........
Тој си отиде но го даде животот залдно.Неговата смрт предизвика ужте поголема тага кај неговата ќерка.Таа не беше мртва.Се врати по неколку дена.Таа била на гробот од нејзината мајка а кога се врати виде дека среќата тотално ја напуштила.
Се пријави сама во полиција дека го убила својот татко а тие ја сместоја во лудница.Таму го помина остатокот од својот беден живот,Зборувајќи со ѕидовите.и мечтаејќи да се разбуди од нејзиниот најлош кошмар..........
И ден денес на тоа место во истото време кога се случи моментот кој го промени животот на девојката, некаде во часовите на залезот на сонцето, еден делфин ѕирка од езерото а еден дух шета низ напуштената куќа на брегот на тишината.Тие тагуваат ја бараат својата ќерка назад со нив знаејќи дека животот ќе и беше подобар ако им се придружеше на своите родители да го делат просторот на тагата.


Незнам зошто сите овие работи му се случија на ова семејство.Дали таа полуде после смртта на татко и или почнаа да и се причинуваат работи веднаш после смртта на нејзината мајка.По неколку години се кажуваше дека таа куќа ја зафатиле јазиците на пламенот.Кој ли се обиде да го наппави тоа.Никој не дозна кој се обиде да го одземе единствениот спомен од животот на тоа семејство.Дали тоа беше некој што ги мразеше или тоа го направија самите тие за да не се сеќаваат на она што поминало............................................



ПРОДОЛЖУВА
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom