Протести на професорите

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување
Па колку што гледам, само ти ги браниш глупостиве кои треба да се воведат. Неколку пати ти кажавме, не сфати. Цело време едно исто вртиш. Штом од неколку што коментираат само ти контрираш, значи или сите ние сме идиоти (што само ти мислиш), или си ти инаетливо детиште.

Ај не можеш уште еднаш ова да го кажеш :pos:

Дечко, најискрено да ти кажам - напорен си :smir: (да не го употребам изразот што ти сам си го употреби, иако не дека не го мислам) :back:
Во условите за полагање на предметот стои дека не смееш да имаш повеќе од три изостанока од предавањата и вежбите (во зависност од предметот). Доколку на факултетот на кој си ви дозволуваат да полагате со повеќе од три изостанока, тоа што го прават ги крши правилата за редовни студии по ЕКТС системот. Значи, со големи букви за подобро да разбереш (и споро ќе куцам, зашто знам дека споро читаш) СМЕЕШ САМО ТРИ ПАТИ ДА НЕ ОТИДЕШ, ОБВРЗАН СИ ДА ОДИШ НА ПРЕДАВАЊА ЗА ДА МОЖЕШ ДА ГО ПОЛАГАШ ПРЕДМЕТОТ. Од студентот се бара присуство на редовните предавања, дел од оцената (најчесто 10 бода) носи присуството на предавања. Оцената се формира од бодовите од присуството, активност на предавања (зависи од предметот), колоквиуми/тестови и семинарска работа (повторно во зависност од предметот). Пак ќе кажам, ако ПОРАНО (порано - пред да се воведе ЕКТС) не морало да се оди на предавања, сега МОРА. Односно, не дека мора, ама нема да полагаш ако не одиш. Ако ти се поклопуваат предавања од предмети заостанати од претходните семестри, тоа е грешка на факултетот, на Машински факултет се организираат посебни предавања за презапишаните студенти. Тоа е до лошата организација на факултетот и НЕ е доказ дека не мора да се оди на предавања.
Да нацртам во Paint треба или ќе сфатиш и вака? :pipi:

П.С. Еве, го најдов и членот од правилникот за студирање според ЕКТС.
Член 28
Редовните студенти се должни редовно да присуствуваат на настава и вежби.
Редовниот студент може да отсуствува од настава или вежби најмногу по трипати во текот на семестарот, а во спротивно нема право на потпис и полагање колоквиуми.
Доколку студентот не ги положи колоквиумите како начин на полагање на испитот, тогаш целата материја од предметната програма ја полага на завршниот испит.

Ајде, поздрави и честитки, редовни студенти. I rest my case.
 
Види што пишува во истиот член:
Студентите коишто не добиле потпис, имаат право да го полагаат предметот преку завршно оценување во предвидените испитни рокови, во текот на годината. Ако предметот е во зимскиот семестар, ова право трае до првото наредно запишување на зимскиот семестар. Ако предметот е во летниот семестар, ова право трае до наредното запишување на летниот семестар.
Кога веќе цитирате нешто, видете дали има нешто што ќе се коси со вашево (морам да кажам) напињање. Читајте го целосно соопштението/правилникот/законот, не само тоа што вас ви одговара. Што би рекол дотичниот, кој да ве разбере...
 
Kaj ima na masinski dopolnitelni predavanja za prezapisani?Do sea mnogu pati mi se slucilo radi prezapisuvanje da mi se poklapaat casovi i site samo ramenici da krevaat demek nema resenie snajdi se
 
Види што пишува во истиот член:
Студентите коишто не добиле потпис, имаат право да го полагаат предметот преку завршно оценување во предвидените испитни рокови, во текот на годината. Ако предметот е во зимскиот семестар, ова право трае до првото наредно запишување на зимскиот семестар. Ако предметот е во летниот семестар, ова право трае до наредното запишување на летниот семестар.
Кога веќе цитирате нешто, видете дали има нешто што ќе се коси со вашево (морам да кажам) напињање. Читајте го целосно соопштението/правилникот/законот, не само тоа што вас ви одговара. Што би рекол дотичниот, кој да ве разбере...
Пу, пу, не важи ова. Немаш потпис, немаш право да полагаш.
Kaj ima na masinski dopolnitelni predavanja za prezapisani?Do sea mnogu pati mi se slucilo radi prezapisuvanje da mi se poklapaat casovi i site samo ramenici da krevaat demek nema resenie snajdi se
Снајди се. Оваа година се поклопува се`, ќе мора да се договараш со професорите, ако те разберат.
 
Не знам, чекам паметниве да ми кажат, што важи а што не важи.
Вие двајцата се зајадовте толку непотребно. Кој како рекол, кој што направил, кој како напишал,..... Знаеш дека никој, ама баш никој нема да се позамара што вие дигате галама тука. Законите ги направија како им одговара. Колку се почитуваат законите е прашањето на кое ретко кој може да даде одговор.

Порано имаше ревизија на професорите во основно и средно училиште, на факултетите никогаш немало. Потребно е да има, и тоа таа ревизија никој да не знае кога ќе почне да посетува предавања на еден факултет (што е најтешко да се изведува, верувај).

Инаку, денес што се случува на факултетите ќе ти кажам. Системите се направени само да ти ги земат паричките, ништо повеќе.
 
Совршено ми е јасно дека најважни се парите што ќе ги дадеш.
Ете јас си кажав што имам да кажам во врска со новиов закон, за жал има и индивидуи кои сето тоа, намерно или не, го извртуваат.
 
Како ќе се знае кој е редовен професор, кој е присутен, а кој не ако не постои законска можност за евиденција.

Ова е вистинското прашање. Во напредни држави ова го решаваат без електронска евиденција, туку чисто законски. Кај нас во Закон за работни односи има член дека заради неодење на работа може да се биде отпуштен, проблемот е што според Закон за високо образование таа работа е оставена на деканите на факултетите да ја направат. Изгледа нема декан на ниеден факултет што го има направено тој чекор. Тоа е според мене голема злоупотреба на автономијата. Затоа ми е многу криво да утврдам, но УКИМ си ја има сам шутнато автономијата на сметка на големите ѕверки - нередовни професори - владини штитеници, а за тоа е крив кукавичлукот и полтронството на деканите.

Сепак, мислам дека владава малце (повеќе) претерува со понашањето. Владата би требало да се постави како некаков "родител" и малце да ги "исплеска" ректорот и деканите по свое а после да ги натера да ја оправдаат автономијата. Доволно беше со условите за избори во звања и евентуално уште нешто. Така би било добро за државата, сосе углед и сосе напредок. Требаше да ги стегне малце повеќе само деканите во измени на законот и се ќе беше како што треба - нередовните професори ќе летаа од работа.


Дали измените во законот кои се однесуваат на редовност/присутност за предавања и консултации се оние кои се предмет на протестите?

До протестите изгледа имало многу измени: Измени на измените на измените на измените... Колку што разбрав од весници, во оригиналната верзија имало дека владин претставник требало да седи на испит и да го проценува професорот. Идиотски, и нормално дека професорите би реагирале на глупости. И мене ме изнервира тоа (така почнав да следам), пошто тоа по дифолт значи дека некој копиљ од влада со средно или одвај 6-ки ми се поставува дека повеќе знае од мене. Лошо почнаа и тоа е факт. После изгледа Одборот им засмета, пошто стана одбор за 2 работи - и акредитација и евалуација со претежно владини луѓе од кои добра бројка не се баш од најобразованите.

Така, јас не верувам дека им смета евиденцијата за присутност. Мене лично само не ми изгледа тоа паметно, пошто електронска евиденција не нуди повеќе од обична евиденција, напротив, нередовните професори ќе си се евидентираат преку асистентите, и после ЌЕ ПИШУВА во системот ДЕКА БИЛЕ НА РАБОТА, САМО ЌЕ СЕ ЗБОРИ (вистината) ДЕКА НЕ БИЛЕ. Додека тие картички не се под кожа, ништо од системот. Исто важи и за нас студенти, уште покриво ќе ми биде кога ќе гледам како си поминуваат еден на друг картички за бедни 5-10 поени, од сега што гледам како потпишуваат неприсутни на листот за присутност.

Исто така, мора да се признае дека ВО ПРИНЦИП не е фер некој професор што работи и е редовен да треба да прави нешто дополнително (мада и не е голема работа тоа за него), само со цел за да се утврди кој не работи и не е редовен. Исто и за студент, мада влогот е само потпис или поени.

--- надополнето ---

Само 20-25% после прв колоквиум идеме на предавања, а 10-15% на вежби. Сите се понашате како 100% да идат.
 
Abe jas se snaogjam samo tuka shirat dezinformacii zatoa napisav...

2007ма зимскиот семестар за презапишаните за математика 1 и статика (и уште неколку предмета) имаше организирани посебни предавања кои беа попладне, не се преклопуваа со други предавања и ги држеа Лазо Димов и другарка му Софија ми се чини дека се викаше, не се сеќавам веќе. Може сега ја престанале таа пракса, но тогаш имаше, прашај од постарите генерации (или помалите, зависи која генерација си ти) :smir:
 
Совршено ми е јасно дека најважни се парите што ќе ги дадеш.
Ете јас си кажав што имам да кажам во врска со новиов закон, за жал има и индивидуи кои сето тоа, намерно или не, го извртуваат.


Тоа погоре вашето беше од „Климент Охридски“
А еве ти за „Кирил и Методиј“


С Т А Т У Т НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

Член 254

Проверката на знаењето на студентот по наставните предмети се врши континуирано во текот на наставно-образовниот процес и се изразува во поени. За исполнување на обврските за полагање на испитот (по делови или во целина), студентот може да оствари најмногу 100 поени или да добие позитивна оценка, која се изразува до 10 (десет), при што оценката 5 (пет) означува недоволен успех

Член 255

Испитите можат да се организираат непосредно по завршувањето на блок-наставни содржини, односно преку колоквиуми ако се предвидени во предметната програма, а крајната оценка се утврдува на завршниот испит во редовна испитна сесија. Во крајната оценка се вкалкулирани постигањата на студентот во текот на континуираното оценување.

На испитот може да се подложи оној студент што ги има задоволено сите пропишани обврски утврдени според студиската програма на конкретниот предмет.

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ - СКОПЈЕ
П Р А В И Л Н И К
ЗА УСЛОВИТЕ, КРИТЕРИУМИТЕ И ПРАВИЛАТА
ЗА ЗАПИШУВАЊЕ И СТУДИРАЊЕ НА ПРВ И ВТОР ЦИКЛУС УНИВЕРЗИТЕТСКИ СТУДИИ


Член 35
Стекнатите знаења на студентите се проверуваат и оценуваат континуирано - во текот на наставата (колоквиуми, практични задачи, уметнички настапи, уметничка наставна продукција и сл.) и се изразуваат во поени, додека конечната оценка се утврдува на завршниот испит.
Со студиската програма може да се утврди дека некои облици на настава се спроведуваат без оценување или дека се оценуваат описно.
За исполнување на обврските за полагање на испитот (по делови или во целина) студентот може да оствари најмногу 100 поени или да добие позитивна оценка која се изразува до 10 (десет), при што оценката 5 (пет) означува недоволен успех.

Член 37
Предмет на оценување во рамките на предметната програма можат да бидат:
 успешно реализирани вежби;
 успешно реализирана практична работа;
 изработка на семинарска работа;
 теренска работа;
 самостојна/домашна работа;
 менторство на други студенти;
 изработени или реализирани проекти;
 освоени награди/пофалници и др.

Член 38
Оценувањето може да биде квантитативно или описно, или квантитативно и описно. Завршното оценување се изразува квантитативно со оценка од 5 (пет) до 10 (десет). Оценката 5 (пет) означува недоволен успех. Завршната оценка за соодветна предметна програма може да биде изразена и со квалитативни мерки, како дополнение на квантитативните мерки. Оценувањето може да биде преку писмени и/или усни испити или на друг начин утврден во студиската програма. Пропорцијата помеѓу обемот на континуираното и завршното оценување ја определува носителот на предметната програма.
Преку континуираното оценување, студентот се оценува за секоја активност пропишана во соодветната предметна програма, преку: кредитните поени, процентот на оптовареност или индексните единици.
Завршното оценување за соодветна предметна програма може да биде по писмен и/или устен пат.
Оценката добиена од континуираното оценување и оценката добиена од завршното оценување ја сочинуваат вкупната оценка (од минимална до максимална). Положен испит е услов да се стекне потребниот број кредити пропишан со предметната програма.
Единицата на Универзитетот може да воведе завршен испит за одредена студиска програма како дипломски испит, кој се организира и се изведува под услови и на начин утврдени со Статутот.
Видот, карактерот и начинот на реализација на завршните испити за соодветни предметни програми ги определува носителот на програмата.




Континуирано оценување еве ти со пример да ти објаснам значи дека 10 поени можеш да добиваш од тестови во текот на годината, 20 од домашни 40 од колоквиуми и 30 од завршен испит.
Значи ако не си ги исполнил ти обврските во текот на семестарот џабе ти е појавувањето на завршен испит кога таму можеш да освоиш максимум 30 поени.

Прашај си на факултет зошто тоа не го практкуваат, оти некаде веќе е спроведено со тек на време секаде ќе го има.
 
Ај кога веќе почна, објасни ми и што е тоа завршен испит, што се паѓа на истиот, што е тоа испитна сесија, колку време трае, за какви кредити станува збор, што е тоа наставно-образовен процес, па и што е тоа Статут (звучи моќно)...
П.С. па така де
 
Момак тие работи треба да ги знаеш штом веќе си се запишал на факултет и штом веќе се контраш, а си неинформиран.

Прочитај си ги Статутот на Универзитетот и Правилник за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на прв и втор циклус универзитетски студии на Универзитетот Св. Кирил и Методиј и се ќе ти стане јасно.
Јас не сум предавач тука тебе да те едуцирам редовно.
 
Не, јас сакам ти да ми кажеш, пошо ти тука како најписмен од сите објаснуваш некои небулози (се надевам знаеш што значи последниов збор).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom