AlternativeF
госпожата од втори
- Член од
- 1 мај 2006
- Мислења
- 4.830
- Поени од реакции
- 7.575
Па колку што гледам, само ти ги браниш глупостиве кои треба да се воведат. Неколку пати ти кажавме, не сфати. Цело време едно исто вртиш. Штом од неколку што коментираат само ти контрираш, значи или сите ние сме идиоти (што само ти мислиш), или си ти инаетливо детиште.
Ај не можеш уште еднаш ова да го кажеш![]()
Дечко, најискрено да ти кажам - напорен си :smir: (да не го употребам изразот што ти сам си го употреби, иако не дека не го мислам) :back:
Во условите за полагање на предметот стои дека не смееш да имаш повеќе од три изостанока од предавањата и вежбите (во зависност од предметот). Доколку на факултетот на кој си ви дозволуваат да полагате со повеќе од три изостанока, тоа што го прават ги крши правилата за редовни студии по ЕКТС системот. Значи, со големи букви за подобро да разбереш (и споро ќе куцам, зашто знам дека споро читаш) СМЕЕШ САМО ТРИ ПАТИ ДА НЕ ОТИДЕШ, ОБВРЗАН СИ ДА ОДИШ НА ПРЕДАВАЊА ЗА ДА МОЖЕШ ДА ГО ПОЛАГАШ ПРЕДМЕТОТ. Од студентот се бара присуство на редовните предавања, дел од оцената (најчесто 10 бода) носи присуството на предавања. Оцената се формира од бодовите од присуството, активност на предавања (зависи од предметот), колоквиуми/тестови и семинарска работа (повторно во зависност од предметот). Пак ќе кажам, ако ПОРАНО (порано - пред да се воведе ЕКТС) не морало да се оди на предавања, сега МОРА. Односно, не дека мора, ама нема да полагаш ако не одиш. Ако ти се поклопуваат предавања од предмети заостанати од претходните семестри, тоа е грешка на факултетот, на Машински факултет се организираат посебни предавања за презапишаните студенти. Тоа е до лошата организација на факултетот и НЕ е доказ дека не мора да се оди на предавања.
Да нацртам во Paint треба или ќе сфатиш и вака?

П.С. Еве, го најдов и членот од правилникот за студирање според ЕКТС.
Член 28
Редовните студенти се должни редовно да присуствуваат на настава и вежби.
Редовниот студент може да отсуствува од настава или вежби најмногу по трипати во текот на семестарот, а во спротивно нема право на потпис и полагање колоквиуми.
Доколку студентот не ги положи колоквиумите како начин на полагање на испитот, тогаш целата материја од предметната програма ја полага на завршниот испит.
Ајде, поздрави и честитки, редовни студенти. I rest my case.