И од буџетот на РМ. Парите ги добиваат од граѓани, дел од студентите, дел земаат од учебници (некои од нив мора да се купуваат секоја година) и кој може (зависно од врските и предметот) од професорите е навлезен во проекти (солидно платени), државни/јавни функции, разни комитети. Еден професор држеше 3 предмети на еден факултет (кои главно асистентите и лаборантите му ги водеа и се грижеа за студентите) и само за нив земаше околу 3-4.000 марки. Истиот членуваше во некој одбор/совет, беше дел од проекти и издаваше учебници.
Можеби би требало да не се гиба во некоја си автономија (и пак не разбрав ни каква автономија ни за што точно протестираат), но во тој случај би требало да се укине и изворот на средства од буџет на РМ па ком опанци ком обојци.
Конкретно ќе кажам за професорите од Медицински факултет (веќе кажав за нив дека се работи, за Правен, Економски и другите не можам да зборам зашто не знам таму како одат работите).
На Медицински факултет професорите САМИ си ги плаќаат објавувањата на научните трудови. НЕ добиваат пари од факултетот за тоа. Добиваат месечен надоместок за настава, што е и логично бидејќи всушност работат и како доктори и како професори.
НЕ добиваат пари од факултетот, ниту од било кој, за присуство на конгреси, објавување на трудови во стручни списанија, членство во меѓународни организации.
Проектите се исклучително ретки и не се организирани од страна на факултетот, туку самоиницијативно (во превод - снајди се, па живеј).
Да, само менторите треба да имаат 8 труда во меѓународни списанија, оние кои не сакаат да бидат ментори мора да имаат 6.
За делот за редовност на предавањата се согласувам, мора да има некаква контрола над тоа, на сите факултети има професори кои не се појавуваат и професори кои се исклучително редовни. Но, истото мора да се спроведува и за студентите.
За книгите исто така, дедо ми беше професор на Правен, се пензионираше пред речиси 20 години и уште се учи според неговата книга во која пишува СФРЈ (нормално, во тоа време била пишувана), барем да се потруделе да ја препишат и да ги изменат тие работи.
Упадот во автономноста е на ниво на изгласувањето на одлуки, членови и раководства, тоа не може да биде политички и управувано од министерството. Секој факултет во тој сегмент МОРА да ја задржи автономијата за да не се претвори во политички управувана институција.
Корекции на примањата е мизерно да се прават. Во принцип, да, тие имаат високи плати во однос на другите, но погледнете го тоа на друго ниво, СЕКАДЕ професорите имаат добри плати и "повластен" статус. Тоа е едноставно една од професиите кои се добро платени (оправдано).
Значи, ДА, треба да се регулираат одредени работи, но не смее професорите (и во суштина секој поинтелектуален дел од населението, како што практикуваат одредени) да се третираат како криминалци.
Ако сакаат образование на европско ниво, нека понудат и европски услови на работа, како за професорите, така и за студентите, и нека бидат критериумите валидни и за двете страни, не само да се критикуваат едните, а другите да фаќаат сеир и да го потпалуваат огнот.