Протести на професорите

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување
Apidrone, Alex_the_Great, Tehnokrat, ако сакате да си ги мерите, ве молам продолжете на профили или напрајте си конференција на скајп.

Не ја претворајте темава во непотребно препукување, толкување на Статути и слично.
 
Јас те разбирам сосема што сакаш да кажеш, ама покрај целото мое трудење од една страна да им објаснам зошто е битна редовноста и евиденцијата на професорите и студентте, добивам удирање со глава во ѕид, чат муабети и обиди за лична провокација од другата страна.

А евиденцијата е дел од проблемот. Без разлика што леандра ќе рече дека проблемот е подлабок, не смее да се заборави дека од тука почна, од евиденцијата.
 
И јас не се согласувам со нивното мислење и сметам дека ако си редовен на предавања тоа треба да бидее соодветно наградено.

Муабетот ми е, очигледно имате различни мислења и нема да попуштите, но доволно е со препукувања.
 
И јас не се согласувам со нивното мислење и сметам дека ако си редовен на предавања тоа треба да бидее соодветно наградено.

Да, треба да биде наградено. Но тоа не значи дека не доаѓањето треба да биде казнето. Наставата, според мене, треба да биде само помош во студирањето, а не и обврска. Кажав неколку страни наназад што навистина значи „присуство на настава“ според ЕКТС. Ова што кај нас е имплементирано е бесмислица на декадата.

Поентата на разговорот не беше тоа дали еден редовен студент според статутот е обврзан да оди на предавања, туку дали редовниот студент треба да ја има таа обврска. Е сега малку забега дискусијата...
 
Apidrone, Alex_the_Great, Tehnokrat, ако сакате да си ги мерите, ве молам продолжете на профили или напрајте си конференција на скајп.

Не ја претворајте темава во непотребно препукување, толкување на Статути и слично.

А тогаш во форум што да правиме? Да си се погалиме, и да си се поздравиме?

Adripone е ок според мене, а Alex_The_Great, за разлика од дотичниот што го користи како username, нема баш капацитет, така да не се секирај од мене, со никој од нив нема да се јадам.

Може ли новости?

Владата си ги одобрила измените на законот. Им го хм-хм... на професорите предвреме.

http://zurnal.mk/mk/cont.asp?k=21208120405&s=27209153317&ID=6211182945

Еве и комплетен текст:

Скопје, 6 февруари - Владата даде одобрение на Законот за високо образование, а во петокот министрите на седница ги поддржале измените предложени од Министерството за образование.

Иако Тодоров ветуваше дека ќе присуствува на сенаторската управа на скопскиот универзитет и таму ќе им ги образложи придобивките од измените, сепак, измените во законот влегоа во законската процедура.

Објаснување за измената во роковите е најавено за утре.

Ректорот Велимир Стојковски смета дека овој потег на министерот е крајно некоректен и дека после ова, тој нема зашто да присуствува на сенатот закажан за 11 февруари, пренесува „Сител“.

Изненадени од потегот на Тодоров се и во Либерал демократската партија.
Наспроти тврдењата на министерот дека сите државни универзитети освен скопскиот ги прифатиле измените на законот, во дописот од битолскиот јасно стои дека тие се за реформи, но за тоа ќе треба да се остави повеќе простор и време за дебата.

Со последните измени не се согласуваат ниту од тетовскиот. Спорни измени за дел од професорите беа непотизмот, отчет за тоа каде одат парите на студентите, објавување на научни трудови, присуство на предавања, привремен работен однос на професорите до пензионирање.

По визата добиена од Владата, сега за предлог законот треба да расправа и одлучува Собранието.
 
А тогаш во форум што да правиме? Да си се погалиме, и да си се поздравиме?

Adripone е ок според мене, а Alex_The_Great, за разлика од дотичниот што го користи како username, нема баш капацитет, така да не се секирај од мене, со никој од нив нема да се јадам.
Има разлика од дискусија со аргументи и маалска караница.

Јас сум тука да судам чие однесување е ок или не, а не ти. Твоето не е, така да секој нареден пост во нападен стил ќе значи твој бан од темава.
 
1. Објасни те молам подетално за

"Јас сум тука да судам чие однесување е ок или не"

2. Посочи те молам со цитат со што установи дека моето однесување не е ок.

3. Дали според тебе apidrone не е ок, па го болдираше тоа?
 
1. Модератор сум на Образование, чисто информативно.

2. Нема што да ти посочувам цитати, реков смирете со дискусијата.

3. Ве посочив кои 3ца претеравте со препукување, штом стои неговото име таму значи и он претерал.
 
1. leandra е постар модератор од тебе (ти одвај си 2 недели). Ако leandra мисли дека сум контрапродуктивен, ќе се поздравам со вас и ќе си одам.

Колку за забелешка, ме чуди што не обрати никој внимание на новостите што ги ископирав. Нема коментари?

2. НА ФОРУМ СЕ ДИСКУТИРА, прочитај го потписот на leandra, стварно е добар. Инаку точно дека "Има разлика од дискусија со аргументи и маалска караница."
Мислам дека дискусииве на овој форум се brainstorming а не маалска караница. Ако во некој момент тебе, кој имаш МОЌ овде, ти се причини дека е нешто тривијално (маалска караница), причекај, не се нервирај, можеби има нешто во тоа, можеби ќе сфатиме сите нешто...

3. Со Alex_The_Great сте другарчиња од други форуми. Јас појма немам кој е apidrone. Маалска караница правеше другар ти. А leandra, AlternativeF, apidrone, Petkovsky, Lurtz и други имаа содржајни, комплетни и размислени размислувања во своите дискусии.

На крај, стварно ми се симптоматични заканите за бан за ништо. Ме потсеќа на http://www.time.mk/read/NONE/8f8b6afda7/index.html
 
Многу постови сте напишале, не можам да ве следам во се, а искрено ме интересира вашиот муабет.

Редовноста е глупост, како што се глупост и многу други работи кои со сила се буткаат.
Како да бидеш редовен кога во амфитеатар за 200-300 студенти, треба да се појават 800 студенти. Да побараш од некој да ги исполнува обврските(редовноста), мораш да му обезбедиш услови. Седењето на скали, позади професорот, надвор од вратата на амфитетарот, да, баш така, надвор од амфитетар да го слушаш професорот зашто си редовен студент и мораш да одиш на предавање.

Не ме интересираат законите, обврските, ниту пак моралната и етичка обврска или одговорност. Кога професорот или универзитетот не ги почитува правилата, зашто студентите да ги почитуваат?
Ако ЕКТС вика дека треба да добиваме бодови од присутност на настава, зашто не ги добиваме тие бодови? Доколку ЕКТС што се применува по инцијатива на универзитетот сугерира активно вклучување на студентите во наставата, бодови од семинарски итн. зашто сеуште голем дел од професорите не ги почитуваат овие обврски? Зашто не секогаш професорите имаат исти критериуми при оценување, и не се секогаш достапни за студентите?

Како покрај сите овие недостатоци и уште 200 други ми зборите за обврски, редовност и се останато. Кој треба да даде пример за сериозен однос, професорите и универзитетот или пак студентите?
 
1. leandra е постар модератор од тебе (ти одвај си 2 недели). Ако leandra мисли дека сум контрапродуктивен, ќе се поздравам со вас и ќе си одам.

Колку за забелешка, ме чуди што не обрати никој внимание на новостите што ги ископирав. Нема коментари?

2. НА ФОРУМ СЕ ДИСКУТИРА, прочитај го потписот на leandra, стварно е добар. Инаку точно дека "Има разлика од дискусија со аргументи и маалска караница."
Мислам дека дискусииве на овој форум се brainstorming а не маалска караница. Ако во некој момент тебе, кој имаш МОЌ овде, ти се причини дека е нешто тривијално (маалска караница), причекај, не се нервирај, можеби има нешто во тоа, можеби ќе сфатиме сите нешто...

3. Со Alex_The_Great сте другарчиња од други форуми. Јас појма немам кој е apidrone. Маалска караница правеше другар ти. А leandra, AlternativeF, apidrone, Petkovsky, Lurtz и други имаа содржајни, комплетни и размислени размислувања во своите дискусии.

На крај, стварно ми се симптоматични заканите за бан за ништо. Ме потсеќа на http://www.time.mk/read/NONE/8f8b6afda7/index.html

1. Леандра е постар модератор, ама на мој подфорум јас одредувам кој претерува кој не.

2. Твојот бреинсторминг се сведе на провокации на тие што не се согласуваат со твоето мислење.

3. Со Alex_The_Great не сме другарчиња и ако читаше добро ќе видеше дека и него го опоменав. Leandra, AlternativeF, Lurtz и останати не беа опоменати, па размисли зашто баш ти си бил опоменат.

Не ми мешај политика тука, ако ти се дискутира на темата со факти продолжи, секој нареден пост кој оди оф - топик ќе биде бришан и ќе добиеш бан од тема.

п.с. Никој не обрати внимание на новостите токму заради тоа што вие 3ца што ве посочив изнапишавте 2 страни во тотално непотребни меѓусебни препукувања и со тоа ја затрувте темата.
 
Седеше ноќе до 2 саат за да ми одговориш со маалско карачки пост?

Штом толку си се вообразил со тие закани за бан, сметај ме за одјавен засекогаш.

Сега со Alex_The_Great ќе може да си зборите истомислено колку сакате. Еве кој стандард го имате со другар ти: "Ние сме Бог. Отпоот е зауден. Сите ќе бидете асимилиани во 100 чекои. Муабетот ви е иелевантен. Пофесоите се закана за Бог - колективот."

Толку од слободата на говорот од тебе. Oчигледно од потписот на leandra добиваш system failure.

Штом Кајгана дозволува вакви фашистички модератори како тебе, не ја ценам и нејќам да ја видам веќе.

Само за крај, одговор на leandra на првобитно поставеното прашање -

-све ќе отиде во неповрат, пошто за нас студентите нема кој да се заложи. А за тоа сами сме си криви, еве во пракса покажавме, дури и на овој форум дозволивме инвазија од политички (провладино) определени типови.

И на крај, да ги разочарам сите еднаквомисленици, јас не се откажувам да мислам слободно со своја глава и да проверувам све.

Live long and prosper
 
Министерот е млад,без работно искуство и незнае што сака да направи.Јас навистина го разбирам мотивот за реформи во високото образование и повеќе пати нагласив дека ми се допаѓаат некои точки.Но каде настанува проблемот:
-Лицемерие (ние сме против непотизмот....мислам на Венера да не живееме?)
-Политизација на високото образование со закон ( Јасно е како бел ден дека професорите се политичари,нема потреба да седнуваат и падобранци во Одборот)
-Контрола на финансии ( од кого контрола? од некој што нема контрола во свои редови?-тотален промашај)

Значи оние што се против имаат резиме и резиме долго што Министерот неможе ни да го дочита,а не пак да ги изолира како сега што го протуркал законот.Тоа во најмала рака е безобразно.

И уште нешто не ми беше јасно овде на вашата дисусија.Видов многу постови за редовност.Јас бев студент,не се сеќавам некој да сакаше да ни наметнат редовност под закон,бидејќи никој и не одеше.Освен ако се измениле генерациите па од досада(немаат што друго да прават во животот) дремат на предавања. Додаток предавањата се монотони и ти ја читаат книгата што ја напишале.Јас не одев 4 години на предавање и прва дипломирав оти имав вишок време за учење.
Тек на постдипломски најдов двајца професори што грев беше да ги изоставиш секој час со свои зборови и приказни доловуваа економија.Неверојатни професори,да сакаш да ги слушаш.
Вие први треба да се буните за електронската евиденција,не сте ми јасни.

Не е убаво да се откажуваш кога ќе налеташ на препрека:wink:
 
Ти благодарам leandra за охрабрувањето, иако скромно, ми значи.

Лицемерието е одвратно, особено на државно ниво, меѓутоа сега какви што сме можеме само да го КОНСТАТИРАМЕ (во разни области, па и во оваа) и ништо друго. Како технократски определен, за мене некомпетентноста е такво зло, какво што е слободата на мислење за Борг-колективот (се знае за кој колектив зборам).

За редовноста, кратко и јасно кажа, подобро од тоа не може. Толкава дискусија на форумов за тоа, скоро да беше off-topic. Работите се подлабоки и тука имаш поента. Сигурен сум дека мора да се ангажираме и да следиме ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧУВА СО НАС СТУДЕНТИТЕ кога се носи закон во кој ние сме дел од структурата.

Само за 2 недели од протестите законот е веќе донесен на Собрание - еве вести:

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/sobranieto-gi-izglasa-izmenite-na-zakonot-za-visoko-obrazovanie):

"Собранието ги изгласа Предлог измените на Законот за високо образование. Со 64 гласа „за“, еден воздржан и во отсуство на опозицијата, по скратена постапка законот денеска ги помина сите собраниски процедури.

На матичната комисија беше усвоена и уште еден амандман на ДУИ - екстерната евалуација, односно за работата на професорите оценка да дава надворешно лице.
Честа на опозицијата ја бранеше Либерал демократската партија, нивното барање беше да се симне законот од дневен ред.
- Имаше време овој закон да се донесе по редовна постапка, рече Топузова Каревска и му препорача на министерот Тодоров уште еднаш да се сретне со професорите и да ги чуе нивните забелешки.
- Затоа се одлучивме да направиме измени кои ќе не приближат кон западот и ќе бидат влог во нашиот развој. Овој закон е подоготвен за подобрување на сосотојбите во високото образование заедно со тим од неколку професори и академици, а по неговото составување имавме средби со сите ректори на универзитетите во Македонија, рече Тодоров и додаде дека во подобрениот текст на законот се земени сите сугестии кои биле истакнати на средбите.
За веќе донесениот Закон за високо образование, позитивнио се изјаснија ректорите на сите државни универзитети освен, скопскиот.
Ова е шеста измена на Законот за високо образование кој беше донесен во 2008-та."

За ова нестоење на збор дека ќе се дискутирало и разгледувало, протестот на професорите очигледно добива нов аспект и според мене - директно оправдување.

Што си замислува опозицијата дека прави СО ОТСУСТВОТО?!

Не можам да го најдам текстот на законот кој е изгласан, ако има некој да помогне нека се јави.

Патем, додека сме сите во состојба на КОНСТАТАЦИЈА и тоа сега заедно со професорите, ќе ве замолам да погледнете за видовите на пропаганда на википедија и да препознаете со кој од нив се обидуваат да ви го перат мозокот:
http://en.wikipedia.org/wiki/Propaganda
 
Па треба и построга контрола на овие професори да се направи, се пополнува петиција да се направи измени во распоредот зашто два предмети се поклопуваат во ист термин , се носи кај координаторот на настава, ја зима петицијата , ја погледнува и пред студентите ја цепи. И кажете сега дали таа треба да излезе да протестира зашто со законот им се руши автномијата да не заебаваат нас студентите или пак студентите треба да излезат да протестираат?
Си ги имаат дигнато акциите до крај овие професори.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom