Ада, убаво напиша Зевс..
Што е спремено?? Ни флаер во фотошоп не е направен. Ни глас не е пуштен. Само на Кајгана џева се дигнало, и тоа неколку души. Да, во право е Мистичен, понекогаш потребни се два-тројца...ама па заборави да додаде, два-тројца со ИДЕА...два-тројца кои што знаат што прават.
Ада, идеата е...самиот народ ги изгласаа ВМРО со образложение дека тие нема да го продадат името, дека тие ќе остават на народот да одлучи, то ест....референдум. Сега ли ви станува јасно дека референдум е кобен??
Да те потсетам Ада..
Според тебе, нашиот глас и нашето мислење ќе го кажеме на референдум. Чуму тогаш протести?
Да те потсетам на нешто друго Ада..
Значи ни останува да почекаме на евентуален референдум.
Ада, (ништо лично, те зимам како пример поради цитатот, иначе кон сите важи)...
Ставот го имам кажано одамна, еден, единствен. Нит сум го сменил, нит имам намера да го сменам. Други се тие кои се нишаат лево десно зависно ветерот...Со такво нишање, народ не бидуе...да почекаме на референдум, таму покажеме кој колку ја сака државата..
Инаку за протестите, ќе има двајца без тројца Ада, затоа ми е глупа таа идеа. Луѓе кои што си ја сакаат државата, луѓе кои што за државата "ако треба и 20 евра ќе дадат"....
Нејсе, џабе го трубам, и секогаш кога го трубам ти ме напаѓаш демек серам со намера да направам поделба врз народот за државата да тоне...
Стоп на преговори, е тогаш можеби ќе постои идеа...ќе постои народ. Преговорите траат, а народот сеуште спие. Да, сеуште спие, иако некој сака да протестира пред собрание...
Ти текнува Ада кога ти реков дека времето не работи за нас?? Тогаш беше погоден момент...
Ај...излишно станува, пак ќе ме напаѓаш демек нешто ја терам темата во друг правец дрн дрн јариња...а уствари ја гаѓам сржта на проблемот, кој што многумина сеуште не го гледаат...