Протест пред Собрание

  • Креатор на темата Креатор на темата FilipMacedon
  • Време на започнување Време на започнување
И сега има официјално кога? во колку час?
 
Види Рајмз...во времето кога се правеше првиот протест, кога Зевзус и Боби ја превзедоа организацијата, беше идентично како сега. Зборам за времето кога се започна исто, од иницијатива на двајца тројца овде на форумов.

Далеку од идентично пер, далеку од идентично. Боби кога превзеде организација, беа праени флаери, беше јавено по медиуми, се вртеа телефони, имаше ИДЕА!!!

Поентата: се започнува од идеја. И секогаш мора да постојат луѓе со идеи. Ако ги нема - се е џабе.


Екзактли...џабе.


За време на изборите имаше две опции:

a) СДСМ, кој сметаше дека итно е потребен компромис, и дека народот не треба да се праша

б) ВМРО-ДПМНЕ, кој сметаше дека доколку евентуално се прави некаков компромис, последниот глас ќе остане на народот, кој за такво прашање ќе се изјасни на референдум

По тебе, што е помало од двете зла?

За мене? Јас не гласав, искрено. Кога не би гласале и другите за зло, било мало, било големо, тоа би значело протест против засраната политика. Имаш у дуќан лош бостан, и лоша диња...не ти се допаѓа, излегуваш од дуќан...просто е. Ама јебига, осетија дека тоа е можно да се случи, па сеа дури и го намалуваат концензусот на 30% :):) паметни се бе, ебеш ми матер..



Чуму протести елаборирано е неколку страни наназад. Има убава математика зошто евентуален референдум ќе значи дека Македонија ќе го испуши курот.

Да де, знам ја. Го тупев и порано зашто референдум и преговори се кобни за Македонија, особено кога преговараат безкичмењаци...ама тоа кога го тврдев, бев само албанец кој сака да ги подели македонците да не се обединат. Јебига, глуп албанец и тоа :)


И сите кои се за зачувување на уставното име се за тоа да се прекинат преговорите и пазарењето за името, затоа што нема што да се преговара. Ама кога ниту една од големите политички партии не е за тоа, ни останува ова.

Па зашто не се прекинат тие преговори? Единствен разумен одговор за мене барем е дека тоа на некого му одговара...нели? Или има други опции? Тогаш кои се? Нека кажат бе мајку му стара...народе мили македонски, ни дојдоа со нож позади грб, и не условуваа, промена на име, ова, она, што ти ја знам што. Кажете народе, што да правиме, ние како ваши избраници...
Но, такво нешто би било премногу во стилот на Шекспир и дефинитивно не наш политичар :)


Прво, да расчистиме околу ставот и цитатите...Тие беа мој одговор на дискусијата што може да очекуваме во иднина реално, а тоа да биде одработено од власта (значи контекстот е сериозно поинаков). И стварно испадна така...Ептен е веројатно да ни сервираат референдум. Но, НИКОГАШ и нигде не сум го подржала истиот. Мојот став е НЕ за референдум. Бил и ќе биде.Образложение зошто е не, верувам дека нема потреба да дадам. Затоа што очигледна е работата.

Нормално дека ќе испадне така, не зборев јас од ракав па да сум трефнал. Треба само човек да биде ќорав и да не сфати, дека самиот факт дека преговараш за нешто, значи си спремен да се ценкаш...ценкање значи попуштање.


Па, откако се разбравме околу тоа, само накратко ќе реплицирам...Свесна сум дека ова веројатно ќе биде протест двајца без тројца. И го сфаќам единствено како инцијација (односно, идентично со објаснувањето кое Мистичен ти го даде).
За сериозна промена треба нешто порадикално. Кое верувам дека ќе дојде.

Абе, се е тоа убаво и романтично, и патриотски и не знам ти што, ама преговорите сеуште траат...

А утре и наредните денови ќе бидам пред Собрание, макар сама. Затоа што, како што вика Марчело у "Позериште"...Ја радије бирам покушај, макар испао попушај, капиш? :)

Мило моја, Марчело ќе ти каже било што, пари зима за тоа. Кога Марчело ќе засука ракави и ќе работи во фабрика како на спотон негов, тогаш да го видам што лирика ќе ти извади :):)

По ова излегува дека владата не е за зачувување на името што е ептен загрижувачки ако е точно.

Молам?? Па ти дечко си луд, ете гледаш како низ 100 теми "убаво и аргументирано" е утврдено дека СДС се тие што го продадоа име и прифатија придавка било каква, само за интеграции во НАТО...Не зборувај така за ВМРО, молим.

Јас сеуште чекам некој член на коалицијата да се појави на форумов и да објасни зашто не се прекинаа преговорите. Вака личи како да е тоа некоја тотална мистерија за која не смее ни да се разговара, ТАБУ од највисок ранг.

Знае ли воопшто некој (освен владата) зашто сеуште се преговара?

Дечки, тоа е висока политика, не е за мене и тебе, ти како народ, треба само да гласаш за помалото зло, а за другото, тие ќе се погрижат, си знаат они што е добро за Македонија. Сепак, они се нашиот глас. Гласот на народот. Особено со толкав број на добиени пратенички места. Гласот на народот....дами и господа.


Ај сеа, кој ќе ме руга ??
 
Прашањето е:

Организатор и иницијатор на овој протест е - кој?
Концептот на кој ќе се одвива е - кој?
Дали правно е се подмирено со најавување на овој протест пред официјалните органи на власта?
Дали има финансиски средства за да се организира овој протест?


Одговорот на овие малку од многуте прашања е „Не“, и „Никој“.

Затоа и жално ќе биде што ова ќе им дојде како нарачано на оние кои со душа го очекуваат слабиот одзив, за лезет да го протуркаат референдумот, и да им го опашаат на сите у чмар.

Г.С. еднаш рече, не треба масовност, доволни се и 300 души. Кој ја знае приказната, знае за што зборам.
Се согласувам.
А, ме мачи и стравот дека т.н протест може да делува и деморализирачки и да одмогне.

Но...Знаеме дека утре таму ќе се појават неколку души со сигурност. Решени се и ќе одат.
Е сега, моралната дилема...Да се приклучиш на тие луѓе или не?
Како повеќе помагаш?

Ова не се реторички прашања, него сериозно ме мучи тоа што не го знам одговорот, па ценам туѓи размисли околу тоа.
 
Да се приклучиш на тие луѓе или не?
Како повеќе помагаш?
Ќе се приклучиш, тоа е најмалку што можеш да направиш. Е сега, тоа што нема да биде успешен, и дека ќе ја дозаебе ситуацијата, како и расположението кај народот - е друга работа, заради тоа што овие работи, вака не се прават!

Но кажав...Македонија има гнев и уште малкуцка енергија која полека исчезнува и затоа треба максимално да се искористи.

Нека биде ајде...ќе видиме што ќе бидне. Ако не, после нешто поригорозно ќе стапи на сцена :wink:
 
Ова е психологијата акоо треба да се собере група треба да има лиде некој кој што ќе ја превземе одговорноста за организирањето, некој кој конкретно ќе каже што ќе се прави...........на пример да пратите пп на сите на форумов, за повеќе информираност требаат и финансии но интернет информациите се бесплатни......разбирате?
Тие кои се засегнати ќе дојдат и тие што мислат дека нешто може да направат.
Тие кои што нема да дојдат се навикнати друг да им ги завршува работите.
Во секој случај колку и да дојдат нешто ќе допре до ушите на народот.
 
Така се праи простест пред собрание ќе се навикаме дури не држи гас и глас,ќе излезат неколку чичковци со пендраци ќе удрат по 3 шамари и ќе си појдиме сите дома на спиење.
 
Ќе се приклучиш, тоа е најмалку што можеш да направиш. Е сега, тоа што нема да биде успешен, и дека ќе ја дозаебе ситуацијата, како и расположението кај народот - е друга работа, заради тоа што овие работи, вака не се прават!

Но кажав...Македонија има гнев и уште малкуцка енергија која полека исчезнува и затоа треба максимално да се искористи.

Нека биде ајде...ќе видиме што ќе бидне. Ако не, после нешто поригорозно ќе стапи на сцена :wink:

Зашто би ја дозаебало ситуацијата и расположението кај народот?

Објасни малку повеќе.
 
Никој не беше платен, освен Перо за бината и озвучувањето. Сите беа поканети, и се појавија...Истотака ЛамБе Алабаковски, Паско Кузман, Андријана Јаневска...

Ма дај :) Буџетот беше 25.000 евра, од кои 10 реално беа потрошени за протестот...Останатото беше дел потрошено за трибините, едно частење ручек во „Камник“ и се останато...папала маца :)

Поентата е, не се прави протест тукутака...Па за еден протест што го организираат ССМ, ги кошта од 1000, па на даље евра, зависи за што е протестот и кој го нарачал.

Прашањето е:

Организатор и иницијатор на овој протест е - кој?
Концептот на кој ќе се одвива е - кој?
Дали правно е се подмирено со најавување на овој протест пред официјалните органи на власта?
Дали има финансиски средства за да се организира овој протест?


Одговорот на овие малку од многуте прашања е „Не“, и „Никој“.

Затоа и жално ќе биде што ова ќе им дојде како нарачано на оние кои со душа го очекуваат слабиот одзив, за лезет да го протуркаат референдумот, и да им го опашаат на сите у чмар.

Г.С. еднаш рече, не треба масовност, доволни се и 300 души. Кој ја знае приказната, знае за што зборам.


газда НАРОДОТ СЕ ОРГАНИЗИРА !
а ако некој од ВИСОКАТА ПОСТАВА СЕ СЕТИ ДЕКА Е МАКЕДОНЕЦ
ЌЕ ДАДЕ СВОЈ ПРИДОНЕС !

НЕКА ИМ СЕДИ НА ЧЕСТА !
 
Зашто би ја дозаебало ситуацијата и расположението кај народот?

Објасни малку повеќе.

Aj размисли малку како ќе го (зло)употреби ова новинарскиот шљам, при пропагирањето за промена на името? Човек, втор по масовност протест во историјата на независна Македонија, и што направија нашите медиуми? Ништо! Некои не го ни спомнаа, некои репортираа за запалени контејнери...и така.

Кој ги има медиумите, тој ја добива војната.

Војната во моите очи, не се води вака. Се оди некој степен погоре, на скалата на сериозност.
 
газда НАРОДОТ СЕ ОРГАНИЗИРА !
а ако некој од ВИСОКАТА ПОСТАВА СЕ СЕТИ ДЕКА Е МАКЕДОНЕЦ
ЌЕ ДАДЕ СВОЈ ПРИДОНЕС !

НЕКА ИМ СЕДИ НА ЧЕСТА !

goco...kako ke mozame da te prepoznaeme... ??????
prakame snajper....:) da te napravi SLAVNA...:)
 
донеси ми и атомска централа за да ја погодам целта !

Hmmmm..jas mislev da organizirame mastraf da te UKOKAME pred Sobranie, pa da te ima po site vesti vo svet :) .... pa site da brujat za nepravdite kon Makedonija...ti atomska centrala.....toa e be vo resorot na ABC... :)...tvoe e da "umres" za Makedonija...nema smisla Ada kako se zaletala...sepak epten e sepak klinka... :)
 
Aj размисли малку како ќе го (зло)употреби ова новинарскиот шљам, при пропагирањето за промена на името? Човек, втор по масовност протест во историјата на независна Македонија, и што направија нашите медиуми? Ништо! Некои не го ни спомнаа, некои репортираа за запалени контејнери...и така.
Кој ги има медиумите, тој ја добива војната.

Така беше ама нема медиум во МК што не е од некого контролиран што не води кон еден неубав заклучок. Не е ли така?

Војната во моите очи, не се води вака. Се оди некој степен погоре, на скалата на сериозност.

Кога и како ќе го направиш степенот погоре кога снемува време? Работата станува се полоша и полоша а преговорите траат ли траат.

Дај боже да има некој план Б па да тргне работата во позитивен правец пошто ако дојде до референдум (подржан од владата) отиде името.

Што не носи до заклучок дека или треба до референдум да не дојде или владата да не го подржи, трето чаре не гледам.
 
Во вторник ќе биде средбата...ако може некако од човек на човек да се организира протест колку толку

И прекинете веќе да се надмудрувате КАЖУВАЈТЕ ШТО ЌЕ ПРАВИМЕ!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom