Убав ден. Убав празник. Сите треба во срцето искрено да се покаеме за грешките што сме ги направиле, да побараме прошка од оние на кои сме им згрешиле, да простиме доколку бараат од нас прошка.
Не треба да важи она - помладите бараат прошка од постарите. Сите треба прошка да бараме од секого без разлика на возраста. И постарите прават грешки кон помладите, не гледам причина зошто не би се каеле и тие за нешто.
Ако на некој од форумов сум му згрешила нешто, без разлика на годините, нека ми прости!
На оние кои ми згрешиле простено им е уште одамна.
Со лесно нека им е на сите што ќе постат од утре со прочистена душа!