Пробав да се самоубијам

  • Креатор на темата Креатор на темата 100janov
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Druze, pomisli na toa deka ako ti e sega najtesko vo zivotot toa e toa. Si dopral dno dna. Znaci vekje ne moze da bide poloso, moze da bide samo podobro, taka da pocni da se raduvas na tie podobri vreminja sto sleduvaat. I za inat na drugite ne se davaj, neka umrat dusmanite, so ima ti da umiras.
 
Разбирам дека си поминал низ милијарда настани кои можеби ти го пореметиле нормалниот живот за момент, но верувај не си единствениот.
Што ќе биднеше со светот ако секој 10ти се самоубиваше?
Сличен живот сум имал на твојот, немало кој да ме слушне, немало каде да се обратам, сум бил приморуван на многу работи, сум допрел 2 пати и до смрт, ама знаеш што? Никогаш не сум помислил да си го одземам животот, затоа што тоа е кукавичкиот начин на решавање на работите.

Тоа што си го проживеал е МНОГУ, но верувај дека на сите настани кога тогаш ќе им дојде крајот. Така е кај сите луѓе, така беше и кај мене.
Биди среќен што го дочекуваш секое ново утро и уживај во него и тековниот ден. Тоа што си го издржал до сега нека ти даде сила да продолжиш понатаму.
Заврти се позади тебе, види што се не ти се случило, ама сеуште си жив и стоиш на нозе. Зошто би си го прекратил животот кога веќе си доволно одраснат?
Образован си, имаш одлични погледи на работите, забележувам високо ниво на интелигенција кај тебе и психички си сосема нормален според мене.
Тргнувајќи од тоа, биди мудар и не донесувај глупави кукавички одлуки кои можат прво да ти го уништат сопствениот живот, а потоа и животот на останатите околу тебе.

Толку имам да ти кажам за сега. Останатото е на тебе.
 
Погледни го видеото и доста мислиш кукавички мислиш само на тебе ти е тешко,на сите ни е.
Државава се распаѓа но што и да биде ти на крај треба да си најдеш начин да живееш и да се снајдеш.
Џабе ти зборам зашто се е до тебе и тие убиствени мисли стави ги во позитива.
Да не ти давам милон примери колку има како тебе и почнале да живеат затоа што се пронашле во нешто то ест си нашле пасија во животот,мојата е да променувам животи на луѓе и да бидам бодибилдер,иако многу ми се исмеваат на крај јас последен ќе се смеам.
Погленди ги видеава ќе ти стане јасно многу.
Your time is limited, so don’t waste it living someone else’s life. Don’t be trapped by dogma – which is living with the results of other people’s thinking. Don’t let the noise of other’s opinions drown out your own inner voice. And most important, have the courage to follow your heart and intuition. They somehow already know what you truly want to become. Everything else is secondary.
Човеков е без нога па има подобро тело од мене и од 95 % од населението.
И не ми биди во стил јас не можам,само изговор дека не сакаш да живееш...
https://motivirajse.wordpress.com/2012/12/15/ја-изгубил-ногата-во-сообраќајка-се-на/
https://motivirajse.wordpress.com/2013/02/01/мотивационо-видео-на-денот/
 
100janov кога би можеле да бираме каков да ни биде животот не верувам дека некој би го избрал истиот живот. Сите имаме проблеми што би било кога сите решението на проблемите би го барале во самоубијството?
Се уште си млад немаш точно определена цел во животот, мислењето ти се менува ко што дува ветерот, во депресија си и што ли уште не. Многу е добро тоа што си решил да бараш стручна помош (според нашиов балкански начин на размислување, а спомнеш психијатар одма те мислат за луд ) но доколку ти самиот не веруваш во себе и не си дадеш друга шанса за живот психијатрите колку и да сакаат нема да можат да ти помогнат или па да ти ја извадат таа идеја од глава.
Биди оптимист и немој да ги обвинуваш родителите можеби не се совршени но се единствените што не ни мислат лошо.
 
Вака друже , што мислиш на сите им е лесен животот НЕ , сите ние си имаме различни проблеми од секојдневието кои не потискаат и не прават несреќни да се чуствуваме и лоши мисли да имаме , но затоа па во секое црнило има и светла точка за која мора да се бориме да ја фатиме , животот е еден и единствен и како таков мораме секој ден во овој суров свет да бидеме силни и јаки за да го искачиме тој успон и да стигнеме на врвот .Ти со тоа што си го направил и што планираш да го направиш е многу голем кукавичлук , сакаш да се докажеш дека си слабак и така да остане или пак да им докажеш на луѓето околу тебе дека можеш да бидеш силен и да се бориш со пречките.
Работите кои ги очекуваш од некого или од самиот себе треба малце да ги согледаш реално и да не ги драматизираш толку многу да не ги преувеличуваш само со стрпнување и чекор по чекор се доаѓа до вистинското , а никој родител не би му посакал лошо на своето дете или да е незаинтересиран тука си во голема грешка , и мислам дека доволно не си отворен кон твоите ете седни и разговарајте немора психијатар да ви биде посредникот тоа можеш и ти со таткоти и мајкати очи во очи да си разговарате и да си споделите емоции.
Се надевам дека ќе биде се ок и дека еден ден ќе ти текне за твојата глупа постапка и ке ти биде многу глупо .
 
Немој да се самоубиваш,мене желбата ми е да станам психијатар,почекај ме 6год да завршам медицина,после уште 4 специјализација па кај мене ќе доаѓаш.:D Шала настрана,немој со такви работи,животот е пред тебе.Еве и јас сум од Штип,слободно ми пиши ПП,ако ти треба некој за разговор,ќе пробам да те разберам,ќе излезеш од таа депресија во која си влегол,ова е само некој период..samoubistvo.jpg
 
Знам дека веќе има неколку постови слични на овој, но имам право а и мака ми e.
Денеска, понеделник, бев на психијатар во штипскиот диспанзер за нервно болни (кој е крш) по втор пат кај истата психијатарка. Уште кога ме виде, таа забележа дека нешто не е во ред со мене, дека сум лут и нерасположен. Почна да ми поставува некои прашања на кои не обрнував многу внимание и во моментот кога таа правеше пауза меѓу зборовите јас и кажав дека се имам обидено да се самоубијам веќе три пати со помош на апчиња за спиење и дека планирам да се обидам пак, но овој пат со алкохол со цел да се зголеми дејството на апчињата. Таа почна да ми збори дека тоа не е правилното решение на проблемите, дека има време, дека јас сум млад и дека не е се така црно. Клише до клише. Нешто што највеќе мразам да правам е да се отварам кон некој што не разбира што му зборам. А докторката беше една од тие личности. Уште кога почна да ми збори за тие глупости знаев дека нема да ми е од помош. И не беше.
Претходниот пат кога се видовме беше пред еден месец и таа инсистираше да се видиме кога јас ќе се вратам пак во Македонија, бидејќи учам во Софија. Јас неколку пати се обидував да закажам преглед кај неа, првиот пат ми рече дека не била слободна таа недела туку ќе била слободна наредната. ОК, нема проблем. Се јавувам наредната недела, истата прикаска. Кога си дојдов во Штип, испадна дека таа била партиски ангажирана за време на изборите и дека уствари јас сум и на неа само уште еден тинејџер со неговите глупи проблеми.
Како и да е, таа беше многу упорна да ми го објасни нејзиното стекнато образование за Cognitive Behaviours, а како тоа требаше да ми помогне на мене не знам. И така, на крајот се разделивме со прашањето:

- Кога ќе се видиме пак?
- Па не знам ни дали и ќе се видиме воопште ...
- Да, да. Но ако би ме видел, кога би било тоа ... ?
- ... Не знам ....
- Ајде наредниот понеделник

Фактички ме испраќа со знаењето дека јас многу добро сум наумил да се обидам да се самоубијам уште еднаш без некоја грижа на совест. Не знам, можеби сум очекувал премногу од докторката. Демек, ќе ми каже некој магичен збор и се ќе биде во ред. Ама не беше така. Кога си дојдов дома, зедов 7 апчиња за спиење и ги испив со една чашка домашна ракија и легнав да спијам. Но, еве ме овде што значи дека имам уште еден неуспешен обид. Сега се мислам да се обидам со Хелекс бидејќи со оние апчиња очигледно ништо не се случува.

И пред да почнете да ме вреѓате како јас сум немал обзир кон другите или сум бил себичен и што уште не, да знаете дека тоа во никаков случај не ми помага. Доволно добро знам што бол ќе нанесам на другите ако успеам, затоа го пишувам овој пост како последен обид да си го спасам животот и другите од тага. Многу ретко се наоѓа некој во оваа држава што разбира како е да се чуствува човек суициден и да не осудува поради тоа.


Другар ке ти казам нешто
сите значи сите во зивотот имаме проблеми значи нема човек кој нема проблеми со сигурност ти тврдам и верувам дека на 90 % од лугето им дошло некад во зивотот мисла да се самоубијат
мегутоа не е ни тоа решението.Мислиш дека ке постигнеш нешто со тоа ке бидеш на раат нема.
колку што разбрав твоите се гризат за тебе финансиски си стабилен мозес да си дозволис и на психијатар да идеш студираш во софија имаш мајка татко имаш некого на кого му значиш.
Исправи се како маз и почни да се снаогаш во зивотот место да се убиеш исправи се и докази им на сите а најпрво сам на себе докази си дека вредиш несто и дека се цениш сам себе и дека со оваа постапка ке постигнеш нешто во зивотот нешто на што сам ти би се гордеел а со самоубиство ништо не решаваш веруј
СЕКОЕ ЧУДО 3 ДЕНА ТРАЕ КЕ ТЕ ПЛАЧАТ КЕ ТЕ ЗБОРАТ ЕДНА НЕДЕЛА И ТОЛККУ КЕ БИДЕ НЕ СИ ГО УПРОПАСТУВАЈ ЗИВОТОТ ЗА ГЛУПОСТИ.

лицно искуство ке ти казам
пораснат без татко куката во која зивеам ми е ставена под хипотека издрзувам мајка која е болна од леукемија веке 3-4 години, пред некое време ми стигна казна да платам 2000 евра
и сеа треба да се самоубијам од што ми е тешка ситуацијата?
па еве пак зивеам нека има здравје и гледај напред дека ке биде подобро
Сите запагаме во разни кризи мегутоа гледаме напред и ке надеваме дека ке биде подобро...
се надевам ке излезес од оваа криза и ке гледаш напред

Поздрав друзе
 
Дечко не се откажувај, продолжи да се бориш, ќе ти биде подобро, мора да ти биде, ќе видиш. Замислисе себеси за 5 години дека ќе бидеш вработен, женет човек, дека ќе имаш деца, твое потомство, зарем тоа не е најголемиот мотив, да имаш дечиња што ќе личат на тебе, ќе ги гледаш како растат..
Но сега засега овој период овие неколку денови, недели кои ти се претешки, јас ти прерорачувам да си земиш, да си купиш милениче некое, било да е куче, маче, папагал што да е. Чувај го, грижи се за него, ќе видиш дека ќе ти биде подобро. Од лично искуство ти кажувам во моменти на депресија, нема подобар лек од времето поминато со миленичето. Навистина помага.
 
Знаеш, се чудам. Си го победил ракот, здрав си. Па како бе човече ракот го победи, а немаш желба за живот?

Ебаго јас сум пола живот веќе по болници па сепак сакам да се борам за да доживеам еден ден внуци да шетам во паркот.

Не е дека и јас во најболните периоди не сум помислувал како би било да си го завршам ебаниот живот. Еднаш дури земав нож во рацете и го гледав пред мене замислувајжи како би било да си го опнам во вратот.

Но не го направиви тоа. Си помислив, ако некогаш пак стигнам до толку да се убивам сам себе си, тоа ќе го направам на корисен начин, ќе одам ќе убијам некое гомно од овие од кои страдаат луѓето, некој кој навистина не заслужува да живее, па ако он ме скине, тогаш нема лутење.

Ние овде не можеме да ти кажеме што да правиш, може само да те охрабриме да не го правиш тоа. Само ти и никој друг може и ќе одлучи дали ќе го направиш тоа или не.

Ако сега се предомислиш, после ќе бидеш непобедлив. Ништо нема да може да те кутне.

Ова ти го кажува човек кој сакал навистина да го заврши животот. Не тропам од ракавот.

После тоа бев неколку пати на граница од жив и умрен, ама од болеста, и секогаш јас бев тој што победува.

Сега сум позитивен, силен и ништо не може да ме победи.

Биди и ти силен, ќе видиш колку добро ќе се осеќаш ако сега издвојуваш победа над самиот себе си. Ќе немаш страв ама баш од ништо!
 
Абе шо знам...Депресија... Ми се идеше да се џитнам од терасата.
Имам закажано уште еден преглед кај докторката во понеделник, и ако до тогај не се смени ништо, имам еден куп апчиња па ако тие не стигнат доле имам и апчиња од баба ми и дедо ми така да не планирам да не успеам повторно.

Има една добра изрека:

YOU CALL IT DEPRESSION, I CALL IT FAGGOTRY.

А да дојдам у Штип, и да ти врзам 2-3 шамара, што викаш на тоа?
А?

Батали ја докторката, нејзе тоа и е работа, батали ги и глупите лекови што ти ги препишува.
Лекот е во твојата глава. Животот е борба. Постави си цел во животот и бори се за да ја оствариш.
Ако си најглуп, п*чица и решиш да се самоубиеш, барем не им ги троши апоите за џабе на баба ти и дедо ти.

 
Абе 100јанов бе братче бе, што кур ти се тие зборови "ќе се самоубијам" :facepalm:. Абе ботлак еден си се излечил од РАК, еееееј знаеш ли колку луѓе сакаат таква шанса во животот. Камо среќа татко ми да се излечеше од таа болест. Животот ти дал втора шанса ( а богами и повеќе шанси, одкако си ги испил апчињата ), а ти сега на 20 години ќе бараш да се самоубиеш. Да беше самоубиството единственото решение сега сите ќе бевме 2 метри под земја. Еве еден совет од мене... облечи трењерките, одбери некое старо блузиче, и направи неколку круга низ маало, и патем пушти го мозокот на пасење... ако си религиозен, појди до најблиската црква што ти е по пат, запали свеќа, и продолжи пак по патот. Испоти се како свиња, појди дома и фрли еден туш. Како препороден ќе се чувствуваш. Потоа пушти си музиче на компјутер, или пак легни на кревет и пушти на ТВ-то фудбал или кошарка. Или пак излези со другари, бркај женски... И потоа со ладна глава решавај ги проблемите полека. Тоа психијатарот кај што си бил, да појдеш пак ненајавено и да му отераш фамилијата во пизду лепу материну до 10 колено. Барем така ќе те послуша секој збор што си го рекол. И ти препорачувам да си најдеш нов психијатар, сигурно кај тој/таа кај што си бил е партиски вработен, за џабе зема пари. Да не сум те прочитал уште еднаш такви зборови, не добиваат секој 2 шанса за живот. Уживај си и не се секирај, 20 години имаш, цел живот е пред тебе, ќе имаш успеси и падови, на сите ни е таков животот, тоа е, ама сигурно никој не посегнал по јажето или пиштолот, па нема ни ти да посегнеш. Друже се читаме во наредна прилика, се надевам за убаво ќе пишеш, не за вакви глупости. Поздрав :D
 
и дали 100јанов пиша на некој од вас во ПП ? дека на темава го нема
 
психијатар престани да посетуваш,туку посвети му се на животот - верувај ми,ќе дробат напразно,но судбината е таа,тоа што треба ќе си дојде само,психијатарот може напразно да зборува.

ќе ти пишат апчиња шо уопште немат никаков ефект,напротив ќе ти биде по лошо.


престани со апчиња 1 месец,ако ти се оде на факултет оди,ако не прави тоа што мислиш дека треба,никој нема да ти се луте.

патем,до сега сите бездомници требаше да се самоубијат ? ама не !!! се борат !


ти си победил голема битка,тоа е знак дека ти си создаден за нешто,и мора да го завршиш.


поздрав
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom