Пробав да се самоубијам

  • Креатор на темата Креатор на темата 100janov
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Знам дека веќе има неколку постови слични на овој, но имам право а и мака ми e.
Денеска, понеделник, бев на психијатар во штипскиот диспанзер за нервно болни (кој е крш) по втор пат кај истата психијатарка. Уште кога ме виде, таа забележа дека нешто не е во ред со мене, дека сум лут и нерасположен. Почна да ми поставува некои прашања на кои не обрнував многу внимание и во моментот кога таа правеше пауза меѓу зборовите јас и кажав дека се имам обидено да се самоубијам веќе три пати со помош на апчиња за спиење и дека планирам да се обидам пак, но овој пат со алкохол со цел да се зголеми дејството на апчињата. Таа почна да ми збори дека тоа не е правилното решение на проблемите, дека има време, дека јас сум млад и дека не е се така црно. Клише до клише. Нешто што највеќе мразам да правам е да се отварам кон некој што не разбира што му зборам. А докторката беше една од тие личности. Уште кога почна да ми збори за тие глупости знаев дека нема да ми е од помош. И не беше.
Претходниот пат кога се видовме беше пред еден месец и таа инсистираше да се видиме кога јас ќе се вратам пак во Македонија, бидејќи учам во Софија. Јас неколку пати се обидував да закажам преглед кај неа, првиот пат ми рече дека не била слободна таа недела туку ќе била слободна наредната. ОК, нема проблем. Се јавувам наредната недела, истата прикаска. Кога си дојдов во Штип, испадна дека таа била партиски ангажирана за време на изборите и дека уствари јас сум и на неа само уште еден тинејџер со неговите глупи проблеми.
Како и да е, таа беше многу упорна да ми го објасни нејзиното стекнато образование за Cognitive Behaviours, а како тоа требаше да ми помогне на мене не знам. И така, на крајот се разделивме со прашањето:

- Кога ќе се видиме пак?
- Па не знам ни дали и ќе се видиме воопште ...
- Да, да. Но ако би ме видел, кога би било тоа ... ?
- ... Не знам ....
- Ајде наредниот понеделник

Фактички ме испраќа со знаењето дека јас многу добро сум наумил да се обидам да се самоубијам уште еднаш без некоја грижа на совест. Не знам, можеби сум очекувал премногу од докторката. Демек, ќе ми каже некој магичен збор и се ќе биде во ред. Ама не беше така. Кога си дојдов дома, зедов 7 апчиња за спиење и ги испив со една чашка домашна ракија и легнав да спијам. Но, еве ме овде што значи дека имам уште еден неуспешен обид. Сега се мислам да се обидам со Хелекс бидејќи со оние апчиња очигледно ништо не се случува.

И пред да почнете да ме вреѓате како јас сум немал обзир кон другите или сум бил себичен и што уште не, да знаете дека тоа во никаков случај не ми помага. Доволно добро знам што бол ќе нанесам на другите ако успеам, затоа го пишувам овој пост како последен обид да си го спасам животот и другите од тага. Многу ретко се наоѓа некој во оваа држава што разбира како е да се чуствува човек суициден и да не осудува поради тоа.

Не бе брат нема да те спасат седум лексилиум и ракија, нема ниту хелекс и ракија, дури и диазепам да земеш, ова ти го кажувам најодговорно бидејќи знам случаи каде, ете за среќа беа спасени два животи од ОГРОМНА количина на медикаменти меѓу кои и за притисок и бубрези(за хелекс и остали да не зборам), така да не го барај спасот таму каде што го нема!!!!

Сега јас нема да изигравам доктор но горе-долу јасна ми е твојата состојба и затоа сакам да ти кажам некои работи, работи кои МОРА да ги знаеш.

Како прво за твоите години тоа што си го поминал е огромен стрес, огромна траума но треба да ти биде јасно тебе дека не можеш туку така да заминеш, и нема да заминеш, нема да заминеш бидејќи сеуште си на пат позиција односно неможеш да се движиш но и тоа ќе помине!!

Ти имаш многу пред себе, за почеток мала консолидација, зарем не би ти годел малку одмор, дружење, разговор или сакаш да смениш средина малку, ако сакаш а знам дека сакаш малку едноставно да се оттргнеш од проблемите повели.

Имаш подадена рака од мене имај го тоа на ум.
 
100janov
Еве добро е што не читаш и во овие моменти,мислам дека е така и треба да е така.
Еве и не мора да ни се јавуваш ни денес. Ние не ти се лутиме.Само продолжи понатаму.
Еве и сам гледаш колку те сакаме и колку само ли другари доби од кога се јави.
Еве и се уште ти пишуваат некои од кој повеќето и твој врсници а и со твои сидбини.
Но еве и ова секој сака да ти помогне затоа не не изневерувај-знај доаѓаат подобри дни.
Поздрав од сите нас. А ти сам знаеш кога ќе треба да ни се јавиш.Ние те очекуваме.
 
Според твоето мислење, т.е според креирањето на оваа тема, почувствував должност да креирам профил на форумов, кој ете долго го следам но сум немал шанса и желба да се придружам. Како и ти во случајов на нашите совети. Јас уште на почетокот ќе кажам едно, кога одлучував што да бидам во животот главните одлуки беа: Психијатар или Психолог кој подоцна ќе премине во Психотерапевт. И кога случајно го пронајдов зборот Психијатар во твоето излагање, ни малку неможев да се воздржам. Психијатарот, по милионити пат ќе кажам, тој е само безчувствителна фигура што препишува медикаменти, слично како фармацевт, и кој ретко како и фармацевтот е расположен за консултација. Психијатарот е крајна фаза. Безчувствителна. Со текот на времето станува и без најмали емоции, затоа што со дијагностицирањето на медикаментите пациентот го губи засекогаш. И тој е свесен, но за жал пациентите не се. НЕ ГИ ПИЈАЈ ЛЕКАРСТВАТА!!! Со нашето неинформирање за таа разлика, ќе го цитирам Кили: во нашата мала Маздонија, уствари Македонија, слушаме - недослушуваме. Па затоа, јас ќе ти дадам признание што многу од нас ја немаат таа храброст да посетат стручно лице, а нели, посетуваат општ матичен лекар, а за психолог сеуште е табу. Ќе ти кажам едно, според твоето мислење кое и не многу го сретнав низ страниве, заклучив дека твоите родители се занимаваат со земјоделство, се прилично повозрасни, имаат свои ставови кон работите, свои искуства и мислат дека тоа што го прават е најправилниот избор. Исто како таткото од Чарлс Буковски кој го истрауматизирал. Ако Буковски постапил како тебе, немаше да ги имаме неговите извонредни дела. И верувај според нив е најправилниот. Но јас ќе кажам дека тука многу погрешиле, иако ги сфаќам. Истата работа е и за хомосексуалците. И ние неможеме да им судиме, затоа што не сме биле во иста положба во исто време, на исто место, најпросто кажано не сме ТИЕ. И можам да ти гарантирам дека ако пробуваш, а си пробал да привлечеш внимание, да ги натераш родителите да обрнат повеќе внимание на тебе, на твојата сега излечена болест и да знаеш тоа никогаш нема да ти успее. Зошто? Затоа што твојот татко, кога на пример цел живот лупел компири со обичен нож, ти му покажуваш дека постои справичка најнова и со неа се олеснува работата. Ти знаеш дека тоа е полесно и ќе заврши работа, но татко ти, нема. Во зависност од неговиот карактер тој можеби ќе проба, а можеби и не, ама верувај!! Во 98% од случаевите поединците сепак си лупат со обичен нож. Се надевам нема да ми замериш на простиот пример, па затоа ќе ти кажам дека родителите се трудат, СИТЕ РОДИТЕЛИ СЕ ТРУДАТ!!! нема родител што не се труди, но, како во твојот случај има искривување на формата - воспитување. Ние треба да учиме од грешките на нашите родители, а не да ги повторуваме. Како и во религијата, така и во образованието, родителите најчесто знаат да наметнат мислење, а ние сме тука за да го поправиме тоа. Факултетот не е ништо. Затоа ни се случува тоа што ни се случува најчесто од запад. Сите се стремат кон материјално богатство, успех и углед, но никој на свој душевен мир. Ти го искуси тоа што си во странство, тешко е, напорно е, немаш премногу пријатели, јазикот е голема пречка и јас би ти препорачал да не го завршуваш факултет, затоа што тој треба да ти дава мир, спокојство, а не па и кога ќе го завршиш да ти претставува само терет.И самоиот кажа дека не гледаш иднина во него. Најди го твојот мир во нешто што го сакаш, правиш со љубов или земи си милениче, ќе видиш колку ќе ти се смени светот. Чувствуваш дека си ја разочарал својата мајка бидејќи плачела, а неможела ништо да смени. И сега таа кога не сменала, ти со твоето самоубиство ќе смениш!? Не. Ти ќе направиш таа да ја закопаат по 1 месец по твојот погреб. Па ако немаш чувство, грижа на совест, ЉУБОВ безусловна кон сопствената мајка и татко, кои што ти мислат добро, да не се мачиш како нив и да изучиш еден факултет па самоубиј се. Сакам да ми кажиш само едно, затоа што ова што го пишувам да го прочита и вториот Хитлер, ќе го сфати, ама дека ќе чувствува нешто..нема!! и цел разговор би бил залуден и најдобро е да се направи суецид. Тоа е придобивка за општеството, а не загуба. Затоа те молам, кажи ми дали се каеш за постапките, затоа што треба да се каеш, благодарејќи на неуспешните обиди, за солзите од мајка ти, за татко ти што знаеш ти со какви пари дошол кај тебе во Софија и го посетил твојот психијатар. И ако сте имале несогласувања, човечки е да се прости, а вината ако му ја префрлиш нив е кукавички. И тој дошол, а изгледа не знаеш како влегува родител за своето дете на стоматалог, а не кај психијатар. Најголемата кукавица си ако се самоубијаш, и ако не те допреа до срце сцените на твојата мајка и татко, ТЕ МОЛАМ направи добро за општеството, самоубиј се!! Бујрум. И немој да читаш книги за самопомош. Ќе изгубиш време, батали психијатри и психолози(затоа тие во странство најмногу профитираат, затоа што ти си сам и немаш со кого да се истишиш и мораш кај нив, и тие си вадат пари на тебе, а јас знам дека сумата не е од далеку ниска) и врати се назад, и почни да правиш се што те прави среќен!!! затоа што нема да биди крај на свет ако не завршиш факултет и ако се самоубијаш. Утре пак ќе изгрее сонце, ти тврдам! Би ти препорачал книга од Др. Скот Пек, или во Скопје консултација со Др. Витомир Мицев, ама според мене залудно е. Ние сме стално тука, ама останатото зависи од тебе. Никој никому не може да му натовари толку маки на врат колку човекот што може сам себеси и никогаш човекот не може така да го упропасти животот како кога сака да го поправи. А не знае ни зошто да го поправи, ни како да го поправи. Ниту знае дали е тоа поправање или расипување, особено ако го загуби својот мир.

П.С. Да не исконтактираш секако, немој да не разочараш со нашето време потрошено за тебе, а ако не чувствуваш ни најмалку жал и чувство, направи суецид, затоа што треба да се каеш многу, и покрај сите проблеми во животот неможеме да си даваме толку значење сами на себеси затоа што сите сме исти, ни јас сум помалку ни ти, ни јас повеќе ни ти. Благодарам за внимание и се надевам дека ќе го направиш правилниот избор.
 
Луѓе дечково го нема никаде од вторник вечер. Има начин некако да се дознае, да не направил некаква глупост? Ај видете таму администратори, модератори, дали може да го контактираме некако...
 
Луѓе дечково го нема никаде од вторник вечер. Има начин некако да се дознае, да не направил некаква глупост? Ај видете таму администратори, модератори, дали може да го контактираме некако...

И јас истото сакав да прашам но мислев дека ке се појави од некаде и да ни каже дека има промена на подобро :) ...
Да се надеваме дека ништо не направил..
Дали некој успеа да добие нешто за контакт?Фб?телефонски број?
 
100janov, пиши што било да знаеме дека си добро (y) кажи како се чувствуваш после скоро една недела од кога го напиша постот? подобро ти е? се надевам дека некои мислења навистина ти помогнаа
 
Разбрав дека се самоубил :( нека почива во мир, не успеавме да го спасиме :(
 
Разбрав дека се самоубил :( нека почива во мир, не успеавме да го спасиме :(
Дај бе не се заебавај...

Кажи ако има нешто стварно, сите пробавме да му помогнеме на човеков.
 
Кажете како е навистина? има многу луѓе што ја пратат темата,сериозна е работава. Од кај дозна?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom