Изиграв 3 партии на Суперстар и ова е мојот прв впечаток:
Ќе ја оценам за нијанса полоша од 15-ката, но не и од 14-ката, пошо не верувам да направат посрање од нејзе!
Во однос на 15-ката, има и подобри и полоши работи (промени). Пореалистични се движењата на фудбалерите во текот на играта, тоа е доста позитивно, браво!
Но има огромна промена во начинот на додавање (Low Pass/Through Pass), при поголемо полнење воопшто и да не постои разлика помеѓу овие две, а тоа морам да го оценам доста негатвно, барем за мене. Прелесно се феилнува во додавања, мораш прецизно да насочиш каде и колку да додадеш, а при многу мало полнење воопшто и не додава, туку си дава малку фор и тоа е, налик на dash. Булшит!
Потоа, трансферите се катастрофа! Не знам и дали 20% им се направени. 2 саати ги правев. Исто така оневозможено ти е да праќаш понуда со твоја цифра на сума, туку откако ќе ти ја прифати играчот понудата имаш можност за евентуално намалување на сумата а тоа не ми се допадна.
И накрај голманите.Тешки месечари се! Не знам и дали воопшто можат да фатат топка во шеснаесетник?!
Но од друга страна за PvP мислем дека ќе биди одлична, пошо и на двете страни ќи има идентични грешки и мислам дека нема да се обрнува пажња на тие работи, туку само ќе се ужива во подобрената визуелизацијата и то е!
Како и да е, ова е прв впечаток, исото се случуваше и со претходната дури да ја навикнам...