Prison Break

  • Креатор на темата Креатор на темата DarkAvenger
  • Време на започнување Време на започнување
Реално на последнава епизода (сезона) немав чувства за разлика од последна епизода 4та сезона ........... тапа тапа последнава не ми направи кеиф ич
 
Премногу избрзано беше. Приказнава што ја имаат сместено во 9те епизоди, можеше комотно уште 9 да снимаат.
 
И во 9 епизоди многу работи беа без врска и далеку од нивото на Prison Break, така да не ни сакам да си замислам што ќе се дешаваше во 18 епизоди. На стара слава скоцкано нешто ефтино за брза пара, тоа е јебига ама пак ке речам мило ми беше шо ги видив пак ликојте на едно место, јас ќе ја памтам како сериа со 4 сезони.
 
И сега ова ќе им биде дефинитивно крај на серијата?
Или може пак за некоја година ќе снимат нешто?

За пари секако се може од Холивуд да се очекува.

Не требаа овие 9 епизоди, и оние 4 сезони беа форсирани.
 
Какво срање од сезона, повраќам веќе 2 дена.
 
Втората сезона кога Т-Бег и дојде на бившата пред врата каков момент беше тоа. Тоа фалеше во оваа сезона, некои јаки моменти, ок имаше нешто јако ама ептен беше исфорсирана сезонава. Мислам дека сите фанови ја исплукаа сезонава.
 
Подобро и да не ја снимеа сезонава, најлош впечаток ми отави и многу лошата глума на сите глумци, ко и на нив да не им се глумеше и да не им беше по ќеиф сезонава, а па за приказната катастрофа ко за мали деца, идат тепаат убиваат цел свет го поминаа итн.
 
До кога ке го музат серијалов? :D
 
Си ја репризирам пак, каква легендарна неповторлива серија, перфектна глума од сите, перформансот на Т-Бег е еден од најдобрите било кога, а и сите други си имаа свои моменти. Се на се 11/10 оцена, уште милион сезони да се снимат ќе бидат прејаки за сите фанови, негативни коментари за серијава не признавам, ги множам со нула и ги прескокнувам :)
 
Си ја репризирам пак, каква легендарна неповторлива серија, перфектна глума од сите, перформансот на Т-Бег е еден од најдобрите било кога, а и сите други си имаа свои моменти. Се на се 11/10 оцена, уште милион сезони да се снимат ќе бидат прејаки за сите фанови, негативни коментари за серијава не признавам, ги множам со нула и ги прескокнувам :)

И јас ја репризирам после 8 години и мило ми е што скоро ништо не памтам. :kafence:
 
Најпреценета серија еver. Прва сезона беше топ, останативе просечни. Последнава ни просечна не е, обична бљувотина.
 
Ги изрепризирав сите 5 сезони и сега имам проблем, следна серија, што и да пуштам ќе е класи испод :toe: на прсти се бројат сериите што можат застанат во иста реченица со Prison Break, а сите ми се гледани по неколку пати.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom