Кордоба е дефинитивно најслабата екипа во лигата. Сеуште се без победа, а онаква шанса да не искористиш со играч помалку и пенал против директен ривал за опстанок е срамно. Џабе им е Ѓукиќ ако не земат нешто на зима скоро сигурно отпаѓаат. Депор извлече максимум од гостувањево со оглед на раниот црвен картон, кој рака на срце беше смешно досуден. Овој Матеу Лахос е еден од најглупите судии, а што е најтрагично магарето веќе е долго време во Ла Лига. Дур сме кај Депор Постига е жив очај, ај што не си ја врши напред работата туку само се курчи и еве ги кошташе два бода кои со оглед на тоа колку се очајни Кордоба.
Алмерија изигра доста добар меч само на крајот пресуди Суарез кој имаше одлично второ полувреме.
Хетафе разочара на Колосеумот, Јода доста слаб, Сарабиа и Лафита речиси ништо не искреираа, а со оглед на играта на претходните утакмици многу повеќе очекував од нив. Од друга страна Елче имаше некои шанси ама задоволителен бод за нив после победата во прошлото коло и лошиот старт.
Малага и Еибар изиграа интересен меч. Многу цврста екипа е Еибар, доста физичка, знаат што сакаат и ја користат секоја грешка. Малага не импресионираше како претходно но на крајот успеаа да победат со голот од пенал на Амбрабат кој беше одлично затворен и не се најде во скоро ниедна прилика. Саму Кастиљехо го изигра можеби најдобриот меч во дресот на Малага, секоја утакмица е све подобар а има само 19 години. Пет победи по ред за Малага, покрај нив само Реал и Барселона можат да се пофалат со ваква серија.
Селта не успеа да ја скрши Малага, од хајлајтсите што ги гледав Селта имаше неколку шанси но не успеаа да поентираат. Капарош на крајот беше задоволен иако Гранада веќе 6-7 кола е на ниво на Кордоба.
Вистинска кланица беше во Андалузија, Бето го отепаа на два пати неговите соиграчи и на крајот таков зашеметен направи несвојствен кикс за него, Емери едноставно мораше да го извади. Исто имаше и мал број инциденти меѓу останатите играчи. Мечот беше продолжен за 15 минути(7 во прво и 8 во второ). Леванте изгледа многу, многу подобро со Алкараз на клупата иако според шансите Севиља заслужи да победи.
Виљареал е доста разнишан, веќе 4-та утакмица по ред без победа а денес во Каталонија не баш сјајна игра и сосема заслужено Еспањол израмни после силниот притисок во последните 15 минути. Асенхо имаше страшен пад, ја свитка глевата и се онесвести. Сепак после продолжи, но вечерва бил хоспитализиран, се надевам дека не е ништо сериозно.
Валенсија не успеа да го скрши Билбао, напаѓачите потполно отсечени, Андре се трудеше ама сам толку можеше. Се гледа дека фали Парехо, со него играта е доста потечна. Негредо кој влезе на 20-тина минути пред крајот беше тотално отсечен, истото важи и за Родриго и Пако. Едноставно средината беше премногу некреативна. Несфатливо беше вадењето на Пијати кој беше најдобриот играч на Валенсија дотогаш. Атлетик дојде без Адуриз и Муниаин и овој резултат е одличен за нив, фаќаат залет полека имаат 7 бода од 9 во последниве 3 кола.
Сосиедад повторно изиграа перфектно против претендент за шампионатот. Седум од деветте бода им се против Реал, Валенсија и Атлетико. Луда екипа.
п.с. Знам дека сум офтопик