Primera División 2012/13

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во сезоната 2012/2013 во Primera División?


  • Вкупно гласачи
    324
Статус
Затворена за нови мислења.
Ако му е на Роналдо до плачење, затоа што Иниеста земал награда за најдобар играч во Европа, тогаш до тука.
Иако не ми е верно тоа, ама ајде.
 
Ако му е на Роналдо до плачење, затоа што Иниеста земал награда за најдобар играч во Европа, тогаш до тука.
Иако не ми е верно тоа, ама ајде.
'Не сум среќен, луѓето од клубот знаат зошто'.
Мислиш дека ќе излезе со оваа изјава заради Иниеста?
Еве доколку би било заради него би ги нагласил ФИФА/Платини/одговорните за наградата, а не луѓето од клубот.
Додуша не се знае ама ова е најголема глупост и 100% сум сигурен дека не е за тоа. Гласам за тоа дека нема доволно подршка од Реал и од соиграчите особено шпанците, али ајде ќе почекам со некоја официјална изјава за причината доколку ја има.
 
Преглед на третото коло:

00030_Escudo.png
Селта де Виго 2-0 Осасуна
00014_Escudo.png

Прва победа оваа сезона за Селта де Виго во Примера над гостите од Памплона кои сè уште се без бодови. Стрелци за Галицијците - Иаго Аспас во 69-та и Марио Бермехо во 93-та минута.

00033_Escudo.png
Реал Сарагоса 0-1 Малага
00037_Escudo.png

Гостите од Андалузија успеаја да стигнат до втората победа на гости сезонава, овојпат на Ла Ромареда против домашната Сарагоса благодарејќи на голот на Игнасио Камачо во 56-та минута.

00007_Escudo.png
Депортиво Ла Коруња 1-1 Гетафе
00009_Escudo.png

Атрактивен натпревар со многу акции и шанси на Риазор, но само со два гола по еден на двете страни и двата во првото полувреме. Рики погоди за Депортиво во 5-та минута, додека гостите стигнаа до изедначувањето со голот на Барада во 25-та минута.

00012_Escudo.png
Мајорка 1-0 Реал Сосиедад
00032_Escudo.png

Со голот на Виктор Касадесус во 75-та минута, островјаните стигнаа до втората победа на Иберостар стадионот сезонава и со 7 бодови во саботата Мајорка остана на чело на табелата во Примера.

00029_Escudo.png
Рајо Ваљекано 0-0 Севиља
00018_Escudo.png

Ретко кој мислеше дека на овој натпревар ќе нема голови, најмногу поради фактот што гостите од Андалузија имаа две 100% шанси од белата точка. Негредо во првото и Ракитиќ во второто полувреме не успеаја да постигнат гол од пенал.

00002_Escudo.png
Атлетик Билбао 2-0 Реал Ваљадолид
00042_Escudo.png

Со головите на Ариц Адуриз во 69-та и Маркел Сусаета во 75-та минута, лавовите од Билбао конечно во третото коло стигнаа до првата победа оваа сезона.

00028_Escudo.png
Леванте 3-2 Еспањол
00008_Escudo.png

Дефинитивно најинтересниот натпревар ова коло во Примера каде на полувреме гостите од Каталонија водеа со 0-2 со головите на Лонхо и Техера. Сепак валенсиската екипата не се откажа и со целосен пресврт и три гола во второто полувреме стигна до првата победа во Ла Лига сезонава. Хуанлу и Љељ му донесоа изедначување на Леванте, додека Мичел односно авто-голот на Раул Родригез во 93-та минута предизвика ерупција од радост кај навивачите на стадионот Сиутат де Валенсија.

00015_Escudo.png
Реал Мадрид 3-0 Гранада
00156_Escudo.png

Двата гола на „тажниот“ Роналдо и еден на Игуаин му го донесоа првиот триумф сезонава на минато сезонскиот шампион.

00005_Escudo.png
Барселона 1-0 Валенсија
00019_Escudo.png

Прекрасниот гол на Адријано им ја донесе третата победа на каталонците во Ла Лига, кои се единствениот тим со 100% учинок. Гостите од Валенсија нападнаа единствено во последните минути, кога најдобрата шанса за изедначување на резултатот ја имаше Виктор Руиз.

00006_Escudo.png
Реал Бетис - Атлетико Мадрид
00003_Escudo.png

Натпреварот е одложен за 26-ти септември поради европскиот Супер Куп на кој играа Мадриѓани (кој и го освоија со победа од 4-1 над Челзи). Честитки за јорганџиите! :)

Статистики за третото коло:
Голови: 17 (1,89% по натпревар)
1x2: Шест победи за домаќините, две ремија и само една победа за гостите
Жолти картони: 47
Црвени картони: 1
 
ОФ ТОПИК

Знае ли некој да ми објасни што точно е ова на сликава?
Знам дека се работи за некој собир на најдобрите тренери и се прави секоја година. Овогодинешното издание е утре во Франција или Швајцарија мислам. Но што точно е ова нешто?

Foro-de-entrenadores-de-elite-_54340424683_54115221152_960_640-300x200.jpg
 
ОФ ТОПИК

Знае ли некој да ми објасни што точно е ова на сликава?
Знам дека се работи за некој собир на најдобрите тренери и се прави секоја година. Овогодинешното издание е утре во Франција или Швајцарија мислам. Но што точно е ова нешто?

Foro-de-entrenadores-de-elite-_54340424683_54115221152_960_640-300x200.jpg
Се збираат и мезат со ракија. Ништо посебно, ко самитот на Г8, формалност.
 
Се збираат и мезат со ракија. Ништо посебно, ко самитот на Г8, формалност.
Сега и Чедета ќе го викнат, он од жтата кога ќе им донесе камења ќе бидат :)
 
сам си е крив
п.с. иначе никој не го спомна смешно поништениот гол на валенсија :icon_lol: демек офсајд било.. :свиркам:
 
сам си е крив
п.с. иначе никој не го спомна смешно поништениот гол на валенсија :icon_lol: демек офсајд било.. :свиркам:

Да бе тој на Бернабе чист офсајд беше! :ROFLMAO:
 
Добро бе до кога со овие глупости од новинариве, прво Роналдо ќе си одел поради пари, сеа и Фабре ќе си одел. Еве што изјави Фабре

Cesc: "I know I'm competing with the best in the world. But I didn't join Barça for one, two, or three years. I want to retire here."
 
На листата на IFFIS дури четири екипи од Примера се најдоа во топ 10 најдобрите клубови за сезоната 2011 - 2012 .. Еве како изгледа листата ...

578610_10151191890930469_681514270_n.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom