Primera División 2012/13

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во сезоната 2012/2013 во Primera División?


  • Вкупно гласачи
    324
Статус
Затворена за нови мислења.
Утре излекувањето на ЛШ, а за ЛЕ? кога е, утре?
 
Преглед на второто коло во Примера:

00032_Escudo.png
Реал Сосиедад 2-1 Селта де Виго
00030_Escudo.png

Гостите од Галиција дојдоа до предност со голот на Де Лукас, но домашните направија целосен пресврт благодарејќи на двата гола на Агирече

00006_Escudo.png
Реал Бетис 1-2 Рајо Ваљекано
00029_Escudo.png

По две кола екипата од Ваљекас ги освои вкупните можни 6 бодови. Во Севиља за гостите погодуваа Пити и Лео, додека за Бетис стрелец на голот беше Хорхе Молина.

00008_Escudo.png
Еспањол 1-2 Реал Сарагоса
00033_Escudo.png

Апоњо од пенал и Постига направија пресврт на Корнеља ел Прат откако домашните го отворија резултатот со голот на Алваро. Први три бодови за Сарагоса, Еспањол сè уште без бодови.

00037_Escudo.png
Малага 1-1 Мајорка
00012_Escudo.png

Доминација на андалузиската екипа на Ла Росаледа иако двете екипи ги поделија бодовите. Стрелец за гостите, моменталниот пичичи во Ла Лига - Хемед.

00014_Escudo.png
Осасуна 1-2 Барселона
00005_Escudo.png

Осасуна го отвори резултатот преку Љоренте, но гостите направија целосен пресврт со двата гола на Меси, од кој првиот беше офсајд ситуација.

00009_Escudo.png
Гетафе 2-1 Реал Мадрид
00015_Escudo.png

Шампионот и по две кола сè уште нема победа, освојувајќи само еден од можни шест. Игуаин му донесе водство на Реал, но домашните направија пресврт со головите на Валера и Барада. По две кола, Барселона има 5 бодови повеќе од Мадрид.

00156_Escudo.png
Гранада 1-1 Севиља
00018_Escudo.png

Микел Рико и донесе водство на Гранада по исклучувањето на Диего Лопез, додека Севиља стигна до бод на андалузиското дерби со голот на Алваро Негредо.

00019_Escudo.png
Валенсија 3-3 Депортиво Ла Коруња
00007_Escudo.png

Валенсија им дозволи на гостите од Галиција да го изедначат резултатот откако на полувремето домашните водеа со 3-1. По два гола за Роберто Солдадо и Абел Агилар на двете страни, додека во листата на стрелци еднаш се запишаа и Фегули (Вал) и Пици (Деп) од пенал.

00042_Escudo.png
Реал Ваљадолид 2-0 Леванте
00028_Escudo.png

Новиот прволигаш ја постигна својата втора победа и по две кола има освоено шест бодови. Двата гола од пенал ги постигна Виктор Перез.

00003_Escudo.png
Атлетико Мадрид 4-0 Атлетик Билбао
00002_Escudo.png

Колумбискиот напаѓач на јорганџиите, Радамел Фалкао со три гола ги реши гостите од Баскија кои не се истата екипа без Хави Мартинез и Фернандо Љоренте, и по две кола немаат освоено ниту еден бод.
 
00032_Escudo.png
Реал Сосиедад 2-1 Селта де Виго
00030_Escudo.png

Гостите од Галиција дојдоа до предност со голот на Де Лукас, но домашните направија целосен пресврт благодарејќи на двата гола на Агирече
Го гледав против Малага. Ѕверче, изигра ептен добро, има 33-4 години а да го глеаш како игра ќе речиш 10 години по млад е. Ме потсеќа на Хулк :cuc:
--- надополнето: 30 август 2012 во 23:30 ---
00032_Escudo.png
Реал Сосиедад 2-1 Селта де Виго
00030_Escudo.png

Гостите од Галиција дојдоа до предност со голот на Де Лукас, но домашните направија целосен пресврт благодарејќи на двата гола на Агирече
Го гледав против Малага. Ѕверче, изигра ептен добро, има 33-4 години а да го глеаш како игра ќе речиш 10 години по млад е. Ме потсеќа на Хулк :cuc:
 
Играчот на Арсенал Park Chou Young на 1-годишна позајмица во Селта Виго.


488302_479494538741903_965179264_n.jpg

--- надополнето: 31 август 2012 во 17:12 ---
 
Селта имаат добро екипче, сериозно си ја сфатиле работава за опстанок годинава.
 
Spanish clubs have spent 116M during this summer's transfer window, around 70% less than last year (360M)
 
Зошто Љоренте повторно не е во составот на Билбао? Повреда е во прашање или?
Затоа што јавно изјави дека сака да го напушти клубот, и одби да потпише нов договор , а кај навивачите е веќе омразен лик, недобредојден .. а клубот гадно се заеба што не ја прифати понудата на Јуве од 20 милиони... Следното лето е слободен агент и ќе замине без пари, ако евентуално некој не понуди нешто во Јануари...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom