Рајо кога игра против топ 3 во Ла Лига, игра егзибициски мечеви, идат на све или ништо. Што му мења на Пако Хемез дали ќе изгуби 1 - 0, 5 - 0 или 15 - 0. Позната е констелацијата на силите кога игра против Барселона на пример и нема што да се тактизира многу. Можда ќе попијат 10 гола ама може и у нокдаун ќе ја стават Барса. Уствари тоа и се деси на Барса против Селта, ни самите не им се веруеше што им се дешава и како Селта им игра дрско и агресивно, па направија дополнителни пропусти. Е сега со Реал, Селта се распадна во второ полувреме. Уште на почеток на второ Роналдо им даде спектакуларен гол и психолошки паднаа, додека у прво Реал едвај до гол им стигаше. Резултатот не е секогаш доволен показател за соодносот на силите. Можам да зборувам за Реал дека секоја утакмица во шпанско им е напната, барем прво полувреме ако не дадат рано гол. Противникот буквално секогаш игра бескомпромисно. Плус Реал е доста ранлива екипа, која што прави многу грешки, премногу варира нивото на играта па дури и во текот на една утакмица. А кога противниците ќе намирисаат крв ја оставаат душата на терен да му скинат бодови на Реал. Особина што кај Рома рецимо не ја приметив, ама ја приметив кај Бетис и Гранада. Додека ситуацијата со Барса е поинаква, тимот им е толку моќен што мислам дека утакмицата ја добиваат уште пред да излезат на терен. Просто другите тимови им се плашат, на страна што се 10 класи над сите. Тоа е Мајк Тајсон синдром, кому противниците сами му паѓаа уште пред да почне асално да ги тепа, пошто беа усрани. Додека ако правиме муабет за тоа кој е типичен претставник на ЛА Лига, тоа е Атлетико. Можеби технички и не се најсовршената екипа, ама како функционираат заедно, тоа е доживљај да ги гледаш, за разлика од Реал кои се тотална спротивност и кога не оди повеќето од утакмиците или ги киксаат или на мускули ги тепаат. Решение никако да најдат, па затоа до сега ниту една ремонтада немаат направено.