Одбранава им е за нигде. Кој се овие бекови човече? Мора Маскерано и Отаменди да му играат назад за да имаат барем добро стоперско дуо.
Средниот ред им е добар, не овој што го има повикано, туку мора да ги земе во превид и Кранвитер, Салвио, Пизаро, Пасторе, Ди Марија и од тие играчи плус со постоечките Банега и Паредес може да се состави добар среден ред...
За нападот да не збориме, Икарди, Агуеро, Игуаин... ај третиов сумлив, ама Икарди и Кун ако се слаби не знам... Дибала при Месси во ваква лидерска форма не им треба реално.
Екипи кои имаат комплетен почетен состав без повеќе од една проблематична позиција се Бразил, Шпанија, Германија, Белгија и Франција.
Бразилциве конечно се чини дека склопија добар тим. Особено што сега имаат добри играчи онаму каде што чкрипеа задњиве години после таа нивна златна генерација. Фирмињо и Жесус во напад се неспоредливо подобра опција од Жо, Фред, Вагнер Лов и останатите будали кои играа на изминатите мундијали... Дефанзивниот дел од средниот ред им е коска со Касемиро и Фернандињо, плус туја се Паулињо и Фред.
Швабите ќе изгураат пак далеку сигурен сум. Одбраната е тројката од БаЈерн плус Хектор, во средина имаат сепак играчи ко Кросс, Кедира, Озил, Дракслер, Џан, Гундоган и младите и опасни Горцека и Брандт. Сане ќе ора по крило а овојпат имаат дури три класични напаѓачи па нема да мора Лев да комбинира со идиотските лажни деветки...
Французиве се интересни. Стварно имаат да склопат три тима, ама ги правев сите комбинации и ниеден тим не испаѓа онака значајно појак од тие што би биле алтернатива. Некако многумина од нивните играчи се на она мнение дека се суперталенти ама сеуште не докажани иако некои се у најдобрите години влезени.
Овие играчи ко Лемар, Рабиот, Толисо, Марсијал, Мбапе... сеуште се несигурни кога е во прашање репрезентација и носење товар врз нив.
А мислам дека и им фали лидер. Погба е првиот на кого се гледа како таков, а Гризман вториот, но не знам дали ќе бидат тоа.
Белгијците се тие на кои исто мислам дека им фали лидер. Хазард ми е сумлив дека ќе биде биг баст и овде, Де Брујне е човекот кој преку лидерска игра на СП може да се вмеша во борбата за Балон д Ор. Имаат коска тим, освен на бековските позиции. Веќе имаат искуство од две првенства за нив. Сега и не ги сметаат како фавоирити ко на тие па може да го искористат тоа.
Шпанците гледаме за што се способни и без Бускец, Силва и Мората. Овие тројца место Родри, Родриго и Одрозола и тоа е страшен тим. Односно два тима.
Веќе ја привршија транзицијата и сега го имаат идеалниот спој на ветерани со победнички менталитет, играчи во своите најдобри години и млади суперталенти.
Играат и конечно допадлив фудбал, би сакал да освојат.