Premier League - Season 2020/2021

Кој ќе биде шампион во сезоната 2020/2021?

  • Вкупно гласачи
    166
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.834
Поени од реакции
10.147
Не е до Лампард, толку е силата на екипата. Ова не го пишувам за да провоцирам, туку навистина така мислам. Всушност овој преоден рок на Челзи е пример што прави хајпот по медиумите. Ако медиумите 200 пати повторат дека Хаверц е одличен играч, во главата и на оние кои никогаш не го гледале тој станува јак играч. И кога некој го купи, веднаш оди под графата одличен трансфер. Еве Хаверц кошташе околу 80 милиони, што реално тој донесе во играта на Челзи што немаа пред тоа? Вчера го убија од туркање, како ветрушка е, еден дуел не издржа, една топка не додаде. Челзијашите се тешат дека не му е погодена позицијата, ама и на вистинска позиција повторно ќе јаде ќотек. Зијеч уште нема добиено вистинска шанса, ама и тој е вејка на ветрот. Тоа во пари се практично половина од засиувањата на Челзи.

Кога ќе видиш, Чилвел испадна зачудувачки добро засилување, Вернер е многу добар, и тоа е тоа. Челзи освен на лев бек никаде не е подобар од лани, а лани едвај се протна во ЛШ. Оваа година се сомневам дека ќе бидат топ 4. Тотенхем е подобар од нив, Јунајтед е подобар од нив, Евертон исто. Мислам дека дури и Арсенал има ако не подобар тогаш посреден тим од Челзи.
Хаверц е физички слаб ама не е прв таков во ПЛ, играа и Мата и Казорла, Давид Силва, Бернардо ете го. Има квалитет и Хаверц ама не го користат исто како Вернер што го играа по крило. Лампард не е врвен тренер и тука нема многу филозофија, не верувам дека ќе ја заврши сезонава во Челзи. Искрено истово го мислам и за Солскер, не е квалитет за Јунајтед, тренер е сеуште само заради багажот што го има од порано.

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.471
Поени од реакции
5.474
Сакам.

Би сакал, доколку не се согласуваш, да ми објасниш по кој критериум ривалството помеѓу Тотенхем и Арсенал (веројатно второ најголемо лондонско по она на Милвол и Вест Хем) е поголемо од она на северњациве?
Си прашав само.

За мене ако гледаме од страна на Ривалство а не квалитет на екипи/фудбал Милвол Вест Хем и Тотнем Арсенал ми се на ист ранг на ривалства. Збориме тука за омразата помеѓу фановите. Јунајтед и Пул можам да сфатам зашто некој би го ставил на прво место во Англија само заради трофеите што ги имаат и двете екипи. Сепак на темава неам читано да се збори околу тежината на ривалствата и затоа те прашав, сакав да прочитам мислење и од фан на Пул/Јунајтед.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.320
Хаверц е физички слаб ама не е прв таков во ПЛ, играа и Мата и Казорла, Давид Силва, Бернардо ете го. Има квалитет и Хаверц ама не го користат исто како Вернер што го играа по крило. Лампард не е врвен тренер и тука нема многу филозофија, не верувам дека ќе ја заврши сезонава во Челзи. Искрено истово го мислам и за Солскер, не е квалитет за Јунајтед, тренер е сеуште само заради багажот што го има од порано.

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
Хаверц има потенцијал што ќе биде достигнат ако игра во екипа што цела игра ќе ја врти околу него, ете Давид Силва ти е добар пример.
Тоа во Челзи тешко дека би го достигнал, барем во моментов така делува
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436

Види, и јас не сум воодушевен со перформансите на Сослкјер. Факт е дека направи одлични трансфери, ама исто е факт дека тактичката подготвеност и in play менаџментот на екипата му е многу лоша. Тотално е нефлексибилен со формациите, и многу касни со замените. Оваа сезона малку помалку од лани. За воља на вистината лани и немаше кој да влезе од клупа а да не е Лингард и Переира. Јас би сакал некој врвен тренер за Јунајтед, ама не ни има многу врвни тренери кои би направиле разлика. Мислам, можеш Алегри да го донесеш со неговиот мртов фудбал, или Покетино, ама не верувам дека кој знае колку би направиле со екипата. Менаџери како Клоп или Пеп практично нема други.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Си прашав само.

За мене ако гледаме од страна на Ривалство а не квалитет на екипи/фудбал Милвол Вест Хем и Тотнем Арсенал ми се на ист ранг на ривалства. Збориме тука за омразата помеѓу фановите. Јунајтед и Пул можам да сфатам зашто некој би го ставил на прво место во Англија само заради трофеите што ги имаат и двете екипи. Сепак на темава неам читано да се збори околу тежината на ривалствата и затоа те прашав, сакав да прочитам мислење и од фан на Пул/Јунајтед.
Ако нивото на дискусија не е на база на вреѓање, не значи дека не сакам Јунајтес да пропаѓа. Имам милион причини да ти набројам зошто ми е јако да ги глеам вака пропаднати и само една есинствена зошто не се при самиот врв. Причина зошто ми е криво што не се при самиот врв во моментов е што само така, кига два тима би се бореле за титула, освоената титула би била послатка.

Ако тебе кловносување ко Трупз и ДТ на јутјуб ти е дефинија за ривалство и тежина, во ред.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.161
Поени од реакции
25.663
Ливерпул- Јунајтед, Јунајтед - Лидс, Арсенал - Тотенхем, Њукасл - Сандерленд, Милвол - Вест Хем тие се историски најголемите ривалства во Англија.
Другово како Челзи - Арсенал, Јунајтед - Сити нема врска.
Ова се локални ривалства, од едно друго време. Денес најголеми ривалства се тие што би привлекле најмногу публика пред екрани. А на луѓе надвор од Англија, не им е многу гајле за англиска граѓанска војна од пред 5 века. Не им е ни на играчите што ќе играат.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.168
Поени од реакции
107.664
Мислам, можеш Алегри да го донесеш со неговиот мртов фудбал, или Покетино, ама не верувам дека кој знае колку би направиле со екипата.
Супер муабет за Алегри, нема што. Па Алегри за Оле е Фергусон лично и персонално. Проблемот е што ако би дошол во Јунајтед нема да го остават да работи како што сака, односно ќе му се качат на кур после првиот кикс. Алегри е врвен тренер и еден од најдобрите тактичари, максимум вадеше со тимот на Јувентус, некогаш и повеќе од тоа. Имаше несреќа во двете финалиња во ЛШ да игра со подобри тимови од неговиот, така да тие порази не му ги сметам за зло или како дамка во кариерата. И не, не форсира Алегри мртов фудбал, него е човек што знае и што игра на резултат, нешто што беше и Ферги на времето па не гледам дека такви муабети се пишуваат за него. Јас се надевам дека Марота ќе го донесе во Интер после ова перикава умрена, мислам дека може многу Макс со овој тим на Интер.
 
Јас не му оспорувам тактички квалитети на Алегри, и знам дека е многу подобар менаџер од Соскјер. Ама дека неговите екипи играат умрен фудбал, тоа никој не може да ме разубеди. Имаше резултати до Јувентус, ама имаше и топ екипа, да не се лажеме.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.834
Поени од реакции
10.147
Хаверц има потенцијал што ќе биде достигнат ако игра во екипа што цела игра ќе ја врти околу него, ете Давид Силва ти е добар пример.
Тоа во Челзи тешко дека би го достигнал, барем во моментов така делува
Хацерц игра тоа што ќе му кажат да игра, не може да тера по свое. Дали ќе го достигне нивото на Давид Силва е многу голем залак кој е многу рано да се прогнозира.

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Ова се локални ривалства, од едно друго време. Денес најголеми ривалства се тие што би привлекле најмногу публика пред екрани. А на луѓе надвор од Англија, не им е многу гајле за англиска граѓанска војна од пред 5 века. Не им е ни на играчите што ќе играат.
Локалните ривалства ќе си останаш засекогаш, без разлика дали овие надвор од Англија знаат за нив. Тие ривалства идат од генерација на генерација и секогаш локалците ќе си ги памтат. Додека овие модерниве кој носат најмногу публика пред екрани утре може да ги заборават дека постојат, пет години Челзи ми е ривал, 5 год послем тоа Сити, послем 10 години ќе се појави трета и никој нема да каже за ривалстото со Челзи и Сити.

А дека играчите не се замарат за овие ривалства се лажеш. Глеј ги Тотенхем и Арсенал што прават кога има дерби. Арсенал 10 кола мртвила, ама за тоа дерби станува Барса.
Истово важеше до пред некоја година кога игра Њукасл и Сандерленд, крв паѓаше на терен.
Ќе ги видиме сега и Лидс против Јунајтед.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.834
Поени од реакции
10.147
Види, и јас не сум воодушевен со перформансите на Сослкјер. Факт е дека направи одлични трансфери, ама исто е факт дека тактичката подготвеност и in play менаџментот на екипата му е многу лоша. Тотално е нефлексибилен со формациите, и многу касни со замените. Оваа сезона малку помалку од лани. За воља на вистината лани и немаше кој да влезе од клупа а да не е Лингард и Переира. Јас би сакал некој врвен тренер за Јунајтед, ама не ни има многу врвни тренери кои би направиле разлика. Мислам, можеш Алегри да го донесеш со неговиот мртов фудбал, или Покетино, ама не верувам дека кој знае колку би направиле со екипата. Менаџери како Клоп или Пеп практично нема други.
Се слагам дека нема голем избор за клупата на Јунајтед ама ако нема напредок со Солскер сигурно ќе бараат други решенија. Покетино е тренер од кремот сигурно ама него секогаш ќе му одмага тоа што нема трофеј во кариерата ама ако млже Солскер со тренерско искуство од Молде и Кардиф ако не се лажам да седне на клупа во Јунајтед, Покетино треба уште утре да го донесат.

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.161
Поени од реакции
25.663
Локалните ривалства ќе си останаш засекогаш, без разлика дали овие надвор од Англија знаат за нив. Тие ривалства идат од генерација на генерација и секогаш локалците ќе си ги памтат. Додека овие модерниве кој носат најмногу публика пред екрани утре може да ги заборават дека постојат, пет години Челзи ми е ривал, 5 год послем тоа Сити, послем 10 години ќе се појави трета и никој нема да каже за ривалстото со Челзи и Сити.

А дека играчите не се замарат за овие ривалства се лажеш. Глеј ги Тотенхем и Арсенал што прават кога има дерби. Арсенал 10 кола мртвила, ама за тоа дерби станува Барса.
Истово важеше до пред некоја година кога игра Њукасл и Сандерленд, крв паѓаше на терен.
Ќе ги видиме сега и Лидс против Јунајтед.
Без фановите преку океан, тоа засекогаш ќе биде во трета лига север.

Од сите ги избра баш Тотенхем и Арсенал. Зошто не раскажеш за Милвол и Вест Хем? :D
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.320
Хацерц игра тоа што ќе му кажат да игра, не може да тера по свое. Дали ќе го достигне нивото на Давид Силва е многу голем залак кој е многу рано да се прогнозира.

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
Па да, буквално тоа реков :D
Дека во Челзи не се користи како што треба за да се стигне потенцијалот негов, а и тактиката на Челзи не одговара за Хаверц
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Без фановите преку океан, тоа засекогаш ќе биде во трета лига север.

Од сите ги избра баш Тотенхем и Арсенал. Зошто не раскажеш за Милвол и Вест Хем? :D
Оти ваљда кога играле последен јас може не сум постоел. :D

Ама тоа не значи дека не постои равалството, ако по некое чудо некад се вратат Милвол во ПЛ сигурен сум дека ќе се разбуди ривалстово и ќе биде интересно. До тогаш ќе збориме само дека се ривали. :D
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.161
Поени од реакции
25.663
Оти ваљда кога играле последен јас може не сум постоел. :D

Ама тоа не значи дека не постои равалството, ако по некое чудо некад се вратат Милвол во ПЛ сигурен сум дека ќе се разбуди ривалстово и ќе биде интересно. До тогаш ќе збориме само дека се ривали. :D
Тоа ти викам, ако нема спортски успех, ривалството е само анегдота.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom