- Член од
- 8 септември 2008
- Мислења
- 11.858
- Поени од реакции
- 10.230
Хаверц е физички слаб ама не е прв таков во ПЛ, играа и Мата и Казорла, Давид Силва, Бернардо ете го. Има квалитет и Хаверц ама не го користат исто како Вернер што го играа по крило. Лампард не е врвен тренер и тука нема многу филозофија, не верувам дека ќе ја заврши сезонава во Челзи. Искрено истово го мислам и за Солскер, не е квалитет за Јунајтед, тренер е сеуште само заради багажот што го има од порано.Не е до Лампард, толку е силата на екипата. Ова не го пишувам за да провоцирам, туку навистина така мислам. Всушност овој преоден рок на Челзи е пример што прави хајпот по медиумите. Ако медиумите 200 пати повторат дека Хаверц е одличен играч, во главата и на оние кои никогаш не го гледале тој станува јак играч. И кога некој го купи, веднаш оди под графата одличен трансфер. Еве Хаверц кошташе околу 80 милиони, што реално тој донесе во играта на Челзи што немаа пред тоа? Вчера го убија од туркање, како ветрушка е, еден дуел не издржа, една топка не додаде. Челзијашите се тешат дека не му е погодена позицијата, ама и на вистинска позиција повторно ќе јаде ќотек. Зијеч уште нема добиено вистинска шанса, ама и тој е вејка на ветрот. Тоа во пари се практично половина од засиувањата на Челзи.
Кога ќе видиш, Чилвел испадна зачудувачки добро засилување, Вернер е многу добар, и тоа е тоа. Челзи освен на лев бек никаде не е подобар од лани, а лани едвај се протна во ЛШ. Оваа година се сомневам дека ќе бидат топ 4. Тотенхем е подобар од нив, Јунајтед е подобар од нив, Евертон исто. Мислам дека дури и Арсенал има ако не подобар тогаш посреден тим од Челзи.
Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk