Premier League - Season 2020/2021

Кој ќе биде шампион во сезоната 2020/2021?


  • Вкупно гласачи
    166
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.413
Поени од реакции
42.672
Не сфаќам зошто. Знаеја дека назначување на Лампард ќе бара и трпение од барем неколку сезони. На крај излезе глупа одлука да го стават тренер in first place. (pozz @Джонтра Вохохолта)
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.066
Поени од реакции
57.336
Тухел?
Абе не случајно крофната си даде отказ пред некој ден :sneaky:
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Билиќ летна од ВБА.
Со други зборови, Челзи ќе биде втор тим што се заеба и му даде отказ на тренерот, доведувајќи чкљ замена.

Не глеам што би им донел Тухел ново...

Али да видиме.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Не сфаќам зошто. Знаеја дека назначување на Лампард ќе бара и трпение од барем неколку сезони. На крај излезе глупа одлука да го стават тренер in first place. (pozz @Джонтра Вохохолта)
Не може да е глупава никако. Трпение треба и мора, без разлика. Но во процесот мора и да покажуваш знаци на некаков напредок. Некаков. Ниту еден фан на Челзи не се надеваше и не очекуваше титула оваа сезона.
Очекувањата беа Челзи да има смисла на терен, да се препознае тренерски печат и концепција. Да се намали гапот од првопласираниот, да почнат со победување на големи натпревари, да не губиш поени на смешен начин и со смешни екипи.
Да загубиш, ама да не се грижиш премногу бидејќи имаш игра и резултатите ќе си дојдат.
Титула во некој куп и напредок во ЛШ, ќе прртставуваше бонус.

Арно ама, ништо од ова не беше остварено. За жал Челзи изгледаше како нетрениран тим. Последниов текст на ,,The Athletic" го открива токму тоа. Играчите се чуделе, не добивале тактички инструкции. Со добар дел од тимот Лампард не разговарал.

Тоа долгорочно е убаво, тоа долгорочно си носи и консеквенци. Не можеш ти да тонеш од коло во коло и да се повикуваш на трпение. Притоа, не исполнуваш ниту еден елемент од горенаведените. Еден.
И тимски и индивидуално Челзи регресираше. Со тешко срце кажувам.

А одлуката не е глупава од повеќе причини. Челзи со трансфер бан и релативно небалансиран и истрошен состав, мораше да најде човек кој ќе ја хендла ситуацијата. Односно, некој што ќе се фокусира на академија и ќе се обиде да интегрира играчи во прв тим. Лампард тоа го направи. Наследството негово се огледува во пет англиски репрезентативци и пет првотимци во Челзи.

Обезбедувањето место во ЛШ во сезона кога Челзи беше отпишан од Европа Лига, претставува уште една причина за тоа дека Челзи не згреши со назначувањето.

Следниот тренер, Тухел ли се викал, Аврам ли се викал, наследува убава подлога за создавање навистина силен тим. Да не заборавиме и на ,,пул пауерот" кој Лампард го имаше летово при доведувањето на одлични фудбалери во клубот.

Споредби со Клоп, стоп. Во овој момент, стоп. Беа апликативни ланската сезона, јас прв ги користев. Клоп од сезона во сезона и од меч во меч драстично напредуваше. Крајниот продукт го видовме сите.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.471
Поени од реакции
5.474
Уште од сега можам да го замислам Тухел на прв натпревар со

Кепа на гол
Џејмс - Канте - Тиаго Силва - Чилвел
Жоржињо - Аспи
Зијеч - Пулишич
Вернер - Хаверц


Одлична замена Челзи.
Мерак за очи ќе биде...
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.751
Поени од реакции
8.837
Циркузантски клуб...му се трефна двапати во историјата со менување на тренери преку ноќ и мислат дека секогаш ќе има резултат....мило ми е што тонат откако го избркаа Конте...господ бог за сите тренери што биле после него...ќе тргни лошо Тухел догодина , и него ќе го избркаат.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
:pos:

По бркањето на Конте циркузантскиот клуб освои европска титула, побогу.

И им се трефнало тоа повеќе од двапати и ете, шашаво е ама функционира. Му се допаѓало некому или не.

п.с Конте вториот најдобар играч во тимот го избрка преку СМС порака. Толку на таа тема. Патем, фан на Конте овде.
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.751
Поени од реакции
8.837
:pos:

По бркањето на Конте циркузантскиот клуб освои европска титула, побогу.

И им се трефнало тоа повеќе од двапати и ете, шашаво е ама функционира. Му се допаѓало некому или не.

п.с Конте вториот најдобар играч во тимот го избрка преку СМС порака. Толку на таа тема. Патем, фан на Конте овде.
Функционира секако..сега засега Челзи е на нивото на Арсенал пред 8-9-10 години..кога ги заебаваа дека топ 4 не му бега секоја година....битка за титула е научна фантастика за Челзи од оваа перспектива сега засега...јасно е дека конкуренцијата е тешка и сите екипи се јаки ама таа политика со бркање на тренери неноси резултат на подолг рок во денешниот фудбал.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.058
Поени од реакции
17.753
:pos:
По бркањето на Конте циркузантскиот клуб освои европска титула, побогу.
Треба со закон да се забрани поврзувањето на европска титула со Лига Европа.

Европска титула освоиле бе :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom