Заебана работа е да најдеш замена напаѓач у денешно време, некој што ќе ќути и нема да замара што евентуално не игра, а особено не играч што може да покрие повеќе позиции во нападот како Жота. Реално да не беше повреден Жота периодов и Фирмино и Мане ќе беа на клупа некој меч пошо се во криминална форма, а вака изборот е тој и мора да играат. Ок, го имаат и Ориги ама импактот е далеку од потребниот кога е тој во игра.
У бонус е Пул нема збор тука, ама премногу ги искинаа повредите сезонава. Да не заборавиме дека имаат константно двајца или тројца повредени штопери, нека се сјебат Мегваер, Линделоф и Баји кај Јунајтед има по 7 гола у просек да примаат, мислам ме сфаќаш што ми е поентата. Исто да не се заборави дека Фабињо и Хендо покриваат на штопер и со тоа се десеткува и средината, особено ова важи за Фабињо кој е и те како преквалитетен заден везни. Уште не е ништо готово, Ливерпул е екипа која поседува огромен квалитет во екипа, им фалат една-две победи за да ја повратат самодовербата и пак да заиграат шампионски. А да бидеме реални сем Сити никој од останатите што се при врвот не може на подолго време да задржи форма без да кикса. Мада и Сити ќе ги видиме сега без КДБ околу месец и кусур.
Затоа и го земаа Жота (кој не е ни шпиц додуша), ама целта беше да седи и ќути и да покрива кај и да има потреба во напад. Ама јас зборев за некој што од сам старт ќе беше конкуренција за прв тим. Реално со распоредов и тоа како можеше добро да им дојде, милион утакмици се играат во месец дена - простор за ротација и место за сите ќе имаше сигурно.

Жота пак може да покрива и за некој од средина на 10ка, со тоа што би играле 4-2-3-1.
Муабетот со повредите држи вода, ама пак донекаде проблемите напред што ги имаат не знам како би ги поврзал со одбраната. Точно дека ВВД им е многу битен играч за билд-ап играта, од него практично им почнува секоја акција, плус знае да пушти одлични дијагонали напред и да дојдат напаѓачите во гол шанса.
Ама Ливерпул против екипи што се бранат со 120 души во 16ник почнаа многу тешко да креираат шанси. И овој проблем им се провлекува од лани, мал милион пати тепаа лани вакви утакмици со голови "на сила" последни 10 минути. Aма додека тогаш било менталитет и сите биле среќни и задоволни, требало во меѓувреме да размислуваат како да го решат тој проблем. Затоа зборам за 9ка што ќе донесе некоја нова опција напред во вакви ситуации.
Тоа дека е лош период нема збор, моментумот знае да изигра клучна улога во фудбалот, посебно при ваква сезона кога се игра на секои 3 дена. Ете победа со Тотенхем во четврток може да ги "шифтне" назад и да им биде пресвртница на сезоната. Пораз од друга страна може да ги пушти во бездна, од која би им било мноогу тешко да се извлечат.
Околу киксевите, ќе видиме. Кажав јас, за мене моментално прашањето за кој би бил шампион е скроз отворено. Сите што се во топ 6 имаат изгледна шанса и треба да имаат едно око на титулата, ама многу лесно може да излезат и од борба за ЛШ и да се тепаат со Арсенал и Челзи за Лига Европа.
