Гледам на стрим и можеби не сум видел убаво ама мислам дека играше со рака и пред тоа, кога ја испружи и ја бутна топката према Кејн (после тоа знам дека следеше избивањето и повторно удирање во рака).
Сакав да кажам дека некако им се врати на Шефилд за нанесената неправда на тој меч.
Секако дека немам намера да го оправдувам ова, ниту пак да бидам адвокат на очајната арбитража во Премиер Лига.
Ниедна снимка не покажа убаво дали постоеше контакт, ни за време на падот ни од кога ја изби играчот на Шефилд. Премногу брз е моментот за да се види каде точно мава топката. Мене при падот не ми делува дека ја закачува, а при избивањето ми делува повеќе во рамо дека го мава.
Вака може да се нагаѓа само дали е рака или не, како што нагаѓаа овие од вар собата.
Вакво нешто беше и лани во ЛШ против Сити кога ни тогаш не можеше да се види дали е рака или не, па на крај ни го признаа голот.
Мора за вакви работи точно да се каже еднаш ако не знаеш дали има контат, а не една утакмица се признава, а друга не.
Ова не е спорна одлука, доколку од сезонава се применува новото правило за игра со рака што го наведе членот.
Во спротивно, спорно е. Бидејќи сме гледале дека вакви ненамерни ситуации не биле санкционирани претходно.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.