Гласав во анкетата за Ливерпул, може ќе им донесе среќа а и немам ништо против конечно да освојат, кога веќе реално Арсенал (кој ми е омилен тим во ПЛ) нема шанси. Мада мислам дека Сити се уште чекор пред сите. Единствено, како што пиша некој веќе, мислам дека оваа година ќе одат со сите сили на ЛШ пошто Пеп веќе нема оправдувања да не ја освои со овој тим. Па може тука ќе чека шанса Ливерпул кој ќе оди all in на ПЛ...
Друг тим нема шанси за титула. Тотенхем ми е најсигурен за прогноза. Мислам дека третото место им е гарантирано. Јунајтед очекував да направат голем ремонт, ништо не бидна од тоа. Ако Оле ги изменаџира добро и ако земат некое засилување до крајот, топ 4 ќе биде максимум.
Арсенал се енигма. Можат да испаднат изненадување и да завршат лагано во топ 4, ама може и да имаат катастрофа сезона. Челзи мислам нема да биде некој фактор оваа сезона. Со бан за трансфери и неискусен тренер се знае колку е лимитот. Тешко дека ќе бидат во топ 4.