Premier League - Season 2019/2020

Кој ќе биде шампион 2019/2020 во ЕПЛ?

  • Вкупно гласачи
    266
Член од
29 јануари 2015
Мислења
2.520
Поени од реакции
6.167
20200326_171720.jpg

Иако сигурен сум дека силно се притиска за довршување на сезоната (го знаеме сите влогот и реперкусиите кои ќе произлезат во спротивно), мислам дека полека тивко се откажуваат и конечно почнуваат да ја поимаат сериозно ситуацијата. Ми изгледа дека подготвуваат терен за истово и со Премиер Лига и Чемпионшип.

Јас, а и сите ние верувам, би убиле за Барнли-Норич во прајмтајм во недела, но реалноста за жал е поинаква.
Ваквото сценарио би било нефер, впрочем како и секое потенцијално решение во овие услови. Ниту една страна нема да биде задоволена, ќе мора да се продолжи понатаму, јебига.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
4.712
Поени од реакции
6.667
Не може едноставно да речат не ја доигруваме, кој ги ебе Лестер, Гетафе, Лацио не се важи нивното, нема да играат ЛШ, пак ќе играат истите од лани. Исто не можат да се земат моменталните резултати кога многу екипи се борат за ЛШ, многу екипи се за испаѓање, други за влез во прва лига итн. Едноставно единствено решение е да се доиграат лигите, кога-тогаш. Еуро може секогаш да се одложи, тоа е тоа.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
24.351
Поени од реакции
37.957

Не направија така во Бундес?

Интересно видео, збори за сите грешки во Валенсија.

Член од
8 септември 2008
Мислења
9.922
Поени од реакции
7.273
Каква тајфа се овие еј, Рајти посебно е таков симпатичен лик да нема шанса некој да не го сака
 
Член од
5 март 2018
Мислења
4.808
Поени од реакции
3.740
А што ако Италија и Шпанија како позагрозени земји решат дека не сакаат да доиграат?
А Англија реши да доигра?

Све е хаос, џабе се прават математикиве, очигледно има милијарда непознати во равенкава, џабе ќе правиме муабет
После сите анализи дека натпреварот Аталанта Валенсија беше бомбата која букна во Бергамо со короната,на Шпанците и Италијанците им е страв на телевизор да пуштат утакмица да гледаат не пак да се одиграат натпреварите,макар биле и зад зстворени врати.
Едноставно работата излезе од контрола кај нив и месеци ќе треба дури да се стабилизираат работите.
Градовите се во тотален карантин, едноставно не е изводливо.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
2.520
Поени од реакции
6.167
Не може едноставно да речат не ја доигруваме, кој ги ебе Лестер, Гетафе, Лацио не се важи нивното, нема да играат ЛШ, пак ќе играат истите од лани. Исто не можат да се земат моменталните резултати кога многу екипи се борат за ЛШ, многу екипи се за испаѓање, други за влез во прва лига итн. Едноставно единствено решение е да се доиграат лигите, кога-тогаш. Еуро може секогаш да се одложи, тоа е тоа.
Апсолутно никој не може да прогнозира и потврди кога ќе исчезне пандемијата. Може да трае и со години.
Нема ниту ФИФА, ниту УЕФА, ниту било која федерација да седи со скрстени раце и да чека окончување на кризата за да се продолжи фудбалска сезона 2019/20. Бидејќи поарно е една сезона да оди во неповрат (знам дека не е фер), отколку да се поремети зацртаниот фудбалски распоред и случувања во следните десет години, кои не се планираат од денес за утре, туку направени се години и години наназад.

Кога ќе ставиш на вага, едноставно навака натежнува.
 
ziak92

Weezy
Член од
21 ноември 2007
Мислења
9.499
Поени од реакции
6.882
Сериозно планираат Вимблдон да го откажат годинава, кој е закажан за 29ти Јуни...Одлуката ќе падне следната недела. Ако се одлучат за тоа, може во иднина да води и за ПЛ. Само како ќе го пресметаат крајниот исход не знам.

По моја логика треба ваков расплет да се случи за најреално решение без да има нереални губитници и добитници.

Во случајов со ПЛ шампион може да си добие Ливерпул поради предноста...со * :)icon_lol:) или ете нека се организира некој плеј-оф или мајсторка (повеќе логика за плеј-оф држи во другите лиги затоа што во ПЛ веќе одлучена е работата и ќе биде нефер кон Ливерпул)

Според мене за да нема оштетени и за ЛШ, ЛЕ...следната сезона во ЛШ да се следи примерот од ЛЕ со зголемување на бројот на тимови односно за да нема оштетен тим кој е во битка за ЛШ или ЛЕ, па така пр. топ 6 може да оди во ЛШ од главните лиги, а од другите да се зголеми квотата преку квалифиации и или од топ лигите топ 4 со директен пласман, а останатите до топ 6 да играат квалификации. Може по примерот на ЛЕ, да има 12 групи од кои 2 најдобро пласирани од секоја група ќе обезбедат директен пласман во 1/16 (наместо досегашното 1/8), а 8те најдобро 3-то пласирани ќе ги обезбедат дополнителните 8 места. Вака доаѓа во ЛШ плус 2 натпревари (тие во елиминационата рунда односно во 1/16 финале).

Ќе опстанат сите во лигата, а од Чемпионшип дали да се организира плејоф за сите 6 или првите 2 директно плус 1 од плеј-оф, со тоа што ПЛ би имала 22/23 тима и од следна сезона заради зголемен број на натпревари да го скокне Карбао Купот во повисоките лиги, а на крај од сезона да испаѓаат 5/6 клубови за да крајниот број на тимови се врати н 20.

Со вакво решение нема да има и незаслужни губитници и добитници, затоа што ако се поништи сезоната, а се следи ланскиот распоред на табелата ќе има доста незаслужни губитници и добитници.
 
Ако дојде до тоа дека сезонава нема да се игра понатака, мислам дека нема теорија на некого да дадат нешто, без оглед на тоа колкава е бодовната разликата. Туку, сите ке изгубат. Некои многу, некои малце.
 
Еве да речеме дека преседанот што би се направил и не е толкав проблем, туку кажи ми како би се изиграле натпревариве во таква вонредна ситуација? Во овој формат, или во било кој друг?

Пандемијата брише, во САД за пет дена имплодираше и во моментов има повеќе заразени со КОВИД-19, отколку во Кина, Италија и Шпанија.
Вчера во Англија почина 21 годишно девојче, без претходни симптоми и хронични болести. Таму допрва ќе достигнува зенит вирусот. До пред три дена по трговски се шетаа регуларно, Садик во Лондон го редуцираше јавниот превоз (препаметен нели, исто како нашиве), луѓе дишеа еден до друг во лице.

Не само што е преголем ризикот, туку не постојат објективни околности за продолжување со нормален живот, а не па спортување и играње фудбал.
 
Ова е ако се среди состојбата до Август и има нормален тек следната сезона. Ако не следиш, тука се дискутира и за доигрување и за постоење и на таква иницијатива од ФА што според мене е мала веројатноста да се случи.

Ако дојде до тоа дека сезонава нема да се игра понатака, мислам дека нема теорија на некого да дадат нешто, без оглед на тоа колкава е бодовната разликата. Туку, сите ке изгубат. Некои многу, некои малце.
Пи таа логика некои сериозно ќе изгубат, а некои и сериозно ќе добијат. Незаслужено секако. Тотенхем незаслужено би зеле место во ЛШ пред Лестер на пр. Исто Арсенал според моменталнва ситуација може и до ЛШ да дојде ако се банира Сити за следна сезона како 5то пласиран од лани, а тука ние сме погодени во случајов.

Муабетот ми е секако ако се земе ланската сезона како релевантна.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
2.520
Поени од реакции
6.167
Ова е ако се среди состојбата до Август и има нормален тек следната сезона. Ако не следиш, тука се дискутира и за доигрување и за постоење и на таква иницијатива од ФА што според мене е мала веројатноста да се случи.
За иницијативата споменав уште во првиот пост. Нормално дека ќе постои, но секако дека е детерминирана од состојбата со пандемијата. Тоа ,,ако", ептен е тенко. Скоро невозможно.

Е сега, ако веќе маштариме, ќе се навратам на твојата поправедна замисла за доигрување на сезоната.
На папир коректна, во пракса прекомплицирана за остварување.
Ќе настане каша-попара, што доаѓаме до мојот втор пост на темава за пореметување на плановите и распоредите на ФИФА и УЕФА, проектирани за следниве, еве карикирам, најмалку пет години.
Не за џабе Англичаниве малку по малку ги суспендираат понискиве лиги, а Ла Лига, Бундес и Сериа А одат во правец на целосно поништување на сезоните.

Незавидна положба за секој актер во фудбалов. Како и да ја свртиш, заебан си до коска.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
6.214
Поени од реакции
3.654
Како е тргната работава во моментов е неизвесен стартот на следните сезони, барем во некои земји ко Шпанија и Италија.

За еден месец ваљда ќе се појасни многу работи.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
4.712
Поени од реакции
6.667
Апсолутно никој не може да прогнозира и потврди кога ќе исчезне пандемијата. Може да трае и со години.
Нема ниту ФИФА, ниту УЕФА, ниту било која федерација да седи со скрстени раце и да чека окончување на кризата за да се продолжи фудбалска сезона 2019/20. Бидејќи поарно е една сезона да оди во неповрат (знам дека не е фер), отколку да се поремети зацртаниот фудбалски распоред и случувања во следните десет години, кои не се планираат од денес за утре, туку направени се години и години наназад.

Кога ќе ставиш на вага, едноставно навака натежнува.
Знам дека моменталнава ситуација е забегана и секој од нас на момент барем помислува дека ова никогаш нема да заврши, но сепак кога посмирено ќе размислиш сеуште сме март и многу пати може да се изменат нештата во следниве недели. Се надевам дека ќе најдат некој лек што делува, дека топлото време ќе го забави вирусот и дека карантинот ќе даде резултат. Последново засега не функционира во Италија, што сите веројатно не плаши, дали е вистинска мерка тоа. А карантинот не ќе може да трае уште долго, ќе крахира светската економија, а и самите луѓе не ќе можат да издржат повеќе од еден-два месеци затворени. Крај краева ако не се среди состојбата до јуни, ќе се премине на колективен имунитет, но јас искрено се надевам дека ќе се среди.
 
На врв Bottom